Потпрограми во Pascal
Потпрограми Кога се проектира некој сложен програм потребен е тим на програмери од кои секој добива одредена задача. На овие задачи сите програмери работат истовремено што го забрзува времето на изработка на целиот програм. Затоа е потребно да постои можнoст на поврзување на различни модули во сложена целина. Покрај тоа, на програмериоте им стои на располагање и голема библиотека на веќе готови програми кои можат едноставно да се вметнат во основниот програм.
Потпрограми За да се овозможи тимска работа и користење на веќе готови програми во PASCAL се користат функции и процедури. Со нивно користење се постигнува да: Различни луѓе можат да работат на различни делови на програмата ви исто време;- Исти структурен блок (функција или процедура) може да се употреби на повеќе места иако е запишан само еднаш; Програмата станува поедноставна, попрегледна и пократка.
ФУНКЦИИ function
Функции Покрај однапред дефинирани стандардни функции, програмерот може да дефинира и сопствени функции. Карактеристика на функцијата е да дава само една излезна вредност, која се придружува на името на функцијата.
Функции Синтаксен дијаграм на функцијата е:
Пример : Напиши функција која го дава дел на број позади децималната точка. function fdec(x:real):real; begin fdec:=x - trunc(x) end;
Функции Функцијата има иста структура како и програма, освен што функција почнува со резервираниот збор function наместо program и нема точка после end, туку завршува со точка и запирка. Позади function доаѓа името на ф-јата,а потоа список на формални параметри. Со секој параметар се наведува и неговиот тип. Во овој пример тоа е параметарот x:real, што занчи дека ф-јата зема еден параметар со реален тип од програмата. Позади списокот на параметри се наведува тип на резултатот кој ф-јата го враќа во програмот, така да fdec е од рален тип.
Функции После заглавјето на ф-јата следува блок наредби, кои го опишуваат начинот на добивање на резултат. Во примерот тоа е наредбата : fdec:=x - trunc(x), со која се пресметува вредноста која ќе се додели на името на функцијата. Без разлика на број на наредби, една од нив е секогаш наредба за доделување на вредност на името на ф-јата. Тоа е вредност која се враќа во програмот на местото каде што се повикува ф-јата.
Пример : Напишете програма со која се пресметува збир на деловите позади децималната точка од 5 реални броеви. program funkcija; var i : integer; a, suma : real; function fdec(a:real):real; begin fdec:=a - trunc(a) end; begin suma:=0; for i:=1 to 5 do begin read(a); suma:=suma + fdec(a) end; writeln(‘збирот е ',suma:5:2); end.
Функциите кои корисникот ги пишува се користат на ист начин како и стандардните функции. Со наредбата suma:=suma + fdec(a) се врши обраќање на функцијата fdec, со наведување на името на функцијата и список на вистински параметри - fdec(a). Вистински параметри се вредности кои се доделуваат на формалните параметри. Типот на формалните и вистинските параметри мора да биде ист. Вистински параметри мора да бидат променливи, констанати и изрази.
Одговорете на прашањата: Со што се одликува функцијата ? Објаснете каква структура има функцијата. Како се користат функциите кои ги пишива корисникот? Што се вистински, а што формални параметри и од кој тип се? Што може да биде вистински параметар?