FOREX MARKET (МЕЃУНАРОДЕН ДЕВИЗЕН ПАЗАР) ПРЕДАВАЧИ: БОЈАН ЦВЕТАНОВСКИ ЕМИЛ ЈАКИМОВ НЛБ ТУТУНСКА БАНКА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
Што е Forex Market(Fx market)? Глобален пазар каде се купуваат и продаваат сите светски валути, Работи 24 часа во годината освен викенди и католички божиќ, Дневен промет од 3,98 трилиони американски долари, Најдемократски пазар на светот, може да учествува секој,
Начин на тргување Преку електронски платформи на специјализирани провајдери на финансиски информации – REUTERS,BLOOMBERG,TENFORE Преку телефон(телефонските разговори за тргуваните купопродажби се снимаат), Преку интернет платформи – современ и лесно достапен начин на тргување,
Учесници на Fx пазарот Финансиски институции-деловни банки,централни банки,hedge фондови, инвестициони фондови, Не финансиски институции – компании од реалниот сектор, фирми од секаков тип, Приватни инвеститори- физички лица,
Top 10 currency traders [7]% of overall volume, May 2011 Rank Name Market share 1 Deutsche Bank 15.64% 2 Barclays Capital 10.75% 3 UBS AG 10.59% 4 Citi 8.88% 5 JPMorgan 6.43% 6 HSBC 6.26% 7 Royal Bank of Scotland 6.20% 8 Credit Suisse 4.80% 9 Goldman Sachs 4.13% 10 Morgan Stanley 3.64%
Типови на валути на Fx пазар Majors - EUR/USD, USD/JPY, GBP/USD, AUD/USD, USD/CHF , USD/CAD. Парови со најголема ликвидност, завземаат 85% од прометот, Crosses(Minors) – EUR/CHF,EUR/AUD,EUR/GBP и сите останати каде ликвидноста е помала а моменталниот курс може и да е изведена вредност во однос на соодветниот major,
Учество на валутите во тргувањето Rank Currency ISO 4217 code (Symbol) % daily share (April 2010) 1 United States dollar USD ($) 84.9% 2 Euro EUR (€) 39.1% 3 Japanese yen JPY (¥) 19.0% 4 Pound sterling GBP (£) 12.9% 5 Australian dollar AUD ($) 7.6% 6 Swiss franc CHF (Fr) 6.4% 7 Canadian dollar CAD ($) 5.3% 8 Hong Kong dollar HKD ($) 2.4% 9 Swedish krona SEK (kr) 2.2% 10 New Zealand dollar NZD ($) 1.6% 11 South Korean won KRW (₩) 1.5% 12 Singapore dollar SGD ($) 1.4% 13 Norwegian krone NOK (kr) 1.3% 14 Mexican peso MXN ($) 15 Indian rupee INR () 0.9% Other 12.2% Total[15] 200%
Механизам на Fx пазарот Секој учесник на барање од друг учесник котира куповен и продажен курс на бараниот пар, На самиот пар првата валута е секогаш номинирана со 1 а втората е изразена со коефициент во однос на првата валута, Котациите , доколку не е стриктно наведено, се однесуваат секогаш на спот порамнување на купопродажбата,односно два дена од склучувањето на купопродажбата, Порамнувањето на купопродажбите е задолжително освен ако не е договорено спротивно со одреден тип на инструмент, Пр. EUR/USD 1,4156/58
Инструменти на Fx пазарот SPOT – основна купопродажба на Fx пазарот со валута на порамнување од два дена, FОRWARD – купопродажба на девизи со валута на порамнување различна од спот, OPTION – купопродажба на девизи со валута на порамнување различна од спот . Опцијата е договор кој гласи на доносителот , може да се тргува пред доспевање и дава можност на нејзиниот сопственик да ја реализира или откаже купопродажбата. FUTURES – поседува карактеристики на форвард купопродажба но со стандардизирани параметри и доспевања. Се тргува на берза , во основа претставува инструмент на хеџинг и ретко доаѓа до физичка испорака или целосно порамнување на номиналната вредност на инструментот.
SWAP – инструмент на замена на валути, составен од две купопродажби
Мотиви за учество на Fx пазарот Купопродажби од реалниот сектор-плаќања поврзани со меѓународно движење на стоки+ хеџинг, Купопродажби од финансискиот сектор-плаќања поврзани со движење на хартии од вредност, усогласување на билансите на финансиските институции+хеџинг, Шпекулативни трансакции – финансиски институции, нефинансиски институции, компании, приватни лица- купуваат со мотив да продадат поскапо,
Шпекулативните купопродажби сочинуваат 70%-90% од Fx пазарот
ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ ЗА ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА Fx ПАЗАРОТ
Можни состојби на Fx пазарот Состојба на тренд – поголем дел од учесниците се решителни за идните економски настани и состојби што ја дава насоката на пазарот. Трендот завршува кога сите учесници на пазарот имаат исти очекувања. Состојба на тргување во опсег – учесниците не се сигурни за идните економски очекувања и краткорочно го менуваат мислењето. Атмосферата на пазарот е во исчекување , курсот на соодветниот пар се движи во одредени граници. Колку подолго трае оваа состојба, подоцна состојбата на тренд ќе биде поизразена.
Типови на анализи Фундаментална анализа - анализа врз основа на економски показатели, ги дефинира долгорочните трендови, Техничка анализа – анализа со која врз основа на математички методи се анализираaт минатите движења на пазарот и се прогнозираат идни состојби,
Начини на тргување На дневна основа – Intraday, На неделна основа, Долгорочни позиции,
Завземање на Fx позиција Купување на една валута, продавање на друга. Ние сме долги за купената валута (long), кратки за продадената валута (short). Дефинираме целно ниво-курс(target) на кој ќе ја затвориме Fx позицијата(profit stop) Дефинираме целно ниво-курс(target) на кое Fx позицијата ќе ја затвориме(stop-loss) доколку истата започне да регистрира негативни вредности(загуба).
Основни индикатори-фундаментална анализа Вработување – payrolls, jobless claims, U-rate, Инфлација – CPI, core CPI-ex food & energy, Бруто општествен производ – GDP, Одлуките на Централните Банки за монетарната политика, Трговскиот биланс – Trade Balance, Побарувачка на добра за широка потрошувачка-Retail Sales, Побарувачка за трајни добра – durable goods,
Важноста на сите индикатори не е еднаква во ист момент Важноста на сите индикатори не е еднаква во ист момент. Кој индикатор ќе превладее во одреден период зависи од фазата на економскиот циклус и очекувањата на пазарните учесници. Важноста се одредува по реакцијата на пазарните учесници по соопштувањето на вестите за одреден индикатор.
Основни индикатори-техничка анализа Ниво на отпор и ниво на поддршка – support and resistance levels, Тренд линии, Триаголници, Подвижни просеци – прости и експоненцијални, Осцилатори – RSI-Relative strength index-дивергенции на истиот, Стохастички осцилатори со дивергентни движења,
Техничката анализа дава преглед на валутните движења според временски рамки: 15 минути, 30 минути, 1 час, 4 часа, 1 ден, 1 недела, Секоја кандела го представува движењето на парот во избраната временска рамка.
Тренд линија
Подвижен просек-аритметички MA 20
Стохастички дивергентен осцилатор
Формирање на триаголник
Фундаментална или техничка анализа за успешен трговец ? И двете , Фундаменталната анализа треба да ја покаже насоката на пазарот, Техничката анализа треба да покаже кога трендот започнува и кога завршува,
Индивидуалниот трговец и Fx пазарот Тргување на маргина, Можност за самодокажување, Тренд во светот, Со депозит од 10.000,00 евра до лимит за тргување од 1.000.000,00 американски долари,
Joseph Kennedy (1888-1969) “Чистачот на чевли ми кажа дека сите пари ги инвестира на берза и дека сигурно ќе расте, во тој момент сватив дека е време да излезам од таму” Еден од ретките инвеститори-брокери кој има направено енормно богатство од големиот крах на Wall Street 1929 година.
ПРАШАЊА
КОНТАКТ Бојан Цветановски Тел. 5100-682 E-mail: cvetanovski@tb.com.mk НЛБ ТУТУНСКА БАНКА Емил Јакимов Тел. 3218-001 E-mail: e.jakimov@kb.com.mk КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
БЛАГОДАРИМЕ НА ВНИМАНИЕТО