услуги за одржливи набавки глобални ресурси. локални вештини. Реформа на јавните набавки на Западниот Балкан – главни предизвици Приштина, 16-17септември 2008 услуги за одржливи набавки глобални ресурси. локални вештини. Процесот на управување со системите за квалификации во комуналниот сектор: зошто, кога и како? Колин Маунд Генерален Директор Achilles Ltd, UK
Преглед на презентацијата Која е логиката за постоење на системи за квалификации Промени во практиката на јавните набавки Регулирање и ефикасност – постигнување на вистинската рамнотежа Кои се карактеристиките на системот за квалификација на добавувачи/изведувачи? Што сакате да постигнете? Процес и извесност Предности и ограничувања Ефикасно управување со процесот Главни предуслови – како се справуваат другите земји Обезбедување праведност на процесот и намалување на бирократијата Сумирање и заклучоци
Кои сме ние Achilles (Ахил) работи во 24 земји и има над 400 вработени Водиме 10 системи за квалификација за комунални претпријатија во ЕУ Над 35.000 добавувачи и изведувачи годишно се квалификуваат низ нашиот процес Им даваме поддршка на речиси 500 европски купувачи во нивните набавни активности Нашите системи се главно базирани на законодавството за ЈН на ЕУ, иако даваме услуги и надвор од Европа и регулираните сектори Годишно спроведуваме над 4.000 ревизии на добавувачи во Европа Најголеми покренувачи за нашите процеси биле: Сѐ поголем акцент на здравјето и безбедноста Корпоративна одговорност, вклучувајќи ги и човековите права Грижа за животната средина Климатски промени Прописи, вклучително и Sarbanes-Oxley
Логиката за квалификации Комерцијална Двата најважни фактори за утврдување на вредноста во секој конкурс се квалитетот на спецификацијата и понудувачите кои се повикуваат да учествуваат Ризик Сѐ поголемиот надзор над набавките значи дека организациите придаваат сѐ поголема важност на тоа кој е добавувачот На површината испливаа нови прашања: здравје и безбедност, грижа за животната средина, корпоративна одговорност, климатски промени Сѐ поголем страв кај купувачите од користење на несоодветни добавувачи: финансиски ризици, публицитет, штети на угледот Време и трошоци Дозволувањето да конкурираат несоодветни добавувачи има негативен ефект врз конкурсот, предизвикува загуби кај купувачот и кај продавачите и доведува до губење време
Карактеристики на квалификацијата на добавувачи Кај квалификацијата на добавувачи не се работи за добавувачите што ги прифаќате – се работи за добавувачите што ги одбивате Процесот треба да биде во повеќе фази за да овозможи различни нивоа на сложеност Од клучна важност е квалификацијата на добавувачите да не се помеша со изборот на добавувачи за конкретен тендер Квалификацијата на добавувачи е: Генеричка Објективна Транспарентна Временски заснована Квалификацијата на добавувачите треба да биде категоризирана Кога се поставува процесот, важно е на ум да се имаат целите за квалификација на добавувачите
Цели Што се обидувате да постигнете? Да најдете одреден број добавувачи кои сакаат да дадат одредена услуга Да го намалите тој бројот до список на добавувачи кои сакаат и кои се способни да ја дадат услугата Да изберете луѓе кои сакаат да ја дадат услугата, се способни тоа да го сторат и, тоа можат да го сторат етично, со кредибилитет и стабилно Конечно, да ги изберете (ако бројките тоа го оправдуваат) не само оние кои сакаат да ја дадат услугата, се способни и етички подобни, туку и што се најдобрите добавувачи што постојат
Процесот Системи за квалификација што подлежат на прописите за јавни набавки на ЕУ Системот мора да биде поставен врз основа на објективни и транспарентни правила Постоењето на системот мора да биде објавено во СВ на ЕУ Системот може да биде во повеќе фази Системот може да го води трета страна или комуналното претпријатие може да прифати систем на трета страна За измени на системот за квалификации мора да бидат известени сите квалификувани добавувачи Системот ги заменува поединечните огласи и дозволува побрз процес на доставување понуди Процесот за квалификација потоа се вклопува во редовните регулирани процеси на конкурирање кои исто така подлежат на прописите на ЕУ
Предности и ограничувања Покуси периоди за доделување на договорите Повеќе време за оценка на потенцијалните добавувачи Намален ризик од доделување на договорот на неквалификувани добавувачи Намалени трошоци за евалуација, оценка и справување со понудите Повторно користење на информациите Доследеност во пристапот низ целата организација Ограничувања Трошоците за работење на системот можат да бидат високи Секој добавувач треба да биде оценуван генерички, што може да претставува дополнителен товар Системот бара значителни напори за одржување и за ажурирање на податоците Системот може да функционира дури и ако нема конкретни барања кои ќе доведат до дополнителни напори и трошоци
Ефикасно управување со процесот Многу организации соработуваат за да прифатат една квалификација Добавувачите ги здружуваат процесите кога се регистрираат еднаш за повеќе комунални компании Има тенденција да се здружат заедничките системи кои до сега биле засновани на поединечни национални системи Бидејќи организациите вршат повторна оценка на ризикот, квалификацијата станува сѐ пософистицирана и сега вклучува и теренска ревизија за договорите од висок ризик
Сумирање и заклучоци Квалификацијата е многу успешна алатка за европските комунални организации Првобитните стравувања дека процесот ќе доведе до нетранспарентност и необјективност се покажаа како погрешни Квалификацијата е во согласност со најдобрите практики во јавните набавки каде вниманието се префрла од преговори, кон пообјективно гледање на добавувачите Со развојот на нови области, сѐ поголемо станува разбирањето дека добавувачите сносат значителен ризик, а тоа бара менаџирање