ЕФЕКТИВНА РЕВИЗОРСКА ПРОГРАМА ВО ОБЛАСТА НА СППФТ Гоце Трајковски ЕФЕКТИВНА РЕВИЗОРСКА ПРОГРАМА ВО ОБЛАСТА НА СППФТ
МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ Препорака 18 на FATF (Financial Action Task Force) 4-та директива на Европската унија за СППФТ
ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА И РЕВИЗИЈА Препораката 18 на FATF предвидува постоење на внатрешна контрола кај финансиските институции. Внатрешната контрола се спроведува преку имплементација на програмата за спречување на перење пари која мора да ги содржи следните елементи: - Интерни политики, процедури и контроли, усогласеност со прописите и барање од вработените да исполнуваат високи професионални стандарди
ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА И РЕВИЗИЈА - Континуирана обука на вработените - Независна ревизија која ќе го тестира функционирањето на системот Според FATF, ревизијата е еден од сегментите на внатрешната контрола. Горе наведените елементи мора да ги поседува секоја финансиска институција, а нивниот обем ќе зависи од големината на ризикот од перење пари и од големината на институцијата.
4-ТА ДИРЕКТИВА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА СППФТ Субјектите треба да имаат воспоставено политики и процедури за ефикасно управување со ризикот од перење пари и финансирање на тероризам. Политиките и процедурите треба да бидат адекватни на големината на субјектот, природата на неговите деловни активности и нивото на ризик од перење пари и финансирање на тероризам.
ОПФАТ НА ПОЛИТИКИТЕ И ПРОЦЕДУРИТЕ - управување со ризикот од ПП/ФТ анализа на клиентот известување на надлежните органи чување на податоците и информациите воспоставување на соодветен систем на внатрешна контрола назначување на одговорно лице за усогласеност со прописи обуки на вработените и следење на нивното работење
КАКО Е РЕГУЛИРАНА ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА? Во зависност од големината на субјектот и природата на неговите деловни активности, потребно е да се воспостави внатрешна ревизија којашто ќе изврши тестирање на интерните политики и процедури.
БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО