Трендови во периодниот систем на елементите Цели на часот: -ученикот треба: *Ги разликуваат благородни гасови алкални метали халогени елементи преодни метали **Ги опишуваат и објаснуваат според својствата ***Знаат дека трендот се менува во групата
Прва активност На почетокот од часот наставникот бара од учениците да идентификуваат елементи според бројот на слоеви и според бројот на валентни електрони (на пр. Кој елемент има 2 слоја и 4 валентни електрони?). http://www.syngentaperiodictable.co.uk/periodic- table.php?keyStage=5&showState=g
Втора активност Запознајте ги учениците со специфичните имиња на елементите во различните групи, т.е. благородни гасови, алкални метали, халогени елементи, преодни метали. Разгледајте некои групи елементи и најдете сличности во рамки на групата (на пр. групите 1, 17 и 18). Учениците може да даваат претпоставки за тоа кои елементи би следеле во групата. Потоа може да користат секундарни извори за споредба на своите претпоставки со фактичките својства на елементот.
Трета активност Извршете споредба на реактивноста и на својствата меѓу елементите што се еден до друг во рамки на иста група, на пр.: реакциите на литиум и натриум со вода; реакциите на магнезиум и калциум со разредена киселина; физичките својства на хлор, бром и јод. Учениците прават понатамошни претпоставки за други елементи во рамки на групите што ги изучувале на часот и вршат проверка на претпоставките.
Линкови од обиди Реакција на литиум со вода https://youtu.be/tAr6Lbb_qvQ Реакција на натриум со вода https://youtu.be/9bAhCHedVB4 Реакција на калиум со вода https://youtu.be/rtNaEFXOdAc Магнезиум и калциум со хлороводородна киселина https://youtu.be/tn2MHD_9DeM
График со температурите на топење и на вриење на халогените елементи http://www.bbc.co.uk/schools/gcsebitesize/science /add_ocr_pre_2011/periodic_table/group7rev1.s html Периоден со посебно обоени групи http://www.learner.org/interactives/periodic/periodi c_table.html Периоден со имиња на соединенија http://www.ptable.com/#Compound
Тренд Менувањето на својствата на елементите оддејќи одозгора надолу во групата во периодниот систем се нарекува тренд. Трендот може да се искористи и да се предвиди однесувањето на следниот член во групата.(види табела од учебникот на стр.16 и на стр.19) Пр: Li 2,1 Na 2,8,1 K 2,8,8,1 -сите реагираат со водата но се разликуваат по реактивноста
За дома: Одговори ги трите прашања од стр.19 од учебникот по хемија за 9 одделение.