Presentation is loading. Please wait.

Presentation is loading. Please wait.

Маја Кадиевска Војновиќ Вицегувернер

Similar presentations


Presentation on theme: "Маја Кадиевска Војновиќ Вицегувернер"— Presentation transcript:

1 Влијанието на кризата врз финансиските пазари, со осврт на Република Македонија
Маја Кадиевска Војновиќ Вицегувернер Народна банка на Република Македонија

2 СОДРЖИНА Влијанието на светската економска криза врз:
меѓународните финансиски пазари финансиските пазари во Република Македонија

3 Генезата на глобалната финансиска криза
Влијанието на светската економска криза врз меѓународните финансиски пазари Генезата на глобалната финансиска криза Глобална финансиска криза Висока кредитна експанзија Раст на приватниот долг Кинески меркантилизам Ценовни меури Шпекулативни вложувања и зголемена изложеност Комплексна финансиска иновација (Securitization) Погрешни оценки за кредитни рејтинзи Глобализација Регулаторно потфрлање

4 Развој на финансиската криза
Влијанието на светската економска криза врз меѓународните финансиски пазари Развој на финансиската криза 2007 САД – Хипотекарна криза 2008 – Пропаѓање на Lehman brothers 2009 – Голема Рецесија 2010 – Криза на јавните финансии 2011-Маѓепсан круг: Финансиски сектор Јавни Финансии - Криза на конкурентност 2012 – Криза на управување во евро-зоната

5 Влијанието на светската економска криза врз меѓународните финансиски пазари
Пад на пазарот на недвижности во САД ја иницираше финансиската криза... ...со силни ефекти врз финансиските пазари. Глобалната финансиска криза беше предизвикана од падот на цените на недвижности и порастот на нефункционалните хипотекарни кредити во САД. Кредитната криза во САД предизвика силна декомпресија на премиите на корпоративните, агенциските и банкарските обврзници во однос на државните обврзници на САД.

6 Влијанието на светската економска криза врз меѓународните финансиски пазари
Банките ја генерираа и беа во епицентарот на финансиската криза. Перцепцијата за нивната ризичност изразена преку премијата на CDS повторно се зголеми на крајот од 2011 година поради преносните ефекти од должничката криза во евро-зоната. QE – Quantitative Easing (Програма на ФЕД во следните износи: FED QE I= млрд. УСД, FED QE II= 600 млрд. УСД, FED QE III= 85 млрд. УСД) SMP –Securities Markets Programe (Програма на ЕЦБ за откуп на државни обврзници на проблематичните периферни земји од евро-зона, во износ од 201 млрд. USD) LTRO-Long Term Refinancing Operations (Долгорочни (тригодишни) операции на ЕЦБ за рефинансирање со каматна стапка од 1% во износ од 1 млрд. ЕУР) Twist-Програма на ФЕД за стимулирање на економијата на САД преку комбинација од дефинитивен откуп на долгорочни обврзници и истовремена продажба на краткорочни обврзници во износ од 667 млрд. УСД. OMT – Outright Monetary Transactions (Програма на ЕЦБ за откуп на државни обврзници на секундарниот пазар на капитал издадени од земји коишто официјално ќе аплицираат за финансиска помош). Финансиска помош за Грција 127,9 млрд. ЕУР. Финансиска помош за Ирска 85 млрд. ЕУР. Кредитна криза во САД

7 Влијанието на светската економска криза врз меѓународните финансиски пазари
Каматните стапки на пазарите на пари забележаа драматичен пораст Зголемената премија на LIBOR-OIS свопот како мерка за кредитен и ликвидносен ризик индицира зголемена загриженост за неисполнување на финансиските обврски и пазарна недоверба. (Премијата на LIBOR-OIS свопот претставува диференцијал помеѓу LIBOR стапката и стапката на каматниот своп (overnight index swap-OIS) со соодветната рочност). Негативните вредности на EUR-USD базичниот своп ги отсликуваат проблемите на банкарскиот систем во обезбедување на потребното рефинансирање во САД долари.

8 Влијанието на светската економска криза врз меѓународните финансиски пазари
Значајна поддршка на пазарите и економскиот раст од страна на централните банки. Во насока на поттикнување на кредитната активност и за стабилизирање на финансиските текови, ФЕД и ЕЦБ ги сведоа основните каматни стапки на рекордно ниско ниво. Преземените дополнителни нестандардни мерки за квантитативно стимулирање на економската активност доведоа до експанзија на нивните биланси.

9 Влијанието на светската економска криза врз меѓународните финансиски пазари
Најпогодени од кризата беа периферните земји од евро-зоната. Премиите на нивните државни обврзници во однос на своп кривата вртоглаво пораснаа во втората половина на 2011 години и се тргуваа како најризични инструменти.

10 Влијанието на светската економска криза врз меѓународните финансиски пазари
Зголемување на буџетските дефицити и раст на јавниот долг во голем број на земји Буџетски дефицит Јавен Долг

11 Влијанието на светската економска криза врз меѓународните финансиски пазари
Економската криза предизвика најголема контракција во економската активност од крајот на Втората светска војна Тековно се согледуваат три одделни траектории на економско закрепнување: Брзорастечки економии и земји во развој претставени преку BRICs САД Евро-зона

12 Влијанието на светската економска криза врз меѓународните финансиски пазари
Глобалната финансиска криза предизвика високо зголемување на невработеноста во сите земји. Додека земјите во развој преку економската експанзија и САД преку мерките на квантитативно стимулирање успешно се справуваат со проблемот на невработеноста, таа во евро-зоната достигна рекордно ниво и ги загрозува мерките за решавање на должничката криза.

13 Влијанието на светската економска криза врз меѓународните финансиски пазари
Финансиските пазари полека се стабилизираат и расте апетитот за поризични инструменти (Декември 2006 = 100%) Во услови на историски ниски каматни стапки инвеститорите се принудени да бараат попрофитабилни инвестиции и полека се враќаат кон пазарите на акции. Американскиот пазар бележи најсолидно опоравување, додека неизвесните состојби во евро- зоната како во однос на должничката криза (проблеми во Кипар, можна финансиска помош за Словенија) така и во однос на економската состојба (евро-зоната е сеуште во рецесија) го ограничуваат растот на акциите во ЕУ.

14 Ефекти на кризата врз финансиските пазари во РМ
Глобалната криза се пренесе врз македонската економија преку надворешниот сектор, главно тековната сметка...

15 Ефекти на кризата врз финансиските пазари во РМ
...и намалување на нето откупот на девизи на менувачкиот пазар...

16 Ефекти на кризата врз финансиските пазари во РМ
...додека на девизниот пазар беше прекинат растечкиот тренд на прометот... (во мил. евра)

17 Ефекти на кризата врз финансиските пазари во РМ
...а девизниот курс се зголеми... ...што услови интервенции на НБРМ на девизниот пазар со нето продажба и пад на девизните резерви.

18 Ефекти на кризата врз финансиските пазари во РМ
Интервенциите на девизниот пазар резултираа со пад на состојбата на благајничките записи.

19 Ефекти на кризата врз финансиските пазари во РМ
Неизвесноста на меѓународните финансиски пазари се пренесе и на домашниот пазар на капитал, манифестирајќи се со намалување на прометот... ...и значителен пад на вредноста на индексите...

20 Ефекти од мерките врз финансиските пазари во РМ
...и проширување на премијата на приноси на домашниот пазар во однос на меѓународните пазари на пари.

21 Мерки на НБРМ во услови на криза
Задолжителна резерва исполнување на дел од девизна ЗР во денари заради намалување на притисоци на девизен пазар воведени диференцирани стапки на ЗР од валутен аспект, заради намалување на степенот на евроизација воведени 0% стапки на ЗР за обврските кон физичките лица со рочност над 2 год. и за обврски врз основа на репо-трансакции и издадени ХВ во денари со рочност над 2 год. намалување на основа за ЗР, врз основа на новоодобрени кредити заради поттикнување кредитен раст во системски важни сектори Расположлив колатерал при спроведување монетарни операции проширување на расположливиот колатерал заради пофлексибилно управување со ликвидноста од страна на НБРМ и банките и поддршка на финансиските пазари пазарно вреднување на колатералот и дневна ревалоризација Оперативна рамка на монетарна политика Намалување на фреквентност на аукциите на БЗ и промена на тендерот воведување редовни репо-операции за обезбедување ликвидност воведување расположливи депозити (П/Н и 7дена) и креирање коридор на каматни стапки

22 Ефекти од мерките врз финансиските пазари во РМ
Креирање на коридор на каматни стапки

23 Ефекти од мерките врз финансиските пазари во РМ
На домашниот меѓубанкарски пазар на необезбедени депозити се задржа довербата помеѓу пазарните учесници... (во мил. денари) ...а превземените мерки резултираа и со пораст на учеството на подолгорочно тргување на овој пазарен сегмент.

24 Ефекти од мерките врз финансиските пазари во РМ
На пазарите преку шалтер пораст на прометот и склучување на меѓубанкарски репо-трансакци... (во мил. денари)

25 Ефекти од мерките врз финансиските пазари во РМ
...во услови на пораст на состојбата на издадени ДХВ... ...и зголемување на учеството на подолгорочните ДХВ...

26 Ефекти од мерките врз финансиските пазари во РМ
...а при релативно стабилна премијата на приноси на македонската евро обврзница во однос на германските државни обврзници, со исклучок на периодот година.

27 Заклучни согледувања Финансиската криза ги погоди меѓународните финансиски пазари преку зголемена недоверба, намалена ликвидност, раст на премиите за ризик Централните банки неколкукратно ги зголемија билансите и ги намалија каматните стапки Финансиската криза се прелеа во домашната економија преку трговските текови Финансиските пазари ја одржаа довербата и ликвидноста НБРМ презеде бројни мерки за поттик на тргувањето и натамошно продлабочување на активноста на подолгорочните сегменти на финансиските пазари


Download ppt "Маја Кадиевска Војновиќ Вицегувернер"

Similar presentations


Ads by Google