Presentation is loading. Please wait.

Presentation is loading. Please wait.

Проф. д-р Хрисула Кипријановска

Similar presentations


Presentation on theme: "Проф. д-р Хрисула Кипријановска"— Presentation transcript:

1 Правни барања за брендирање на земјоделски производи од земјите од Југоисточна Европа
Проф. д-р Хрисула Кипријановска Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје

2 Што е бренд? БРЕНД претставува име, термин, знак, симбол, облик или нивна комбинација, со намера да ги идентификува производите или услугите на еден или група продавачи, и да ги диференцира од конкурентските (производи и услуги). Историјата на брендирањето започнува пред повеќе од два века со означување на сопственоста на домашните животни. Сопствениците ги означувале своите стада со железни жигови во различни симболи кои ги втиснувале со горење на кожата на животните и со тоа ја дефинирале сопственоста на грлата. Динамичната употреба на брендот започнува во 19-от век во процесот на индустријализацијата и денес поимот бренд се користи секојдневно во сите области на современото живеење.

3 Зошто е потребно создавање на бренд?
Процесот на создавање на бренд е долготраен и бара јасна стратегија кон која сопственикот на брендот верно ќе се придржува. При воведување на нов бренд на пазарот прво е потребно да се информира што поширока јавност за неговото постоење, потоа да се објасни по што неговиот производ е единствен, посебен, и дури потоа може да се очекува дека потрошувачите ќе изградат свест за постоењето на тој производ, ќе почнат да го користат, да му веруваат и на крај да го засакаат и потполно да се идентификуваат со него. Брендот има моќ да влијае на потрошувачите одлуката за купување на некој производ или услуга да ја донесат многу порано пред да дојде до чинот на размена на парите и производите.

4 Брендирање на земјоделските производи
Потребата од брендирање на земјоделските производи произлегла од: -глобализација и либерализација на пазарот -пораст на конкуренцијата -поголеми очекувања на потрошувачите во смисла на квалитетна храна -зголемени барања на потрошувачите за традиционална храна од определени подрачја Процесот започнал уште во 1962 година кога како дел од Заедничката земјоделска политика на EU била донесена “ЗЕЛЕНА КНИГА ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ И ПРЕХРАНБЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ” (стратешки документ во кој КВАЛИТЕТОТ бил поставен како главна алатка за конкуртентност и профитабилност во земјоделско-прехранбениот сектор)

5 Најновата верзија на овој правен документ е донесена во 2012:
Во 1992 EU воведува посебни ознаки за квалитет наменети за заштита на традиционалните и регионалните земјоделски и прехранбени производи, врз основа на постоечките системи на национална заштита на производите во Франција и Италија, и ја донесува -Council Regulation (EEC) No. 2081/92 of 14 July 1992 on the protection of geographical indications and designations of origin for agricultural products and foodstuffs; Во 2006 EU ја проширила регулативата со донесување на Директива No. 510/2006 of 20 March 2006 според која своите производи можат да ги заштитат и земјите кои не се нејзини членки, да ги користат истите ознаки и да ги пласираат производите на пазарите на EU; Најновата верзија на овој правен документ е донесена во 2012: Regulation (EU) No. 1151/2012 of the European Parliament and of the Council of 21 November 2012 on quality schemes for agricultural products and foodstuffs

6 Цел на Regulation (EU) No. 1151/2012
Да им помогне на производителите на земјоделски и прехранбени производи да им пренесат порака на купувачите/потрошувачите за посебните карактеристики на својот производ, одгледувачките/производните методи и местото на потекло.

7 Подрачја на примена Регулативата се применува за сите земјоделски и прехранбени производи наменети за човечка исхрана, поделени во неколку категории: PDO/PGI 1. Свежо месо и јадливи внатрешни органи 2. Производи од месо (варени, посолени, димени и сл.) 3. Сирења 4. Други производи од животинско потекло (јајца, мед, млечни производи) 5. Масла и масти (маргарин, путер, маслиново масло и др.) 6. Овошје, зеленчук, житарици (свежи и преработени)

8 Подрачја на примена 7. Свежа риба, ракови, школки и нивни производи
8. Пиво 9. Пијалаци произведени од растителни екстракти 10. Леб, печива, колачи, кекси и други пекарски производи 11. Чоколада и производи со какао 12. Останати прехранбени производи (вински оцет, зачини и сл.)

9 заштитена географска ознака гарантиран традиционален специјалитет
Со оваа регулатива не се опфатени природните минерални и изворски води, јаките алкохолни пијалаци, вина, овошни вина и други производи од грозје и вино, со исклучок на винскиот оцет. Заштитата на овие производи е регулирана со посебни прописи. Видови на заштита/ознака на земјоделските производи PGI - (ЗГО) заштитена географска ознака PDO- (ЗОП) заштитена ознака на потекло TSG- (ГТС) гарантиран традиционален специјалитет

10 Разлики помеѓу ЗГО и ЗОП
Овие две ознаки се многу слични, односно нив можат да ги добијат производи кои: потекнуваат од одредено место, регион или во исклучителни случаи земја чиј квалитет или карактеристики, во најголем дел или исклучиво се под влијание на посебни природни човечки фактори на одредено географско подрачје и за ЗГО чие производство и/или преработка и/или подготовка се одвиваат во географското подрачје (најмалку една фаза) за ЗОП чие производство, преработка и/или подготовка во целост се одвива во географското подрачје

11 Corsican olive oil –маслиново масло од Корзика
цедење полнење складирање Садници одгледување на насад Schwarzwalder schinken – шунка од Шварцвалд пакување димење тов на свињи колење одгледување на прасиња Опрасување

12 кои се произведени со употреба на традиционални суровини
За производите кои добиваат ознаки за ЗГО и ЗОП можат да користат само називи КОИ СЕ ВО УПОТРЕБА на пазарот или во вообичаениот говор. Измислени, иновативни , како и називи на растителни сорти или животински раси не може да бидат регистрирани како ЗГО или ЗОП. Ознака за гарантиран традиционален специјалитет (ГТС) Со ознаката за гарантиран традиционален специјалитет може да се заштитат производи : кои се произведени со употреба на традиционални суровини чие производство и/или преработка и/или подготовка се одвива на традиционален начин кои имаат специфичен квалитет, углед или друго обележје кои се припишуваат на традицијата За регистрација на гарантиран традиционален специјалитет се користи назив кои традиционално се употребува на тоа подрачје најмалку 30 години.

13 Процедура за регистрација на производи со заштитени ознаки
Регистрацијата може да се спроведе на национално и на европско ниво, со тоа што производ кој доаѓа од земја која не е членка на EU мора прво да биде заштитен на национално ниво, а потоа националниот надлежен орган (Министерство, Завод за индустриска сопственост и сл.) да побара истиот производ да добие и европска заштита. Фази во процедурата за регистрација на национално ниво Поднесување барање за регистрација до надлежен орган Кој може да поднесе барање ? Заинтересирана група на производители или преработувачи кои се занимаваат со производство на ист земјоделски или прехранбен производ.

14 Што содржи барањето? за регистрација на ознака за гарантиран традиционален специјалитет за регистрација на ознака за потекло или географска ознака -назив и адреса на групата на производители -спецификација на производот - назив и адреса на овластени тела кои ја верифицираат соодветноста на производот со неговата спецификација и - документи кои го докажуваат специфичниот и традиционалниот карактер на производите -назив и адреса на групата на производители - елаборат и - единствен документ

15 Што содржи елаборатот? Назив на земјоделскиот или прехранбениот производ кој во себе содржи ознака на потекло или географска ознака Опис на производoт, суровината, како и главните физички, хемиски, микробиолошки или органолептички карактеристики Дефинирање на географското подрачје Доказ дека производoт потекнува од одреденото географско подрачје Опис на методот за производство вклучително и начинот на пакување доколку истото задолжително се изведува во дефинираното географско подрачје Податоци за поврзаност меѓу квалитетот или карактеристиките на производот и географското подрачје Назив и адреса на овластените тела кои ја верифицираат соодветноста на производот со елаборатот и Специфични правила за означување на производот

16 Што содржи спецификацијата?
1. Традиционален назив на производот кој мора да биде на македонски јазик и по барање на друг јазик 2. Опис на производот вклучувајќи ги неговите главни физички, хемиски, микробиолошки или органолептички својства 3. Опис на методот на производство, подготовката и природата и својствата на употребените суровини или состојки кои производителите мораат да го следат 4. Елементите кои ги одредуваат посебните својства на производот 5. Елементи кои го докажуваат традиционалниот карактер на производот 6. Минималните барања и постапки за проверка на посебните својства.

17 2. Формирање на Стручна комисија за спроведување на постапка за регистрирање на заштитени ознаки на земјоделски и прехранбени производи Стручната комисија е составена од седум члена од кои три постојани члена од Министерството, три члена експерти од соодветната област и еден член претставник на подносителите на барањето Комисијата ја проверува основаноста на барањето и исполнетоста на условите кои се однесуваат на ознаката на потекло, географската ознака и ознаката за гарантиран традиционален специјалитет Доколку барањето е основано и целосно се објавува во рок од десет дена по завршување на постапката на веб страницата на Министерството и/или во јавните гласила

18 3. Приговор Секое домашно и странско правно или физичко лице кое има правен интерес има право да поднесе приговор на предложениот назив до Министерството во рок од шест месеци од денот на објавување доколку смета дека регистрирањето на предложениот назив би го загрозило опстојувањето на производот со целосен или делумно идентичен назив или трговска марка, кој бил законски присутен на пазарот во последните пет години. Стручната комисија ја проверува основаноста на приговорот. Доколку приговорот е основан Министерството ги повикува заинтересираните страни да се спогодат. Доколку заинтересираните страни не постигнат спогодба, Комисијата ќе одлучи како ќе постапи во однос на барањето за регистрација.

19 4. Решение за регистрирање на ознаки
По спроведената постапка за приговор министерот донесува решение за регистрација на ознака на потекло, географска ознака или ознака за гарантиран традиционален специјалитет. Решението за регистрација се објавува во „Службен весник на Република Македонија". Податоците за заштитениот производ се објавуваат на веб страницата на Министерството. Со влегувањето во сила на решението регистрираната ознака на потекло, географска ознака или ознака за гарантиран традиционален специјалитет се запишува во соодветен Регистар на ознаки. Земјоделски или прехранбен производ произведен и/или преработен во согласност со елаборатот ќе биде означен на начин што покрај регистрираниот назив ќе има видлива ознака за „ЗАШТИТЕНА ОЗНАКА НА ПОТЕКЛО", односно „ЗАШТИТЕНА ГЕОГРАФСКА ОЗНАКА" одбосно ОЗНАКА ЗА ГАРАНТИРАН ТРАДИЦИОНАЛЕН СПЕЦИЈАЛИТЕТ«.

20 Заштита на регистрирани називи
Трошоци Трошоците во постапката за регистрирање и користење на ознаката за потекло, географската ознака и ознаката за гарантиран традиционален специјалитет се на товар на подносителот на барањето и се во висина на реално направените трошоци за спроведување на постапката. Заштита на регистрирани називи Производите со регистрираните називи се заштитени од: нивно директно или индиректно комерцијално користење за производи кои не се опфатени со регистрацијата. злоупотреба, имитирање па дури и ако е означено вистинското потекло на производот. употреба на лажна ознака или ознака која ги доведува во заблуда потрошувачите во однос на изворот, потеклото, природата или значајните карактеристики на производот во која било фаза од маркетингот.

21 Регистрација на ниво на Европска унија
Групата на производители може да поднесе барање за регистрација на ознака на потекло, географска ознака или ознака за гарантиран традиционален специјалитет на ниво на Европската унија за ознаките заштитени во Република Македонија. Барањето за регистрација мора да ги содржи документите потребни за регистрација и на национално ниво, како и доказ дека називот е заштитен во Република Македонија. Барањето се испраќа до Европската комисија директно или преку Министерството. Доколку називот на заштитената ознака на потекло или географската ознака означува прекугранично географско подрачје повеќе групи на производители можат да поднесат заедничко барање. Групи на производители од различни држави членки на Европската унија или од трети земји можат да поднесат заедничко барање за заштита на ознаките за гарантиран традиционален специјалитет. Барањето и документацијата до Европската комисија се испраќаат на еден од службените јазици на Европската унија во пишана и електронска форма.

22 Европската комисија ги објавува називите на производите за кои се поднесени барања за регистрација и датата на поднесување на барањата на DOOR –база на податоци Постапката за разгледување на барањата и утврдување дали се во согласност со барањата на Regulation (EU) No. 1151/2012 трае 6 месеци. По овој рок ако барањето е основано на DOOR - базата ги објавува единствениот документ и спецификацијата на производот по што почнува фазата на приговор која трае 3 месеци. По овој рок конечната одлука ја донесува Европската комисија и при позитивна одлука називите на производите ги запишува во Регистар кој е јавно достапен на DOOR - базата.

23 Досега во Регистерот на DOOR – базата се заведени вкупно 1606 производи
Од кои преовладуваат следниве класи: Овошје, зеленчук, житарици (свежи и преработени) Сирења Производи од месо (варени, посолени, димени и сл.) Свежо месо и јадливи внатрешни органи -174 Масла и масти (маргарин, путер, маслиново масло) Во класата каде што припаѓа медот - Други производи од животинско потекло (јајца, мед, млечни производи) заштитени се 52 производи

24 Број на заштитени производи од земјите од Југоисточна Европа
Држава Број на заштитени производи Албанија / Унгарија 24 Австрија 22 Србија Босна и Херцеговина Црна Гора Бугарија 8 Словачка 21 Романија Словенија 25 Хрватска 27 Молдавија Македонија Италија* 317 Грција 112 Украина*

25 Последни заштитени производи во Регистерот на DOOR –базата
Држава Заштитени производи Вид на заштита Дата Англија Lough Neagh Pollan - бела риба со светла сребрена кожа PDO Португалија Amêndoa Coberta de Moncorvo – слатки бадеми излупени, топени и покриени со шеќерна паста.  PGI Германија Beelitzer Spargel –аспарагус Франција Thym de Provence –тимус (арматично растение) Словенија Jajca izpod Kamniških planin -јајца Хрватска Slavonski Med -мед Шпанија Carne de Salamanc -телешко месо од теле до 12 месеци Холандија Suikerstroop (густ шеќерен сируп) TSG

26 Ви благодарам на вниманието!


Download ppt "Проф. д-р Хрисула Кипријановска"

Similar presentations


Ads by Google