Download presentation
Presentation is loading. Please wait.
1
Анализа на перформансите на банките
Проф. д-р Зоран Ивановски Асс. М-р Христина Анастасиевска Танеска
2
Основна цел на банкарскиот менаџмент претставува максимизацијата на богатството на акционерите (maximization of shareholders value), што претставува, во исто време, рационална насока за деловно работење и овозможува ефикасност на распоредот и оптимализација на користењето на средствата во банката.
3
Тргнувајќи од круцијалната цел на секој банкарски менаџер да направи квалитетна финансиска анализа за перформансите на банката, потребно е солидно познавање на структурата и целта на финансиските извештаи на банката: биланс на состојба (balance sheet), биланс на успех (income statement), извештај за акумулирана добивка (statement of retained earnings) и извештај за готовинските токови (cash flow statement). Банкарските извештаи даваат комплетна слика на работењето, перформансите на банката и нејзината финансиската позиција.
4
Биланс на состојба Биланс на состојба претставува систематски приказ на финансиската состојба на банката за даден временски интервал. Во билансот на состојба се евидентирани средствата, обврските и сопствениот капитал со кои располага банката, односно билансот на состојба ги прикажува инвестициите (пласманите) на банката во форма на средства и изворите преку кои се обезбедени тие средства, односно, како се финансирани средствата, дали се изворите позајмени (обврски) или сопствени, или пак се остварени преку продажба на сопственички акции (акционерски капитал).
5
Структурата на билансот на состојба е следната:
1.Актива – средствата се класифицирани според ликвидноста: - готовина (cash) – C - хартии од вредност (securities) – S - кредити (loans) – L - останата актива (инвестиции) – MA 2. Пасива – преглед на извори на средства: А). Обврски: - депозитни (deposit) – D - недепозитни позајмици (non deposit borrows) – NDB - сопствен капитал (акционерски капитал – equity capital) – EC акции (stocks) капитална добивка задржана добивка C + S + L + MA = D + NDB + EC
6
I. Во активата се класифицирани средствата според ликвидноста и рочноста:
Парични средства – најликвидната ставка и служат за обезбедување на потребната ликвидност во контекст на повлекување на депозити од страна на депонентите, барања за кредити од страна на клиентите и сл. Во рамките на паричните средства влегуваат следниве елементи: пари на жиро сметка на банката т.н. резерви кои го сочинуваат слободната и задолжителна резерва); готовина; депозити по видување.
7
2. Хартии од вредност се второстепен извор на ликвидност и извор на приходи на банката. Станува збор за секундарна резерва на банката. Во оваа група се вбројуваат следниве категории на хартии од вредност: А). Ликвидни хартии од вредност: краткорочни државни обврзници; друг вид на краткорочни хартии од вредност; комерцијални записи и каматоносни депозити кај други банки.
8
Б). Доходовни хартии од вредност од кои се генерира принос и се т. н
Б). Доходовни хартии од вредност од кои се генерира принос и се т.н. инвестициони хартии од вредност. Овој вид на хартии од вредност се евидентираат според книговодствена вредност, пазарна или подпазарна вредност. Доколку каматната стапка бележи тенденција на пораст по купувањето на овој вид хартии од вредност, нивната пазарна вредност ќе биде помала во однос на книговотствената вредност. Во оваа група на хартии од вредност се вбројуваат следниве: обврзници и записи.
9
3. Кредити А). Бруто заеми: потрошувачки кредити; хипотекарни кредити; комерцијални кредити; аграрни кредити и кредити одобрени на дилери на хартии од вредност и други финансиски институции.
10
Б). Нето кредити кои претставуваат бруто кредити намалени за тековни и потенцијални загуби врз основа на кредити. Според Законот на банки, на банките им е дозволено да одвојат резерви за потенцијални загуби т.н. резервации за идни загуби. Се издвојуваат од тековните приходи. Акционерските резервации кои претставуваат минусна ставка во активата на билансот претставуваат акумулирана резерва од која може да се покријат ненаплатливите кредити. Нефункционален кредит претставува кредит кој не генерира каматен приход или веќе бил реструктуиран со цел да се прилагоди на променетите услови. Кредитот е нефункционален кога ануитетот не е исплатен во рок од 90 дена од денот на доспевање на ануитетот.
11
4. Останата актива: нето вредност на фиксниот имот на банката; инвестиции во супсајдерски компании и однапред платено осигурување.
12
II. Структура на пасивата на банката:
А).Обврски 1. Депозити (70% - 80% од вкупните средства на банката): некаматоносни депозити; штедни влогови; депозити по видување; орочени депозити со отказен рок и депозитни сертификати.
13
2. Недепозитни извори (останати обврски) – причината за зголемено користење на недепозитни извори е тоа што банките немаат обврска да издвојат задолжителна резерва за голем дел од тие средства, со што се намалуваат трошоците на недепозитните средства. Позајмувањето на пазарот на пари може да се реализира за неколку минути и средствата веднаш се пренесуваат во банката.
14
Негативност кај овој вид на извори е тоа што каматната стапка подлежи на чести промени. Доколку постои и најмала веројатност за финансиски проблеми на банката која сака да позајми од овие извори, трошоците на банката растат или кредиторите на пазарот на пари не се расположени да одобрат кредит.
15
Б). Сопствен капитал акционерски капитал (капиталот на банката ја сочинува вкупната номинална вредност на обични акции на банката); капитална добивка (разлика помеѓу пазарната и номиналната вредност на обични акции); акумулирана добивка (акумулирана нето добивка која останува по исплата на дивидендите); специјални резерви (наменети за заштита од непредвидени загуби) и субординиран долг ( долгорочни должнички хартии од вредност).
16
III. Вонбилансни ставки кај банките
stand by кредитни аранжмани (гаранции); свопови за каматни стапки; термински договори (фјучерс и опции) и обврски за заеми (обврска за иден период на одреден клиент да му одобри кредит). Проблемот со вонбилансните трансакции се состои во тоа што ја изложуваат банката на дополнителен ризик.
17
Биланс на успех Вториот финансиски извештај е Билансот на успех кој го мери успехот од работење на претпријатието за даден временски период, односно ја покажува големината на генерирани приходи и направените трошоци за тековната година. Постои блиска релација помеѓу основните ставки на Билансот на состојба и ставките од Билансот на успех. Всушност средствата во Билансот на состојба ги генерираат поголемиот дел од оперативните приходи на банката, додека пак обврските генерираат поголем дел од оперативните трошоци.
18
Основниот извор на банкарски приходи е каматата генерирана од банкарските пласмани (кредити, каматоносните депозити држени кај други кореспондентни банки) и останатата актива која генерира приход (вклучувајќи приходи заработени од супсидијарните корпорации на банката или од издавање на имот кој го поседува банката). Исто така, друга ставка која генерира приход се провизиите што ги наплатува банката за услугите на клиентите.
19
Најголем дел од расходите ги вклучува каматите платени на депонентите, каматата на недепозитни позајмици, плати, административни трошоци, резервации за идни загуби, даноци и останати расходи. Разликата помеѓу сите приходи и расходи претставува нето добивка на банката. Нето добивка = вкупни приходи – вкупни расходи
20
Банките со цел да ја зголемат нето добивката користат различни опции:
да го зголемат просечниот приход за секое средство поодделно; да ги вложат своите средства во инвестиции што носат повисок просечен приход; да мобилизираат депозити и кредити од пазарот за пари со помали трошоци; да ја намалат каматата или некаматните трошоци или да ги намалат даноците преку подобрена даночно – менаџерска практика.
21
Билансот на успех може да се опише како разлика помеѓу приходите и расходите и нето добивките на банките во определен временски период. Преку билансот на успех се пресметуваат и прикажуваат резултатите од работењето на банката за детерминиран временски интервал.
22
1. Приходи од камата 2. Некаматни приходи Вкупни приходи 3. Расходи за камата 4. Некаматни расходи - (Вкупни расходи) = Нето добивка пред оданочување - (Данок) = Нето добивка по оданочување дивиденди задржана добивка
23
Приходи 1. Основен извор на банкарските приходи е каматата генерирана од банкарските пласмани: камата од дадени кредити; камата и девиденди врз основа на хартии од вредност; камата генерирана од репо договори и камата примена за депозити кај други кореспондентни банки. 2. Некаматни приходи – провизии генерирани од услуги што банката ги дава на клиентите.
24
Расходи 1. Расходи од камати: камати за депозити; камати за краткорочни позајмици од пазарот за пари. Некаматни расходи: плати; други персонални расходи; трошоци за загуба на кредити; трошоци за галантерија и опрема и кирии, канцелариски материјали и трошоци за поправка.
25
Разликата помеѓу вкупните приходи врз основа на камата на заеми и хартии од вредност и вкупните расходи (трошоци) за позајмување претставува нето каматен приход или нето каматна каматна маржа. Трошоците за кредити претставуваат расходна ставка и претствуваат резервации за идни потенцијални кредити. Станува збор за неготовински резервации и нивната цел е апсорбирање на потенцијалните лоши кредити. Годишните резервации се одземаат од фактичкиот приход пред одданочувањето на добивката со што се намалува данокот што треба да го плати банката.
26
ИЗВЕШТАЈ ЗА ГОТОВИНСКИ ТЕКОВИ
Во финансовото сметководство, извештајот за готовински текови (cash flow statement), познат како извештај за текот на фондовите (funds flow statement) претставува финансиски извештај кој покажува како промените во ставките од билансот на состојба и приходот влијаат врз готовината и паричниот еквивалент.
27
Билансот на состојба и билансот на успех се изготвуваат врз основа на сметководствениот принцип за временско разграничување на финансиските трансакции од кои настануваат приходите и расходите, од времето во кое се остваруваат готовинските текови (cash flows), наплати и исплати во пари.
28
Извештајот за готовинските текови овозможува да се добие поцелосна слика за финансиската позиција на банките, што е важно за донесување на рационални финансиски одлуки. Всушност, извештајот за готовинските текови ја осветлува положбата на банката, прикажана во билансот на состојба и билансот на успехот од една страна на готовинските текови, со што придонесува да се добие поцелосна слика за финансиската положба на банката.
29
Менаџментот го користи овој извештај за согледување на ликвидноста на работењето, за определување на политиката на дивидендата, и за оценка на ефектите на одделни одлуки за инвестирање и финансирање. Погрешно е да се донесе одлука за висината на дивидендите само врз основа на големината на добивката од билансот на успехот, зошто истата не може да се реализира доколку банката не остварува позитивни готовински текови.
30
Паричните текови во извештајот за готовински текови се класифицираат во три групи и тоа според:
- деловните активности; - инвестиционите активности и - финансиските активности. Готовински текови кои произлегуваат од деловните активности се следниве: готовински приливи: добивка пред оданочување; амортизација; резервирање за потенцијални загуби; продажба на акции. готовински одливи: зголемување на пресметани камати и други побарувања; зголемување на пресметани камати и други обврски, платени даноци и придонеси.
31
Готовинските текови од инвестициони активности (вклучуваат давање или наплата на заеми, стекнување и отуѓување на вложувања и недвижности, постројки и опрема) се состојат од следниве приливи и одливи: паричните приливи: зголемување на кредити од банки и комитенти; пари примени од продажба на недвижности, постројки и опрема, нематеријални средства и други долгорочни средства; пари примени од продажба на сопственички и должнички инструменти на други претпријатија и учества во заеднички вложувања; пари примени од отплата на аванси и заеми дадени на други лица; парични примања кои произлегуваат од идни договори, термински договори, договори за опција и договори за компензација. паричните одливи од инвестициони активности вклучуваат: намалување на долгорочни вложувања; пари потрошени за стекнување на недвижности, постројки и опрема, нематеријални средства и други долгорочни обврски; пари потрошени за купување на сопственички и должнички инструменти на други претпријатија и учества во заеднички вложувања.
32
Готовински текови кои произлегуваат од финансиските активности се следниве:
парични приливи: зголемување на депозити; зголемување или намалување на користени кредити; приливи од емисија на акции или други сопственички инструменти, меници,обврзници и сл. парични одливи: отплата на позајмените износи, исплата на сопствениците за стекнување или откуп на акции на банките.
33
ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОМЕНИТЕ ВО АКЦИОНЕРСКИОТ КАПИТАЛ
Во билансот на успехот се детерминира финансискиот резултат на банката, како нето добивка по оданочувањето. Така добиениот износ се распределува на исплата на фиксните обврски на имателите на обврзници, на приоритетни акции, а преостанатиот дел претставува нето добивка на располагање на обичните акционери. Заработката по акција (EPS – earnings per share) на банката се добива кога нето добивката која останува на располагање на обичните акционери се подели со бројот на издадени обични акции .
34
Согласно политиката на дивиденди може да одлучи дел од нето добивката да се искористи за зголемување на акционерскиот капитал – акумулирана добивка (retained earnings). Акумулираната добивка е ставка на Билансот на состојба, која се пресметува на крајот на периодот кога се изготвува Билансот на состојба и се врши распределба на нето добивката. Нејзината пресметка се врши на следниот начин:
35
Акумулирана добивка на почетокот од периодот
+ Нето добивка на располагање на акционерите со обични акции од тек. година - Дивиденда на обичните акционери исплатена за тековниот период = Акумулирана добивка на крајот на периодот
36
Акционерскиот капитал формиран со издавањето (продажбата) на обичните акции по пазарни цени, со капиталот на акумулираната добивка (и резервите) ја дава нето вредноста на сопствениот капитал на банката (претходно прикажана равенка). Оваа вредност поделена со бројот на обични акции ја дава книговодствената вредност book value) на една обична акција.
37
Анализа на перформансите на банките
Прв чекор во анализирањето на перформансите на банката е да се детерминира основната цел на банката. Активностите на банката се насочени кон специфични цели: побрз раст, минимизирање на ризикот, развивање на угледот на банката, обезбедување високи заработки за нејзините акционери и сл. Круцијалната цел на банките е максимизирање богатството односно зголемување на вредноста на акциите на банката, при прифатливо ниво на ризик.
38
За да може банкарскиот менаџер да донесе рационални одлуки, кои се во склад со целите на банката, потребни му се одредени финансиски индикатори со помош на кои би извршил финансиска анализа за оценување на финансиската состојба на банката на определен ден или остварениот финансиски резултат во определен период. Финансиската анализа се базира на финансиските извештаи (биланс на состојба, биланс на успех, извештај за акумулирана добивка и извештај за паричните текови).
39
Адекватните финансиски податоци треба да обезбедат можност за следење на трендот и нивото на перформансите на банката на одреден датум, од страна на членовите на Управниот одбор. Тоа подразбира добивање на соодветни финансиски индикатори врз основа на: споредбени биланси на успех на критичниот датум од тековната и претходната година, како и податоци од извршените проекции; споредбени биланси на состојба на критичниот датум во тековната и претходната година;
40
преглед на проблематични кредити, идентификувани од страна на менаџментот или супервизорскиот орган;
преглед на доспеани кредити; преглед на отпишани побарувања и наплатени отпишани побарувања; извештаи од извршените ревизии од страна на внатрешните ревизори на банката и супервизорски извештаи.
41
Индикаторите се класифицирани во следниве групи: индикатори на ликвидност, индикатори на активност, индикатори на левериџот и индикатори на профитабилноста. Индикаторите на ликвидноста, активноста и задолженоста се користат како мерила на ризикот, додека индикаторот на профитабилноста се користи како мерило на приносот, што го остварува банката во работењето.
42
Оценка на ликвидноста на банката се врши врз основа на следниве показатели:
ликвидна актива / вкупна актива – (под ликвидна актива се подразбираат парични средства, долговни хартии од вредност со рок на доспевање до една година, за кои се оценува дека може да се трансформираат во парични средства и депозити по видување кај други банки);
43
ликвидна актива / нестабилни депозити (врз основа на сопствени анализи, преку следење на трендот на поодделните депозити и однесувањето на депонентите на банката, банката треба да го утврди износот на депозитите кои се подлежни на влијание, односно покажуваат нестабилност; наспроти, тоа банката треба да го утврди и износот на депозити кои бележат постојаност, односно стабилност, без оглед на нивната рочност); нето кредити / стабилни депозити и нето кредити / вкупни депозити.
44
Вредноста на акциите на банките се зголемува доколку:
се очекува зголемување на вредноста на текот на идните дивиденди, поради растот на пазарите кои банките ги услужува или поради профитабилните аквизиции на банката; банката бележи тенденција на пониско ниво на ризик, поради зголемувањето на капиталот на банката или поради намалувањето на загубите врз основа на одобрените кредити и очекување за зголемување на идните дивиденди, комбинирано со намалување на ризикот и неизвесноста со кои се соочува банката.
45
Индикаторите за профитабилност во банкарството ги поврзуваат профитите и вложувањата, односно ја прикажуваат профитабилноста во однос на инвестициите. Во групата на индикатори за профитабилноста на банката влегуваат следниве показатели: стапка на принос на вложувањата, принос на сопствен капитал, нето каматна маржа, нето некаматна маржа, оперативна маржа и добивка по акција.
46
Оценката на профитабилноста на банката се врши врз основа на следниве показатели:
принос на вкупен капитал = нето добивка / вкупна актива (RОА); принос на сопствен капитал = нето добивка / вкупен капитал (RОЕ); нето каматна маргина = разлика меѓу каматниот приход и каматниот расход / вкупна актива; нето некаматна маргина = разлика меѓу некаматен приход и некаматен расход / вкупна актива; оперативни расходи – следење на износот на другите видови на расходи, особено расходите по основ на платите; значајни индикатори врз основа на кои се оценува ефикасноста на банката се: просечна актива / број на вработени; просечни трошоци по основ на плата / број на вработени; износ на издвоена посебна резерва – треба да се следи трендот на износот на извршени резервации и да се прави споредба со проектираните износи за резервации за соодветната година.
47
Принос на вкупниот капитал (RОА – return on totаl аssets)
Приносот на вкупниот капитал или принос на вкупни средства (актива) е индикатор на односот на нето добивката (оперативна добивка по оданочување во однос на вкупните средства). Претставува примарен индикатор за ефикасноста на банкарскиот менаџмент, односно ја покажува способноста на менаџментот за конвертирање на активата во нето добивка.
48
Принос на сопствениот капитал (RОЕ – return on equity)
49
Нето каматна маржа, нето некаматна маржа и нето оперативна маржа – се мерки за ефикасноста и за профитабилноста на банката, покажувајќи колку добро менаџментот и персоналот на банката обезбедиле поголем раст на приходите (камати од кредити, инвестиции, провизии за услуги) во однос на трошоците (камата за депозити и земени кредити од пазарот за пари). Нето каматната маржа мери колку голема разлика помеѓу каматни приходи и каматни расходи успеал менаџерот да обезбеди преку контрола над приходите и обезбедување на најефтини извори на средства.
50
Нето некаматната маржа го мери износот на некаматни приходи од услугите во однос на настанатите некаматни расходи (плати, трошоци за поправка и резервации за идни загуби). За мноштво банки, некаматната маржа е негативна, бидејќи некаматните расходи генерално ги надминуваат некаматните приходи.
51
Нето оперативната маржа го покажува односот помеѓу разликата од оперативните приходи и оперативните расходи во однос на вкупната актива (средства).
52
Заработка по акција (EPS – eаrning per shаre) е директна мерка за приносите кои ги генерираат акционерите.
53
РАЗЛОЖУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА ПРИНОС НА СОПСТВЕНИОТ КАПИТАЛ (ROE) ЗА ПОДЕТАЛНИ АНАЛИЗИ
При анализата на перформансите на банката, најчесто е корисно да се разложат индикаторите на профитабилноста на нивните компоненти. На пример, со разложување на ROA и ROE лесно е да се согледа нивната меѓусебна поврзаност. Имено, двата индикатори користат ист броител – нето добивка (профит по оданочување).
54
Нето добивката на банката претставува разлика помеѓу вкупните приходи и оперативните трошоци, вклучувајќи ги и каматите и даноците:
55
Од оваа релација може да се констатира дека висината на ROE зависи од начинот на финансирање на фондовите на банката (структурата на изворите) – дали се користи повеќе туѓ или сопствен капитал. Праксата сведочи дека банката со пониска стапка на ROA може да реализира повисок принос на капиталот (ROE) преку користење на поголем процент на туѓ капитал, а релативно мал процент на сопствен капитал.
56
Всушност релацијата ROA – ROE јасно ја илустрира фундаменталната размена со која се соочуваат менаџерите од аспект на односот помеѓу ризикот и приносот. Ако ефикасноста прикажана со ROA опаѓа, банката мора да преземе поголем ризик во форма на повисок левериџ со цел постигнување на посакуваната стапка на принос. Декомпонирање на стапката на принос на акционерскиот капитал (ROE): ROE = нето профитна маржа + индикатор за користење на средствата + мултипликатор на капиталот
57
Нето профитната маржа (NPM) ја покажува ефективноста во управувањето со трошоците и ценовната политика на банкарските услуги. Степенот на користење на средствата (AU) ја покажува политиката на портфолио менаџментот. Мултипликаторот на капиталот го покажува левериџот или политиката на финансирање т.е. изворите кои се користат за финансирање. Мултипликаторот на акционерскиот капитал е највисок во однос на другите два индикатори и во просек е 15 %. Мултипликаторот е директна мерка за степенот на финансиски левериџ – колку банката мора да се потпре на туѓи извори.
58
Вредноста на акциите на банките е под силно влијание на идната профитабилност и приносот на капитал на банката. Начинот на кој се врши анализа на стапката на принос на капиталот (ROE), може да се објасни преку следниов хипотетички пример:
59
+ Каматни приходи (interest income) врз основа на кредити и обврзници Провизии од услуги ( fees from services) 90 30 - Каматни расходи (interest expenses) – камати за депозити - 70 Резерви за „лоши“ заеми (provision for bad debt) - 10 Оперативни расходи (operating expenses) – плати,опрема - 22 = Профит пред оданочување (profit before tax) 18 Корпоративен данок (40%) - 7.2 Профит по оданочување (profit after tax) 10.8
60
Актива (assets) Пасива (liabilities) Актива -Обврски (debt)-вклучувајќи ги депозитите -Акционерски капитал (equity)
61
ROE = профит по оданочување (нето добивка) / акционерски капитал
Од билансот на успех може да се види дека профитот по оданочувањето е резултат на приходот од средствата, трошокот на фондовите и нивото на оперативните трошоци и корпоративниот данок. Наброените варијабли водат до следниве финансиски индикатори (показатели) од кои произлегува стапката на принос на капиталот: Просечна заработка на активата - EOA (average earnings – on – assets):
62
заработка од активата (EOA – earnings on assets); маргина (EOA – COD);
Од формулата може да се констатира дека ROE е дериват на следниве варијабли: заработка од активата (EOA – earnings on assets); маргина (EOA – COD); оперативни расходи (OE – operating expense); левериџот ( leverage = debt / equity) и данокот (tax – t). Генерирање на супериорна профитабилност зависи од следниве фактори: ефикасно користење на финансискиот и оперативниот левериџ ефикасна контрола на оперативните трошоци; ефикасно портфолио менаџмент со цел да се одржи потребната ликвидност и реализирање на највисок принос на средствата и ефикасна контрола на изложеноста на ризик од можните загуби да не ги надминат добивките и сопствениот капитал.
63
ОДРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА БАНКАРСКИТЕ ДЕПОЗИТИ
Традиционални извори на банките се депозити (орочени депозити и депозити по видување), кои се основа на банката за одобрување на кредити, инвестирање и генерирање приход.
64
При детерминирањето на пасивните каматни стапки, банките се соочуваат со одредена дилема.
Имено, од една страна, потребно е да се одреди доволно висока камата на депозитите со цел да се привлечат и задржат депозитите на вложувачите, но потребно е да се избегне превисоко плаќање на многу високи каматни стапки за да се заштити банката од можноста за намалување на потенцијалните профитни маржи генерирани врз основа на пласман на депозитите. Исто така, постоењето на зголемената конкуренција во банкарскиот сектор води до зголемување на пасивните каматни стапки при истовремено намалување на очекуваните приходи од користењето на депозитите и другите извори.
65
Во рамките на современиот модел на финансискиот пазар, една банка има многу мало влијание врз детерминирањето на цената на депозитите на долг рок, односно цената на депозитите се одредува на пазарот, преку пазарниот механизам. Менаџментот на банката мора да одлучи дали сака да привлече повеќе депозити и да ги задржи постоечките депозити по пазарно детерминираната цена или е подготвен да ги изгуби депозитите нудејќи цена на депозитите која што отстапува од пазарно детерминираната.
66
Банкарските менаџери, често, се соочуваат со изборот помеѓу растот на банката и профитабилноста на банката. Агресивната конкуренција со скапи депозити и други извори на средства и помага на самата банка да расте со побрзо темпо, меѓутоа како спротивен ефекет е намалувањето на профитот.
67
Дерегулацијата на банкарскиот сектор ги потикна банките за креативно размислување за банкарската политика за детерминирање на цените на депозитите. Клучни модели на одредување на цената на депозитите се класифицираат во следниве категории: метод трошоци плус профит; одредување на просечни трошоци на депозитните услуги; одредување на каматната стапка на депозитите по методот на маргинални трошоци на депозитите; одредување на цената на депозитите врз основа на пенетрациски цени на депозитите; одредување различни цени за различни депоненти (сегментирање на депонентите); целно одредување на цените за богати клиенти и одредувањето на цената на депозитите за реализирање на целите на банката.
68
ОДРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ДЕПОЗИТИ ПО МЕТОДОТ ТРОШОЦИ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА ПРОФИТНА МАРЖА (COST PLUS PROFIT)
Во банкарството, идејата за да се наплатат сите трошоци на услугите околу депозитот не е целосно прифатена. Всушност, зголемената конкуренција и продирањето на различни финансиски институции во банкарскиот сектор развија иновација според која, мноштво од услугите околу депозитот да бидат бесплатни.
69
Меѓутоа, низа банки ја открија причината поради која не ја применуваат новата маркентишка стратегија, бидејќи истите биле преплавени со бројни мали депозити, високо активни сметки кои доведоа до зголемување на банкарските оперативни трошоци.
70
Развојот на депозити по видување кои што носат камата ги натера банките да ја преиспитаат цената на депозитните услуги. За жал, многу банки што први влегоа на овој нов пазарен сегмент, настапувале со агресивни цени кои се под трошоците со цел да добијат што повеќе комитенти.
71
Сумите кои беа наплатувани од потрошувачите беа пониски од реалните оперативни и режиски трошоци поврзани со депозитите по видување и другите депозитни планови. Резултатот од ваквата политика се зголемените стапки на принос на клиентите, познати како имлицитни каматни стапки – разлика помеѓу реалните трошоци за обезбедување на депозитни услуги и надоместот за услуги наплатени од потрошувачите.
72
Со дерегулацијата на банкарскиот сектор и зголемената конкуренција, се овозможи користење на негрупирано детерминирање на цената на депозитните услуги. Истовремено, зголемените премии за осигурување ги зголеми и просечните трошоци на банкарите поврзани со депозитите, со што посебно се одредува цената на депозитите, а посебно цената за кредитите и другите видови на банкарски услуги.
73
Исто така, секоја депозитна услуга се наплаќа доволно високо за да може целосно или делумно да ги покрие трошоците поврзани со соодветен депозит.
74
Цената на депозитните услуги се пресметува со инкорпорирање на трошоците и профитот, преку следнава равенка за детерминирање на цената на депозитите: единечна цена која се наплатува од клиентот за секоја депозитна услуга = оперативен трошок по единица депозитна услуга + предвидени општи трошоци за реализирање на депозитната функција на банката планирана добивка од секоја единица продадена депозитни услуги
75
ОДРЕДУВАЊЕ НА ПРОСЕЧНИ ТРОШОЦИ НА ДЕПОЗИТНИТЕ УСЛУГИ
Одредувањето на цената според методот „трошоци плус профит“, се базира на прецизна калкулација на трошоците за секоја депозитна услуга одделно. Калкулацијата се врши со т.н. пристап на проценување на трошоците на банкарските парични средства: се пресметува стапката на трошокот за секој извор на парични средства на банката (корегирани за износот на задолжителните резерви кај централната банка, за надоместот на осигурување надепозити); секоја стапка на трошок се множи со релативното процентуално учество на секој посебен извор на средства во вкупните извори на средства и се пресметува големината на просечните трошоци на извори на средства (како пондериран просек на трошоци за мобилизирање на одделните извори на средства).
76
(депозити по видување / вкупно мобилизирани средства) х [ каматни и некаматни трошоци за мобилизирање на средства / (100 – стапка на задолжителни резерви) + (орочени депозити / вкупно мобилизирани средства) х [ каматни и некаматни трошоци за мобилизирање на средства / (100 – стапка на задолжителни резерви) (сопствен капитал / вкупно мобилизирани средства) х (каматни и некаматни трошоци / 100)
77
Овој т.н. „пристап на здружени средства – pooled funds approach“ се заснова на тоа што не се важни вкупните трошоци на сите депозити, туку значајна е големината на просечните трошоци на сите извори на финансирање на банките.
78
Пример: банката собрала вкупно $ 400 милиони, од кои: $100 милиони на тековни сметки, $ 200 милиони како орочени депозити и депозити по видување, $ 50 милиони позајмени на пазарот на пари и $ 50 милиони како сопствен капитал. Претпоставуваме дека каматните и некаматните трошоци направени со цел да се привлечат депозити по видување изнесуваат 10 %, додека орочените депозити (влогови) и заемите од пазарот на пари изнесуваат 11%. Сопствениот капитал е најскап извор на финансирање за голем дел од банките (претпоставуваме дека истиот чини 22% од вкупниот капитал). Стапката на задолжителна резерва и премијата за осигурување на депозити, го намалува расположливото количество на финансиски средства и изнесува 15% за депозити по видување, 5% за орочени депозити и 2% за средства позајмени од пазарот за пари.
79
Врз основа на гореспоменатите параметри, просечните трошоци за мобилизираните финансиски средства изнесува: (100/400) х [(10%/(100%-15%)] + (200/400) x [11% / (100% - 5%)] + (50/400) x [11%/(100% - 2%)] + (50/400) x [22% / 100%] = или %.
80
Во примерот, менаџментот на банката мора да генерира принос на нејзините средства (кредити, инвестиции) од 12.88%. Ако банката генерира принос над приносот од кредити и инвестиции, постои можност за поделба на дивиденди или задржана добивка која може да се користи за зајакнување на банкарскиот капитал.
81
Одредувањето на цената врз основа на моделот на проценка на просечните трошоци на депозитните усуги овозможува банкарските менаџери да ги пресметат ефектите од било какви промени во цената на депозитот или трошокот на финансирање на банката. На пример, менаџментот, може да експериментира со алтернативни услови за депозитите (каматни стапки, провизии) со цел да процени како различни депозити влијаат на трошоците на финансирање на банката.
82
МЕТОД НА МАРГИНАЛНИ ТРОШОЦИ ЗА ДЕТЕРМИНИРАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ НА ДЕПОЗИТИТЕ
Голем број на финансиски аналитичари се орентирани кон користење на маргиналните трошоци (дополнителни трошоци на собирање нови финансиски средства) за разлика од користењето на методот на просечни трошоци во контекст на одредувањето на цената на депозитите и другите видови извори на средства на банката. Причината за овој став, лежи во тоа што постои осцилација и непостојаност на каматните стапки со што просечните трошоци се нереални како стандард за одредување на цената на депозитите.
83
На пример, во случај да постои тенденција на опаѓање на каматните стапки, маргиналните трошоци за мобилизирање на финансиски средства може да се намалат под нивото на просечните трошоци.Исто така, одредени кредити и инвестиции кои се сметале за непрофитабилни во однос на просечниот трошок, тековно може да бидат профитабилни во однос на понискиот маргинален трошок што тековно мора да се наплати со цел да се направат ваквиот вид на кредити или инвестиции.
84
Обратно се случува, кога каматните стапки растат, маргиналните трошоци ќе бидат многу повисоки во споредба со просечните трошоци. Ако менаџерот договори кредит кој се заснова на просечните трошоци, подоцна може да се случи истиот кредит да е непрофитабилен поради повисоките маргинални трошоци за стекнување на нови финансиски средства на банката. За да се пресмета цената на депозитот врз основа на маргиналниот трошок потребно е да се знаат следниве ставки: маргиналниот трошок од промената на каматата од едно ниво на друго и стапката на маргинален трошок како процент на големината на дополнителните депозити во банката.
85
Стапката на маргиналниот трошок може да се спореди со очекуваниот дополнителен принос (маргинален принос) што го очекува банката, односно ќе го генерира од инвестирање на новите депозити. Потребните ставки се пресметуваат на следниов начин: маргинален трошок = промена во вкупниот трошок = ( нови каматни стапки х вкупни средства прибрани по новата каматна стапка) – ( стари каматни стапки х вкупни парични средства подигнати со стара каматна стапка)
86
Пример: банката очекува прилив од $ 25. 000
Пример: банката очекува прилив од $ во депозити со каматна стапка од 7%. Менаџментот на банката проценила дека ако понуди каматна стапка од 7.5%, може да добие прилив од $ депозити; на каматна стапка од 8% ќе добие $ депозити, додека со каматна стапка од 8.5%, банката ќе привлече $ депозит. Конечно, доколку банката понуди 9%, ќе добие депозити во износ од $ Да претпоставиме дека банката може собраните средства да ги пласира во кредити со каматна стапка од 10%.
87
Пресметката на маргиналниот трошок е следнава: ако банката ги покачи каматните стапки на депозитите од 7% на 7.5%, вкупните трошоци ќе се променат за $ = (50 х 7.5 % – 25 х 7% ) = 3.75 – Стапката на маргиналните трошоци е промената во вкупните трошоци поделена со допонително собрани средства: $ / $ = 8%.
88
Стапката на маргиналниот трошок е над просечните трошоци кои се во висина од 7.5%. Банката треба да плати 7.5% на новите депозити во висина од $ 25 милиони, како и на депонентите кои биле спремни давложат и по камата од 7%.
89
Бидејќи банката ќе очекува да добие принос од 10%, вложувајќи ги новите депозити, маргиналните приходи се повисоки за 2% од маргиналните трошоци кои изнесуваат 8%, како камата дадена на новите депозити. Од ова произлегува дека банката кога ќе понуди камата на новите депозити од 7.5% ќе генерира профит (50 милиони х 10% = 5 милиони долари приход) и (50 милиони долари х 7.5% = 3.75 милиони долари трошоци), односно 1.25 милиони долари профит.
90
Од примеров, може да се констатира дека банката ќе генерира профит до оној момент кога нуди каматна стапка од 8.5%, каде што на ново прибраните средства (депозити) од $ со себе носат и 10% стапка на маргиналните трошоци, што пак е еднаква на маргиналниот приход (10% очекувани приходи од инвестиции). До тој момент, вкупниот профит е 1.5 милиони долари.
91
Под претпоставка дека банката продолжува и понатаму да нуди камата од 9%, стапката на маргиналните трошоци продолжува да расте до 11 %, што пак е повисока од маргиналните приходи и го намалува профитот на $ 1.25 милиони. Според тоа, каматата од 8.5% е најдобро ниво на банката (маргиналните трошоци = маргиналните приходи).
92
Методот на маргинални трошоци за определување на каматната стапка на депозитите нуди мошне корисни информации на банкарскиот менаџмент, не само во определувањето на висината на каматната стапка на депозитите, туку и во контекст до кога може банката да ја зголемува својата депозитна база, пред дополнителните трошоци за зголемувањето на депозитите да не почнат да ги применуваат нивото на дополнителните приходи и пред да започне опаѓањето на профитот.
93
Во моментот кога се забележува тенденција на опаѓање на профитот, банката се преорентира кон барање на поевтини извори на финансиски средства (по пониски маргинални трошоци) или да идентификува нови кредити или инвестиции кои ветуваат повисок маргинален приход или да ги преземе и двете стратегии.
94
ОДРЕДУВАЊЕ НА ПЕНЕТРАЦИСКИ ЦЕНИ НА ДЕПОЗИТИТЕ (MARKET – PENETRATION DEPOSIT PRICING)
Цената која не ги покрива трошоците и не носи одредена добивка, барем на краток рок, е позната како цена за пробивање (пенетрција) на пазарот. На новите пазари кои брзо растат, целта на секоја банка е да завземе што е можно поголем дел. Вообичаено тоа се постигнува со нудење каматни стапки кои се повисоки од пазарните, или пак со наплата на пониски провизии од вообичаените. Менаџментот на таквите банки верува дека со големиот обем на депозити и успешноста во кредитирањето ќе дојдат до одредени профитни маржи.
95
Поентата е во тоа што постои убедување дека е мошне комплицирано одредувањето на банката каде што ќе биде оставен депозитот. Освен тоа, оној кој држи депозит кај банката, често користи и други услуги од неа (подигање кредити, посредување), што за банката претставува приход. Токму поради тоа депозитите претставуваат квази – фиксни фактори на производство на банките. Тие се помалку осетливи на прометите на провизиите или каматните стапки, отколку што се другите услуги што ги нуди банката.
96
Доколку банката понуди повисока каматна стапка од пазарната, стапка која ќе ги принуди депозиторите да ги донесат своите депозити, високите трошоци за префрлување на депозитите ќе ги натера да ги остават депозитите и покрај тоа што постои можност да се случи намалување на каматните на депозитите во иднина, заклучок е дека кога веќе еден потрошувач се решил за една банка, тешко се решава да ја смени. А тоа, произлегува од најразлични фактори, меѓу кои каматната стапка не е најважна, па така и за промената на банката влијаат различни фактори. Клучно е да се привлече купувачот.
97
ОДРЕДУВАЊЕ РАЗЛИЧНИ ЦЕНИ ЗА РАЗЛИЧНИ ПОТРОШУВАЧИ (СЕГМЕНТИРАЊЕ НА КЛИЕНТИТЕ)
Со зголемување на конкуренцијата, особено меѓу банките и нефинансиските институции се појави еден нов начин на одредување на провизиите, во зависност од тоа дали потрошувачот држи доволно количество депозит. Па така доколку депозитот е над одредениот минимум, кој треба да го држи, тој плаќа помалку или некогаш и не плаќа провизии за одредени услуги, и обратно, ако е под тој минимум плаќа повисоки провизии (условно плаќање). Значи потрошувачот плаќа провизија во зависност од тоа колку тој го користи депоозитот.
98
Провизиите кои се наплаќаат зависат од следниве фактори:
бројот на трансакциите направени со таа сметка (бројот на чековите, внесените депозити, трансфер на пари, минусно салдо); просечниот износ на депозит чуван на сметката за еден одреден период (најчесто еден месец) и рокот на доспевање (ороченоста) на депозитите во денови, недели или месеци. Комитентите одбираат банка и депозитен план кој резултира со плаќање на најмали провизии или генерирање најголем принос, можност за располагање со чекови и сл. Исто така, банката е атрактивна за клиентот, доколку истата обезбедува сигурност, доверливост и достапност на банкарски услуги.
99
ФОРМИРАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ
ФОРМИРАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ Секоја финансиска институција (банка) ја формира цената на потрошувачките кредити преку утврдување на каматната стапка, рокот на доспевање и условите за отплаќање, кои се прифатливи и за банката и за кредитобарателот. Генерално, потрошувачките кредити се краткорочни, се отплаќаат во период од неколку недели или месеци, но долгорочните кредити за набавка на автомобили, апарати за домаќинство и стамбени недвижности се отплаќаат во период од една до години.
100
Генерално не постои усогласеност меѓу каматната стапка што кредитобарателот ја бара и износот на депозити, кој тој е подготвен да ги држи во банката. Кредитобарателот, кој како гаранција има поголем износ на депозити, добива пониска каматна стапка на кредитот. Исто така, конкуренцијата меѓу банките е моќен фактор за детерминирање на каматната стапка на потрошувачките кредити. Во случаи кога банката се соочува со интензивна конкуренција на потрошувачки кредити, каматната стапка се намалува и се приближува кон трошоците заљ одобрување на кредит.
101
Карактеристично за кредитите со пократок рок на отплата е тоа што не се обезбедени, но подолгорочните кредити (пример, за автомобил, за станови) се обезбедени со хипотеката на предметот на кредитниот договор.
102
Каматната стапка за потрошувачките кредити се детерминира врз основа на примарната стапка, оперативните трошоци, маргина на профит и премија за ризикот: камата на кредит платена од кредитокорисникот = трошоци на банката за мобилизирање на средствата + оперативни трошоци премија за ризици од ненамирување на обврските од страна на кредитобарателот премија за ризик од долгорошен кредит барана профитна маргина (стапка на принос)
103
Банките користат широк спектар методи за детерминирање на каматните стапки на потрошувачките кредити: проценка на годишна каматна стапка, метод на проста камата, есконтна стапка и метод на додавање каматна стапка:
104
Годишна процентуална каматна стапка – во согласност Законот за праведно кредитирање, донесен во САД во 1968 година, банката мора на секој кредитобарател да му достават изјава во која е наведена годишната каматна стапка (APR). Всушност, проценетата годишна каматна стапка претставува интерна стапка на принос, која ја изедначува вкупната отплата со износот на кредит. Во предвид се зема и брзината на отплата на кредитот и износот на одобрениот кредит.
105
Пример: ако корисникот земе кредит во износ од $ 2
Пример: ако корисникот земе кредит во износ од $ 2.000, со отплата на 12 еднакви рати (ануитети), каматните трошоци изнесуваат $ 200, додека каматната стапка на кредитот нема да изнесува 10%, бидејќи кредитобарателот нема да го искористи целиот износ на кредит од $ Веродостојна апроксимација за реалната стапка на овој кредит би изнесувала 20% ($ 200 / $ / 2. Во првата половина од годината, комитентот има на располагање повењќе од $ , но во втората половина, комитентот ќе има на располагање помалку од $ се додека кредитното салдо не достигне ниво од нула на крајот од дванаесетиот месец.
106
За пресметка на цената на кредитот се користат таблици на камата за пресметка на каматна стапка со помош на други методи (на пример, детерминирање на каматната стапка со користење на едноставна каматна стапка), а потоа се врши конвертирање на добиената каматна стапка во годишна процентуална каматна стапка. Конверзијата е значајна за споредба на каматните стапки кои ги нудат преостанатите банки и финансиски институции.
107
Модел на едноставна камата (проста камата) – се приспособува според должината на времето во кое кредитобарателот го користи кредитот што го отплаќа. Ако кредитобарателот го отплаќа кредитот постепено, методот на проста камата прво го утврдува кредитното салдо, кое се намалува и намаленото салдо потоа се користи за пресметка на износот на камата, која се должи.
108
Пример: претпоставуваме дека корисникот бара кредит од $ 2
Пример: претпоставуваме дека корисникот бара кредит од $ за една година по проста каматна стапка од 12 %. Во случај да не се плаќа ниту еден дел од главницата на кредитот, каматата која кредитобарателот ја должи се пресметува на следниов начин:
109
камата = главница х каматна стапка х време
камата = $ х 0.12 х 1 = $ 240 На денот на доспевање, кредитобарателот плаќа на банката $ 2.240, односно $ за главнината плус $ 240 за каматата.
110
Во случај да кредитобарателот треба да ја отплати главницата на четири рати, врз квартална основа, по $500 за секој квартал, каматата се пресметува на следниов начин: I квартал камата = $ х 0.12 х ¼ = $ 60 II квартал камата = $ х 0.12 х ¼ = $ 45 III квартал камата = $ х 0.12 х ¼ = $ 30 IV квартал камата = $ 500 х 0.12 х ¼ = $ 15 вк. камата $ 60 + $ 45 + $ 30 + $ 15 = $ 150
111
Ануитетот (ратата) по квартал би изнесувал:
I квартал $ $ 60 = $ 560 II квартал $ $ 45 = $ 545 III квартал $ $ 30 = $ 530 IV квартал $ $ 15 = $ 515 вк. отплата $ $ 150 = $ 2.150
112
Метод на дисконтна стапка – се плаќа каматата однапред
Метод на дисконтна стапка – се плаќа каматата однапред. Врз основа на овој метод, најпрвин се врши пресметка на каматата, додека комитентот го добива кредитот намален за облигационата камата.
113
Пример: кредитниот референт му нуди на кредитобарателот кредит во износ од $ со каматна стапка од 12 %. Каматата од $ 240 се одбива од главницата на кредитот ($ х 0.12). Кредитобарателот добива депозит кој може да го користи во износ од $ Со доспевањето на кредитот, кредитобарателот мора да го отплати целосниот износ на кредитот ($ 2.000) и ефективната каматна стапка изнесува:
114
каматна стапка што ја плаќа корисникот = на кредит камата нето износ на добиениот кредит или 13.6 %
115
Метод на додадена каматна стапка на кредитот – еден од најстарите методи за пресметување на каматна стапка (познат како метод на додавање, бидејќи секоја каматна стапка се додава на главницата на кредитот пред кредитобарателот да биде информиран за износот на ратите за отплаќање.
116
Пример: ако кредитобарателот бара $ 2
Пример: ако кредитобарателот бара $ и му е понудена додадена каматна стапка од 12 % амортизационен план за отплата на дванаесет месечни рати, вкупната отплата ќе изнесува $ за главница, плус $ 240 за камата (вкупно $ 2.240). Секоја месечна отплата ќе изнесува $ ($ / 12) и се состои од $ како главница и $ 20 како месечна камата. Бидејќи, кредитобарателот во текот на годината има во просек само $ на располагање, ефективната каматна стапка би изнесувала:
117
просечен износ на кредитот во текот на годината
ефективна каматна стапка на кредит = камата просечен износ на кредитот во текот на годината = $ 240 / $ = 0.24 или 24 %
118
Користење на променливи каматни стапки за потрошувачките кредити – како резултат на нестабилноста на каматните стапки се одобруваат кредити со варијабилна или флуктуирачка каматна стапка. При одобрување на потрошувачки кредити со флуктуирачка каматна стапка, договорената каматна стапка е често врзана за примарна каматна стапка на кредитот или за каматната стапка на благајнички записи, што често се нарекува детерминирање цена според базната каматна стапка.
119
Потрошувачки кредит со базна каматна стапка = Базна каматна стапка + премија за ризик
120
ОДРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА КРЕДИТИ ЗА КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ (БИЗНИС ЗАЕМИ)
Банките се соочуваат со проблем при детерминирање на цената (трошокот) на кредити кои се одобруваат на корпоративните клиенти. Имено, банката сака да наплати доволно висока каматна стапка, со цел да се осигура дека секој кредит ќе биде профитабилен и ќе го компензира ризикот што банката го презема.
121
Сепак, каматната стапка треба да биде и доволно ниска за да овозможи на корисникот успешно да го сервисира кредитот, со цел да не прифати друг алтернативен извор на кредит (од други банки или друг позајмувач на пазарот за кредити). За таа цел банката треба да внимава на детерминирање на цената на кредитот на разумно ниво, конзистентна со конкуренцијата на финансискиот пазар.
122
МЕТОД „ТРОШОЦИ ПЛУС“ (COST PLUS METOD)
Во одредувањето на цената на кредити (заеми), менаџментот на банката мора да ги земе во предвид трошоците за мобилизирање на средствата како и оперативните трошоци во работењето на банката. Најпростиот модел за одредување на цената на кредитите, ја зема во предвид претпоставката дека каматната стапка која се наплаќа од секој кредит е составена од следниве компоненти:
123
трошокот на банката за мобилизирање средства;
оперативните трошоци на банката (вклучувајќи ги платите на персоналот кој работи со заеми и трошокот за материјали и физичка опременост кои се користат при одобрувањето и администрирањето на кредити); компензација на банката за степенот на ризик од банкротирање на компанијата која бара кредит и бараната профитна маржа за секој кредит, со цел да им се обезбеди на акционерите одредена стапка на принос.
124
каматна стапка на кредит =
маргинален трошок за мобилизирање средства + оперативни трошоци на банката + проценета маржа за заштита од ризик + очекувана профитна маржа
125
Секоја од овие компоненти може да биде изразен во проценти, во однос на износот на кредитот.
Пример: да претпоставиме дека банката има барање за бизнис кредит во износ од $ Во случај да банката продава CD-s на пазарот на пари по каматна стапка од 10%, со цел да обезбеди средства за кредитот, маргиналниот трошок на средствата за позајмување за овој кредит би бил 10 %.
126
Оперативните трошоци за анализа, одобрување и мониторинг на овој кредит се проценети на 2% од кредитното барање во износ од $ Исто така, кредитниот оддел на банката може да предложи додавање на 2% од бараната сума за компензација на банката за ризикот од можноста за делумна или целосна исплата на кредитот. Конечно, банката може да бара 1 % профитна маржа од финансиските, оперативните и трошоците поврзани со ризикот. Врз основа на претходно наброените параметри, кредитот ќе биде понуден по цена, односно по каматна стапка од 15% (10%+2%+2%+1%).
127
МОДЕЛ НА ЦЕНОВЕН ЛИДЕР (PRICE LEADERSHIP MODEL)
Постоењето на клучната негативност на cost – plus моделот во контекст дека банката ги знае нејзините трошоци, занемарувајќи ја конкуренцијата, доведе до развој на т.н. модел на ценовен лидер. Имено, ограничувањата на методот „трошоци плус“ доведоа до формирање на ценовно лидерство во банкарството и започна со водечките банки пред околу половина век. За време на Големата депресија од 1930-тите, големите банки воспоставија униформна, основна каматна стапка, позната како примарна стапка (prime rate или base) која претставува најниската стапка што банката им ја наплаќа на најкредитоспособните клиенти накраток рок.
128
Реално, наплатената стапка за кредити за секој посебен корисник е детерминирана според следнава равенка: каматна стапка на кредитот = основна каматна стапка + премија за ризик од банкротство + премија за долгорочни заеми каде што: премија за ризик од банкротство + премија за долгорочни заеми = додаток (markup).
129
Пример: на компанија која бара три годишен кредит за купување на нова опрема, може да му биде понудена стапка од 14%, која се состои од примарна стапка (10%), плус 2 % за ризик од банкрот и дополнителни 2% за временски ризик.
130
За долгорочните кредити се одредени премии за временски ризици затоа што позајмувањето на подолг временски интервал ја изложува банката на поголема веројатност на загуба, во однос на краткорочните кредити. Премиите за ризик инкорпорирани во овој кредит често се нарекуваат со заедничко име – markup.
131
За детерминирање на цената на кредитот според моделот на ценовен лидер, постојат два пристапа (формули) за одредување на каматните стапки: методот „prime rate plus“ (на пример, на клиент кој позајмува може да му се понуди кредит по краткорочна каматна стапка од 12 %, ако примарната стапка – prime rate е10 % плус 2%) и times – prime метод (на клиентот од претходниот пример, може да му се пресмета каматна стапка од 12%, ако times – prime е 1.2, а примарната стапка е 10%, односно каматната стапка на кредитот = 1.2 x 10% = 12 %).
132
Двете формули може да водат до истите каматни стапки на кредитот, но може да водат и до различни каматни стапки, кога каматните стапки се менуваат и постои клаузула во договорот за кредит за флуктуирачка каматна стапка на кредитот. На пример, во период кога примарните стапки растат, times – prime методот предизвикува каматната стапка на кредитот да расте побрзо во однос на каматната стапка пресметана според prime – plus методот. Кога примарната стапка опаѓа, каматната стапка за кредитот се намалува побрзо со користење на times – prime методот.
133
На пример, ако примарната стапка расте од 10% до 15%, горенаведената каматна стапка за кредитот се зголемува од 12% на 17% според prime – plus методот, додека со примена на times – prime методот каматната стапка се зголемува од 12% на 18%. Во случај да, примарната стапка падне од 10% на 8%, стапката според prime – plus методот би изнесувала 10%, додека според times – prime методот би изнесувала 9,6%.
134
Почнувајќи од 1970-тите години, како основна (prime) за бизнис заемите се користи LIBOR (The London Interbank Offer Rate) – каматна стапка на краткорочните евродоларски депозити (меѓубанкарска стапка на позајмување). Причини поради кои се користи LIBOR се следниве: зголеменото користење на Евродоларите како извор на средства за позајмување на банките и ширењето на интернационализацијата на банкарскиот систем, при што странски банки влегуваат во низа национални пазари за кредити. LIBOR понуди заеднички стандард за одредување на цените на кредити за сите банки (странски и национални) и им овозможи на корпоративните клиенти заедничка основа за споредба на условите за земање кредити од различни банки.
135
МЕТОД НА ДОДАТОК (BELOW – PRIME MODEL, THE MARKUP MODEL)
Во 1980-тите години, направени се понатамошни модификации на метод на одредување на каматните стапки според prime методот. Клучна промена е направена во однос на одредување на цената на кредитот под нивото на базната стапка (prime rate), како резултат на поагресивниот натпревар помеѓу банките на отворениот и нерегулиран пазар за големи корпоративн краткорочни хартии од вредност и агресивните странски банки кои што позајмуваа фондови по каматни стапки во висина на трошоците за собирање на парични средства.
136
На пример, во САД, мноштво од банките објавија дека големите корпоративни кредити, покривајќи само неколку дена или недели, ќе бидат дадени по ниски пазарни каматни стапки, плус скромна маржа (еден процентуален поен) за да се покрие изложеноста на ризик, на другите оперативни трошоци и стапка на принос. Според горенаведеното, каматната стапка на кредитот се пресметува според следната равенка:
137
каматна стапка на кредит =
каматен трошок на позајмување на пазарот на пари + markup за ризик и профит
138
Пример: постои можност да се позајмат парични фондови на пазарот за пари за 8%, а корпоративниот клиент има потреба од кредитна линија во износ од $ за период од 30 дена, банката може да одобри кредит со стапка од 9% (8% за покривање на трошокот за позајмување на пазарот на пари плус 1% markup за ризик, некаматни трошоци и профит). Резултатот е краткорочна каматна стапка, можеби 2/3 процентни поени под зацртаната примарна стапка, намалувајќи ја важноста на примарната стапка како појдовна база за детерминирање на цената на бизнис кредитите.
139
Со намалувањето на приматот на примарната стапка и варијабилноста на пазарните каматни стапки, големите банки го укинаа користењето на равенките за пресметка на цената на големи бизнис кредити во однос на поврзаноста на примарните со каматните стапки на отворен пазар. Потребно е да се потенцира дека примарната стапка е значајна како модел за оценување на цените на помалите бизнис кредити, како и кај потрошувачките кредити, заемите за градежништвото и за дел од Евровалутните кредити. Кредитите за мали или средни по големина бизниси обично се базираат на примарната стапка или други основни стапки (LIBOR), додека големите бизнис кредити се базираат на каматни стапки одредени според методот на додаток.
140
COST – BENEFIT МОДЕЛ Покрај одобрувањето на кредити врз основна на базната или примарната стапка, могу банки користат софистициран систем за детерминирање на цената на кредитите со цел да се констатира дали банката доволно наплаќа за да целосно ги компензира сите ризици и трошоци. Cost – benefit моделот се базира на следниве чекори: проценка на вкупниот приход што ќе го генерира кредитот од клиентот врз основа на камата и други провизии; проценка на нето сумата на средства за позајмување што банката мора да му ги префрли на позајмувачот (по одбивањето на било ккаков депозит што позајмувачот навел дека го има кај банката и додавањето на задолжителна резерва кај централната банка и проценка на приносот пред оданочување од кредитот преку делење на сумата на проценетиот приход од заемот со нето сумата на средствата што позајмувачот реално ќе ги искористи.
141
На пример, да претпоставиме дека корисник бара кредитна линија од $ 5
На пример, да претпоставиме дека корисник бара кредитна линија од $ е искористена само $ , по договорна стапка на кредит од 20%. Од корисникот е побарано да плати провизија од 1% од неискористениот дел од кредитната линија. Исто така, банката инсистира, корисникот да има депозит кај банката во износ од 20% од сумата наискористената кредитна линија и 5% од секој неискористен дел од одобрената кредитна линија. Стапка на задолжителна резерва кај централнат банка е 10%. Врз основа на перформансите се пресметува приходот од кредитот:
142
искористен дел од кредитната линија
неискористен дел од кредитната линија приход од кредит $ x 0,20 + $ x0.01 = $
143
Повлечени средства од =
позајмувачот Искористен кредит – депозит + задолжителна резерва $ – (0.2 x x ) x ( x x 0.05) = $ Проценет принос пред оданочување = $ / $ = 25.0%
144
МЕТОД НА АНАЛИЗА НА ПРОФИТАБИЛНОСТА НА ОДНОСИТЕ СО КЛИЕНТОТ (CUSTOMER PROFITABILITY ANALYSIS METOD)
Пристапот Cost – benefit претставува скратена верзија на еден поширок концепт познат како Анализа на профитабилноста на односите со клиентите (CPA). За разлика од Cost – benefit методот кој ја мери профитабилноста на кредитот, CPA методот на одредување на цената на кредитите се базира на претпоставка дека банката треба да го има во предвид целокупниот однос со клиентот при одредувањето на цената на секој поединечен кредит. CPA метод се фокусира на стапката на принос од целокупниот однос со клиентот, искалкулиран преку следнава равенка:
145
на принос на целокупниот = однос со клиентот
нето стапка на принос на целокупниот = однос со клиентот приход од кредити и расходи од сите односи други услуги дадени со корисникот на овој корисник нето средства дадени на клиентот, како вишок над депозитите на корисникот
146
Приходите наплатени од корисникот може да ги вклучуваат: каматата, провизии за разни услуги и трошоци за процесирање на информации. Расходите кои се вклучени на страна на корисникот може да вклучуваат: плати и надници на вработените на банката, трошоци за испитување на кредитната способност на клиентот, каматата платена на депозитот на клиентот, трошоци за процесирање (вклучувајќи платени чекови, книговотство и колекција на кредити и депозити), како и трошоците за мобилизирање на средствата. Нето средствата кои ги користи клиентот се оние кои ја сочинуваат сумата на кредитот искористен од корисникот минус неговите депозити кај банката плус задолжителната резерва кај централната банка.
Similar presentations
© 2024 SlidePlayer.com. Inc.
All rights reserved.