Download presentation
Presentation is loading. Please wait.
Published byHansi Günther Modified over 6 years ago
1
ФИТОТЕРАПИЈА НА БОЛЕСТИ НА КАРДИО-ВАСКУЛАРНИОТ СИСТЕМ
Проф. д-р Светлана Кулеванова Институт за фармакогнозија Фармацевтски факултет, УКИМ, Скопје
2
Kардиоваскуларниот систем
КВС Срце Преткомори (атриуми) Комори (вентрикули) Крвни садови Вени Артерии Капилари
3
Kардиоваскуларен систем
Учествува во одржување на: оптимална внатрешна хомеостаза, терморегулација и ацидобазна рамнотежа преку транспортот на: хранливи материи, кислород, хормони и метаболити и преку отстранувањето на непотребните материи, Има клучна улога во одржувањето на функционалноста на ткивата и органите во организмот. Оштетувањата на кардиоваскуларниот систем водат до промена на крвниот проток и појава на различни патолошки состојби. За превенција и третман на кардиоваскуларни заболувања како што се: конгестивна срцева слабост, срцева аритмија, ангина пекторис, хипертензија и хипотензија, постојат соодветни фитопрепарати, кои најчесто не овозможуваат целосен третман, туку само подобрување на состојбата на пациентите Токму затоа, фитопрепаратите за третман на кардиоваскуларните заболувања се применуваат како дополнителна терапија и се дел од комплементарната медицина.
4
Фитотерапија на КВС вклучува терапија на:
конгестивна срцева инсуфицијенција ангина пекторис артериска хипертензија артериска хипотензија хронична венска инсуфицијенција хемороиди артериско оклузивно заболување
5
1. КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ
Срце Централен орган на КВС Напречно-пругаста мускулатура Физиолошки својства слични на мазните мускули Биолошка пумпа Континуиран тек на крвта Еднонасочен тек на крвта КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ e состојба која може да биде резултат на било кое структурно или функционално срцево нарушување кое што ја намалува способноста на срцето да испумпува потребно количество на крв низ целото тело.
6
1. КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ
Клиничка слика диспнеа (отежнато дишење), ортопнеа (отежнато дишење во лежечка позиција), слабост, абдоминални симптоми, конгестија на црн дроб ноќна (пароксизмална) диспнеа, Чејн – Штоксово дишење (со прекини!), срцеви периферни едеми, мозочни симптоми – конфузија, потешкотии во концентрацијата и меморијата, главоболка, цијаноза, бледило, тахикардија, аритмија, хипертензија итн. зголемување на телесната тежина.
7
1. КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ
Типови на срцева инсуфициенција Десно-срцева слабост Срцето не пумпа доволно крв во малиот (белодробен) крвоток, Поголемо количество крв се задржува во системаска циркулација, поради што се јавуваат: Едеми во долните екстремитети, зглобовите, стомакот, хепарот Лево-срцева слабост Срцето не пумпа доволно крв во остатокот од организмот, поголемо количество крв се задржува во малата циркулација, поради што се јавува застој во пулмонарниот крвоток, и: Белодробен едем
8
1. КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ
The New York Heart Association (NYHA) го класифицира намалувањето на срцевата работа во четири класи: - класа I (слаба): пациенти кај кои нема ограничувања на физичката активност т.е. обична физичка активност не предизвикува замор, палпитации (неправилно чукање на срцето) или диспнеа, - класа II (слаба): пациенти со многу мали, умерени ограничувања на физичка активност. Тие се смирени кога се одмараат, имаат слабо ограничување на активноста, се чувствуваат добро при мал напор и при мирување, - класа III (умерена): пациенти со карактеристични ограничувања на физичката активност. Тие се смирени кога се одмараат, но при мала физичка активност се јавува замор, палпитации или диспнеа, - класа IV (остра): пациенти кои мора постојано да се одмараат, кај кои било каква физичка активност предизвикува појавување на симптомите. Се јавува можност за појава на симптоми на срцева инсуфициенција.
9
1. КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ
Терапија на срцева инсуфициенција (конвенционален третман): Промени во животниот стил: Намалување на телесната тежина Одржување на оптимална физичка активност Избегнување на наркотици, алкохол и цигари Квалитетен одмор Медикаментозна терапија: Диуретици ACE инхибитори Бета-блокатори Директни вазодилататори Кардиотонични гликозиди Превенција од други заболувања
10
ФИТОТЕРАПИЈА НА СРЦЕВА ИНСУФИЦИЕНЦИЈА Најзначајни хербални суровини
Растение Дрога Главни конституенси Дневни дози Digitalis spp. Листови Кардиотонични стероидни гликозиди 0.1 g Crataegus laevigata Лист, цвет и плод Флавоноиди, тритерпени, проантоцијанидини 1 g Convallaria majalis Херба Карденолиди 0.15 g Nerium oleander Карденолиди, прегнани Strophantus spp. Семе Adonis vernalis Карденолиди, флавоноиди 1-3 g Urginea maritima Луковица Буфадиенолиди g
11
Карденолиди Буфадиенолиди
Кардиотонични гликозиди Растенијата што ги содржат имаат позитивен инотропен ефект, односно ја зголемуваат силата на контракција на срцевиот мускул. Според структурата на агликонскиот дел: Карденолиди Буфадиенолиди
12
КАРДИОТОНИЧНИ ДРОГИ Digitalis spp. (дигиталис, напрсток, бутин)
Digitalis purpurea L. - пурпурен(црвен) бутин Digitalis lanata Ehrh. - волнест бутин фам. Scrophulariaceae digit =прст (прстест изглед на цветовите ) дрога -исушени листови
13
Digitalis lanata / purpurea
Главни гликозиди кај пурпуреа се пурпуреа гликозидите А и В, а кај ланата ланатозидите означени од А до Е (најзначаен ланатозид С). Со отстранување на ацетатните групи и терминалната глукоза од шеќерите од нив се образуваат дигитоксин, гитоксин, дигоксин, дигиталин и гиталоксин, Најголемо значење: ланатозид С и дигоксин од ланата и дигитоксин од пурпуреа.
14
Фармаколошко дејство и употреба на кардиотоничните хетерозиди
Kлиничките испитувања покажуваат дека кардиотоничните хетерозиди: Jа зголемуваат активноста на сите мускулни ткива, но најмногу на срцето и на артериолите. Мала доза има способност значително да го намали пулсот, како и да го нормализира ирегуларниот пулс. Ја подобрува исхраната на срцето преку зголемување на количината на крв која доспева во коронарните артерии. Дејствуваат бавно Потребни се 12 или повеќе часа за да ги пројават своите ефекти врз срцевиот мускул, поради што секогаш се комбинираат со други лекови.
15
Нус ефекти и несакани ефекти:
Никогаш не се препишуваат во големи почетни дози, склоност кон предизвикување на значителни дигестивни тегоби, што најверојатно се должи на присуството на други, пратечки компоненти. Дејство врз бубрезите е нус ефект: моќен диуретик, ја подобрува снабденоста на бубрезите со крв и ја намалува опструкцијата во бубрезите. Лек при водената болест (едеми и сл.), доколку е настаната како резултат на срцеви заболувања. Гликозидите на дигиталис се екскретираат бавно и се кумулираат во организмот, па токму поради тоа и интоксикациите се својствени за време на третманот.
16
Механизам на дејство го зголемува минутниот волумен на срцето,
позитивно инотропно дејство, jа зголемуваат силата на контракција на срцевиот мускул, без да се зголеми потрошувачката на кислород. го зголемува минутниот волумен на срцето, го намалува венскиот притисок и волуменот на крвта во венскиот крвоток, ја зголемува брзината на систолата, а ја забавува дијастолата.
17
Механизам на дејство врзување за активниот калиумов центар на транспортната ATP-аза (Na⁺/K⁺-ATP-аза) со што предизвикуваат привремена, реверзибилна инхибиција на активноста на овој ензим, односно привремено го спречуваат транспортот на јоните на Na⁺ и K⁺ низ клеточната мембрана. се зголемува интрацелуларната концентрација на Na+, што пак го фаворизира транспортот на Ca2+ во клетката преку механизмот на Na+/Ca2+ измена. Оттука призлегува зголемената интрацелуларна концентрација на Ca2+-јон, која води до зголемување на силата на систолната контракција.
18
Препарати, дози: – од карденолидите на пурпурниот и на волнестиот бутин практична примена денес имаат само изолирани кардиотонични гликозиди. изолиран дигитоксин: Digitoxinum (Digitalin, Cardiotoxin), (пурпурен бутин), ланатозидот C, ацетилдигоксин и дигоксин. Познати препарати кои се добиваат од волнестиот бутин се: Digoxin, таблети и капки, Lanitop, β – metildigoxin, полусинтетски добиен производ, имаат најголема примена. Спрашена дрога која порано се користела за изработка на галенски препарати, особено супозитории, денес повеќе не е во употреба. Поради фактот дека денес кардиотоничните дроги од групата на дигиталис се користат за изолација на кардиотонични хетерозиди кои понатаму се вметнуваат во дозирани фармацевтски облици, лекови, современата употреба на дигиталисот ги надминува рамиките на хербалната терапија и тие денес се средства што се користат во КОНВЕНЦИОНАЛНИОТ ТРЕТМАН НА СРЦЕВАТА ИНСУФИЦИЈЕНЦИЈА.
19
Convalaria majalis L., (Liliaceae) fam. Asparagaceae , момина солза
Многугодишно тревесто, растение. Стебло: исправено цветоносно, високо до 20 cm. Цветови: ситни, мирисни, бели, ѕвонести. Листови: широки, крупни, со паралелна нерватура. Плодови: црвени бобинки. Се размножува брзо со помош на ризоми. Во терапијата се користи: - цвет, лист и корен; - свежите листови - најголема потентност. Се собира за време на периодот на цветање, во мај и јуни. Нативна е за Европа, но се среќава и низ источните делови на Северна Америка и Источна Азија.
20
Хемиски состав Кардиоактивни гликозиди: конвалотоксин, конвалотоксол, конвалозид, конвалотоксолозид, конваларин, конваламарин, глукоконвалозид; Сапонини: конваларин и конваларинска киселина; аспарагин; флавоноиди; етерично масло со фарнезол. Агликони: строфантидин и строфантидол. сарметогенин.
21
Дејство: - кардиотонично дејство, слично на строфантус, но послабо! диуретично, пургативно, еметично. Индикации: Германската комисија Е ја одобрува дрогата за: третман на срцева инсуфициенција класа I и II според NYHA класификација, аритмии, кои се последица на нервни и срцеви нарушувања. аритмии, конгестивна срцева слабост, едеми од срцево потекло, хипертензија, атеросклероза, камења во бубрези и жолчка, венска инсуфициенција, кардијална астма.
22
Препарати и дози исушени листови: mg за подготовка на инфуз, единечна доза, течен екстракт: 1:1 во 25% алкохол, 0,6-2 ml, тинктура: 1:5 во 40% алкохол, 0,5-1 ml, тинктура (B.P.C. 1934): 1:8 во 60% алкохол, 0,3-1,2ml. Се користи во комбинирани препарати: со глог, Crataegus spp. со Leonorus cardicia, и со еден вид кактус од родот Selenicereus, месечев или ноќен кактус.
23
Pumpan содржи: Хомеопатски лек!!!
Хетерозидите на момината солза дејствуваат слично на строфанотусот: - брзо, краткотрајно и воопшто не кумулираат. Момината солза ја зголемува и диурезата и ги намалува едемите настанати како последица од срцевата инсуфициенција. Голема примена дрогата и нејзините препарати имаат во Русија. Во употреба се комбинирани препарати со други дроги. Pumpan содржи: Crataegus D1 20 ml, Arnica D6 10 ml, Kalium carbonicum D6 10 ml, Digitalis D12 10 ml, Convallaria D12 10 ml, ethanol 43%, purified water Хомеопатски лек!!! Производител: RICHARD BITTNER GmbH
24
Dietary supplement Формулациски карактеристики: поткрепа на срцевиот мускул и нега на кардиоваскуларниот систем. Промоција на срцевата циркулација, конрактибилност на срцевиот мускул, искористување на кислород. Може да стимулира вазодилатација на коронарни крвни садови. *Овие тврдења не се евалуирани од FDA. Овој производ не е наменет за дијагноза, третман, нега и превенција на кое било заболување.
25
Потенцијални несакани ефекти
Може да се користи само под надзор од лекар или друго компетентно лице. При предозирање, можнa е срцева слабост. Во комбинација со хинидин, дигоксин, калциумови соли, салуретици и гликокортикоиди несаканите дејства се потенцираат. Не треба да се употреба за време на бременост и доење. Црвените плодови на растението се многу отровни.
26
Strophanthi semen – семе од строфант, Strophantus spp., Apocynacae
Strophanthus hispidus DC. Strophanthus kombe Oliv. Strophanthus gratus (Wall. Et Hook) Baill. Автохтоно растат во тропските шуми на Африка
27
Фармаколошко дејство Позитивно инотропно дејство Најбрзо и најсилно
Механизам - како дигиталисовите хетерозиди Краткотраен ефект Не кумулираат, се излчуваат непроменети преку урина. Уабаин Се користат само изолирани форми на хетерозиди Се аплицираат i.v Се употребува при срцева инсуфициенција, кардијална астма, белодробен едем, миокарден инфаркт Се користат при тешки форми на хронична срцева инсуфициенција и неуспешно лекување со препарати на Digitalis spp.
28
Scillae bulbus – луковица од приморски лук, Urginea maritima, (L
Scillae bulbus – луковица од приморски лук, Urginea maritima, (L.) Beker, (Liliaceae) Аsparagaceae Два вариетети: Scillae albae bulbus - бел вариетет (терапевтски важен) Scillae rubrae bulbus – црвен вариетет Буфадиенолидни хетерозиди: Просциларидин А Сциларен А Гликосцеларенин А Според јачината на дејство се помеѓу хетерозидите на Digitalis spp. и Strophanthus spp. Брзо дејство Брза елиминација Слабо кумулираат Изразен диуретичен ефект Се користи во форма на традиционални препарати.
29
Глог, Crataegus spp. (Crataegi folium cum flore, Crataegi fructus)
Crataegi folium и Crataegi folium cum flore се офиценелни дроги (Ph. Eur., DAB10, BHP и др.). Вклучени се во позитивната листа на Германската комисија Е. Листовите, цветовите и плодовите кои се користат во традиоционалната медицина се добиваат од два видови глог: Crataegus laevigata (Poiret) SC, syn. C. monogyna Jacq. и Crataegus oxyacantha Auct. fam. Rosaceae Листовите се трнливи, без влакна, со 3-5 лиски, има бели цветови распоредени во густо јато, а плодовите се темно црвени со едно семе (Crataegus monogyna) и со две семиња (Crataegus oxyacantha). Плодовите се користат за правење на џемови и вина.
30
Хемиски состав: проантоцијаниди (1-3%),
флавоноиди (0,1% во бобинките и 1% во хербата), ароматични амини, сапонини и цијаногени хетерозиди. За дејството на глогот особено се значајни: С-гликозиди (витексин, витексин-2"-рамнозид, виценин), и проантоцијанидини. Epikatehin Витексин Витексин-2-О’’-рамнозид
31
Механизам на дејство Експериментално било утврдено дека глогот предизвикува голем број позитивни фармаколошки ефекти врз кардиоваскуларниот систем, од кои најзначајни се: антиаритмичниот ефект (кој се должи на инхибирањето на реполаризацијата на вентрикуларниот мускул), продолжувањето на рефракторниот период, дилатацијата на коронарните крвни садови, намалувањето на холестерол и триглицериди во крвта, редуцирањето на симптомите на ангина и конгестивната срцева слабост, хипотензивниот ефект, предизвикувајќи периферна вазодилатација на крвните садови како резултат на присутните прантоцијанидини кои го инхибираат ангиотензин-конвертирачкиот ензим (ACE).
32
цикличен аденозин монофосфат
Механизам на дејството: инхибиција на ензим циклична АМР-фосфодиестераза, кој ја катализира деградацијата на цикличниот AMP (cAMP), што резултира со: зголемување на интраклеточната концентрација на cAMP во миокардот. cAMP доведува до зголоемена протеинска фосфорилација, тоа ја зголемува силата на контракциите (позитивно инотропно дејство). сАМР цикличен аденозин монофосфат
33
Клиничка ефикасност Глогот е екстензивно проучуван. Спроведени се најмалку 15 клинички студии, во кои биле вклучени 1000 пациенти со конгестивна срцева слабост од класа II (NYHA), кои укажуваат на терапевтската ефикасност на глогот во третман на симптомите на конгестивната срцева слабост како што се: засилена диспнеа, летаргија, засилена кашлица, намалување на работната толеранција итн. Германската комисија Е потврдува дека листовите и цветовите од глогот се индицирани за подобрување на состојбата на срцето, кај пациенти од класа II според NYHA. Испитувањата на експериментални животни: во една студија и изолирано срце од морско прасе било покажано дека ефектот на флавоноидните компоненти од глогот врз срцевата работа е позитивен инотропен и хронотропен, со зголемување на коронарниот проток на крвта и зголемена брзина на коронарна релаксација.
34
Несакани ефекти Интеракции Контраиндикации
Високи дози од глог може да предизвикаат хипотензија, срцева аритмија и седација. Помалку сериозни несакани дејства претставуваат вртоглавицата, тремор и можност за појава на црвенило на лицето. Интеракции При истовремено користење на глогот со кардиотонични гликозиди, може да настане значително зголемување на активноста на гликозидите. При истовремено употреба со β–блокатори, глогот може да предизвика изразени промени во крвниот притисок. Контраиндикации Контраиндицирана е во првиот триместар од бременоста. Не се препорачува кај деца под 12 годишна возраст.
35
Сомелена дрога, единечна доза 190 -350 mg, 570-1750 mg/ден.
Community herbal monograph (HMPC/EMA): Комитетот за хербални лекови при Европската агенција за лекови e во фаза на изработка на монографија за лист со цвет од глог. Во 2014 е објавена нацрт-верзија која предвидува употреба само како традиционален хербален лек: Индикација 1: - ублажување на симптоми на повремена срцева нервоза (палпитации, екстрасистоли на срцето поради блага анксиозност и сл.), но само во случаи кога се исклучени сериозни состојби од страна на лекар специјалист. Дозирање: Сечена дрога, единечна доза, инфуз од 1-2 g, 3-4 пати/ден (вкупно до 6 g/ден). Сув екстракт (4-7:1) 70% метанол, единечна доза mg , или mg /ден. Индикација 2: - олеснување на благи симптоми на ментален стрес и како помош при спиење. Сомелена дрога, единечна доза mg, mg/ден. Draft
36
Препарати и дозирање Препаратите кои содржат глог главно се произведуваат со стандардизиран екстракт кој содржи: mg флавоноиди, сметано на хиперозид и mg процијанидини, сметано на епикатехин. Дневна доза за ваков екстракт е: mg екстракт/ден.
37
2. АНГИНА ПЕКТОРИС Причини Најчеста манифестација на хронична
исхемична срцева болест. Главните симптоми на исхемичниот миокард се ангинозните болки. Во развиените земји исхемичната срцева болест е најчеста причина за смрт. Причини Најчеста причина за настанување на исхемичната болест претставува атеросклеротичниот процес во срцевите артерии. Состојби кои водат до потенцирање и забрзување на настанувањето на атеросклерозата: артериската хипертензија, дијабетесот, пушењето, покачените нивоа на холестерол.
38
Видови на ангина и симптоми
Исхемичната срцева болест се манифестира како: стабилна ангина пекторис, која се јавува при физички или психички напор и вообичаено трае 1-10 минути, при што интензитетот на болката е различен. При оваа состојба се аплицира нитроглицерин или антагонисти на калциум (на пр. нифедипин). нестабилна ангина пекторис, која се одликува со појава на симптомите во неочекувани моменти и при мирување, при што времетраењето и интензитетот на болката се поголеми во однос на стабилната ангина. Оваа состојба може да се јави во облик на новонастаната ангина пекторис, која се јавува при мирување и при напор, влошена стабилна ангина пекторис и постинфарктна ангина пекторис. Конвенционална терапија - за време на нападот се даваат 1-2 лингвалети нитроглицерин, во комбинација со анксиолитик, - се препорачуваат промени на начинот на живот и користење на соодветна терапија: нитрати со долго дејство - еднаш дневно, бета блокатори, антагонисти на калциум (да се избегнува верапамил во комбинација со бета – блокатори), салицилати.
39
Фитотерапија при ангина
Фитотерапијата за ангина се базира на употреба на бројни растенија чија што примарна функција е: инхибиција на акумулацијата на холестеролот во артериите, вазодилатација, со што настанува ширење, отворање на артериите при што се овозможува поголем проток на крв, а со тоа и снабдување на срцето со кислород и хранливи материи, аналгезија, со што се намалуваат болките при ангина. Најзначајна дрога: глог! Други значајни дроги: жен-шен, ѓумбир, зелен чај, дан-шен, лук, кромид, артичока, маслина, врба, арника и др.
40
Жен-шен (Panax ginseng C.A. Meyer, Araliaceae)
Жен-шенот се користи за лекување на пациенти: - со ангина или со коронарни артериски заболувања. Главни активни компоненти: тритерпенски тетрациклични сапонини од типот на дамаран гинсенозиди (2-3 %). Jong-Hoon Kim, Cardiovascular Diseases and Panax ginseng: A Review on Molecular Mechanisms and Medical Applications, J Ginseng Res Jan; 36(1): 16–26. doi: /jgr ___________________________________________________________________________________ ... Основа на моќта на женшенот се неговите "многу активни конституенти" гинсенозиди. За жен-шенот постои долгогодишно искуство во однос на неговиот фармаколошки профил и механизмите на дејство. Гинсенозидите може: да го инхибираат производството ROS и да го заштитат миокардот, да ја зголемат циркулацијата на крвта и да го подобри вазомоторниот тонус, да го регулираат крвниот притисок, да го прилагодат липидите профил. Покрај тоа, многу студии покажуваат дека гинсенозидите имаат мноштво активности поврзани со кардиоваскуларниот систем, и во физиолошките и во патолошките состојби. Како овие ефекти се обезбедуваат од страна на гинсенозидите, се уште не е потполно јасно. Поради тоа, производите на база на жен-шен се уште се користат исклучиво како традиционални хербални лекови, и нивната употреба се базира на долготрајното искуство и традиција.
41
Volume 38, Issue 3, July 2014, Pages 161–166
Chang Ho Lee, Jong-Hoon Kim , A review on the medicinal potentials of ginseng and ginsenosides on cardiovascular diseases, Journal of Ginseng Research Volume 38, Issue 3, July 2014, Pages 161–166 _______________________________________________________________________________ Резултати: in vitro и in vivo добиените резултати покажуваат дека жен-шенот има потенцијално позитивни ефекти врз срцевите заболувања што се должи на неговите капацитети за: - антикосидативна активост, - редукција на тромбоцитна агрегација, - вазомоторна регулација, - продукција на азот моноксид, - подобрување на липидниот профил, и - дејство врз различни јонски канали. Денес се изолирани околу 40 различни гинсенозиди, при што е утврдено дека секој од нив има различен механизам на дејство, поврзан со карактеристиките во хемиската градба. Заклучок од оваа студија: Жен-шенот е традиционален хербален лек уште од античко време. Иако за различните позитивни ефекти кои што гинсенозидите ги манифестираат врз КВС, потребни се дополнителни студии за расветлување на специфичните механизми на дејствoтo на поединечните гинсенозиди. За поширока употреба на жен-жшенот како хербален лек за третман на КВС заболувања, потребни се добро дефинирани испитувања за утврдување на ефикасноста, но и безбедноста на ваквите производи.
42
Механизам на дејство на гинсенозиди:
антагонисти на Ca-канали во васкуларните ткива, со што ги дилатираат коронарните артерии, инхибираат атерогенеза, зголемуваат фибринолиза на крв. Експериментално е утврдено дека вазодилататорниот ефект се должи (меѓу другото) на способноста да го: ослободуваат азот моноксид (NO), потентен вазодилататор. Фибринолиза е процес со кој се разбиваат згрутчувањата од крв во крвните садови. Може да биде примарна и секундарна. Примарна фибринолиза подразбира процес на нормално разградување на згрутчувања од страна на самиот организам, а секундарна фибринолиза е процес на разградување кој е потпомгнат или овозможен со лекови и со медицински средства.
43
Salvia miltiorrhiza (Lamiaceae) тан-шен или дан-шен! (Danshen)
Познато како црвена жалфија, повеќегодишно растение кое расте во Кина и Јапонија, со развиен и црвено обоен корен, по кој го добила името. Во традиционалната кинеска медицина има голема репутација како лековито и се користи за лекување на скелетни заболувања, ментструални нарушувања, менорагија, инсомнија, циркулаторни болести, ангина пекторис, инфламациски заболувања и многу други нарушувања. Се користи корен (црвено обоен).
44
Хемиски состав Дитерпенските компоненти таншинони, кои се веројатно одговорни за активноста. Претставуваат фенантрено-хинонски структури, меѓу кои се значајни: таншинони 1 и 2, крипто-таншинон, таншинодиоли, и др.
45
Механизам на дејство дилатација на коронарните крвни садови,
протективна активност при миокардијална исхемија, инхибира липидна пероксидација. Ин витро: инхибира адхезија и агрегација на тромбоцити, и инхибира ослободување на серотонин. Способноста на дан-шенот да го намалува згрутчувањето на крвта е добро документирана, главно експериментално, но не и со високо-квалитетни клинички испитувања. Бидејќи може да ја инхибира тромбоцитната агрегација, употребата кај пациенти со нарушена коагулација на крвта, особено пред хируршки процедури, или кај пациенти кои примаат антикоагулантна терапија, треба да се избегнува, бидејќи го потенцира антикоагулантното дејство и може да доведе до крварења.
46
Научниот интерес за дрогата стана поинтензивен во средината на 80-тите, кога се потврдени први наоди за потернцијалот на дрогата во третманот на кардиоваскуларни болести, особено кај пациенти со исхемичен мозочен удар или коронарна артериска болест/ангина. Дозирање Нема сигурни податоци за дозирање и начин на администрација на даншен. Возрасни (над 18 години): во клинички испитувања кај пациенти со мозочен удар, била користена доза од 16 г сува дрога (екстракт од дрога бил помешан со мл 10 % раствор на глукоза), и бил даван 4 недели. Безбедноста и ефикасноста на ваквата администрација не била утврдена, и како таква не може да се препорача како уврдено дозирање. Кај деца и лица помлади од 18 години, поради немање податоци за безбедност, не се препорачува. Не се препорачува при бременост и лактација.
47
3. АРТЕРИСКА ХИПЕРТЕНЗИЈА
Хипертензија или покачен крвен притисок е состојба на зголемен систолен и/или дијастолен притисок. Нормалните вредности на крвниот притисок се /80-85 mmHg, односно 18,7/12,0 kpa. Покачениот крвен притисок е во директна причинско-последична врска со атеросклерозата, срцевиот удар и особено мозочниот удар, периферната артериска болест, бубрежната слабост. Заради тоа Светската здравствена организација ја смета денес хипертензијата како прва причина во смрт во светот, па затоа уште и се нарекува “тивок убиец”.
48
Хипертензија Според етиологијата се дели на:
Есенцијалната хипертензија Секундарната хипертензија Артерискиот крвен притисок е директно пропорционален со срцевата работа и со периферниот отпор. Ризик фактори кои исто така можат да доведат до покачување на КП се: пушење, дебелина, физичка неактивност, солена исхрана, алкохол во големи количини и др. Генетски предиспозиции и комбинација од сите фактори.
49
Клиничка слика главоболка (особено наутро), вртоглавица,
често се развива церебро-васкуларен инсулт (напад, удар). Во тешките облици настанува: - хипертензивна енцефалопатија, со: - стеснета свест - грчеви и - пораст на интракранијалниот притисок. Може да се јават и симптоми од зафатените органи: коронарна болест, пореметувања на артериската циркулација на периферијата, во бубрезите, појава на ретинопатија итн. Енцефалопатија е нарушување или болест на мозокот. Со терминот вообичаено не се означува точно пределено поединечно заболување, туку повеќе означува синдром од различни симптоми прдизвкани од органски и неоргански причини.
50
Лекови кои се користат во конвенционалната терапија на хипертензија:
диуретици (го намалуваат волуменот на крвта) симпатолитици (блокатори на норадреналин – вазодилататори) директни вазодилататори (намалување на периферна резистенција) блокатори на калциумовите канали (инхибитори на инфлуксот на калиумови јони во васкуларните мазни мускулни клетки, со што се намалува периферната резистенција) инхибитори на ангиотензин-конвертирачкиот ензим (ACE-инхибитори) (предизвикуваат вазодилатација преку блокирање на ензимите кои го конвертираат ангиотензин I во ангиотензин II, кој е силен вазоконстриктор алдостеронски антагонисти итн. Алдостерон е хормон на надбубрежната жлезда кој ја зголемува ресорпцијата на натриумот и водата и секрецијата на калиумот во бубрежните тубули на нефронот, со што се зголемува волуменот на крвта, а со тоа и крвниот притисок. Лековите кои го попречуваат создавањето или дејствувањето на алдостеронот (алдостеронски антагонисти) се користат како конвенционални антихипертензиви.
51
Фитотерапија во третман на хипертензија
Голем број растенија што дејствуваат врз хипертензијата своето дејство го остваруваат како периферни вазодилататори. Постојат голем број на хербални препарати кои се присутни во традиоционалната медицина и наоѓаат примена при хипертензија. Народно име Научно име Дел што се користи Главни компоненти Дневна доза Evodia Evodia rutaecarpa Plod Alkaloidi (rutakarpin), tanini 3-9 g Luk * Allium sativum Lukovica Alini 4 g Ligusticum wallichii Koren Alkaloidi (tetrametilpirazin, perlolirin, leucilfenilalanin),eteriсno maslo 5 g Kromid * Allium cepa Alini, flavonoidi 20 g Citizus * Cytisus scoparius Herba Hinolizidinski alkaloidi, biogeni amini, flavonoidi 1-2 g Rauvolfia * Rauwolfia serpentina Alkaloidi (rezerpin, ajmalin) a Stefania Stephania tetranda Alkaloidi (tetrandrin) b Bela ~emerika Veratrum album Rizom, koren Steroidni alkaloidi g
52
Маханизам на дејството на хербалните антихипертензиви
преку редукцијата на срцевата работа преку намалувањето на периферниот отпор (најчесто). го активираат n. vagus, со што предизвикуваат брадикардија , но и вазорелаксација, а со тоа и намалување на покачен крвен притисок. И покрај тоа што се спроведени голем број испитувања за антихипертензивниот ефект на одредени хербални лекови, сепак сеуште се смета дека постои недостаток на клинички податоци кои би ја потврдиле нивната ефикасност.
53
Allium sativum – лук Хемиски состав:
– најважни се сулфурните компоненти, алиин. Со механичка обработка алиинот се разложува со ензим алиназа до млечна киселина и пропенилсулфинска киселина, која веднаш се трансформира во алицин. Со оксидација на алицинот се формира диалилдисулфид. Алкохолните екстракти од лук содржат кондензациони продукти од алицин, познати како ајоени. Присутни се и циклични форми означени како винил-дитиини.
54
Дејство Механизам на дејство анти-хиперлипидемично дејство, и
анти-хипертензивно дејство, анти-хиперлипидемично дејство, и анти-PAF активност, односно способност за инхибиција на ”факторот на агрегација на тромбоцитите”- platelet activating factor, PAF. Механизам на дејство сеуште не е точно утврдено кои компоненти се одговорни за антихипертензивната активност, но познато е дека оваа активност се остварува со механизам на: намалување на васкуларен отпор и директна релаксација на мазните мускули, преку: промена на мембранскиот потенцијал на мускулните клетки. отварање на К-канали на клетката, додека Са-канали се затворени, за да се предизвика хиперполаризација, која резултира со вазодилатација. (ги блокира какциумовите канали)
55
Клиничка ефикасност Мета-анализа:
хипотензивниот ефект е докажан преку низа експериментални студии. Мета-анализа: 7 рандомизирани контролирани испитувања, кај 415 испитаници биле аплицирани mg прашок од лук/ден, во текот на 4 недели. Резултатите од три од вкупно седум спроведени испитувања покажуваат значително намалување на систолниот, а четири на дијастолниот крвен притисок, што всушност укажува на тоа дека препаратите од лук може да се употребуваат за третман на умерена хипертензија. И покрај тоа, препаратите од лук во малку земји се вклучени во рутинската клиничка терапија на хипертензија, а многу повеќе се користат во самомедикацијата или во комплементарната медицина.
56
Несакани ефекти, контраиндикации
Контраиндициран кај пациенти хиперсензитивни на компонентите на лук. Покажува интеракции со антикоагулантни лекови (варфарин), бидејќи сулфурните компоненти на лукот го потенцираат антикоагулантниот ефект на варфаринот. Несакани ефекти: сулфурните компоненти се излачуваат преку кожата и слузниците и подолготрајна употреба резултира со силна миризба на кожата и устата. Долготрајна и обемна употреба на лук може да предизвика нарушувања во интестиналната флора. Препарати, дози Средна дневна доза за: свеж лук, 2-5 g сув прашок, 0,4-1,2 g масло, 2-5 g екстракт, mg. Препаратите треба да содржат: 4-12 mg алиин или 2-5 mg алицин!
59
Рауволфија, Rauwolfia serpentina (fam. Apocynaceae)
Дрога (корен) позната во традиционалната медицина на Индија, Бурма, Индонезија и другите земји од регионот. Дрога од Ајурведа медицината. Рауволфијата е природен извор на алкалоидот резерпин. Одобрена е од Германаската Комисија Е во третман на хипертензија. Несакани ефекти: потешкотии во спиење, халуцинации кои се јавуваат во текот на ноќта, самоубиствени идеи итн. Во современа фитотерапија екстрактите од рауволфија ретко се користат! Во пракса се користат изолирани алкалоиди како готови лекови.
60
Традиционални дроги Ризомот и коренот од Veratrum spp., (стара номен. Liliaceae), Melanthiaceae - повеќегодишни растенија, - распространети насекаде во светот. - постојат голем број видови за добивање на дрога: V. viride – Канада и Источен Америка, V. californicum – Западен Америка, V. album – Аљаска и Европа, и V. japonicum – Азија. Сите Veratrum видови содржат стероидни алкалоиди, протовератрини и други, кои што дејствуваат на задниот ѕид од двете комори на срцето и на барорецепторите сместени во левата преткомора на срцето, предизвукувајќи рефлексна хипотензија и брадикардија преку n. vagus. Нeсакани ефекти: повраќање, брадикардија, силна хипотензија, а поретко и напади. Ретко се користи поради изразена токсичност!
61
Традицинална кинеска медицина: Stephania tetrandra
– стефанија, традиционална кинеска дрога за третман на покачен крвен притисок. Содржи алкалоид тетрандрин, кој е како блокатор на калциумовите канали Денес е познато дека изолиран алкалоид не е безбеден за употреба бидејќи може да предизвика оштетување на хепарот и бубрежна дисфункција. Legusticum wallichii – легустикум. Традиционална кинеска дрога која содржи тетраметилипиразин кој е антагонист на калциумовите канали и на b–адренергичните рецептори, со што предизвикува вазодилатација на крвните садови. Не е доволно проучен и нема податоци за безбедност на компонентата. Evodia rutаecarpa традиционална кинеска дрога (се користи плод) која содржи рутекарпин, кој е вазорелаксантна супстанца. Во кинеската традиција се користи како растение кое го "затоплува организмот". Се користи за редуцирање болки при гастрични нарушувања. Се вреднува како антикнацер дрога. Се уште не е доволно проучена. Во Европа присутни во форма на додатоци на исхраната (dietary supplement)
62
Други традиционални суровини
Lepidium latifolium за прв пат е употребено од страна на домородното население на Канарските острови. Антихипертензивен ефект се остварува преку диуретичното дејство. Taraxacum officinale (глуварче) поседува диуретична активност и високо количетво на калиум и токму затоа се применува за намалување на систолниот крвен притисок кај повозрасни пациенти. Olea europea листот од маслина исто така покажува хипотензивна активност, која се должи на присутниот олеуропеин. Hibiscus sabdarifa антихиперзентивниот ефект на екстрактот од хибискус е речиси идентичен со оној на синтетскиот лек каптоприл.
63
Olea europea (Olivae folium)
фам. Oleaceae Хемиски состав Иридоидни монотерпени од групата на олеуропеин (5-9 %), олеуропеин и негов гликозид, лигстрозид, олеорозид и др. Тритерпени: олеанолна, маслинска и др. киселини), Флавоноиди: лутеолин, кеферол, хризериол, апигенин и нивни хетерозиди, Халкони (оливин, негови деривати), Фенолни киселини (кумаринска, кафена, ферула, ванилинска и др.), Кумарини (ескулетин, скополетин, ескулин и др.) и др.
64
Олеуропеини
65
Community herbal monograph on Olea europaea L., folium
Предвидува традиционална употреба само на дрогата - на хербалната супстанца (цел исушен лист) и хербалната преработка (сечена или спрашена дрога), за производство на хербален чај и чврсти дозирани форми, за орална примена. Индикација: промоција на ренална елиминација на вода, во случаи на средноизразена задршка на вода, во случаи кога сериозни состојби се исклучени од лекар специјалист. Дозирање: Хербален чај: 10 g свежи листови или 5 g сув лист, декокт со 150 ml вода, 2 пати/ ден; 7-8 g сув лист подготвен како инфуз, 3-4 пати /ден. Контраиндикации: - осетливост кон компонентите што ги содржат преставниците од Oleaceae. Безбедност во текот на бременост и лактација не е испитувана и во отсуство на податоци употребата не се препорачува. 22 November, 2011 EMA/HMPC/430507/2009
66
Overall conclusions on clinical pharmacology and efficacy
Assessment report on Olea europaea L., folium EMA/HMPC, 22 November 2011 Four existing clinical studies could support the traditional use with a mild diuretic activity as well as antihypertensive activity. Analytically a very recent double-blind, randomized, parallel and active-controlled clinical study was conducted to evaluate the anti-hypertensive effect as well as the tolerability of olive leaf extract in comparison with captopril in 148 patients with stage-1 hypertension (Susalit et al. 2011). The evaluation of all safety parameters and occurrence of adverse events showed that olive leaf extract was safe and tolerable in patients with stage-1 hypertension. In another study the same extract (EFLA®943), having antihypertensive actions in rats (Khayyal et al. 2002), was tested as a supplement in an open study including 40 borderline hypertensive monozygotic twins. Concluding, the study confirmed the antihypertensive and cholesterol-lowering action of it in the tested humans (Perrinjaquet-Moccetti et al. 2008). According to the published in vitro and in vivo studies as well as the two very recent clinical trials, a mild diuretic effect as well as a supportive effect to the cardiac system (through decrease of blood pressure) is plausible. No side effects have been reported during the use of olive leaf preparations.
67
Hibiscus sabdarifa, фам. Malvaceae
во поново време, антихипетензивните компоненти и механизмите на антихипертензивното и на антихиперлипидемичното дејство се интензивно проучувани. L. Hopkins, M. G. Lamm, J. Funk, C. Ritenbaugh, Hibiscus sabdariffa L. in the treatment of hypertension and hyperlipidemia: a comprehensive review of animal and human studies, Fitoterapia, 2013, 85: 84–94. (Авторите се од Аризона, САД) Биолошки механизми на дејство: In vitro и in vivo испитувања покажаа присуство на неколку можни механизми кои го објаснуваат антихипертензивното дејство на екстрактите од хибискус: (1) вазодилатација преку блокада на калциујумови канали, (2) ACE инхибиторно дејство, (3) намалување на вискозитетот на крвта преку COX-инхибиторната aктивност, и (4) инхибиција на диференцијација на адипоцитите преку модулација на определени патишта (PI3-K/Akt и ERK патишта), кои што се важни за регулирање на клеточниот циклус.
68
цијанидин и делфинидин глукозиди и самбубиозиди
Компоненти одговорни за антихипертензивно дејство антоцијани, присутни во чашкините ливчиња на цвет од хибискус, полифенолни компоненти, флавоноиди и деривати на кафена кис., хибискус киселина, и др. киселини. Неохлорогенска кис. (1), хлорогенска кис.(2), крипто-хлорогенска кис. (3), рутин (4) изокверцитрин (5). Покрај низа други експериментално утврдени механизми на дејство кои одат во прилог на ефектите во зачувување на КВС здравје, за екстрактите од хибискус и изолираните компоненти значајно е и антиоксидативното дејство, кое придонесува во намалување на атерослеротичните промени. Антоцијани цијанидин и делфинидин глукозиди и самбубиозиди Лимонска киселина Хидроксилимонска киселина Хибискус киселина
69
4. АРТЕРИСКА ХИПОТЕНЗИЈА
Хипотензијата се дефинира како состојба при која крвениот притисок е помал од 100/60 mmHg, (13,3/8 kPa), и истата се манифестира со: замор, нарушување на сонот, вртоглавица, несвестица, анксиозност или депресија, чувство на силно лупање на срцето и потење. Видови: - примарна (хронична, идиопатска хипотензија)(без позната причина), - секундарна, која може да биде предизвикана од одредени лекови, разни болести и состојби кои се карактеризираат со брз пад на к.п., какви што се: - ортостатската (постурална) хопотензија и - постпрандијалната (после оброк).
70
Терапија (конвенционален пристап)
Како прва помош се препорачува промена на начинот на живот, консумирање многу течности, исхрана која вклучува зголемен внес на сол, зголемена физичка активност, избегнување на нагло станување од креветот и др. Конвенционалната терапија вклучува употреба на: - дихидроерготамин, - етилефрин, - амезиниум, - минералокортикоиди.
71
Фитотерапијата во третман на хипотензија
Хербални лекови се погодни исклучиво и само: за краткотраен симптоматски третман на ортостатски проблеми врзани за намален крвен притисок. Немаат значење при идиопатската хипотензија. Се препорачуваат дрогите што содржат метилксантини! Хипертензивно дејство се должи на присутните пурински алкалоиди, кофеин, теобромин и теофилин. Семе од кафе (Coffeae semen, Coffea spp., Rubiaceae) наоѓа примена како освежителен напиток.
72
Црн и зелен чај (Thea sinensis L., Theaceae)
Содржи пурински алкалоиди, Покажува и диуретска, антиоксидативна, антимутагена и антиканцерогена активност. значајно е присуството на катехински танини поради кои се користи за подобрување на циркулацијата како ангиопротективно средство. Кола (Cola spp., Sterculiaceae), и Какао (Theobroma cacao L., Sterculiaceae) содржат пурински алкалоиди пред се кофеин, може да се користат за зголемување на крвниот притисок.
73
6. ХРОНИЧНА ВЕНСКА ИНСУФИЦИЕНЦИЈА
Хроничната венска инсуфициенција денес е едно од најчестите заболувања на КВС (заболени се % мажи и 20-25% жени). Настанува како резултат на дисфункција на венскиот систем, предизвикана од инкомпетенција на валвулите, која најчесто е придружена со иреверзибилни промени на вените, венска опструкција и деструкција на залистоците. Венската инсуфициенција најчесто се манифестира преку проширување на вените (варикозни вени). Причина е разградување на врските на протеогликаните од еластичното ткиво од ѕидот на вената, под влијание на лизозомални ензими. Оштетување на ѕидот и дилатацијата на вените, нарушување на транспортот на електролити, протеини и вода, доведува до појава на едем.
74
Клиничка слика вклучува прогресивен венски застој, едем и промени на кожата (пигментација и задебелување). Застој во длабоките вени доведува до: прогресивно оштетување на венските залистоци по што се јавува патолошки рефлукс на крвта од длабоките перфоратни вени во површинскиот систем, а како последица на тоа доаѓа до застој и на површинскиот систем, руптура на малите површински вени и субкутана хеморагија, кои со тек на време преоѓаат во пигментирани површини и оштетување во микроциркулацијата на кожата и во поткожното ткиво. Подоцна се јавува атрофија на кожата, оток, фиброза, лимфна стаза и се отвараат ранички кои тешко зарастуваат. Пациентите се жалат на болка, оток и чувство на тежина во нозете. Во терминалната фаза доаѓа до појава на улцерации.
75
Предуслови за појава на проширени вени
Конституционалната слабост (најчесто наследна) на ѕидовите и залистоците на вените. Други предиспозиции: Долго стоење или седење на работа или дома, Зголемената телесна тежина, Бременоста, зголеменото лачење на хормоните на бременоста (естроген, прогестерон, гонадотропин), Стареење, и др.
76
Конвенционално лечење
носење еластични чорапи, кои помагаат на мускулите во долните екстремитети да ја насочуваат крвта нагоре. медикаментозна терапија (аспирин или ibuprofen и др.), склеротерапија, преку вбризгување на склерозирачка пена во заболените вени. компресивна терапија – конзервативна метода која: - забрзува венски проток, - намалува венски волумен, - редуцира венски рефлукс, - подобрува микроциркулација и лимфна дренажа.
77
Див костен (семе), Aesculus hippocastanum, (Hippocastanaceae)
Фитотерапија на ХВИ Див костен (семе), Aesculus hippocastanum, (Hippocastanaceae) Хемиски состав: кумарини, флавоноиди. и сапонини (есцини, особено b-есцин).
78
Механизам на дејство 1) инхибиција на лизозомалните ензими и намалување на трнаскапиларната филтрација на водата и на протеините со намалување на бројот и/или на дијаметарот на капиларните пори; 2) зголемување на венскиот тонус, со што обезбедува крвен проток преку венскиот систем од екстремитетите кон срцето; 3) намалување на активноста на протеогликан хидролазите (хијалуронидаза и еластаза) и 4) превенција на акумулацијата на леукоцити во заболениот екстремитет.
79
Клиничка ефикасност Употребата на семето од див костен за отстранување на симптомите на хроничната венска инсуфициенција (како што се болка и чувство на тежина во нозете, грчеви во потколеницата, прурит и едеми на нозете) е поддржана од страна на Германската комисија Е. Во литература е објавен преглед на клиничките испитувања за препаратите од див костен, опфаќа 13 двојно-слепи, рандомизирани, контролирани испитувања спроведени за проценка на ефектот на екстрактот од див костен во третманот на хронична венска инсуфициенција, кај 1083 пациенти, со што всушност била потврдена поголема ефикасност на екстрактот од див костен, аплициран во период од 20 дена до 8 недели, во однос на плацебо. - екстрактот го намалува зголемениот волумен на потколеницата и глуждот, што доведува до намалување на сипмтомите, односно на болките во нозете, чувството на замор и напнатост.
80
Community herbal monograph (HMPC/EMA):
Комитетот за хербални лекови при Европската агенција за лекови има изработено монографија за дрогата семе од див костен. Дозволена е употреба во облик на: Традиционални хербални лекови, како активна супстанца се користи сув екстракт или тинкура. Можат да бидат полуцврсти препарати наменети за апликација на кожа. Индикации за употреба се: (1) ослободување од симптомите на нелагодност и тежина во нозете што се должи на нарушувања на венската циркулација и (2) ослободување од модринки, локален едем и хематом. Хербални лекови (со добро утврдена употреба), како активна супстанца се користи стандардизиран сув екстракт што содржи минимум 16-28% вкупни тритерпенски сапонини сметано на есцин. Екстрактот се користи за производство на цврсти дозирани форми за орална употреба. Индикација: третман на хронична венска инсуфицијенција што се карактеризира со отечени нозе, варикозни вени, чувство на тежина, болка, замор, јадеж, тензија и здрвување. Pharmacotherapeutic group: Vasoprotectives ATC code: C05
81
Несакани дејства, контраиндикации
– најчесто пруритис, гастроинтестинални тегоби, наузеа, повраќање, главоболка и вртоглавица. – се јавуваат кај 0,6% од пациентите, при што најмногу се манифестирале гастроинтестинални тегоби и спазми во потколеницата. Можна е интеракција со антикоагулантна терапија, бидејќи кумаринските компоненти од препаратите го потенцираат антикоагулантниот ефект. Препарати, дози – најчесто се применува стандардизиран екстракт (16-28% вкупен есцин). – иницијалната орална доза на есцин изнесува од mg/ден, поделени во 2-3 поединечни дози. – поновите испитувања сугерираат намалување на дозата на 35-70 mg/ден. Најпознат ХЛ со див костен е Есавен, а од ТХЛ Вазогел.
82
Дистрибуција на проморски бор
Приморски бор, Pinus pinaster Култивирано дрво кое расте во шумите на југо-западна Франција. Се користи кора. Хемиски состав: процијанидини (катехин, таксифолин) и фенолни киселини. Механизам на дејство: зголемување на синтеза на антиоксдативни ензими и дејствува како згаснувач на слободни радикали (антиоксидативно дејство). Најчесто се користи за производство на антиоксидантни додатоци на исхраната. Други дејства: анти-инфламаторно, заштита од UV радијација, антиалергиски и имуностимулантни ефекти, редукција на капиларната пермеабилност и едеми кај глуждот, при ХВИ. (fam.Pinaceae ) Дистрибуција на проморски бор
83
Најпознат производ е Пикногенол.
Содржи екстракт од кора на приморски бор. Американскиот ботанички совет има објавено Научна и клиничка монографија за пикногенол. Во монографијата се обработени резултатите од високо-квалитетни клинички студии, во кои се наведува подобрување на симптомите при ХВИ кај пациенти третирани со Пикногенол, а во три од нив е извршено и квантитативно мерење на намалување на едемите при ХВИ Биле пријавени минорни и транзиторни несакани ефекти врз ГИТ, вртоглавица и главоболка. Главна забелешка: мал број на вклучени пациенти. Потребни се поголеми Р-ПК-ДС-КИ (рандомизирани плацебо-контролирани, двојно-слепи клинички испитувања). Дози: мг/ден.
84
Ruscus aculeatus L. (Asparagaceae)
- зелена шимширика Хемиски состав: стероидни сапонини (рускогенин, неорускогенин), флавоноиди, деривати на бензофураноид и етерично масло. Механизам на дејство: вазоконстрикција на вените, без значително дејствува врз артериолите Се смета дека васкуларните ефекти на сапонините, кои добро се ресорбираат по орална апликација, се асоцирани со: активација на α1-адренергични рецептори, активација на калциумовите канали од мазните мускулни клетки што води до вазоконстрикција. анти-еластаза активност. Клиничка ефикасност: венски тоник. Индициран во третман на хемороиди и венски состојби, за ублажување на симптоми како чешање и печење, болка и отекување.
85
Препарати, дози Community herbal monograph (HMPC/EMA):
Според монографијата предвидена е можност за употреба на дрогата во производство на традиционални хербални лекови, во кои како активен конституент може да се користи спрашена дрога или сув екстракт. Препаратите да бидат во цврст облик, за орална употреба, со индикации: (1) ослободување од симптомите на нелагодност и тежина во нозете што се должат на минорни нарушувања во венската циркулација, и (2) ослободување од јадеж и чувство на печење при хемороиди. Dry extract ( : 1 ; water) Dry extract (5-8.5 : 1 ; 80% V/V ethanol) Препарати, дози – 300 mg сув екстракт (1-2 капсули дневно), – препарати од шимширика (75 mg) со масло од рузмарин (2 mg); – крема (4-6 g крема содржат mg екстракт од шимширика). – во комбинација со други венски тоници (Melilotus officinalis L., Fabaceae), екстракт од црната рибизла (Ribes nigrum L., Grossulariaceae), хесперидин и др.
86
Centella asiatica - готу кола Apiaceae Хемиски состав
– тритерпеноиди (азиатикозид, мадеказозид), – флавоноиди, – амино киселини, – етерично масла и друго. Се смета дека активни компоненти на дрогата се пентацикличните тритерпенски деривати. Азиатикозид Механизам на дејство – подобрува крвна циркулација во помалите венски крвни садови, преку стимулација на синтезата на колаген и мукополисахариди во ѕидот на вените. – резултат на тоа е зголемување на венската еластичност и намалување на појава на проширување на вените. Ефикасна во третманот на кожни улцери, настанати поради венска инсуфициенција, хирушки рани, фистули, гинеколошки рани. Мадеказозид
87
Несакани дејства, контраиндикации
Клиничка ефикасност – неколку рандомизирани, двојно-слепи и плацебо контролирани клинички испитувања ја потврдуваат ефикасноста на дрогата и екстрактот од Centella asiatica во третманот на хроничната венска инсуфициенција. – екстрактот обезбедува намалување на едемите на долните екстремитети, подобрување на венскиот тонус и на микроциркулацијата. – при надворешна употреба 3 пати на ден овозможува ефикасно и брзо заздравување на рани. Несакани дејства, контраиндикации – несаканите ефекти вклучуваат појава на контактен алергиски дерматитис, по надворешно и гастроинтестинални нарушувања и повраќање по орална апликација. Препарати, дози – за третман на хронична венска инсуфициенција, дрогата е достапна во облик на капсули (60 mg сув екстракт, со мин 5% тритерпени) Терапијата треба да трае 4-5 недели, а се земаат 2 пати по 1 капс./ден. – препарати за надворешна употреба (масти) за третман на рани, целулит и хемороиди.
88
Боровинка, Vaccinium myrtillus L. Хемиски состав на плод:
(fam.Ericaceae) Хемиски состав на плод: антоцијани, димерни проантоцијанидини, и флавоноиди. антоцијани се главно хетерозиди на делфинидин. Се користи антоцијанскиот комплекс на плодот. Механизам на дејство: Антоцијаните општо земено, ги подобруваат функционалните нарушувања на крвните садови, особено на капиларите, и го стимулираат обновувањето на капиларите. покажуваат потентно протективно дејство, поседуваат антиоксидативно и антитромбоцитно дејство; ја инхибираат агрегацијата на тромбоцитите, предизвикана од колагенот или од ADP. ја стимулираат активностa на простациклинот од васкуларниот ѕид (анти-тромбоцитен агенс).
89
Несакани дејства, контраиндикации
Клиничка ефикасност – плацебо-контролирани и двојно-слепи клинички испитувања ја потврдуваат ефикасноста. Сепак, се смета дека постојат малку податоци за клиничката ефикасност на плодот од боровинка во третманот на периферни васкуларни нарушувања и венски нарушувања. Несакани дејства, контраиндикации – при употреба на плодот од боровинка во третман на хронична венска инсуфуциенција, не се забележани значителни несакани ефекти, но треба да се напомене дека високата содржина на танини во дрогата може да предизвика дигестивни нарушувања. Ингестијата на свежи плодови може да доведе до иритација на интестиналната слузница кај чуствителни лица. Препарати, дози – водени екстракти (3-6 ml/ден, 1:1) – таблети (една таблета содржи од mg антоцијани, што е еквивалентно на g свеж плод – екстракти за надворешна употреба.
90
European Union herbal monograph on Vaccinium myrtillus L
European Union herbal monograph on Vaccinium myrtillus L., fructus recens Draft 28 January 2015 EMA/HMPC/375808/2014 Свеж плод (fructus recens) се користи за производство на традиционални хербални лекови во цврсти дозирани форми за орална употреба, во кои како активен принцип може да се користи: сув екстракт од свеж плод (DER :1; метанол 70% v/v); мора да содржи % антоцијани што кореспондира со 25 % агликони антоцијанидини). Индикации: ослободување од симптоми на дисконфорт и тежина во нозете поврзани со минорни венски циркулаторни нарушувања; Ослободување од симптоми на кутана капиларна фрагилност. Контраиндикации: бременост и лактација, нема податоци за безбедност. Не се препорачува за лица помлади од 18 години.
91
7. ХЕМОРОИДИ Плексус - врзоп од нерви и крвни садови.... Хемороидите се проширени, зголемени и често воспалени венски плексуси на ректумот и аналниот канал. Пропратени се со констипација. Честа појава во текот на бременоста како резултат на порастот на интра-абдоминалниот притисок со компресирање на цревата. Поделба: внатрешни и надворешни хемороиди. Причини: напор при дефекација, бременост, наследни фактори, стареење, хронична констипација, неправилна исхрана, дијареа, злоупотреба на алкохол, долготрајно седење.
92
Главни составни компоненти
Фитотерапија на хемороиди употреба на диететски влакна и третман на констипацијата; употреба на дроги што содржат слузи (Psyllium), омекнување на столицата; орална апликација на препарати за подобрување на венскиот тонус, како што се препаратите од див костен и шимширика. Дрогите се достапни и во облик на креми за надворешна апликација; надворешен третман со хербални препарати кои содржат адстригенси, како на пример препарати на Hamamelis virginiana. Латинско име Народно име Дел кој се користи Главни составни компоненти Дневна доза Populis alba (P. nigra, P. tremula) Топола кора, лист гликозиди и естри на салицилна киселина 10 g Ruscus aculeatus Зелена шимширика корен, ризом стероидни сапонини (рускогенин), бензофурани a Aesculus hippocastanum Див костен семе Флавоноиди, тритерпенски сапонини (есцин) b Melilotus officinalis Коњска детелина цвет кумарини, флавоноиди, тритерпенски сапонини c Myroxylon balsamum Перу балсам балсам од стебло цинамеин смола, испарливо масло d Hamamelis virginiana Хамамелис лист, кора танини, процијанидини e
93
Hamamelis virginiana, (Hamamelidaceae)
Хемиски состав: танини (галотанини, хамамелитанини и процијанидини). Механизам на дејство – адстрингентно (вазоконстрикторно и хемостатично дејство) (танини). – анти-инфламаторно дејство (делумно се должи на вазоконстрикторната активност). – хамамелитанините и процијанидините дејствуваат анти-инфламаторно со: инхибиција на синтезата на 5-липооксогеназата (LOX), и инхибицијата на PAF (тромбоцитен активирачки фактор).
94
Несакани дејства, контраиндикации
Клиничка ефикасност – Употребата во третманот на хемороиди и венски нарушувања (хронична венска инсуфициенција) е поддржана од страна на Германската комисија Е. – Екепериментални и клинички студии ја потврдуваат ефикасноста на хербалните препарати од хамамелис во отстранувањето на симптомите кај пациенти со хемороиди или со проширени вени (значително намалување на чешање и болка; намалена фреквенција на крварења). Несакани дејства, контраиндикации – орална употреба може да предизвика гастроинтестинални тегоби. – при надворешна апликација ретко може да се јави контактен дерматитис. Во клиничка студија спроведена за проценка на можните несакани ефекти при примена на маст која содржи 25% екстракт од хамамелис, во која биле вклучени 1032 пациенти, било забележано дека контактен дерматитис се јавува само кај 4 пациенти.
95
Community herbal monograph (HMPC/EMA):
Според монографијата предвидена е можност за употреба на дрогата во производство на традиционални хербални лекови, во кои како активен конституент може да се користи: - сомелена дрога и течен екстракт или тинктура. Препаратите можат да бидат чаеви (декокт) за надворешна и цврсти или полуцврсти препарати наменети за ректална употреба, со индикации: (1) ослободување од минорни кожни инфламации и сувост на кожа, (2) ослободување од јадеж и печење при хемороиди и (3) за плакненење на уста и за гаргара при минорни инфламации на мукозните мембрани во усната шуплина. Препарати, дози – 2 g за инфуз приготвен од листови или кора, 3 пати/ден; – течен екстракт, 2-4 ml, 3 пати/ден (1:1 во 45% етанол); – супозитории кои содржат 0,1-1 g дрога и се аплицираат 1-3 пати на ден.
96
Melilotus officinalis (коњска детелина)
– дрогата и природните препарати содржат голема количина на кумарини и флавоноиди, кои обезбедуваат зголемување на крвната циркулација во венските плексуси и заштита на крвните садови; Populus alba (топола) – препаратите од топола наоѓаат примена во третманот на хемороиди поради аналгетичната и адстрингентна активност, која всушност се должи на присутните естри и гликозиди на салицилна киселина. Aloe vera (алое) – фитопрепартите од алое се применуваат во третманот на хемороиди поради нивниот антибактериски и антиинфламаторен ефект. Calendula officinalis (невен) – ефикасноста во третманот на хемороиди се должи на аналгетичната, антибактериската и антиинфламаторната активност.
97
8. АРТЕРИСКО ОКЛУЗИВНО ЗАБОЛУВАЊЕ
Настанува како резултат на абнормалност на крвните садови, односно опструкција на крвните садови, која може да го редуцира протокот на крвта и следствено на тоа да предизвика исхемија. Зависно од локацијата, времетраењето и сериозноста, заболувањето може да се манифестира со симптоми коишто се: централни - вртоглавица, тинитус - зуење во ушите, ослабена меморија, деменција) и периферни (интермитентна клаудикација). Појава на болка и трнење во една или во двете нозе, при одење, и отсуство на овие тегоби при мирување.
98
Степенот на прогресија на артериската оклузивна болест:
I фаза, во која се јавува слаба болка при одење (клаудикација) како резултат на нецелосна опструкција на крвните садови, II фаза, во која се чувствува силна болка при одење на кратки растојанија (интермитентна клаудикација), при што се разликува фаза IIa (болката се јавува при подолготрајно движење) и фаза IIб (болката се јавува при пократкотрајно движење), III фаза, во која се јавува болка при мирување, најчесто во нозете, при што интензитетот на болката се зголемува при придвижување на нозете, и IV фаза, која се карактеризира со тешкотии во движењето и загуба на биолошки ткива. Ризик фактори за развој на артериска оклузивна болест се: семејна историја на атеросклероза, висок крвен притисок, дијабетес, висок холестерол, напредната возраст, начин на живот (конзумирање алкохол, пушење). Заболувањето е прогресивно, дегенеративно и се развива со години и најчесто не се манифестира се до 50-те или 60-те години од животот Во многу земји за превенција и третман на артериското оклузивно заболување се користат хербални лекови.
99
Фитотерапија на артериско оклузивно заболување
Прв избор: Gingko. Во превенција и фитотерапија на болестите на циркулацијата се употребуваат и други дроги и препарати, како што се препаратите на: лук, дроги што содржат проантоцијанидини, ω-3- масни киселини, итн.
100
Гингко, Ginkgo biloba L., Ginkgoaceae
Хемиски состав Главните активни состојки се: флавоноиди, ацетилирани хетерозиди на кверцетин, камферол и изорамнетин, деривати на апигенин (биапигенин I3,II8), дитерпенските соединенија: гинколиди A, B, C и Ј и билобалид. Биапигенин I3,II8 Билобалид
101
Механизам на дејство Ефектот на Ginkgo biloba во превенцијата и терапијата на артериското оклузивно заболување се должи на: антиоксидативната активност (овозможува деструкцијата на различни слободни радикали и инхибиција на липидната пероксидација), и анти-PAF (спречува агрегација на тромбоцити; гинколид B е потентен инхибитор на ”факторот на агрегација на тромбоцитите”). Други важни дејства се: анти-исхемичната активност, подобрувањето на реолошките особини на крвта што севкупно обезбедува подобрување на микроциркулацијата и состојбата при артериската оклузивна болест.
102
Community herbal monograph (HMPC/EMA):
Комитетот за хербални лекови при Европската агенција е во фаза на изработка на монографија. Во 2014 е објавена нацрт-верзија која предвидува употреба во рамки и на: хербални лекови (well-established use): сув екстракт во цврсти дозирани форми за третман на минорни циркулаторни проблеми пропратени со деменција. на традиционални хербални лекови, сува дрога во цврсти дозирани форми за олеснување на тежината во нозете и чувство на ладни раце и стапала при помали циркулаторни нарушувања.
103
Клиничка ефикасност EGb761
Ефикасноста е клинички потврдена. Во 2015 година објавена е мета анализа на 13 клинички студии, со кои се потврдува едикасност на екстракт од гинко (EGb761) за третман на деменција. EGb761 стандардизиран екстракт од гинко кој содржи околу % флавоноиди и 6% дитерпенски лактони гинколиди (2,8-3,4% ginkgolides A, B и C, и 2,6-3,2% bilobalide). сите комерцијално достапни производи на база на гинко (лекови или додатоци на исхраната) како активен принцип го содржат овој екстракт.
104
Несакани ефекти, контраиндикации
гастроинтестинални нарушувања, диспепсија, главоболка, наузеа и кожни алергиски реакции. Интерферира со антикоагуланси (антитромбоцитни лекови): Може да доведе до: спонтани крварења, интрацерабрална хеморагија и други компликации. Препарати, дози – во употреба е стандардизиран екстракт (24% флавонски гликозиди и 6% дитерпенски лактони) (Egb761). Дневна доза е 120 mg од екстракт (50:1). Овој екстракт може да биде инкорпориран во течности или во таблети, како 40 mg/ml или 40 mg/tbl., и во поголема јачина (80 или 120 mg/таб. или капс.) Внес од 240 mg/ден е ефективна и се уште безбедна доза. Нема ограничувања во однос на времетраењето на употреба на препаратите и не се забележани случаи на предозирање.
105
Allium sativum – лук Механизам на дејство
– антимикробно, антихиперлипидемично, антихипертензивно, – анти-PAF активност. Активни компоненти се алицинот и ајоените. Дејстваат преку: инхибиција на HMG-CoA редуктаза, ремоделирање на плазма протеините и на клеточната мембрана. Во ниски концентрации (< 0,5 mg/ml), екстрактите од лук ја инхибираат активноста на хепатичната HMG-CoA редуктаза, но во високи концентрации (> 0,5 mg/ml) биосинтезата на холестеролот се инхибира во подоцнежните нивоа од биосинтетските патишта. Лукот покажува и анти-PAF активност која се должи на присуството на алиинот, алицинот, ајоените и винил-диитините. Механизмот се состои од инхибиција на метаболизмот на арахидонска киселина, преку инхибирање на активноста на ензимите циклооксигеназа и липоксигеназа, со што всушност се инхибира формирањето на тромбоксан А2.
106
Клиничка ефикасност – примената на препаратите од лук во превенција и терапија на болестите на циркулацијата (нарушувања во циркулацијата, зголемен крвен притисок, зголемени нивоа на липиди и холестерол) е поддржана со клинички податоци. Во една двојно слепа, плацебо-контролирана студија, на пациенти со артериска оклузивна болест во фаза 2, им биле давани 800 mg прашок од лук, во период од 4 недели. Кај групата пациенти третирани со прашокот, било забелeжано зголемување на капиларниот проток и намалување на плазматскиот вискозитет и нивоата на плазматскиот фибриноген. Друга рандомизирана двојно слепа, плацебо конторлирана студија ги истражувала ефектите на лукот на тромбоцитната агрегација кај 60 пациенти со зголемен ризик за појава на исхемичен напад. Дневен внес на 800 mg спрашен лук во период од 4 недели значително го намалува процентот на циркулирачки тромбоцитни агрегати и на спонтаната тромбоцитна агрегација, во споредба со плацебо групата.
107
Несакани ефекти, контраиндикации
– Контраиндициран кај пациенти хиперсензитивни на компонентите на лук – Интеракции: истовремена апликација со антикоагулантна терапија (варфарин) го потенцира дејството на антикоагулансите. – Несакани ефекти: сулфурните компоненти се излачуваат преку кожата и слузниците и подолготрајна употреба резултира со силна миризба на кожата и устата. Долготрајна и обемна употреба на лук може да предизвика нарушувања во интестиналната флора. Препарати, дози Средната дневна доза: свеж лук е 2-5 g; сув прашок, 0,4-1,2 g; масло, 2-5 g; екстракт, mg. Препаратите треба да содржат 4-12 mg алиин или 2-5 mg алицин.
108
Омега-3-масни киселини
Клинички испитувања укажуваат на тоа дека омега-3-масни киселини имаат својство: да ја “чистат”крвта и да вршат инхибиција на формирањето на масни плаки во артериите, преку намалување на нивото на LDL, а покачување на нивото на HDL. Дозирање: 400 mg (рибино масло со омега-3-киселини). Дозата за возрасни со срцеви заболувања и/или висок холестерол е g/ден; Сеуште нема дефинирана доза за деца. Претпазливост: внимателно да се употребуваат кај пациенти кои примаат антикоагулантна терапија, пациенти кои употребуваат лекови против дијабетес, лекови за намалување на нивото на холестрол во крвта и нестероидни антиинфламаторни лекови. Несакани ефекти: Капсулите што содржат ω-3-масни киселини може да предизвикаат гасови, надуеност и дијареа.
109
Постојат три главни омега-3 масни киселини:
еикозапентанонска киселина (EPA), (во масло од морски риби) (20 С-атоми), докозахексанонска киселина (DHA), (во масло од морски риби) (22 С-атоми), и алфа-линоленска киселина (АЛА), се наоѓа во растителни масла и ореви, семе и масло од лен, лиснат зеленчук, и др. (18 С-атоми) Најзначајните бенефити од внесување на омега-3-масни киселини се врз КВС: регулирање на срцевиот ритам, спречување на аритмија, намалување на техикардија, намалување на покачен крвен притисок, спречување на атеросклероза, и др. ЕРА - 5 двојни врски DHA - 6 двојни врски
Similar presentations
© 2025 SlidePlayer.com. Inc.
All rights reserved.