Presentation is loading. Please wait.

Presentation is loading. Please wait.

FORTRAN Фортран е првиот виш програмски јазик и спаѓа во групата на императивни - процедурални јазици, кој се појавил 1957 година. Бил развиен од корпорацијата.

Similar presentations


Presentation on theme: "FORTRAN Фортран е првиот виш програмски јазик и спаѓа во групата на императивни - процедурални јазици, кој се појавил 1957 година. Бил развиен од корпорацијата."— Presentation transcript:

1 FORTRAN Фортран е првиот виш програмски јазик и спаѓа во групата на императивни - процедурални јазици, кој се појавил 1957 година. Бил развиен од корпорацијата IBM и бил користен за научни и инженерски апликации кои побаруваат комплексни математички пресметки. Неговата прва примена била за пресметување на параметри во нуклеарна централа, а подоцна бил користен и за воени и научни истражувања и истражувања во вселената. Фортран сеуште се користи во инжинерските апликации.

2 COBOL COBOL ( COmmon Business Oriented Language) Заеднички бизнис ориентиран јазик кој е развиен 1959 година и е наменет за финансиски апликации кои побаруваат прецизни и ефикасни манипулации со големо количество на податоци. Многу од бизнис софтверот сеуште се програмира во Cobol.

3 Паскал (програмски јазик)
Паскал (англиски Pascal) е современ програмски јазик, развиен во 70-тите години на минатиот век. За негов автор се смета швајцарскиот математичар Никлаус Вирт (Niklaus Wirth). Јазикот го добил името пофранцускиот математичар и хуманист од XVII век Блез Паскал (Blaise Pascal), кој ја конструирал првата машина за сметање. Паскал e едноставен јазик, лесен за учење, разбирлив и со добра организација. Тој е тесно поврзан со поимот структурно програмирање, бидејќи е прв програмски јазик што овозможува структурно програмирање. Јазикот Паскал располага со структури што овозможуваат природна логика на програмирање, со што се добиваат добро организирани (структурирани) програми. Тој содржи голем број управувачки наредби и голем број вградени функции и процедури, како и можност за дефинирање сопствени типови податоци од страна на програмерот. Денес, Паскал има широка примена. Тој се користи во образованието за изучување на програмирањето како научна дисциплина, за прегледно запишување на разни алгоритми, за решавање на математички и на технички проблеми, за изработка на апликативни програми, за графичка анимација и друго. Мошне погоден е за почетници во програмирањето, бидејќи има многу лесна синтакса и ги содржи сите основни работи што му требаат на еден почетник за да разбере како функционира структурното програмирање, иако нема толку голема примена како некои други јазици (како Це, Јава и др.).

4 C (програмски јазик) Програмскиот јазик Ц (C) е релативно нов програмски јазик. Тој е програмски јазик кој ги одбележа осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век. Ц е најраширен програмски јазик на светот. Тој е едноставен и елегантен програмски јазик кој ја пополнува празнината меѓу вишите програмски јазици и асемблерите (assembler) бидејќи ги комбинира особеностите на вишите програмски јазици со функционалноста на асемблерите. Поради тоа Ц можеме да го наречеме јазик што ги обединува својствата и на вишите програмски јазици и на асемблерите.

5 ЗА ЈАЗИКОТ С++ C++ е виши програмски јазик кој првобитно е развиен во Bell Labs (Лабораторатоија на компанијата за телекомуникации Bell), од strana na Bjarne Stroustrup vo 1979 како надополнување на програмскиот јазик C. С++ има широка употреба во софтверската индустрија, и останува еден од најпопуларните програмски јазици што некогаш биле создадени. Некои од неговите апликациони домени вклучуваат системски софтвери, апликациони софтвети, опслужувач со високи перформанси и клиентски апликации, и софтвер за забава како што се видеоигрите. Јазикот е првобитно развиен како подобрување на програмскиот јазик C со додавање на класи, потоа виртуални функции преоптоварување на оператори,повеќекратно населување, шаблони и исклучоци. После неколку години развивање C++ е ратификуван во 1998 како стандарден ISO/IEC

6 Филозофија на C++ За дизајнот и eволуцијата на C++, Bjarne Stroustrup објаснува некои правила кои ги kористел при создавањето на C++. C++ е дизајнитран да биде статично типизиран програмски јазик за општа намена кој е исто толку ефикасен и пренослив како и C. C++ е дизајниран директнo и комплетно да поддржува повејќекратни програмски стилови (процедурално програмирање , абстракција на податоци, објектно-ориентирано програмирање и генеричко програмирање) C++ е дизајниран да биде компатибилен со C колку што е тоа возможно, со тоа е овозможеноа лесна транзиција од C. C++ избегнува одлики кои се за специфична платформа, или кои не се за генерална употреба C++ е дизајнирн да функционира без софистицирана програмска околина

7 Java (програмски јазик)
Java — програмски јазик којшто се појавува во средината на 1990-тите, а е развиен од американското претпријатие Sun Microsystems. Овој програмски јазик е сè позастапен вопрограмските решенија на пазарот. Негова силна страна е што може да се користи на повеќе оперативни системи само со воспоставка на JRE (Java runtime enviroment) за извршување на програми напишани во Јава или на jdk (java development kit) за развивање на програмите во овој програмски јазик. Програмите напишани во Јава се составени објекти, произведени од класи кои што поседуваат својства и методи. Од напишаните класи во дадената програма се создаваат објекти со кои што преку дадените методи овие објекти се манипулираат.

8 Javа Servlet технологоја
Javа Servlet технологојата денес е напредна технологија која се користи за создавање на веб апликации. Независноста од платформа, оперативен систем и приложен опслужувач, оваа технологија овозможува моќна алатка за создавање на Web апликации со високи перформанси во однос на брзина, сигурност, точност, комбинација со други технологии.

9 Пролог (програмски јазик)
Пролог е логички програмски јазик со општа намена кој се асоцира со вештачка инталигенција и компјутерска лингвистика. Основите на Пролог се базираат на логиката од прв ред и формалната логика. За разлика од многу други програмски јазици, Пролог е декларативен јазик, што значи дека програмската логика се изразува преку релации, прикажани преку факти и правила на заклучување. Пресметувањата се иницираат со поставување на прашања. Овој програмски јазик е креиран од групата Alain Colmerauer во почетокот на седумдесетите години. Prolog е еден од првите логички програмски јазици, и денес сеуште претставува еден од најпопуларните логички јазици достапен во многу комерцијални и бесплатни имплементации. Првично наменет за процесирање на природните јазици, неговата употреба се проширува во многу други области како докази на теореми, игри, автоматизирани системи за одговарање на прашања, онтологии и софистицирани контролни системи. Модерните развојни околини за Пролог, подржуваат креирање на графички кориснички интерфејси, како и административни и мрежни апликации.


Download ppt "FORTRAN Фортран е првиот виш програмски јазик и спаѓа во групата на императивни - процедурални јазици, кој се појавил 1957 година. Бил развиен од корпорацијата."

Similar presentations


Ads by Google