Download presentation
Presentation is loading. Please wait.
Published byAgus Widjaja Modified over 6 years ago
1
ВИСОКО ПРИТИСОЧНА ТЕЧНА ХРОМАТОГРАФИЈА или „HIGH PERFORMANCE LIQUID CHROMATOGRAPHY-HPLC„
2
Вовед Високопритисочната течна хроматографија (HPLC) е тип на течна хроматографија што се употребува за раздвојување и идентификација на компненти од смеса што можат да се преведат во течен раствор. HPLC инструментите се состојат од резервоар за мобилната фаза, пумпа, инјектор, колона за сепарација и детектор. Компнентите од дадена смеса се сепарираат преку инјектирање на примерокот (смесата) во колоната. Различните компоненти присутни во смесата се задржуваат во колоната различно време поради разликите во нивните коефициенти на партиција т.е. поради нивниот различен афинитет кон мобилната и стационарната фаза. Мобилната фаза (растворувачот што ја носи смесата низ колоната) треба да биде ослободен од гасовите растворени во него со цел да се отстрани формирањето на воздушни меури.
3
Приказ на еден HPLC инструмент
Место за инјектирање на примерокот резервоари Вакуум пумпа растворувач1 растворувач2 дегасификатор1 Пред- колона дегасификатор2 Колона за сепарација Високопритисочна пумпа детектори Контејнер за собирање на отпад Контејнер за собирање на факциите
5
Состав на хроматографскиот систем кај течната хроматографија
колона растворувач пумпа со чија помош се движи растворувачот низ системот инјектор примерок за анализа колона за сепарација детектори контејнер за собирање на отпад уред за регистрација на сигнал (принтер) Стационарна фаза Регистер на сигнал (принтер) детектор
6
Слика на еден HPLC инструмент
8
Инјектори во HPLC Функцијата на инјекторите е да го уфрлат примерокот за анализа во простор каде што има висок притисок. Притоа, треба да се внимава уфрлувањето на примерокот во системот т.е. во колоната да биде хомогено и да не дојде до несразмерно распрскување на примерокот низ колоната. На тој начин би се добиле гречни резултати. Кога процесот на инјектирање ќе започне, тогаш се отвора еден воздушен вентил, при што течниот растворувач ќе почне да навлегува директно во колоната.
9
Инјектори во HPLC
10
Колони во HPLC Колоната е најбитниот дел од секој HPLC систем, бидејќи процесот на раздвојување на компонентитењ од смешата се случува токму во колоната. Колоните во HPLC се направениод нерѓосувачки челик, дизајнирани се во форма на туби со дијаметар од 3 до 5mm и должини од10 до 30cm. Обично колоните се наполнети со силикагел (стационарен носач) бидејќи оваа сусптанца е најпогодна за хомогено полнење и за раздвојување на голем број супстанци. Неговата голема допирна површина овозможува овој носач да се модификува со разни растворувачи. На тој начин се прави соодветна стационарна фаза.
11
Слика на една HPLC колона
12
Од кои услови зависи ефикасноста на системот?
Параметри на колоната Материјалот на колоната Потенцијалот за деактивација Типот на стационарната фаза Типот на материјалот за прекривање на стационарната фаза Инструментални параметри температурата Брзината на протокот детекторот
13
Најчести типови на колони а според тоа и типови на течна хроматографија
нормална реверзна гел Јонско изменувачки
14
Нормални колони Кај овој тип на колони задржувањето на примерокот врз стационарната фаза е водено од интеракциите помеѓу поларните делови на стационарната фаза и на компонентите од смешата. За да ретенцијата (задржувањето) на компонентите од смешата врз стационарната фаза биде изводливо, пакувањето на стационарната фаза мора да биде со поголема поларност одошто поларноста на мобилната фаза
15
Силикагел
16
Реверзни колони Кај овие колони, материјалот од стационарната фаза е релативно неполарен, додека пак растворувачот е повеќе поларен во однос на примерокот што се анализира. Ретенцијата кај овие колони е како резултат на интеракција на неполарните компоненти од смешата со неполарните делови од стационарната фаза. Вакви стационарни фази се неполарните јаглеводороди, восочни течности и сл., додека поларни растворувачи како мобилна фаза се вода, метанол, ацетонитрил, или комбинација од овие растворувачи
17
РЕВЕРЗНА ХРОМАТОГРАФИЈА
18
Гел колони Овие колони се состојат од супстанци што имаат дефинирана големина на пори, така што молекулите на компонентите од смесата може да бидат „филтрирани„ низ овие гелови (филтри) спрема нивната разлика во големината на порите. На тој начин, малите молекули ќе се задржат во гел пакувањето од стационарната фаза, додека големите молекули ќе поминат скоро непречено.
19
Раздвојување низ гел колони
20
Јонско изменувачки колони
Кај овие колони компонентите од смешата за анализа се сепарираат во зависност од интензитетот на нивните интеракции со јонските делови од стационарната фаза. Раздвојувањата обично се вршат помеѓу поларна мобилна фаза (обично воден пуфер) и стационарна фаза што содржи фиксирани киселински или базни функционални групи.
21
Хроматограско раздвојување во Јонско изменувачки колони
22
Типови на детектори Апсорбирачки (UV, UV со монохроматори)
IR апсорбирачки флуоресцентни Електрохемиски масени Фото-диоди
23
Модели на детектори во HPLC
24
Апликации на HPLC HPLC се употребува во хемиските и биохемиските лаборатории при анализа на комплексни смеси, запрочистување на сусптанци, при разработка на методи за синтеза на нови супстанци, при изолација на природни продукти, во судската медицина, во фармацијата при синтезата на лекови, во индустријата за храна и сл. HPLC се употребува и за анализа на воздухот и загадувачите на водата, за следење на материјали што можат да влијаат врз здравјето и околината, како и за определување на нивото на пестициди во почва, вода и во голем број на разновидни прехрамбени продукти. Се употребува и за анализа на наркотични средства и опојни дроги.
25
Практични проблеми Каква мобилна и каква стационарна фаза ќе избереме?
-ако имаме смеса од поларни и неполарни компоненти, Каква мобилна и каква стационарна фаза ќе избереме? -ако имаме смеса од компоненти што имаат различна големина на честичките, каква мобилна и каква стационарна фаза ќе избереме? -ако имаме јонски компоненти во смешата,
Similar presentations
© 2024 SlidePlayer.com. Inc.
All rights reserved.