Presentation is loading. Please wait.

Presentation is loading. Please wait.

ФИТОТЕРАПЕВТСКИ ПРИСТАП ВО ТРЕТМАНОТ НА РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА

Similar presentations


Presentation on theme: "ФИТОТЕРАПЕВТСКИ ПРИСТАП ВО ТРЕТМАНОТ НА РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА"— Presentation transcript:

1 ФИТОТЕРАПЕВТСКИ ПРИСТАП ВО ТРЕТМАНОТ НА РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА
Проф. д-р Светлана Кулеванова Институт за фармакогнозија Фармацевтски факултет, УКИМ, Скопје

2 Респираторен систем Основната функција на респираторниот систем е дишење со кое се испорачува кислород во крвта, а се отстранува јаглерод диоксид. Анатомски респираторен систем се состои од: нос, фаринкс, ларинкс, трахеа, бронхии и бели дробови. Поделба - горен респираторен тракт - долен респираторен тракт

3 ФИТОТЕРАПЕВТСКИ ПРИСТАП
Третман на: Воспалителни катарални состојби на горните делови на респираторната мукоза (настинка, ринитис, синузитис, воспаление на средното уво), Акутни бронхиални и трахеални инфекции, Алергиски ринитис. Менaџмент на: Хронични обструктивни белодробни болести (хроничен бронхитис, емфизем), Астма, Хроничен трахеитис, Кашлање предизвикано од постојани локални иританти.

4 ФИТOТЕРАПЕВТСКИ ПРИСТАП (2)
Во фитотерапевтскиот третман на заболувања на респираторниот тракт постојат големи разлики помеѓу традиционалниот и современиот пристап. Традаиционален/современ пристап Традиционална стратегија: - поткрепување и тонизирање, - потпомагањe нa одбрамбениот систем. Современа стратегија: контролирање на симптомите и отстранување на причинителите.

5 Хербални производи во третманот на респираторните заболувања:
Топични агенси (надворешна администрација): Апликации во грло, Инхалации. Стимулирачки (рефлексни) експекторанси, Експекторанси кои содржат етерични масла, Муколитици, Респираторни демулценти, Респираторни спазмолитици, Антикатар растенија, Антитусици, Мултинаменски препарати.

6 Топични агенси 1. Апликации во грло Локални антисептици:
апликации во заден дел од усната празнина и грлото, при: Ринитис, синузитис, отитис. апликации за намалување на иритација: Површински антиинфламатори, Адстрингенси. Hamamelis, Rubus Локални антисептици: Calendula, Salvia, Thymus, прополис

7 Топични агенси (2) 2. Инхалации користење на ароматични дроги:
вдишување на пареа од хербални инфузи (попароци): за деконгестија за хумидификација користење на ароматични дроги: со анти-инфламаторно дејство. со антимикробно дејство. Хумидификација: навлажнување на воздухот во просторијата во која се престојува, со испарување на вода од апарати хумидификатори. Во терапија: навлажнување на уста и грло. Конгестија: наплив на крв и течности и преполнување на некој орган со крв. Деконгестија: ефект на намалување на количеството на крвта и течности во орган зафатен со конгестија. Chamomilla

8 Експекторанси Какви експекторанси?
Дефиниција: Оксфордски речник: средства што го потпомагаат исфрлање на шлајмот со кашлање или плукање. Bruton (1885): лекови кои го олеснуваат отстранување на секретите од дишните патишта. Какви експекторанси? Стимулирачки (рефлексни) експекторанси, и Директни експекторанси, растенија што содржат етерични масла.

9 А. Стимулирачки (рефлексни) експекторанси
А. Стимулирачки (рефлексни) експекторанси Предизвикуваaт зголемена мукоцилиарна активност. (рефлексна стимулација на горниот дигестивен ѕид кој дејствува во горните делови од РЕС, во фаринксот) (секретомоторно дејство) Голем дел од овие дроги дејствуваат и секретолитички, имено, ја зголемуваат бронхијална секреција на течности и ја размекнуваат и растворат слузта во дишните патишта, со што овозможуваат полесно искашлување. Мукоцилијарната активност е заштитен механизам на белите дробови. При дејството на слузта врз епителот на слузниците на дишните патишта се покренуваат цилиите во цилијарниот епител кои ја тераат слузта и вдишаните страни честички од долните дишни патишта кон горните делови, со што се потпомага релексот на кашлање со кој слузта (шлајмот) се исфла надвор.

10 А. Стимулирачки (рефлексни) експекторанси (2)
Индикации: Кашлица пропратена со бронхијална конгестија, Бронхитис, емфизем. Контраиндикации: Гастрична иритација, Сува и иритирана состојба на белите дробови: при астма, кај мали деца, при состојби на диспепсија. Апликација: Инфузи, тинктури, течни екстракти (пред јадење), Погодни за долгорочна терапија при хронични состојби. Емфизем на белите дробови е трајно зголемување на дишните патишта, и се карактеризира со оштетување на белодробното ткиво.

11 А. Стимулирачки (рефлексни) експекторанси (3)
Еметици (искашлување како пропратен ефект). Cephalis ipecacuanha, Lobelia inflata, Uriginea ... Дроги со тритерпенски сапонини. Primula, Bellis, Saponaria, Polygala, Hedera, …

12 В. Експекторансни дроги што содржат етерични масла (ЕМ) (директни експектранси):
Ресорпција на ЕМ во ГИТ, и делумна елиминација преку респираторниот тракт. Издишаните молекули од етерично масло вршат: Зголемена серозна бронхијална секреција, Супресија на мукозна жлездена активност, Сурфактантен ефект (го намалуваат површинскиот напон) (муколитично дејство), Подобрување на мукоцилиарната активност (секретомоторно дејство). Поради тоа што активните компоненти доаѓаат во директен контакт со бронхијалните слузници и директни ги стимулираат бронхијалните жлезди, се нарекуваат директни експекторанси! Серозна мембрана е тенок слој на клетки што ги облага телесните шуплини.

13 В. Експекторансни дроги што содржат етерични масла (2)

14 Градба на зидот на бронхиите

15 В. Експекторансни растенија што содржат етерични масла (3)
Индикации: Кашлица придружена со бронхијална конгестија, Бронхитис, емфизем. Контраиндикации: За Eucaliptus: продолжена употреба – миопатија (мускулна болка и мускулна слабост), Алергиски реакции. Апликација: Инфузи, тинктури, течни екстракти (пред јадење), Погодни за долгорочна терапија при хронични состојби. Pimpinella, Eucalyptus, Pinus, Picea, Ilicium, Thymus

16 Муколитици (вообичаено се ароматични дроги и ЕМ)
Муколитици (вообичаено се ароматични дроги и ЕМ) Предизвикуваaт зголема мукоцилиарна активност (секретомоторно), Го омекнуваат секретот и ја намалуваат вискозноста на мукусот, (хемиски ја менуваат структурата на мукополисахаридните во секретот = секретоличко (муколитичко) дејство) Ублажуваат воспаление на мукозната мембрана (анти-инфламаторно). Индикации: Продуктивна кашлица при: Настинка, Бронхитис, емфизем, Состојби на катар. Контраиндикации: Гастроезофагијален рефлукс (ГР). Pimpinela anisum, Foeniculum, Cinamommum, Zingiber, Allium sativum, Angelica archangelica ГР е состојба при која желудечните киселини и желудечната содржина се враќаат во хранопроводот.

17 Респираторни демулценти (слузни дроги)
Често се означуваат како антитусици. Дејствуваат: омекнувачки, и анти-инфланматорно на долниот дел од респираторниот тракт и ја зголемуваат мукоцилиарната активност, (наспроти стимулирачките експекторанси кои дејствуваат рефлексно на горниот дел на фаринксот). Индикации: Сува, непродуктивна, иритирачка кашлица, Кашлица кај деца. Контраиндикации: Катар и конгестија на мукозата. Апликација: Ладни водени мацерати или инфузи (пред јадење), Долгорочна терапија - добро прифатена од пациентите. Althea Tussilago Plantago Verbascum

18 Респираторни спазмолитици
Ги релаксираат бронхиолите во белите дробови (бронходилататори): - парасимпатолитично дејство (најчесто блокада на мускаринските рецептори и намалена холинергична активност, поради што се потенцира адренергичната активност и доаѓа до дилатација на мазните мускули на бронхите). Индикации: Сува, непродуктивна, загушлива кашлица, Астматични симптоми. Контраиндикации: За растенијата од Solanaceae: глауком, интестинална атонија и обструкција, ретенција на урина, За Ephedra: апептични нарушувања, глауком. Апликација: Во било кое време на денот, по потреба за непосреден ефект, Долгорочна терапија - не за растенијата од Solanaceae и Ephedra. Ephedra, Datura, Atropa, Solanum dulcamara, Hyssopus, Thymus, Lobelia, Marrubium, Glycyrrhiza, Inula

19 Анти-катар растенија Euphrasia, Plantago, Sambucus nigra, Nepeta,
Катар е воспаление на мукозната мембрана и зголемување на течната содржина во респираторниот тракт. анти-катар растенија – не е познат механизамот на дејство. Индикации: Состојби на катар, особено во горниот респираторен тракт, Синузитис, Отитис медиа. Алергичен ринитис. Контраиндикации: генерално безбедни дроги. Апликација: Најдобро пред јадење, Прифатлива толеранција кон долгорочна терапија. Euphrasia, Plantago, Sambucus nigra, Nepeta, Solidago virgaurea, Verbascum Најчесто дејствуваат антиинфламаторно!

20 Фитотерапија на респираторни заболувања
Бронхијална астма Акутен и хроничен бронхитис Настинка и грип Кашлица Ринитис Акутен и хроничен синузитис Запаление на средното уво (otitis media) Голема кашлица (pertusis) Сите природни суровини што се наведени за третман на болести на респираторниот тракт немаат доволно докази за безбедност во текот на бременост и лактација поради што не се препорачуваат за употреба.

21 Бронхијална астма Хронично инфламаторно заболување на дишни патишта
дишните патишта стануваат осетливи на голем број различни агенси, кои доведуваат до реверзибилна опструкција на долните дишни патишта што предизвикува акутен астамитичен напад. се јавуваат тешкотии во дишењето предизвикани од бронхоспазам и диспнеа. Клиничките карактеристики на астма се верува дека произлегуваат како резултат на: воспалителни реакции на дишните патишта, акумулација на локалните инфламаторни клетки.

22 Фитотерапија на астма Четири класи на лекови кои се користат за конвенционално лекување на астма, односно: β2–агонисти, антихолинергици, метилксантини и хромони. Оваа терапија има потекло од хербалните третмани, стари повеќе од 5000 години наназад. Фитотерапијата на астма главно вклучува употреба на: бронхијални спазмолитици и/или анти-инфламаторни лекови. Иако клиничките испитувањата на хербални лекови за астма даваат позитивни резултати, потрербни се дополнителни истражувања пред да се даде позитивна препорака за нивна употреба. Затоа повеќе се зборува за употреба на хербални препарати за менаџирање на заболувањето, од колку за вистински третман.

23 Фитотерапија на астма (2)
Ефедра Се состои од исушен надземен дел или цело растение од Ephedra sinica Stapf. (fam. Ephedraceae), кинеска ефедра. Ефедрин – најзначајното соединение на дрогата, алкалоид, изолиран од растението во 1887 година. Други состојки се: псевдоефедрин, норефедрин, норпсевдоефедрин. Ефедрин

24 Ефедра (2) Ефедринот има мешано симпатомиметичко дејство:
Ефедра (2) Ефедринот има мешано симпатомиметичко дејство: го отпушта складираниот норадреналин од нервните завршетоци, и директно ги стимулира α и β адренергичните рецептори. - врз α1-адренергичните рецептори дава вазоконстрикција на мукозните мембрани, со што се олеснува до одреден степен конгестијата во носните патишта. - врз β2-адренергичните рецептори дава броходилатација (ги опушта бронхијалните мазни мускули). Ефедринот врши и зголемување на цилијарната активност што резултира со слаба експекторантна активност.

25 Ефедра (3) Medicinal uses
Ефедра (3) WHO Monographs on Selected Medicinal Plants - Volume 1 Medicinal uses Uses supported by clinical data Herba Ephedrae preparations are used in the treatment of nasal congestion due to hay fever, allergic rhinitis, acute coryza, common cold, and sinusitis. The drug is further used as a bronchodilator in the treatment of bronchial asthma (4, 8, 10, 21–23). Uses described in pharmacopoeias and in traditional systems of medicine Herba Ephedrae has been used for the treatment of urticaria, enuresis, narcolepsy, myasthenia gravis, and chronic postural hypotension (4, 8, 22, 23). Uses described in folk medicine, not supported by experimental or clinical data Other medical uses claimed for Herba Ephedrae preparations include its use as an analgesic, an antiviral agent, an antitussive and expectorant, an antibacterial, and an immune stimulant (10, 24,25).

26 Ефедра (4) Несакани дејства раздразливост, главоболка,
Ефедра (4) Несакани дејства раздразливост, главоболка, тремор и палтипации, гадење, повраќање, нарушување на сонот, Повисоки дози можат да влијаат на крвниот притисок и да доведат до пореметување на срцевиот ритам. Контраиндицирана кај пациенти кои страдаат од: - срцеви заболувања, покачен крвен притисок, дијабетес, болест на тироидната жлезда, - бенигна хипертрофија на простатата.

27 Изолирани алкалоиди: Ефедра (5)
Ефедра (5) Подготовка/Дозирање Чај (инфуз): 2 g дрога во сад со врела вода (150 ml) 10 мин., 2-3 пати на ден. Оваа подготовка може да содржи и до 30 mg ефедрин, што претставува и единечна доза на алкалоидот, ако се зема како готов лек. Изолирани алкалоиди: Ефедринот е клинички ефикасен антиасматичен лек, но неговата употреба е намалена по воведувањето на β2-адренергичните агонисти. Псевдоефедрин и ефедрин се користат за лекување на назална конгестија од различно потекло. Најчесто употребуван препарат се капки за нос (0,5 или 1,0 % ефедрин, а се користат и 2 % и 0,25 %).

28 Ginkgo Дрога претставуваат листови од Ginkgo biloba, Ginkgoaceae Се користи исклучиво како екстракт, со гинколиди како активни. Гинколиди се антагонисти на тромбоцит-активирачкиот фактор (PAF), добро познат липиден метијатор на воспалението и анафилаксата. Гинкото (гинколидите) ги блокираат рецепторите на PAF: го намалува воспалението на дишните патишта (дејство врз PAF рец. на крвните садови и епителот, и го намалува бронхоспазамот (дејство врз PAF рец. на бронхиите). Алкохолен концентрат (екстракт) од гинко (15 g три пати на ден) се користи за лекување на астматични пациенти.

29 Дросера Препарати/дози:
Дрога претставуваат суви надземните делови на Drosera rotundifolia (Fam. Droseraceae) Дејствува: Антиспазмично, Антитусивно, Антимикробно. Се употребува за третман на: Астма, Хроничен бронхитис, Трахеит, Пертусис. Genus Drosera Препарати/дози: Чај: 1-2 g дрога во сад со ( ml вода), 3 пати/ден); Tинктура: (1:5 во 60% алкохол), 0,5-2,0 ml, 3 пати на ден. Течен екстракт: (1:1 во 25% алкохол): 0,5-2,0 ml, 3 пати на ден. Активни компоненти се нафтохинони (плумбагин).

30 Медицинската школа во Салерно датира уште од 9-иот век.
Дросера (2) Медицинската школа во Салерно датира уште од 9-иот век. Дросера била позната како лековито растение уште во 12 век, кога италијанските доктори од медицинската школа во Салерно ја користеле како хербален лек за настинка, под името ”herba sole” Било користено и во Германија и во другите делови од Европа, како чај за третман на бронхитис, кашлица и астма. Денешните испитувања покажуваат дека поседува изразена антитусивна активност. Страница на Voynich manuscript (се смета дека претставува најстар цртеж и опис на Drosera во европските медицински книги (датира од 12 век). Голем број видови од родот, а особено Drosera rotundifolia се заштитени со закон, како загрозени видови.

31 Дросера (3) Медицински препарати од дросера се подготвуваат и од коренот, цветовите и посебните органи – капсули, кои личат на плод. Со оглед дека различни видови дросера се заштитени со закон, екстрактите вообичаено се подготвуваат од култивирани брзо-растечки видови дросера, или од дрога која доаѓа од природните популации од Мадагаскар, Шпанија, Финска и Балтичките земји. Во 1927 година во Materia Medica се наведуваат видовите D. rotundifolia, D. angelica и D. linearis, како биолошки извори на дроги што се користат како стимуланти и експекторанти, особено ефикасни природни супстанци за третман на бронхитис, кашлица и туберкулоза. Денес е присутна во повеќе од 200 медицински производи, најчесто во комбинација со други дроги. Денешната употреба опфаќа покрај индикациите како што се астма, кашлица, пулмонарни инфекции, и пептичен учкус. Често се користи во хомеопатските препарати.

32 Бронхитис Воспаление на трахео-бронхијалното стебло.
Акутен бронхитис – се јавува за време на зимските месеци и ги пројавува симптомите на горните респираторни инфекции. Се карактеризира со: малаксаност, покачување на температурата, болки во грлото, треска, отежнато дишење, болки во грбот, зголемена осетливост на мускулите или болка. Хроничeн бронхитис - обично кај пациенти постари од 40 години и тоа почесто кај жените отколку кај мажите. Предизвикува: алвеоларна хиповентилација, хиперкапнија (покачен парцијален притисок на СО2), - хипоксија (намален О2 во клетките). Пациентите имаат: - продуктивна кашлица, - спутум (плунка), - отежнато дишење.

33 Фитотерапија на бронхитис
Стратегија: користење на експекторанти и антитусици, во зависност стадиумот на заболувањето и од видот на кашлицата. базичниот терапевтски принцип е: хроничната инфекција да се лекува, а акутните инфекции да се спречат со дроги што ја зголемуваат имунолошката активност (особено ехинацеа). Акутен бронхитис: важно да се даваат чести дози од соодветни растителни дроги и доколку е можно да се следи развивањето на инфекцијата за да се адаптираат дозите и третманот во различните стадиуми. Во современата фитотерапија се користат следни дроги: антисептици (инула, тимјан, лук, и др.), демулценти, при сува кашлица, (бел слез), дијафоретични дроги (ѓумбир, липа), експекторанси, во случај на продуктивна кашлица (бршлен, тимјан), антикатарални дроги, (бозел, тегавец, канадска жолтка и др.), антитусивни дроги, особено навечер за смирвање на кашлицата (дива цреша и др.).

34 Фитотерапија на бронхитис (2)
Хроничен бронхитис: Значајни се следните терапевтски принципи: инхалација на масло од нане во комбинација со еукалиптус, употреба на дроги со бронходилататорно дејство (лобелија). Ефедрата треба да се одбегнува. употреба на дроги со анти-инфламаторно дејство (сладок корен, буплерум, рехманија, омега-3 масни киселини и сл.). Хербални лекови од избор се: Експекторанси: Имаат способност да ја редуцираат вискозноста на мукусот и можат да го олеснат искашлувањето. Присуството на иритативниот секрет во каналчињата предизвикува моментален рефлекс на искашлување. Се користат двете категории на хербални експекторанси: - Рефлексни експекторанси, - Експекторанси со директно дејство.

35 Рефлексни експектранси Marrubium vulgare, (fam. Lamiaceae)
се користат исушени листови и цветови. содржи алкалоиди, флавоноиди, терпеноиди вклучувајќи дитерпен марубин, етерично масло и друго. марубинот е идентификуван само во екстрактите и веројатно претставува артефакт, формиран од премарубин, во процесот на екстракција. Експекторантното дејство се препишува на марубиинот. Се користи за акутен и хроничен бронхит, голема кашлица, катар. Најчесто се користи како инфуз од 1-2 g , 2-4 пати на ден.

36 Hedera helix (фам. Araliaceae)
Бршленот е трајнозелено, ползечко растение што расте во поголемиот дел од Европа, Северна Америка и југоисточна Азија. Како дрога се користат исушени листови на бршлен. Хемиски состав: стероли, сапонини (5-8%), вклучувајќи примарни хедера сапонини B и C и секундарни сапонини (aлфа-хедерин), естри на кафена киселина со хина киселина, флавоноиди (рутин), алкалоиди (еметин), полиацетиленски алкохоли (фалкаринол и слични ком.). Дејство и употреба: експекторант, најчесто за симптоматски третман на кашлица и за лекување акутни брохијални заболувања. α – Хедерин

37

38

39

40 Повлечена од употреба!

41

42 Несакани ефекти: честата употреба на производи на база на бршлен може да предизвика алергиски реакции и гадење. несаканите ефекти се должат главно на фалкаринолот. Препарати, дози: инфуз подготвен од 6 g дрога и 1000 ml зовриена вода, во времетраење околу 10 минути. Се зема една чаша, три до четири пати на ден. листот и кората од бршлен се користат во форма на екстракт (30% етанол), при што дневната доза треба да биде еквивалентна на 0,3-0,8 g дрога. екстрактот најчесто се корист во форма на сируп, но на пазарот има и таблети, прашок, ефервесцети.

43 Glycyrrhiza glabra – сладок корен
Исушен корен се користи како експекторанс во третман на кашлица. Експекторантната активност на дрогата е експериментално потврдена на животни. Механизмот на дејството се уште не е потполно разјаснет. Се смета дека глициризин (главната активна компонента во дрогата) ја зголемува бронхијалната секреција и преносот на слузта преку рефлексните патишта коишто потекнуваат од желудникот. Меѓутоа, овој механизам се чини дека е компромитиран со докажаниот антиулцеративен ефект на глициризинот. Дневна терапевтска доза е 5-15 g исушен корен. Европска монографија (HMPC/EMA). предвидува можност во производство на традиционални хербални лекови, чај или течни препарати за орална употреба. Индикации: (1) експекторанс за третман на кашлица при настинка, (2) дигестивни симптоми, вклучувајќи го и чувството на „горење" во стомакот и диспепсија. Кога се користи во препорачани дози безбеден е за употреба. Прекумерната употреба може да доведе до задржување Na и до хипертензија.

44 Polygala senega var. senega и/или var. latifolia (fam. Polygalaceae).
содржи тритерпеноидни сапонини (5-10%), вклучувајќи сенегини, киселини (кафена, ферула, салицилна итн.), масти, смола и стероли и др. се дава во форма на декокт подготвен од 0,5 g дрога со 150 ml вода, 3 х ден. Cephaelis ipecacuanha, syn. Psychotria ipecacuanha , (fam. Rubiaceae) – ипекакуана, рио или Mato Grosso ипекакуана, и C. аcuminata – картагена или Costa Rica ипекакуана. Корен содржи изохинолински алкалоиди (2-2,5% во рио; ,5% во картагена), од кои се значајни еметин и цефелин. типичен рефлексен експекторанс во пониски дози. Во повисоки дози се користи во облик на сируп како еметик во третманот на интоксикација (освен при труења со киселини, бази, конвулзиви или испарливи јаглеводороди). Се користи и во форма на прашок (сомелена дрога стандардизирана да содржи 2,0 % вкупни алкалоиди) или во форма на соодветен течен екстракт од кој се подготвува еметичен сируп. Сирупот се користи во дози од 15 ml (кај возрасни) со млака вода, со можност за втора доза по 15 минути.

45 Eucalyptus globulus, (fam. Myrthaceae)
2. Експекторанси со директно дејство Eucalyptus globulus, (fam. Myrthaceae) се користат листот собран само од стари гранки и етеричното масло. листот содржи: етеричното масло околу 2%, флавоноиди (хетерозиди на кварцетин), хлорогенска киселина, танини и други компоненти. Етеричното масло содржи: 1,8-цинеол (еукалиптол) 70-80%. од други компоненти: α-феланрен, α-пинен, β-пинен, лимонен, глобулол, епиглобулол, пиперитон, терпинен-4-ол, миртенол, камфен и др. Сув екстракт од лист содржи: хлорогенска киселина (доминантна активна компонента), гална и елагна киселина, гликозиди на кварцетин и на кемферол, танин димер, галотанин и други компоненти. Дејство и употреба: муколитици, експекторанси, антисептици и антипирептици. Најчесто за инхалација при инфекции на горни дишни патишта, при синузити, бронхити и фарингити, во разни фитопрепарати (капки за нос), пастили за грло, гелови за триење и др.) кои го олеснуваат дишењето и циркулацијата на воздух во респираторниот тракт. За дејството е важен цинеол (експекторанс).

46

47

48 Primula officinalis (P. veris), P. elatior (Primulaceae)
Од растението се користи корен. Типична сапонинска дрога. Хемиски состав: do 10% triterpenski saponini: primulinska kiselina A и др. So hidroliza ovoj saponin se razlaga na primulagenin A i glikon (glikoza, galaktoza, ramnoza i galakturonska kiselina). fenolni glikozidi primverozid i primulaverozid, со aglikoni кои se estri na metil­salicilna kiselina, a {e}erniot del go pretstavuva biozidot primveroza (glikoza + ksiloza). Specifi~niot miris na drogata se dol`i na aglikonite na fenolnite glikozidi. flavonoidi, katehinski tanini, razni {e}erni alkoholi, {e}eri, enzimi, malku eteri~no maslo i dr.

49 Дејство и употреба експекторанс.
Vo najgolema mera se koristi za prigotvuvawe razli~ni препарати za tretman na produktivna ka{lica (dekokt, infuz, ekstrakt ili tinktura). Eden od pozna~ajnite preparati e Sirupus Primulae compositum, slo`en sirup za iska{luvawe, vo ~ij sostav vleguvaat Primulae extractum fluidum i T-ra Thymi. Salicilnite derivati dejstvuvaat antipireti~no i antiinflamatorno, pa ottuka e opravdana upotrebata vo narodnata medicina za tretman na reuma. Primulae flos, cvet od jaglika, sodr`i saponini i dejstvuva blago ekspektorantno. Se koristi kako sostojka na razni kombinirani ~aevi za iska{luvawe.

50 Thymus vulgaris и Thymus zygis
(тимјан) Хемиски состав на херба: етеричното масло со тимол (31-71%) и карвакрол (2,5-15%). флавоноиди, танини, сапонини, кафена, олеинска и урсолна киселина во помали количества. Дејство и употреба. тимјанот поседува експекторантно, муколитично, антитусивно, антимикробно и спазмолитично дејство. дејствата се поврзани со етеричното масло и флавоноидните состојки. маслото од тимјан поседува и анти­бактериско, антифунгално и хипотензивно и респираторно стимулативно дејство. ИНДИКАЦИЈА: продуктивна кашлица асоцирана со настинка, акутен и хроничен бронхит, инфламација на горните дишни патишта и слични состојби.

51 Traditional use: 2016 – нова монографија! Herbal substance
А) No applicable. Herbal preparations Liquid extract Tincture Dry extract Soft extract Comminuted herbal substance for tea preparation ИНДИКАЦИЈА: продуктивна кашлица асоцирана со настинка. 2016 – нова монографија!

52

53

54 ИНДИКАЦИЈА: продуктивна кашлица асоцирана со настинка.

55 Pimpinela anisum (Apiaceae)
Од растението се користи плод и етерично масло. Плодот содржи: етерично масло од 1,5-5 %, хетерозиди на фенолни киселини (гликозид на 4-хидроксибензоева), флавоноиди, кумарини (худрокси и метокси кумарини и фуранокумарини), масно масло, протеини, шеќер, малку слуз и др. Етерично масло содржи: trans-анетол (80-90%), кој го дава карактеристичниот мирис и вкус, метилкавикол, анизалдехид, сесквитерпенски јаглеводороди и помалку од 1% монотерпенски јаглеводороди, значајно за разликување од маслото на звездестиот анасон. Плодот и етеричното масло се користат како експекторанси.

56

57

58

59 Настинка Настинката е вирусна инфекција на мембраните кои што го покриваат носот, синусите, грлото и дишните патишта. Симптоми Конгестија на главата и градите, можно е отежнато дишење, Кивање, Треска, Течење на носот - слаб и бистар исцедок или густ и зелено-жолт, Болки во грлото и главата, Сува ноќна кашлица и продуктивна кашлица, Суви очи или печење во очите, Нејасно чувство на болка по целото тело, Постојан замор.

60 Настинка (2) Третман со хербални средства вклучува:
А) Дијафоретици и лекови за затоплување при фебрилни состојби, Б) Имуностимулативни природни препарати, В) Анти-инфламаторни природни средства.

61 Tiliae flos цвет од липа
Настинка (2) А) Дијафоретици и лекови за затоплување при фебрилни состојби: Tiliae flos цвет од липа Tilia cordata Mill. и Tilia platyphylos Scop., Tiliaceae Хемиски состав: дрогата содржи етерично масло, флавонски хетерозоиди и флавононски хетерозоид хесперидин, слузи, танини, каротеноиди и др. Дејство и употреба: дрогата покажува дијафоретично, антимикробно, антиинфламаторно, и диуретичко дејство Се користи при инфекции на горните дишни патишта, како средство за потење при настинка. Sambuci flos цвет од бозел, Sambucus nigra L., Caprifoliaceae Двете дроги се користат во форма на традиционални препарати!

62 Echinaceae herba (Echinacea spp. , Asteraceae)
Настинка (3) Б) Имуностимулативни природни препарати: Echinaceae herba (Echinacea spp. , Asteraceae) Хемиски состав: содржи големи количини на полисахариди, фенолни компоненти деривати на кафена киселина: цинарин, посебно E. angustifolia, цикорија киселина (во изобилство во E. purpurea), ехинакозид (E. angustifolia, го нема во E. purpurea), пиролизидински алкалоиди (изотусилагин и тусилагин) и алкиламиди. Други состојки се бетаин, масни киселини, фитостероли, смоли и испарливи масла. Употреба: настинка и грип. Andrographis paniculata , Acanthaceae Потекнува од Индија. Содржи дитерпенски лактони андрографолиди, други дитерпени и флавоноиди. Силно горчливо!   Употреба: имуностимуланс, при настинка и дрип.

63 Sambuci flos – цвет од бозел
Настинка (4) В) Анти-инфламаторни природни средства: Sambuci flos – цвет од бозел Sambucus nigra, Caprifoliaceae Хемиски состав: содржи хетерозиди на кверцетин и кемферол, хетерозиди на фенолни киселини, траги од цијаногени хетерозиди (пруназин и самбунигрин), тритерпенски деривати и др. Во помали количества етерично масло, слузи, танини, фитостероли и други компоненти. Препорачана доза 2-5 g, 3 пати на ден, 1 недела! Community herbal monograph (HMPC/EMA). Монографијата на дрогата цвет од бозел, предвидува употреба на дрогата само: во производство на традиционални хербални лекови, во форма на чаеви или во форма на тинктура или течен екстракт, за орална употреба, индикација: ослободување од раните симптоми на настинка. не се препорачува за деца под 12 години, ниту за бремени жени и доилки.

64 Инфлуенца (грип) Вирусно заболување предизвикана од инфлуенца РНА вируси откако ќе се најдат во дишните патишта на човекот, животните или птиците. Инфекцијата резултира со: - треска, - кашлица, - главоболка и малаксаност, - болка во грлото, - мачнина, - повраќање, - дијареа.

65 Фитотерапија на грип (инфлуенца)
Се користат растенија што имаат: антивирална и анти-инфламаторна активност, демулцентно дејство, и имунистимулативно дејство (Echinacea spp.). Корисни се и дрогите од групата: дијафоретици (индуцираат потење), аналгезични средства, муцилагинози и сл. Најчесто се користат комбинирани хербални чаеви за симптоматска терапија на респираторни заболувања.

66 Кашлица Фитотерапија на кашлица
Кашлицата е рефлексна активност предизвикана од хемиска или од механичка стимулација на горниот респираторен тракт или од централни стимули. Таа e протeктивен механизам кој служи за отстранување на туѓите тела и несаканите материи од вдишаниот воздух. Во ситуации кога е бескорисна и вознемирувачка и го исцрпува пациентот физички и психички, постои индикација за употреба на средства за сузбивање на кашлицата или антитусици. Фитотерапија на кашлица Средствата то се користат дејствуваат на начин: да ја редуцираат локалната иритација на грлото (со употреба на муцилагинозни дроги), да вршат супресија на периферни рецептори за кашлица (дроги со етерични масла и чисти ЕМ), да ја намалат чувствителноста на центарот за кашлица (со дроги опијати кои дејствуваат преку централни механизми).

67 Althaea officinalis, (fam. Malvaceae)
Муцилагинозни (слузни) дроги Althaea officinalis, (fam. Malvaceae) Коренот од бел слез содржи: слуз со кисел карактер %, која се состои од два неутрални полисахариди глукан и арабино-галактан и еден кисел галактуроно-рамнан. ензими, скроб % и пектин 7-10 %, сахароза 10 %. Листот од бел слез покрај слузи, содржи : кумарини, и флавоноиди. Дејство и употреба: Бел слез е демулцент, со благотворно дејствуваат врз мукозните мембрани и со антитусивно дејство. Се верува дека овие својства главно потекнуваат од присуството на слузите во дрогата. Во Европа подготовките од коренот и од листот се користат за лекување иритирана усна или фарингеална слузница, придружени со раздразливост и сува кашлица. Коренот, исто така, се користи за лекување благи воспаленија на гастричната слузница.

68 Европска монографија (HMPC/EMA).
предвидува можност за употреба на дрогата во производство на традиционални хербални лекови, чај или течни препарати за орална употреба, најчесто сирупи. Индикација: симптоматски третман на орална или на фарингијална иритација проследена со кашлица и симптоматско олеснување на средно изразени дигестивни симптоми. Препарати, дози: Дневна доза е од g сув корен. Поединечна доза за подготовка на мацерат изнесува 0,5-3 g.

69 Tussilago farfara, (fam. Asteraceae)
Од растението се користи лист. Хемиски состав: слузи со кисел карактер. пиролизидински алкалоиди (сенкиркин, сенецинин и тусилагинин) кои претставуваат потенцијални хепатотоксични агенси. Дејство и употреба: емолиентно, бронхолитично и анти-инфламаторно дејство. Листот од подбел се користи за изработка на чаеви за сузбивање сува кашлица (антитусик). Поради потенцијалната хепатотоксичност, треба внимателно да се користаи, во пропишани дози и не подолго од 4-6 недели во текот на една година. Дневна доза изнесува 4,5-6 g подготвени како мацерат.

70 Plantago lanceolata, (fam. Plantaginaceae)
Од теснолисниот тегавец се користи лист. Хемиски состав: комплексна мешавина од слузи, иридиоидни хетерозиди (аукубин и каталпол), фенилетаноиди (естри на кафена киселина со глукоза), флавоноиди, витамин С и К и др. Механизам на дејство: Се смета дека иридиоидните компоненти се одговорни за антимикробно, секретолитично, спазмолитично, антивирално и атстригентно дејство. Експериментално се утврдени и имуностимулирачкото и епителизирачкото дејство на екстрактите од листот.

71

72 Клиничка ефикасност: Тегавецот има најголема употреба во препарати за третман на инфективни болести на горните дишните патишта, при што поволно дејствува на воспалителниот процес. Контролирани клинички студии за потврда на ефикасноста досега нема. За традиционалната употреба има доволно податоци. резултатите од една постмаркетиншка студија на 593 пациенти со акутна респираторна инфекција одат во прилог на ефикасноста на тегавецот во третманот на инфекција проследена со сува, непродуктивна кашлица. полисахаридите на тегавецот не се ресорбираат во дигестивниот тракт, па се претпоставува дека ефектите се можни само во горниот дел од респираторниот тракт. водените екстракти од тегавец се користат за плакнење уста и третман на инфекции на оралната мукоза, а надворешно за третман на иритации на кожа. Во некои земји (на пример, во Франција), дозволена е само надворешна употреба на тегавецот.

73 Европска монографија (HMPC/EMA).
монографијата на лист од теснолистен тегавец, предвидува можност за употреба во производство на традиционални хербални лекови: дрога за производство на чаеви или цврсти дозирани форми, течни, полуцврсти и цврсти екстракти или цеден сок во производство на течни или на цврсти дозирани препарати. Препаратите се индицирани за употреба како демлуценти за третман на орална и на фарингијална иритација проследена со кашлица. Дози: Единечна доза изнесува 2 g, 2-3 пати на ден.

74 Етерични масла Pimpinella anisum – анасон
Етеричните масла поседуваат цела низа различни фармаколошки ефекти. Врзано за индикациите на респираторниот систем значајно е што поседуваат експекторантна и антисептична активност. Антитусичниот ефект на етеричните масла се верува дека води до намалување на осетливоста на периферните рецептори за кашлица. Повеќето лекови што содржат етерични масла се користат за третман на кашлица и имаат експекторантни карактеристики. Најзначајни дроги во оваа смисла се: Pimpinella anisum – анасон Foeniculum vulgare – сладок анасон (морач) Achilea millefolium – ајдучка трева Chamomilla recutita – камилица

75 Ринитис Инфламација на мукозната мембрана на носот. Симптоми
Во однос на причинителите ринитисот се категоризира во две групи: А) алергиски ринитис сезонски траен Б) неалергиски ринитис вазомоторен густаторен неалергиски ринитис со синдром на назална еозинофилија Симптоми назална конгестија кивање икање затнатост и течење на носот слевање на секретот од носот во грлото

76 Ринитис (2) Третман третманот на сезонски алергиски ринитис треба да започне шест недели пред сезоната и да продолжи во текот на цела сезона. стресот може да го влоши ринитисот и треба да се третира со тонични растенија, смирувачки тоници, дроги со седативно дејство и адаптогени, третманот на ринитис во поодмината фаза вклучува и употреба на: депуративи, лимфатици како Phytolacca и холеретици, имуностимулирачки растенија како Echinacea, посебно во случаи како алергиски ринитис, анти-алергени растенија како Albizia (Fabaceae) само кај aлергиски ринитис), анти-инфламаторни растенија за двата вида ринитис (Hydrastis и Plantago). Албиција (Albizia) е ниско дрво од суптропските и тропските региони на Азија. Од растението се користат лист, цвет, плод и кора. Содржат флавоноиди и други полифеноли. Има голема репутација како лековито.

77 Ринитис (3) Melaleuca spp. (M. viridiflora) – ниаули
Хемиски состав: маслото ниаули содржи цинеол (= еукалиптол) (50-69%) и терпиненол (15%). Други поважни копоненти се неролидол и линалол. Дејство и употреба: ниаули маслото е антисептик. Влегува во состав на комерцијални препарати што се користат за третман на ринитис и бронхијални инфекции. Препаратите кои што содржат масло се користат како мешавини за инхалации и наменети се само за носните патишта. Hydrastis canadensis – канадска жолтика Хемиски состав: содржи протоберберински алкалоиди, хлорогенска киселина, јаглехидрати, масни киселини и др. Дејство и употреба: се користи во облик на капки за очи за третман на хиперемија на конјуктивата при појава на сезoнски алергиски реакции.

78 Petasites hybridus – лопух
Хемиски состав: ризомот содржи сесквитерпени (петасин и изопетасин), испарливи масла и пиролизидински алкалоиди. Петасин Изопетасин Дејство: антиспазмодично и антиинфламаторно. За разлика од антихистаминиците предизвикува помалку седативни ефекти. Клиничка ефикасност – традиционално се користи за третман на респираторни заболувања, особено за кашлица, голема кашлица и бронхијална астма – Има клиничка потврда за ефикасноста во третман на алергиски ринитис во случаи кога седативните ефекти на антихистаминиците треба да се избегнат.

79 Petasites hybridus - лопух
Несакани ефекти, контраиндикации: – лопух е безбеден за употреба. Не се забележани несакани ефекти и нема објавени податоци за хронична токсичност, канцерогеност, имунотоксичност. – определен ризик се пиролизидинските алкалоиди Екстрактите што се комерцијално достапни се со одстранети алкалоиди. – со оглед на големата потрошувачка во призводство на фитопрепарати за третман на алергиски ринитис, астма и мигрена, се култивира на големи површини, и тоа сорти од Petasites кои што не создаваат пиролизидински алкалоиди. Препарати, дози: – екстракт, стандардизиран на петасин и изопетасин. Во употреба се таблетите што содржат eдинечна доза од 8 mg петасин (се зема 4 пати на ден = 32 mg/ден).  Комерцијален екстрактот се подготвува со етанол и се означува како Zе339, активен принцип на препаратот Tesalin N (филм-обложени таблети) и други препарати со иста или со слична намена.

80 Акутен и хроничен синузитис
Синузитис е заболување на параназалните синуси. Може да биде предизвикано од различни патогени (вируси, бактерии, габи) и се јавува почесто во есен и во зима. Симптоми синусна главоболка која зафаќа различни делови на главата, вклучувајќи ги лицето и забите, болки зад увото, вратот и врвот на главата, карактеристично течење од носот, течно, обилно, вообичаено со зелено-жолта боја. Третман Кај синузитисот од бактериско потекло се препорачуваат : имуностимулирачки растенија како што се: Echinaceae, Andrographis, Picrorrhiza; анти-инфламаторни растенија (Euphrasia) и деконгестиви (Ephedra) за да ги прочистат носните канали, се препорачува и Hydrastis canadensis кое има антимикробно и анти-инфламаторно дејство слузни дроги како Allium sativum и Cochlearia armoracia (рен), инхалации со дроги кои што содржат антимикробни и анти-инфламаторни етерични масла.

81 Акутен и хроничен синузитис (2)
Синупрет Содржи растителна комбинација од пет растенија: Sambucus nigra (Caprifoliaceae), Primula veris (Prumulaceae), Rumex acetosa (Polygonaceae), Verbena officinalis (Verbenaceae), Gentiana lutea (Gentianaceae). Се користи за третман на синузитис и акутен и хроничен бронхитис. До 1998 година направени се 12 контролирани клинички испитувања, во 4 од нив ефикасноста на синупретот е компарирана со плацебо, а во 8 други со референтни конвенционални лекови (амброксол, миртол, ацетилцистеин и бромхексин). Во сите плацебо контролирани студии синупретот се покажал значајно супериорен во споредба со плацебо, додека во двојно-слепите студии со референтен лек, покажал иста или подобра ефикасност и толеранција во споредба со амброксол. Безбедноста на препаратот е добро поткрепена со токсиколошки студии направени од Марц и сор. во 1998 година и со податоци од долгогодишното искуството од употребата на препаратот.

82 Отитис медиа Симптоми: Третман
Отитис медиа е воспаление на средното уво. Симптоми: - болка и гноен исцедок, - пореметување на слухот, - вртоглавица и покачена телесна температура. Третман антиалергиски деконгестиви се растенија како што се Albizia, Ephedra, Scutellaria baicalensis. анти-инфламаторни растенија како што се Euphrasia, Solidago virgaurea, Hydrastis, Plantago lanceolata, Glechoma hederacea. депуративи или лимфатични растенија како Phytolacca. имуностимулирачки растенија за подобрување на алергијата или инфекцијата, Echinacea, Astragalus.

83 Euphrasia е род од околу 450 видови на тревни цветни растенија во семејството Orobanchaceae (порано вклучени во Scrophulariaceae), со космополитска дистрибуција. Тие се полу-паразити на треви и на други растенија. Заедничко им е што се користат во лекување на инфекции на окото. Најчесто се користи Euphrasia officinalis. Расте во алпски и субалпски пасишта, а од растението се користи лист и цвет или надземен дел – херба. Најчесто се користи за лекување на очите и за намалување на воспаление предизвикано од настинка, кашлица, синусна инфекција, болка во грлото и висока температура. Содржи иридоиди аукубин и каталпол, други иридоиди, лигнани, флавоноиди, танини и др. Традиционално се користи орално како 2 % декокт, 3-4 пати/ден за третман на болести на респираторниот тракт. Во народна медицина се користи надворешно за плакнење на очите.

84 Phytolacca americana (Phytolaccaceae) (крмус) e повеќегодишно тревесто растение, по потекло од Северна Америка, но денес расте насекаде. Нараснува до 2 м височина. Развива класовидни соцветија и бобичести плодови со темо срно-виолетова боја. Семките се отровни, а плодот и коренот се користат како лек. Се практикува потопување на плодови во ракија и оставање преку ноќ, за да се испие следниот ден. Плодот содржи тритерпенски сапонини, познати како фитолакатоксини. Содржи и други тритерпени, лектини, пигмени бетацијани, хистамин и др. Има еметично, катарзично, наркотично, лимфатично и депуративно дејство. Дејствува и антихепатотоксично и антивирално. Мерки на препазливост: сите делови од растението се отровни. Симптоми на труење се дијареја, хипотензија, сомноленција, изразена жед, тахикардија, повраќање бобинки може да бидат штетни за возрасен, а повеќе од тоа опасни по живот. Кај деца 1 бобинка може да предизвика труење. Дози: mg/ден.

85 Голема кашлица (пертусис)
Големата кашлица е инфективно заболување предизвикано од Bordetella pertussis. Третман имуностимулирачки растенија Echinacea, Astragalus и респираторни антисептици како Inula helenium, Thymus vulgaris, Allium sativum. Drosera rotundifolia L. е специфично растение кое се користи за голема кашлица и има антиспазмодично, демулцентно и експекторантно дејство. антитусични и слузни дроги за да го потиснат рефлексот на кашлање, доколку се појави повраќање третманот треба да продолжи со гастроинтестинални спазмолитици. респираторни спазмолитици кои имаат и експекторантно дејство. Такви се Grindelia, Inula helenium.

86 Grindelia camporum & spp
Grindelia camporum & spp. (Asteraceae) е тревесто растение до 1 м, со убави жолти цветови и разгрането стебло со многу тврди, брановидни и остри, назабени листови, долги 2 до 3 см. Нативно е за Калифорнија и помалку за Невада, каде локално се користи како лековито. Германска Комисија Е препорачува употреба на гринделија за третман на катар, настинки, астма, бронхитис, кашлица и циститис, заради експекторантно и антиспазмодично дејство. Хемиски состав: листот содржи тритерпенски сапонини, флавоноиди, смоли, фенолни киселини, танини, малку етерично масло со пинени, борнеол и борнил ацетат и др. НМРС/ЕМА има изработено монографија за гринделија. Се предвидува употреба како традицонален лек за кашлица и настинка. Дози и препарати: Хербален чај: 2-3 g дрога, 3 пати/ден; Течен екстракт: 0,6 – 1,2 ml, 3 пати на ден; Тинктура: 0,5 – 1 ml, 3 пати/ден. Контраиндикации: Бременост и лактација. Не се препорачува за лица под 18 години.

87 Inula helenium (Asteraceae) e повеќегодишно тревесто растение, со разгрането стебло, долги назабени листови и жолти главичести цветови со тенки женски цветови по работ. Од растението се користи ризом + корен, познат како лековит уште од античко време. Првите записи за употребата во стара Грција ги направил Плиније. Во Англија бил познат како ароматичен тоник и стимулант на секреторни органи, особено како експекторант. Хемиски состав: инулин и други полисахариди, сесквитерпенски лактон хеленин, етерично масло богато со алантолактон и други сесквитерпени, ацетилени и др. Алантолактон и другите сесквитерпенски состојки дејствуваат антифлогистично и антимикробно, а етеричното масло и експекторантно. Традиционално се користи за бронхитис, кашлица и бронхијален катар. Дози и препарати: поединечна доза е 1 g. Може да се зема 3-4 пати/ден.


Download ppt "ФИТОТЕРАПЕВТСКИ ПРИСТАП ВО ТРЕТМАНОТ НА РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА"

Similar presentations


Ads by Google