Download presentation
Presentation is loading. Please wait.
Published byAshlynn York Modified over 6 years ago
1
ОРГАНСКИ ЃУБРИВА Со цел да се зголеми производството на земјоделски култури, потребата од вештачки ѓубрива секојдневно се зголемува Меѓутоа, со нивна прекумерна употреба, плодноста на почвата и здравствената состојба на растенијата може да бидат доведени во опасност Употребата на органски ѓубрива е еден алтернативен начин за зачувување на плодноста на почвата и за подобрување на здравствената состојба на растенијата. Органските ѓубрива се ефтини, лесно достапни, не предизвикуваат токсини ефекти....
2
Вовед Органски ѓубрива
Органските материи (или органските ѓубрива) се природни секундарни продукти што се употребуваат од страна на земјоделците за да се зголеми производството на земјоделските култури. Постојат голем број на органски ѓубрива како што се компост, шталско ѓубриво, арско ѓубриво, „зелени“ ѓубрива, ѓубрива од биолошки отпад, ѓубрива добиени од пердуви, коски, внатрешни органи на животни и птици....
3
Бенифиции од употребата на органските ѓубрива
Органски ѓубрива Бенифиции од употребата на органските ѓубрива Органските ѓубрива ја зголемуваат содржината на органски материи во почвата. Органската материја испушта во почвата материи што може директно да ги земаат во исхраната. Покрај тоа што се хранливи материи за растенијата, органските материи придонесуваат за подобра апсорпција на водата во почвите (задржувањето на водата е поголемо во присуство на органски материи). Органските материи се богати со хумински и фулвински киселини што се главни компоненти што придонесуваат за трансферот на минералните материи од почвата кон растенијата.
4
Извори на органски ѓубрива
Органски ѓубрива Извори на органски ѓубрива Секундарни производи од земјоделството и од прехранбената индустрија што е поврзана со преработка на стока и земјоделски производи 2. Остатоци од растенија, измет од животни, индустриски отпад...
5
Видови на органски ѓубрива
Органски ѓубрива Видови на органски ѓубрива 1. Шталско ѓубриво 2. Растително ѓубриво 3. Ѓубриво од остатоци од житарици 4. компост 5. Ѓубрива од отпадни материи Ѓубрива од распаѓање на животни ...
6
Шталско ѓубриво Шталското ѓубриво главно се добива од изметот на говедата, што е помешан со постелката каде спијаат+урината. Ова ѓубриво е високо-ефикасно и е Богато со органски хранливи материи Богато со калиум и фосфор, слично како и неорганските ѓубрива. Апликацијата на ова ѓубриво ја подобрува плодноста на почвата . ... Cont.
7
Постојат 3 главни извори на органска материја
Органски ѓурбива Главни извори Постојат 3 главни извори на органска материја 1. Животните и отпадот од луѓето 2. Отпад од фармите 3. Отпад од живина 1. Секундарни продукти од агро-индустрија 2. Индустриски отпад 3. Отпад од шеќерни фабрики 4. ... 1. Отпад од растенија 2. Остатоци од житарици 3. Остатоци од дрва 4. Урбан отпад 5. Фекален отпад
8
Хемиски состав на органската материја
Органски ѓубрива Хемиски состав на органската материја Јагкехидрати (шеќери, скроб, целулоза, пектини, ... Протеини, амино киселини, амини. Масти, масла, восоци, смоли... Алкохоли, алдехиди, кетони... Лигнин Ароматични соединенија (феноли, танини...) Витамини, антибиотици, ензими. Пигменти... Алкалоиди и соединенија со органски бази-пурини и пиримидини
9
Органски ѓубрива Конверзија на органската материја во органски ѓубрива
Био-оксидација Органска материја Органско ѓубриво Со оксидација преку микроорганизми, органската материја се конвертира во органско ѓубриво и тоа од животинско потекло од растително потекло
10
Животинско органско ѓубриво
Органско ѓубриво Животинско органско ѓубриво Шталско ѓубриво Течно органско ѓубриво (Ѓубриво во течна состојба, главно содржи урина) Ѓубриво што се создава од екскретите (изметот) на говедата и е помешано со сламата од престилката, се употребува како ѓубриво (гној)
11
Органско ѓубриво B. Шталско ѓубриво
12
Хранливи материи во шталското ѓубриво (%)
Шталско ѓубриво Хранливи материи во шталското ѓубриво (%) азот 0.5000 фосфор 0.2500 калиум 0.4000 калциум 0.0800 сулфур 0.0200 цинк 0.0040 бакар 0.0003 манган 0.0070 железо 0.4500
14
Содржина на нутриент/kg
Количина на нутриенти што се очекуваат годишно од изметот на разни животни Животно Содржина на нутриент/kg N млечни крави 110 38 140 говеда за колење 42 18 44 маторици со мали свинчиња 36 19 16 свињи за колење 13 6 кокошки несилки 74 41 33 кокошки за колење 29 мисирки 164 81 71
15
Содржина на органска материја и хранливи елементи во разни шталски ѓубрива
Тип на шталско ѓубриво и содржина во t Содржина на органска материја во t Содржина на нутриенти, kg N Цврсто шталско ѓубриво од говеда, 10 t 2 54 32 70 Цврсто шталско ѓубриво од свињи, 10 t 80 60 Цврсто шталско ѓубриво од брољери, 1 t 0.2 28 21 23 Цврсто шталско ѓубриво од мисирки, 1 t 17 16 Цврсто шталско ѓубриво од кокошки, 1 t 0.4 15 Арско шталско ѓубриво од телиња, 10 t 0.7 47 19 62 Арско шталско ѓубриво од прасиња, 10 t 0.5 56 31 30 Арско шталско ѓубриво од кокошки, 10 t 0.9 98 83 48
16
Ѓубриво добиено од: N P K Ca Mg C/N
Табела 17. Содржина на нутриенти во ѓубрива добиени од животински отпадоци (изразени во % на сува маса) Ѓубриво добиено од: N P K Ca Mg C/N рогови 10-14 3-4 крв 9-13 0.4 2.4 пердуви 12 0.3 0.2 4 коски 4-6 (0.8) 7-12 18-25 0.6 4.5 мрша 6-11 4-10 3.5 птичји измет 8-16 2-7 1-3 18 3-5
17
Процент (%) на азот во форма на
Содржина на амонијачен и органски азот во различни типови на шталски ѓубрива Вид на животно Тип на шталско ѓубриво Процент (%) на азот во форма на Амониум Органски азот разни животни цврсто (гној) 15 85 птици суви фекалии 35 70 свеж измет 45 55 говеда 60 40 свињи 30
18
2. „Зелени“ органски ѓубрива
Органски ѓубрива од РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО 2. „Зелени“ органски ѓубрива Вештачките минерални ѓубрива се значително скапи ѓубрива Значи мора да се бараат алтернативни начини за исхрана на растенијата и за одржување на потенцијалот за плодност на почвите. Т.н. ЗЕЛЕНИ ЃУБРИВА се евтини и високоефикасни ѓубрива што обезбедуваат значителна колочина на органски материи за земјоделските култури . Cont.
19
2. ЗЕЛЕНИ ОРГАНСКИ ЃУБРИВА
Органски растителни ѓубрива 2. ЗЕЛЕНИ ОРГАНСКИ ЃУБРИВА ЗЕЛЕНИТЕ ЃУБРИВА се РАСТЕНИЈА што се одгледуваат на земјоделските површини, со чие распаѓање се обезбедуваат хранливи органски материи во почвите. Овие растенија се одгледуваат на земјоделските површини и потоа се ораат (НЕ СЕ ЖНЕАТ), со цел при нивното распаѓање да се ослободат органски материи во почвите.
20
Бенифиции од зелените ѓубрива
Органски растителни ѓубрива Бенифиции од зелените ѓубрива Го фиксираат азотот и обезбедуваат поголеми количини на азот во почвите. Ја зголемуваат активноста на почвите бидеји обезбедуваат материи со кои се храната микроорганизмите во почвите Ја подобруваат структурата на почвите. Ја заштитуваат почвата од ерозија. Го намалуваат згрутчувањето на почвите. Обезбедуваат храна и услови за опстанок на голем број инсекти.
21
Некои зелени растенија што се користат како органски зелени ѓубрива
DHAINCHA (Sesbania aculeata) MANILA AGATHI (Sesbania rostrata)
22
SUNNHEMP (Crotalaria juncea)
WILD INDIGO (Tephrosia purpurea)
23
Концентрација на хранливи материи (во %) во ѓубрива добиени од остатоци од растенија
Ѓубриво добиено од: N P K Ca Mg S (орг.) C/N дабова кора 5.5 0.8 0.4 0.3 80 8 какао 2.3-3 0.6 0.5 90 17-24 јачменов слад 4 0.2 65-75 10-12 овошна пулпа 1.0 1.3 0.1 85-95 40-50 остатоци од маслодајна репа 3-3.5 75 20-30 комиње 3-4 0.15 6-7 50 дрвена каша 5-6 75-85 8-10 скробна вода 4-8 10 -12 5 *-7 дијатомејска земја 0.7 < 0.1 6
24
Содржина на тешки метали (во %) во отпад од домаќинства, биоген отпад и во градинарски остатоци
Елемент Отпад од домаќинства Биогенски отпад Градинарски отпад МДК * Pb 286 55 59 100(150)* * Cd 3.9 0.4 1(1.5) Cr 60 27 28 70(100) Cu 261 50 36 Ni 40 15 14 35(50) Hg 2.6 0.3 0.2 0.7(1) Zn 1020 201 133 300(400) МДК *-максимална дозволена концентрација
25
Органски ѓубрива добиени од остатоци од житарици
3. Остатоци од житарици Остатоците од житариците се не-економски делови од житариците што се оставаат на полето после жетвата. Овие остатоци доколку се однесат од површините, тогаш сме довеле до осиромашување на земјиштето со голем број на материи.... ...но доколку се остават на почвите, тогаш хранливите материи од нив пак може да бидат искористени за другата генерација на растенија што ќе бидат култивирани на тоа земјиште Cont.
26
Органски ѓубрива од растително потекло
Cont.
27
КОМПОСТ Компостот е органски материјал добиен од распаѓање на делови од растенија (листови, други делови од растенија....) Покрај тоа што е богат со органски материи, компостот ги подобрува и физичко-хемиските и биолошките својства на почвите-спречува ерозија, ги храни микроорганизмите од почвите... Cont.
28
Важност од компостирање на почвите
Органски растителни ѓубрива Важност од компостирање на почвите Го намалува ризикот од загадување Компостот може да ги уништи патогените микроорганизми Доведува до рамнотежа во почвите. Кондиционер за почвите Cont.
29
БИО-КОМПОСТ БИОКОМПОСТОТ е органско ѓубриво што е добиено со дејство на некои црви врз органски отпад или врз остатоци од растенија Овој компост е без мирис, чист, покрај органски материи содржи и N, P, K како и некои есенцијални микрохранливи елементи. Cont.
30
БИОКОМПОСТ БИОКОМПОСТ
Овој компост главно се употребува во ОРГАНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО. Овој компост е еколошки погоден, не е токсичен, притоа се добива голема количина на хумус.... Cont.
31
ДОМАШЕН КОМПОСТ Домашен отпад+суви листови оставете ги 90 дена и се добива компост
32
Други органски форми на концентрирани ѓубрива
Отпадоци од лушпи од сончоглед, репа, соја,,,...мора да се спрашат и иситнат пред да бидат аплицирани. Содржат големи количини на органска материја (масла, шеќери, протеини...)
33
Просечни хранливи материи во Масни-торти (oil cakes)
Органски ѓубрива од отпадоци од лушпи-од сончоглед, репа, трска... Просечни хранливи материи во Масни-торти (oil cakes) Масни-торти Содржина (%) N P2O5 K2 O Концентрати од масла што не се јадат Castor cake 4.3 1.8 1.3 Cotton seed cake (undecorticated) 3.9 1.6 cake 0.9 1.2 Mahua cake 2.5 0.8 Safflower cake (undecorticated) 4.9 1.4 Cont.
34
Содржина на нутриенти (%) Концентрати од масла за јадење
Органски материи Oil-cakes Содржина на нутриенти (%) N P2O5 K2O Концентрати од масла за јадење Coconut cake 3.0 1.9 1.8 Cotton seed cake (decorticated) 6.4 2.9 2.2 Groundnut cake 7.3 1.5 1.3 Linseed cake 4.9 1.4 cake 4.7 Rape seed cake 5.2 1.2 Safflower cake (decorticated) 7.9 Seamus cake 6.2 2.0 Source: agriTechportal.ac.in
35
. Ѓубрива базирани на отпаден материјал од животинско потекло
. Ѓубрива базирани на отпаден материјал од животинско потекло Само отпадните материјали од животинско потекло што не претставуваат ризик по здравјето на човекот може да се употребат како суровини за вештачки органски ѓубрива. Овие суровини се секундарни суровини од кланиците и месните индустрии. Роговите, копитата, коските, исушената крв се материи од животинско потекло коишто најчесто се употребувани како секундарен материјал за изработка на вештачки органски ѓубрива. Ѓубриво добиено од: N P K Ca Mg C/N рогови 10-14 3-4 крв 9-13 0.4 2.4 пердуви 12 0.3 0.2 4 коски 4-6 (0.8) 7-12 18-25 0.6 4.5 мрша 6-11 4-10 3.5 птичји измет 8-16 2-7 1-3 18 3-5
36
Рогови и копита. Овие делови најчесто содржат протеин кератин
Рогови и копита. Овие делови најчесто содржат протеин кератин. Бидејќи кератинот споро се разградува, роговите и копитата се спор извор на азот. Срж од коски. При преработката за вештачки ѓубрива, коските се чистат, се обезмастуваат и се мелат. Во коските најмногу го има протеинот колаген што содржи околу 90% азот. Со третирање на коските со топла вода и пареа, колагенот се претвора во глутен и се отстранува. На тој начин коските ќе содржат само 0.8% N (нетретираните коси содржат 4–6% N). Бидејќи коските најмногу содржат фосфор, овие ѓубрива може да се користат како добар извор на фосфор за почвите.
37
Исушена крв. Покрај крв, овие смеши може да содржат и соединенија како што се делови од цревата на пример. Ваквите смеши се сушат и се мелат и потоа содржат околу 9–13 % на азот. Исушената крв е материјал што има краток ефект врз надополнувањето на содржините на азот во почвите. Материјали добиени од пердувите на птиците. Содржината на N што се наоѓа во преработени материјали од пердуви на птици е од 13–14 %, а најчесто азотот се наоѓа во форма на кератин Измет од птици. Овој материјал може да содржи и пердуви, а не само измет. Може да се набави од крајбрежните региони најчесто во Јужна Америка каде има огромен број на птици. Изметот од птиците може да се користи како материјал за вештачки ѓубрива после третман со киселини. Изметот од птиците содржи главно неоргански соли, содржи од 8–16 % N, 2–7 % P (во форма на фосфати на амониум и калциум) и околу 1–3 % . Бидејќи азотот е во форма на амониум соли во содржини поголеми од 50 %, овие ѓубрива имаат краток ефект врз снабдувањето на почвите со N
38
Органски ѓубрива Да сумираме.... Органските ѓубрива се најефтини ѓубрива Богати со органски материи Сите материи се во достапна форма. Не се токсични и покрај врз растенијата, влијаат позитивно и врз својствата на почвите Главно се употребуваат во органското производство ....
Similar presentations
© 2025 SlidePlayer.com. Inc.
All rights reserved.