Download presentation
Presentation is loading. Please wait.
1
Глобално здравје Толку блиску, толку далеку!
2011-Година на глобалното здравје Глобално здравје Толку блиску, толку далеку! Пратете ја оваа лекција на пријателите Оваа лекција е посветена на концептот f GLOCAL Здравје – премин на глобалното здравје од глобално кон локално. Глобалната здравствена мрежа на Суперкурс проектот е резултат на соработката меѓу Библиотеката во Александрија (Египет) во развојот на најголемата збирка на лекции за глобалното здравје.Од страна на Универзитетот во Питсбург најголемиот дел на активности се реализираат преку Колаборативниот центар на СЗО за мониторинг на болестите и телекомуникации под водство на д-р Роналад ЛаПорте. Фаина Линков е одговорна за развој и модификација на оваа лекција. Целта на оваа лекција е да придонесе кон: 1). Градење на свесност за глобалното здравје кај професорите и студентите по медицина, јавното здравство и другите сродни професии 2). Развој на Глобална здравствена мрежа за студентите кои би се ангажирале во трансформирање на локалното кон глобално здравје Кратката верзија на лекцијата е достапна на address. Во развојот на оваа лекција учествуваа: Ronald LaPorte, PhD, Supercourse developer, USA Ismail Serageldin, PhD, Library of Alexandria, Egypt Faina Linkov, PhD, Supercourse developer, USA Francois Sauer, MD, Supercourse developer, USA Eugene Shubnikov, MD, Supercourse developer, Russia И Глобалната здравствена мрежа: Supercourse во Библиотеката во Александрија - Lecture translated into Macedonian by Elisaveta Jasna Stikova Светска здравствена организација Колаборативен центар, Универзитет во Питсбург 1
2
Соработник и превод на лекцијата
1990 – Професор, медицински факултет, Скопје, Македонија 1994 – Директор и советник, Институт за јавно здравје, Скопје, Македонија 2009 – Фулбрајтов стипендијант и визитинг професор, Питсбург Универзитет, САД : Глобално здравје и едукација 2007 – Визитинг професор, Универзитет во Шефилд, Англија: Европски студии за јавно здравјеs NATO Ко-директор, Институт за напредни студии: Зајакнување на јавно-здравствената подготвеност од катастрофи од ХБНР агенси 2010/2011 – Визитинг професор, Медицински универзитет во Граз, Австрија: (CEEPUS CII-AT ) Research and project activities Present position: on going, Country Project Manager: Occupational Health & Safety NETworking in EASTern Europe. EuropeAid/128287/C/ACT/MULTI/ "Environment, Energy Efficiency, and Health and Safety at Work” 2010- on going, CEEPUS Member of Network “Image Processing, Information Engineering & Interdisciplinary Knowledge Exchange” - CII-AT on going, UNDP National Public Health Expert, UNDP Project, Development and Mainstreaming of the National Plan on SAICM Implementation for the Republic of Macedonia ( I.05.G.FYM – application number: QSPTF/06/1/GOV/17) on going, Member of Editorial Board of EuroSurveillance on going, Member of Task WG for Chemicals, Environment and Health, National Programme for Adoption of the Acquis Communautaire Previous experience: Co-Director NATO SPS-ASI Project: “Strengthening National Public Health Preparedness and Response for Chemical, Biological and Radiological Agents Threats” ( ). Member of Scientific Committee, NATO Advance Study Institute, Science for Peace and Security Program. Project title: Preparing the Regional Leaders with Knowledge, Training and Instruments for Information Shearing and Decision-Making Against Biological Threats and Pandemics Regional coordinator, Swiss National Science Foundation SCOPES Project “Development of Core Curriculum in Occupational Health” , IB 74BO – ( Regional director of Winter School – Workplace risk assessment UNDP National Expert for Chemicals and Health: UNDP – Project number I.05.G.FYM; application number: QSPTF/06/1/GOV/17, “Mainstreaming Sound Management of chemicals in development planning consistent with the Strategic Approach to International Chemicals Management (SAICM)”, Team member and leader of environmental health impact working group, UNDP – GEF, Project Number MKD/OP3/02/06/10 - Еxperimental biodiеsel production on heavy metal contaminated soil ( ): Team leader of working group for health impact assessment , UNDP Sustainable Human Development Project - Enabling the F.Y.R. Macedonia to Prepare its First National Communication in Response to its Commitments to the UNFCCC-Health Section.
3
Здравје и глобално здравје, СЗО
“Здравје не е само отсуство на болeст, туку состојба на физичка, психичка и социјална благосостојба.” СЗО ја објави класичната дефиниција за Здравје, што е значајно за унапредувањето на здравјето во нашите и во земјите и ширум светот.
4
ГлоКал Здравје (Глобално кон Локално)
Вашиот пациент и местото каде Вие живеете Здравјето е и локално и глобално, но сите доктори, медицински сестри и други сродни професии мора да знаат и за локалното и за глобалното здравје
5
Глобалното здравје е важен и нов термин, но и еден нов концепт
Глобалното здравје е важен и нов термин, но и еден нов концепт. Институтот за медицина укажува на глобалното здравје како на „здравствени проблеми, состојби и грижи кои ги надминуваат националните граници, може да зависат од условите и искуствато во другите земји, а најдобро се решаваат со коопративни активности и заеднички солуции“ Меѓутоа, тоа не се само проблеми кои ги минуваат границите или се заеднички за повеќе земји од светот; решенијата за тие проблеми исто така може да ги минуваат границите и меѓусебно да се споделуваат, независно од степенот на развој на засегнатите земји. Сите земји може да учат од другите земји и може да ги споделуваат своите искуства и информации. Дефиницијата за глобално здравје го осветлува проблемот од две страни: споделување на проблемите и споделување на решенијата. Овој нов пристап е многу значаен за науката за глобалното здравје со оглед дека глобалното здравје се слика како патека за споделување. Постојат многу предизвици за глобалното здравје при што многу болести и состојби се гледаат од различен аспект од многу различни професионалци. Интердисциплинираниот пристап е неопходен за да го олесни оптеретувањето со болест како од заразни, така и од незаразни болести. Денес медицинските и другите сродни факултети имаат многу малку лекции за глобалното здравје во нивните курикулуми. Здравјето прераснува во глобален проблем, при што незаразните болести прераснуваат во убиец број 1 во светот. Учејќи повеќе за глобалното здравје и истражувајќи во оваа област, професорите, предавачите и студентите ќе бидат подобро подготвени за соочување со предизвиците во нивната заедничка работа. Посетете го Суперкурс и неговата лекција за Глобалните здравствени кризи на: 5
6
Суперкурс: Интернетот не зближува преку заедничко учење за глобалното здравје
СУПЕРКУРС е глобална библиотека на лекции за превенција и јавно здравје кои се бесплатно достапни, а се креирани од најдобрите предавачи од светот. Препратете ја оваа лекција на Вашите пријатели ширум светот,како на професорите, така и на студентитеПрепратете ја оваа лекција на Вашите пријатели ширум светот, на професорите и на студентите Суперкурс има преку 4,650 лекции кои ги споделуваат меѓу себе преку членови на академската заедница од 172 земји. Суперкурс е дополнителен модел за предавање во кој предавачите ширум светот ги споделуваат меѓу себе нивните најдобри лекции. Голем број на Суперкурс лекции се посветени на истражувачките теми од областа на глобалното здравје. Студентите по медицина може да учат директно од лекциите. Тие може исто така да ги користат слајдовите од лекциите за да им ги покажуваат на своите пациенти или за други презентации. Вие може да се придружите кон оваа глобална мрежа и да научите повеќе посетувајќи го Суперкурс-от преку: Оргинална PowerPoint презентација на оваа лекција Доколку ја преведете оваа лекција на некој друг јазик, Ве молиме пратете ни копија. Посетете го Суперкурс и прегледајте ја лекцијата на 6
7
Што е СЗО? и оценка на здравствените трендови.
Светската здравствена организација (СЗО) е одговорна за насочување и координирање на здравствените активности во рамките на системот на Обединетите нации (ОН). Таа е одговорна за обезбедување на лидерство за глобалните здравствени прашања, за дефинирање на здравствената истражувачка агенда, за поставување на норми и стандарди, за артикулирање на политиките базирани на докази, за обезбедување на техничка поддршка за земјите и за следење и оценка на здравствените трендови. 7
8
Кои ја создадоа оваа лекција?
Суперкурс Проектот за глобално здравје Александриската библиотека од Египет Колаборативниот центар на СЗО при Школата за јавно здравје на Универзитетот во Питсбург, САД Проектот за Глобално здравје на Суперкурс во соработка со библиотеката од Александрија, Египет ја создадоа најголемата ризница на леции од областа на глобалното здравје. Од страна на Школата за јавно здравје во Питсбург најголемиот дел од активностите се реализираа преку Колаборативниот центар на СЗО за мониторинг на болестите и телекомуникација раководен од Проф. Д-р Роналд ЛаПорт.
9
Глобално здравје Мрежа за глобално здравје Суперкурс Проект, Универзитет во Питсбург
Пратете ја оваа лекција на пријателите „ Еден грам на превенција вреди колку еден килограм терапија“ Henry De Bracton, 1240 Со овие познати зборови ние ја почнавме Златната лекција за превенцијата во 2003 година. Нашата лекција во 2010 година е посветена на глобалното здравје , тема толку слична на превенцијата. Оваа лекција е координирана преку Мрежата за глобално здравје на Суперкурс проектот која ја раководи одделот за епидемиологија при Универзитетот во Питсбург. Милиони луѓе – најголем број од нив деца – умираат секоја година и во развиените, но и во земјите во развој од превентбилни и болести кои се лечат. Но, трагично малку напори се прават за превенција и терапија на еден од најголемите убијци во светот како што се маларијата и туберкулозата. Фокусот на оваа лекција е да укаже како светот може да го направиме поздрав преку подобрување на комуникациите и споделување на информациите. Златната лекција за превенцијата можете да ја најдете на: Градење на Глобална мрежа за превенција за споделување на знаењето и мудроста
10
Мисијата на оваа лекција
Да го научиме секој студент по медицина, јавно здравје и сестринство во светот за значењето на глобалното здравје да развиеме глобална мрежа на студенти од целиот свет кои ќе се зафатат со проблемите на глобалното здравје
11
Универзална декларација за човекови права
„ Секој има право на живот во кој ќе му биде обезбедено соодветно ниво на здравје и благосостојба, за него и за неговата фамилија, вклучувајќи храна, облека, живеалиште и здравствена заштита.“ Универзална Декларација за човекови права, 1948 Идејата дека здравјето е основно човеково право е артикулирана во Декларацијата на Обединетите нации за Универзални човекови права објавена пред 50-тина година, при самите почетоци на формирањето на оваа организација. Оваа идеја е стожер и клучна одредница за научниот развој на глобалното здравје. Студентите по медицина, јавно здравје и сестринство мора да бидат свесни за нивното влијание врз глобалното здравје во иднина. Основни здравствени информации: Има ли право на пристап?
12
Меѓународно здравје „Меѓународно здравје се однесува на оние активности кои ги дефинираат меѓусебните односи во здравствениот статус на населението во светот и напорите за подобрување на здравјето на населението во секоја земја“ Last, Foege Меѓународното здраве не може да се разгледува само како болест или само како состојба специфицна за една земја. Треба да се набљудуваат сите меѓугранични и интердисциплинарни кои го афектираат човековото здравје. Зборот „инетнационално“ од јазичен аспект се дефинира како во однос на националните граници, додека зборот „глобално“ се однесува на целиот свет. Посетете ја Суперкурс лекцијата за Меѓународно здравје на:
13
Јавно здравје, мдицина и сестринство: делови на иста сложувалка
Ако студентите по медицина, јавно здравје и сестринство работат заедно, ние би можеле да го смениме глобалното здравје. Еден ваков колаборативен напорт во истражувањето за глобалното здравје ќе ни помогне за да ги минеме географските, економските и другите граници кои ги поделуваат нашите полиња. Посетете ја Суперкурс лекцијта „ Општествн пристап за разбирање како добивката и нееднаквоста во добивката го зафаќа здравјето“ на:
14
Зошто студентите треба да учат за глобалното здравје
И денес високите школи и универзитетите имаат многу малку лекции за глобалното здравје во нивните курикулуми Здравјетом прераснува во глобален проблем, а хроничните болести ширум светот се јавуваат како убиец број 1 Учејќи повеќе за истражувањата во глобалното здравје, студентите ќе бидат подобро подготвени да се соочат со предизвикот на својаста професија Глобалното здравје е значајно за сите студенти – оние во медицината, но и во инжинерството, хемијата и слично. Оваа лекција беше првенствено дизајнирана за академскиот персонал и за студентите на медицинските факултети и школи за јавно здравје ширум светот. Меѓутоа, ние сметаме дека студентите и предавачите во сите дисциплини треба да учат за глобалното здравје со оглед дека тоа не зафаќа сите нас.
15
Што треба да знаат студентите за глобалното здравје
Да ја знаат разликата меѓу глобалното и меѓународното здравје Да можат да ги идентификуваат клучните предизвици на глобалното здравје Да го препознаат значењето за ширење на информациите во областа на глобалното здравје Да го препознаат значењето на превентивните активности во подобрување на глобалното здравје Да го препознаат значењето за глобално вмрежување со цел за подобрување на на глобалното здравје и на локално и на глобално ниво Глобалното здравје е значан концепт што студентите треба да го разберат. Глобалното здравје не се однесува на само еден здравствен проблем како што е маларијата, туберкулозата или ХИВ, независно од тоа колку се сериозни проблемите предизвикани од нив. Глобалното здравје не се однесува на здравјето во една земја или регион. Глобалното здравје ги надминува границите и регионите, опфаќајќи ги сите фактори кои влијаат на нашето здравје, Глобалното здравје е насекаде во нашите клиники, во заедницата и во нашите земји. Посетете ја Суперкурс подготвителната лекција за Глобално здравје на:
16
Локално здравје Меѓународно здравје Глобално здравје
Многу здравствени напори како и меѓународни програми се концентрираат на здравјето во еден или неколку региони од светот. Ние сакаме да ја смениме философијата на „глобално здравје“ нагласувајќи го значењето на глобалните здравствени напори. Неопходно е значително подобро дефинирање на дисциплината „ глобално здравје“. Философијата на новото глобално здравје го вклучува значењето на споделување на информациите. Светот се движи, а здравствените предизвици се различни, зависно од регионот. Затоа, истражувањето е значајно за пресретнување на здравствените предизвици како во развиениот, така и во светот во развој.
17
Во последните 100 години очекуваното траење на живот се зголеми во најголем број на развиени и земји во развој. Ние сме поздрави денес отколку било кога до сег. Зголемувањето на очекуваното времетраење на живот е резултат на подобрување на превенцијата, споделувањето ан информациите и глобалното здравје. Посетете ја Суперкурс лекцијата за Епидемиолошката транзиција на :
18
Вакцинација против големи сипаници: случај на глобални напори во здравството за ерадикација на болестите Вие како доктор никогаш не сте виделе случај на големи сипаници, што е многу различно од периодот кога живееле вашите дедовци. Клиничките доктори работеа заедно со јавно-здравствените работници и научниците од областа на глобалното здравје во ерадикацијата на едно од заболувањата со најголема смртност. Ние може да го продолжиме успехот постигнат со големите сипаници ако работиме заедно на други локални проблеми што имаат голем глобален импакт. Историјата на појавата и ерадикацијата на големите сипаници е една од успешните приказни за „модерните“ клиничари и јавното здравје. Милиони луѓе во Европа и Мексико умреа како резултат на ширењето на епидемиите од големи сипаници. Намалувањето на случаите со големи сипаници започна по откривањето на сознанието дека оние кои ја преживеале болеста имаат солиден и траен имунитет кон ова заболување до крајот на нивниот живот. Тоа довело до воведување на „вариолација“ – процес на изложување на здрави лица на инфективен материјал од лица со големи сипаници, со надеж дека тоа би предизвикало умерено тешка болест и би обезбедило траен имунитет од следна инфекција на така изложените лица. Следниот чекор кон ерадикацијата на големите сипаници бил резултат на согледувањата на англискиот доктор Edward Jenner, дека млекарите кои заболувале од кравски сипаници, слично, но помалку серозно заболување, подоцна не заболувале од големи сипаници. Во 1796 Jenner земал течност од пустулата на кравја сипаница од еден млекар и ја инокулирал на едно 8-годишно момче. 6 недели подоцна тој го изложил момчето на големи сипаници и тоа не развило симптоми на болест. Така Jenner го вовел во употреба терминот вакцинација од латинскиот збор „ vaca“ што на латински значи крава. Неговата работа иницијално беше критикувана, но наскоро и широко прифатена и прилагодена. До 1800 година околу 100,000 луѓе ширум светот беа вакцинирани. Во 1967 година Светската здравствена организација покрена светска кампања за ерадикација на големите сипаници. Оваа цел беше постигната по 10 години , пред се благодарејќи на масовната вакцинација. Последниот ендемски случај на големи сипаници беше регистриран во Сомалија во 1977 година. На 8 мај 1980 година СЗо објави дека светот е ослободен од големи сипаници. Истражувањето за глобалното здравје и ширењето на информациите игра многу значајна улога во ерадикацијата на големите сипаници. Како резултат на глобалните напори и колаборативните истражувања на клиничарите и студентите по медицина, денес не може да се види случај на големи сипаници. Од За повеќе информации за др. Edward Jenner, посетете ја Википедиа.
19
Најзначајни проблеми на глобалното здравје денес
Состојби поврзани со заразните болести, матерналното и перинатално здравје и исхраната Незаразни болести Повреди Кои се најзначајните проблеми на глобалното здравје денес? Публикацијата објавена 1996 година „Оптеретување со болест/The Global Burden of Disease “ ги дава податоцоите од 1990 година со проекција за сотојбите што може да се очекуваат во 2020 година, укажува на три групи на здравствени проблеми кои заедно, го претставуваат вкупното оптеретување со болест во светот. Тие се: Група 1 – состојби поврзани со заразните болести, матернално и перинатално здравје и исхраната; Група 2 – незаразни болести и Група 3 – повреди. Во секоја од овие категории има повеќе специфични услови со кои тие се поврзани. 15-те водечки индивидуални проблеми, базирани на DALYs (disability-adjusted life years – години на живот прилагодени на онеспособеност) се: (1) инфекции на долни дишни патишта; (2) дијареални болести; (3) состојби поврзани со перинаталниот период; (4) униполарна депресија; (5) исхемична срцева болест; (6) цереброваскуларни болести; (7) туберкулоза; (8) морбили; (9) сообраќајни несреќи; (10) конгенитални аномалии; (11) маларија; (12) хронична обструктивна белодробна болест; (13) паѓања; (14) железо-дефицитна анемија; (15) анемија. Незаразните болести се широко распространети болести со кои често се среќаваат студентите по медицина во нивната практика. Ние треба да работиме заедно и да го споделуваме нашето знаење со цел за превенција и терапија на овие состојби.
20
Има многу предизвици за глобалното здравје при што различни професионалци нагласуваат и се фокусираат на одредени аспекти на различни болести. Интердисциплинарниот пристап е неопходен за лесна и соодветна проценка на оптеретувањето со заразни и незаразни болести. Работејќи заедно професионалците од различни области на стручност ги ерадицираа големите сипаници. Ако болест како што се големите сипаници беше ерадицирана, слични колаборативни напори може да се покажат како успешни во ерадикацијата и на други болести и предизвици за глобалното здравје.
21
Иако многу меѓународни програми и иницијативи се насочени кон добро препознаени заразни болести како што се СИДА, маларија и туберкулоза, сепак хроничните болести се најголемата закана за хуманото здравје, особено за земјите кои минуваат низ епидемиолошка транзиција. Посетете ја Суперкурс лекцијата за Епидемиолошка транзиција на:
22
10 водечки причини за смрт во светот (СЗО)
Cause of death Death in Millions Percent of Death Coronary heart disease 7.20 12.2 Stroke and other cerebrovascular diseases 5.71 9.7 Lower respiratory infections 4.18 7.1 Chronic obstructive pulmonary disease 3.02 5.1 Diarrheal diseases 2.16 3.7 HIV/AIDS 2.04 3.5 Tuberculosis 1.46 2.5 Trachea, bronchus, lung cancers 1.32 2.3 Road traffic accidents 1.27 2.2 Prematurity and low birth weight 1.18 2.0
23
Дигитална поделба: јаз меѓу „да се има и да се нема“
Еден од најголемите предизвици за глобалното здравје е пристапот кон информации Ние може да дискутираме дека еден од најголемите предизвици за глобалното здравје е пристапот кон информациите. Потребно е информациите за глобалното здравје да се споделуваат по дигитален пат. Многу од клиничките практики и превенцијата се резултат токму на на споделени информации. Ако ние се впрегнеме во информатичката револуција, ние би можеле да дадеме силни ефекти и придобивки за нашите пациенти и неселението ширум светот.
24
Проблем: Споделување на информации:
Значаен предизвик за глобалното здравје во 21 век. Можни решенија: WWW и Глобално здравје Кога интернетот влезе во нашите животи во 1990-тите мислевме дека тоа е луксуз кој можат да си го дозволат само некои од нас. Во 2010 Интернетот е неопходност и широко е распространет како во развиените така и во земјите во развој. Интернетот станува вреден во клиничката практика исто како што е стетоскопот. Посетете ја Суперкурс лекцијата WWW како глобална библиотека на:
25
Значењето на знаењето, учењето, иновациите и информатичката технологија
„Најзначаен ресурс во модерната економија е знаењето и соодветно на тоа најзначаен процес е учењето“ Lundvall, Bengt-Åke (1992) National Systems of Innovation. Towards a Theory of Innovation and Interactive Learning. Pinter, London and New York, pp. 342 Нова философија на глобалното здравје го вклучува споделувањето на информациите – како најзначаен предуслов за подобрување на глобалното здравје. Глобално здравје е организација на знаењето со многубројни различни дисциплини поврзани заедно со комуникациски врски за заеднички напад на глобалните проблеми. Новите постигнувања во областа на информатичката технологија го помагаат разменувањето ан информациите многу брзо и со минимална цена на чинење. Интернет револуцијата овозможува ефективно разменување на информациите за резултатите од истражувањата за глобалното здравје ширум светот. Компјутерите, , iPods, мобилните телефони и други технологии претставуваат огромен потенцијал за подобрување на можноста за испорачување на информации во оддалечените региони. Со знаење за глобалното здравје студентите по медицина би можеле да играат огромна улога во ширењето на јавно-здравствените и медицински информации, а со тоа и во подобрувањето на здравјето на населението ширум светот. Посетете ја Суперкурс лекцијата „ Пристап кон знаењето и негово ширење. Приказ на модел за пристап“ на:
26
Едукација во медицината и
Циклус на учење Биомедицински истражувања Едукација во медицината и јавното здравје Нашиот проект е всушност практичен превод на истражувачките резултати и има за цел фокусирање кон и прилагодивање на информациите од научниците кон студентите. Сега се потребни 5-6 години научните информации да стасаат до студентите. Доколку научните информации веднаш се стават PowerPoint, тогаш наместо години, ќе ни требаат само денови за да ги преведеме и да ги направиме достапни до студентите. Базичниот концепт на еден ваков истражувачки центар е оној на телепревнтивната медицина. Раѓањето на оваа дисциплина започна пред неколку години и предизвика голем интерес во многу кус период. Трудот што нашата група го објави во British Medical Journal укажува на нејзиното значење. Во здравството телепревентивнта медицина ќе го претставува столбот на нашата здравствена раскрсница која почнавме да ја градиме. Телепревентивната медицина има огромен потенцијал да го подобри глобалното здравје. Многу значајни медицински откритија не им се достапни на студентите по медицина, едноставно поради фактот дека се потребни 5-10 години додека научните истражувања мигрираат во медицинските учебници. Преку Суперкурс информациите може да бидат распространети меѓу студентите многу брзо преку нивните инструктори. Посетете ја Суперкурс лекцијата за телепревентивна медицина на: Инструкции како да се поднесат лекции за Суперкурс може да најдете на:
27
Ширење на информациите за глобалното здравје: Суперкурс CD/DVD
Преку СЗО тие се дистрибуирани на преку 10,000 поединци во светот и на сите медицински факултети
28
Создавање на мрежата Студентите по медицина ширум светот имаат потреба за подобро вмрежување за да може да се соочат со предизвиците на 21 вк. Со користење на мрежата на клиничарите и јавно-здравствените работници, креаторите на Суперкурс ги развија „ Токму на време“ лекциите за САРС, Катарина и други катастрофи, само неколку денови по нивното јавување. Сите „Токму на време“ лекции од библиотеката на Суперкурс можете да ги најдете на:
29
Заклучок Глобалното здравје е значаен проблем кој на многу сличен начин ги измачува и развиените и земјите во развој. Очекуваното времетраење на живот во 20-иот век беше зголемено благодарејќи на вложените напори во глобалното здравје Сите студенти имаат потреба да знаат повеќе за истражувањата во глобалното здравје и да формираат мрежа за ширење на знаењата за глобалното здравје
30
Организации кои работат во областа на глобалното здравје
Светска здравствена организација Pan Пан американската здравствена организација Светска банка UNICEF Високиот комесаријат за бегалци на ОН Фондацијата на ОН Бил и Мелинда Гејтс Фондацијата CARE организацијата Советот за глобално здравје и многу други Како што беше напомнато во претходните секции, има многу значајни мултилатерални организации, фондации и невладини организации кои работат или се фокусирани кон глобалното здравје, како што се: Светска здравствена организација Pan Пан американската здравствена организација Светска банка UNICEF Високиот комесаријат за бегалци на ОН Фондацијата на ОН Бил и Мелинда Гејтс Фондацијата CARE организацијата Советот за глобално здравје и многу други
31
Sunita Dodani US/Pakistan Jesse Hung China Ronald LaPorte US
Soni Faina Ron Mita Ali Ali Ardaldin Iran Sunita Dodani US/Pakistan Jesse Hung China Ronald LaPorte US Mita Lovalekar US/India Faina Linkov US/Ukraine Eric Marler US Nicholas Padilla Mexico Kawkab Shishani Jordan Francois Sauer US Eugene Shubnikov Russia Rania Nicholas Francois Eugene
32
Дополнителни информации
Отворен извор Суперкурс и тренинг за управување со катастрофи Социојално-епидемиолошки методи во Меѓународното популационо здравје и истражување за здравствените услуги Принципи на истражувачкото синтетизирање Испратете ја оваа лекција на пријателите Пратете ја оваа лекција на пријателите Посетете ја глобалната мрежа за Глобално здравје на Суперкурс за дополнителни лекции на: Придружете му се на Суперкурс посетувајќи го на: Отворен извор: Тренинг на Суперкурс за Управување со катастрофи Социојално-епидемиолошки методи во Меѓународното популационо здравје и истражување за здравствените услуги: Принципи на истражувачкото синтетизирање
33
Како јас може да се придружам на глобалната превентивна мрежа?
Придружете се на листата со порака која ќе ја испратите на Презентирајте најмалку еден слајд за превенција на Вашите студенти Придружете се на Суперкурс листата со порака која ќе ја испратите на: Презентирајте најмалку еден слајд за превенција на Вашите студенти
34
Како може да се приклучите кон ивие глобални заложби?
Посетете го Пратете ја оваа лекција на што поголм број на луѓе што ги познавете Презентирајте барем еден слајд за глобално здравје Контактирајте не на за други можности Препратете ја оваа лекција на Вашите пријатели ширум светот, на професорите и на студентите Посетете го Пратете ја оваа лекција на што поголем број на луѓе што Вие ги знаете Оргиналната PowerPoint презентација од оваа лекцијаn of this lecture Одржете предавање со употреба на барем еден слајд за Глобално здравје Контактирајтене на за други можности. 34
Similar presentations
© 2024 SlidePlayer.com. Inc.
All rights reserved.