Presentation is loading. Please wait.

Presentation is loading. Please wait.

  Растителни дроги и природни производи за третман на заболување на кожа    Проф. д-р Светлана Кулеванова Институт за фармакогнозија, Фармацевтски.

Similar presentations


Presentation on theme: "  Растителни дроги и природни производи за третман на заболување на кожа    Проф. д-р Светлана Кулеванова Институт за фармакогнозија, Фармацевтски."— Presentation transcript:

1   Растителни дроги и природни производи за третман на заболување на кожа    Проф. д-р Светлана Кулеванова Институт за фармакогнозија, Фармацевтски факултет, Скопје  

2 КОЖА Кожата претставува надворешна обвивка на човековото тело која има неколку функции што се важни за организмот: Заштита од механички и хемиски влијанија Превенција од влез на микроорганизми Превенција од губење на вода Заштита од ултравиолетово зрачење Регулација на телесната температура Екскреторна функција

3 Градба на кожа

4 Градба на кожа Епидермисот е надворешниот слој на кожата и го заштитува телото од надворешните влијанија. Има различна дебелина. Содржи меланоцити, Лангерхансови клетки (влкучени во имунолошкиот систем на кожата), Меркелови клетки (овални рецепторни клетки одговорни за распознавање на формата и текстурата на предметите) и сензорни нерви. Самиот епидермис е изграден од пет слоја кои константно се обновуваат. Stratum basale (базален слој) е највнатрешниот слој, Stratum squamosum (сквамозен слој) се наоѓа над базалниот слој, Stratum granulosum (гранулозен слој), Stratum lucidum (сјаен слој), Stratum corneum е најнадворешниот слој на епидермисот и се состои од 10 до 30 тенки слоеви од мртви кератиноцити.

5 Градба на кожа Дермисот се наоѓа под епидермисот, најдебел е од трите слоја (1,5 до 4 mm) и тој гради 90% од дебелината на кожата. Главните функции на дермисот се регулација на телесната температура и снабдување на епидермисот со хранливи материи од крвта. Голем дел од резервите на вода во организмот се наоѓаат во овој слој, а тој исто така, содржи и важни клетки и структури. Хиподермис или супкутисот е најдлабокиот слој на кожата кој се состои од мрежа на масни и на колагенски клетки. Познат е како супкутан слој (поткожно ткиво). Тој овозможува заштита на внатрешните органи од удари, ја зачувува телесната топлина, во него, исто така, можат да се најдат крвни и лимфни садови, нерви и фоликули од влакна.

6 Состојби на кожата Врз кожата може да влијаат многубројни надворешни и внатрешни фактори и притоа да предизвикаат несакани ефекти и заболувања. Појавата на инфекции и воспаленија, чешање, лезии, улцерации и изгореници, како и други трауми на кожата, може привремено да ги оштетат нејзините слоеви и да предизвикаат повеќе или помалку сериозни проблеми во зависност од нивната јачина и траење. Повредите на кожата се видливи и лесно достапни поради што може да се примени надворешен (екстерен) третман кој е побезбеден и вообичаено не предизвикува системски ефекти. Најчести индикации на кожа што се третираат со хербални препарати се: псоријаза, егзема, атопичен дерматитис, акни, себореја, изгореници и рани, херпес. 

7 ХЕРБАЛНИ ПРЕПАРАТИ Хербалните препарати имаат широк фармаколошки профил за безбедни третмани на разни дерматолошки состојби. Комбинациите со конвенционалното лекување дава поуспешни резултати во третманите на некои од заболувањата. Хербалните препарати наменети за нанесување на кожа се изработуваат во пет главни форми: кремови, масти, лосиони, пудри и облоги. Кремите и мастите за подолготрајна употреба најчесто се комбинираат со антиоксиданси и/или антимикробни конституенти. Базичната употреба на облогите и пудрите е за лекување на рани, модринки и исчашувања или изместувања.

8 Akne vulgaris (акни) Хронична инфламаторна болест на фоликулите на влакното придружени со лојни жлезди, карактеризирана со кератинозна опструкција на горниот дел на фоликулата на лојната жлезда. Се карактеризираат со кератински чепови во лојниот канал, инфламирани папили, чирови, гнојни израстоци, цисти и лузни. Се јавуваат најчесто во адолесцентниот период како резултат на андрогената стимулација на влакнено-лојните фоликули. За третман на вакви нарушувања се користат растителни суровини што содржат компоненти што дејствуваат: анти-инфламаторно, антиулцеративно, антибактериски, антиоксидативно, анти-иритативно и сл.

9 Хербални суровини за третман на акни
Латинско име Растителни делови за употреба Активни компоненти Solanum dulcamara Стебло Алкалоиди,стероидни сапонини Eucalyptus globulus Масло од листови 1,8-цинеол, α-пинен, лимонен, гераниол, камфен Viola tricolor Надземните делови Флавоноиди, фенол карбоксилна к-на, слузи, танини Melaleuca alternifolia Масло од стеблото Терпин-1-ен-4-ол

10 Егзема и дерматитис Инфламаторни заболувања на кожа што се карактеризирани со клинички симптоми што вклучуваат: пруритис , еритема, собрани папили или крвни садови, хиперкератоза. Третманот вклучува употреба на: емолиенти (редуцитаат трансдермален губиток на вода) антиинфламаторни средства, вазоконстрикторни дроги (за редуцирање на инфламација).

11 Растителни дроги за третман на егзем и псоријаза
Латинско име Растителни делови за употреба Активни компоненти Aloe spp. Листови Слузи, алоини Solanium dulcamara Стебла Алкалоиди, стероидни сапонини Matricaria recutita Цветни главички Етерично масло, флавоноиди, слузи кумарини Oenothera biennis Масло од семиња Линолна, палмитинска , олеинска и γ-линоленска к-на Calendula officinalis Цветови Тритерпенски сапонини, флавоноиди, етерично масло, тритерпенски алкохоли Melaleuca alternifolia Масло од листови Терпин-1-ен-4-ол Hamamelis virginiana Листови, кора Танини, етерични масла, флавоноиди, процијанидини

12 Psoriasis vulgaris - (псоријаза)
Псоријазата претставува инфламаторно-хиперпролиферативна кожна болест која се карактеризира со : плочести лезии кои се вообичаено црвени или розеви прекриени со бели лушпи, капиларна дилатација во дермисот, и инфламација. Секој дел од површината на кожата може да биде зафатен од лезиите, кои најчесто се појавуваат на лактовите, колената, трупот и темето. Докажано е дека псоријазата се наследува автозомално доминантно. Во третман на псоријазата се користат хербални антиинфаламаторни препарати за дерматолошка употреба од кои најприменуван е алое гел.

13 Хербален третман на инфламаторни процеси на кожата (најзначајни дроги):
Етерично масло од чајно дрво Херба од шарена темјанушка Етерично масло од еукалиптус Алое вера гел Цвет од камилица Цвет од невен Лист и кора од хамамелис Корен од чичок Лист од сладок босилок Плод и херба од витекс друго.

14 ЧАЈНО ДРВО, (Melaleuca alternifolia fam. fam.Myrtaceae)
Чајното дрво (Tea-tree) е мало дрво кое расте во Австралија. Состав: 1,8% етерично масло (ТТО), кое може да се добие со дестилација на листовите со водена пареа. Маслото содржи повеќе од 48 компоненти, главните компоненти вклучуваат терпинен-4-ол (не помалку од 30%), γ-терпинен и 1,8-цинеол не повеќе од 15%). Дејство : Антисептично, Антифунгално, Антивирусно, Антискабиентно.

15 Клиничка ефикасност: Објавени се податоци од 4 рандомизирани клинички студии. Резултатите покажале дека маслото од чајно дрво може да биде ефикасно во третман на акни и фунгални инфекции. Во една компаративна студија на 124 пациенти со акни се покажало дека маслото од чајно дрво (5% водено базиран гел за три месеци) и лосион кој содржи бензил пероксид покажуваат исто ниво на ефекасност во третманот на акни. Резултатите покажале дека двата препарати се ефикасни во третманот на акните, со тоа што бензоил пероксид значајно ја намалува замастеноста на кожата, а ТТО редуцира перутање, приритис и сувост. Научните податоци од поново време покажуваат дека употребата на ТТО има инзворедени бенефицирачки медицински ефекти и се препознава како одличен природен лек за третман на стотици бактериски и фунгални инфекции на кожа. Покрај медицинската, значајна е и козметичката употреба во рамки на деодоранти, шампони, сапуни, лосиони и други средства за чистење и за нега на кожа. Антимикробната активност е најмногу испитувана. Се должи на присуството на terpinen-4-ol. Махенизам на антимикробното дејство: донекаде познат! делумно се должи на липофилниот карактер на терпенските јаглеводородни конституенти, кои пенетрираат низ мембранскиот систем на микроорганизмите и ги попречуваат нивните витални функции. доказ за ваков механизам на дејство е добиен преку пермеабилноста на ТТО во липозомален модел систем.

16 Антиинфламаторно дејство
Бројни студии ја потврдуваат анти-инфламаторната активност на ТТО. Во последната декада испитувањата покажуваат дека ТТО афектира цел сет на имун одговор, in vitro и in vivo. Компонентите што се растворливи во вода ја инхибираат липополисахарид-индуцираната продукција на инфламаторните медијатори (tumor necrosis factor alpha - TNF-α, interleukin- 1β и IL-10, prostaglandin E2). Препарати со ТТО за третман на акни: имаат длабинско дејство , ја намалуваат секрецијата на маснотии, ги стегаат и ги прочистуваат проширените пори. дејствуваат антисептично, ги сушат постојните акни и го оневозможуваат создавањето нови. Маслото од чајно дрво се користи во производство на козметички препарати.

17 Несакани ефекти вообичаено минливи и умерени.
објавени се извештаи за контактен дерматитис после употреба на масло од чајно дрво. Ограничувачки фактор е цинеол кој со години наназад се сметаше за кожен иритант. Поради ваквите тврдења во производството на ТТО се правени напори да се минимизира неговата содржина во маслото. Поновите испитувања покажуваат дека 1,8-цинеол не е иритативен агенс. Во хемијата на ТТО е интересен фактот дека зголемени нивоа на 1,8-цинеол придонесуваат до обратно пропорционалнен удел на терпинен-4-ол, компонента што се вреднува како одговорна за антимикробната активност. Оттука станува важно, и покрај отсуство на иритативен потенцијал, содржината на 1,8-цинеолот да се намили за да се добие масло со поголема содржина на терпинен-4-ол.

18 24 November 2015 EMA/HMPC/320930/2012 Committee on Herbal Medicinal Products (HMPC): Final European Union herbal monograph on Melaleuca alternifolia (Maiden and Betch) Cheel, M. linariifolia Smith, M. dissitiflora F. Mueller and/or other species of Melaleuca, aetheroleum Traditional herbal medicinal product: Indication 1). for treatment of small superficial wounds and insect bites. Indication 2). for treatment of small boils (furuncles and mild acne). Indication 3). for the relief of itching and irritation in cases of mild athlete´s foot. Indication 4). for symptomatic treatment of minor inflammation of the oral mucosa.

19 Дозирање: маслото од чајно дрво е достапно во различни препарати:
5% гел кој се аплицира неколку пати дневно за акни и кожни инфекции, 10% крем од масло од чајно дрво за фунгални инфекции на ноктите, 40% раствор со изопропил алкохол и вода за вагинална инфекција.

20 ТЕМЈАНУШКА, (Viola tricolor fam. Violaceae)
едногодишно или повеќегодишно тревесто растение, со тенко разгрането, полегнато стебло, листовите срцевидни, назабени со добро развиени залистоци и поединечни цветови, жолто виолетови, прикачени на долги цветни дршки. Се употребува надземниот дел од растението. Состав: - салицилна киселина, етерично масло, флавоноиди (слободни и хетерозодни форми), друго: полисахариди, фенолни киселини, каротеноиди, антоцијани (од кои потекнува бојата на цветот), сапонини, околу 10 % слузи, шеќери, витамин C, малку танини и др. Дејство: Антиинфламаторно Антимикробно Violanthin Rutin

21 25 November 2010 Final Community herbal monograph on Viola tricolor L. and/or subspecies Viola arvensis Murray (Gaud) and Viola vulgaris Koch (Oborny), herba cum flore Well-established use: / Traditional use: Comminuted herbal substance as: herbal tea for oral use or infusion preparation for cutaneous use. Therapeutic indications: symptomatic treatment of mild seborrhoeic skin conditions.

22 ЕУКАЛИПТУС, (Eucalyptus globules L., Myrtaceae)
Еукалиптусите се високи зимзелени дрвја, м. Растат во Австралија а се култивираат во други области со субтропска клима, во земји околу Средоземното море, Црното море, Кавказот и други региони. Како дрога се користат листови собрани само од старите гранки и етерично масло. Главна состојка на маслото е 1,8-цинеол (еукалиптол) застапен во количини од 70-80%. Маслото содржи уште пиперидон, α-феландрен, α-пинен, миртенол, камфен и др. компоненти Дејство и употреба антисептично, антифунгално. Маслото се комбинира со други етерични масла во производство на препарати за надворешна употреба. 1,8-цинеол (еукалиптол)

23 Medicinal uses of eucalipty oil (vol.2, 2004)
Uses supported by clinical data None. Uses described in pharmacopoeias and in traditional systems of medicine Symptomatic treatment of catarrh and coughs. As a component of certain dental root canal sealers; topically as a rubefacient for treatment of rheumatic complaints. Uses described in folk medicine, not supported by experimental or clinical data Treatment of cystitis, diabetes, gastritis, kidney disease (unspecified), neuralgia, laryngitis, leukorrhoea, malaria, pimples, ringworm, sinusitis, wounds, ulcers of the skin, urethritis and vaginitis.

24

25 АЛОЕ ГЕЛ, (Aloe spp., Xanthorhoeaceae)
Механизам на дејство Активните компоненти на алое гелот се способни да пенетрираат во кожното ткиво и да инхибираат продукција на цитокини и простаноиди. Дејство и употреба – антибактериско, антифугално и антивирално дејство, – го подобрува протокот на крв, – пројавува и локално анестетично и антиинфламаторно дејство. Гелот треба да се нанесе на измиена и исушена кожа и најдобри се производите кои содржат над 95% алое. Кај лица кои се алергични на кромид, лук или лалиња, алое гелот може да предизвика алергиски реакции. Се користи за третман на акни, псоријаза, за спречување на појава на лузни, за третман на розацеа, вагинални инфекции, херпес, исипи на кожата, егземи и за намалување на брчките како последица на стареењето и др.

26 КАМИЛИЦА, (Маtricaria recutita, Asteraceae)
Дрога: цветни главички

27 Несакани ефекти/контраиндикации :
Механизам на дејство: Ин витро студии покажале дека антиинфламаторното дејство на екстракти на камилица се должи на компонентите кои го блокираат создавањето на простагландините и имаат антиоксидативен ефект поради присуството на бисабололот и апигенинот. Клиничките студии покажале позитивни резултати во третманот на егзема, кожни улцерациии и лекување на рани. Германската комисија Е препорачува употреба на камилицата при инфламација на кожата и мукозните мембрани, при бактериски инфекции на кожата и усната шуплина. Антимикробната активност се должи на синергистичкиот ефект на бисабололот, бисаболол оксид, хамазулен и дицикло етрите. Несакани ефекти/контраиндикации : препаратите на камилицата при надворешна употреба многу ретко, скоро и незначајно, предизвикуваат алергија. Не смее да се користат при иритација на очи.

28 European Union herbal monograph on Matricaria recutita L., flos
2015 European Union herbal monograph on Matricaria recutita L., flos Final Traditional herbal medicinal product used fоr: Indication 1) the symptomatic treatment of minor gastro-intestinal complaints such as bloating and minor spasms. Indication 2) the relief of symptoms of common cold. Indication 3) the treatment of minor ulcers and inflammations of the mouth and throat. Indication 4) adjuvant therapy of irritations of skin and mucosae in the anal and genital region, after serious conditions have been excluded by a medical doctor. Indication 5) the treatment of minor inflammation of the skin (sunburn), superficial wounds and small boils (furuncles).

29 НЕВЕН, (Calendula officinalis, Asteraceae)
Дрогата ја претставуваат исушени цветни главички од невен. Хемиски состав: тритерпенски сапонини (2-10%) (сапонозиди од А-F), тритерпенски алкохоли, флавоноиди (0,3-0,8%) хетерозиди на изорамнетин и кверцетин, кумарини, друго: фенолкарбонски к-ни, горчливи материи, каротеноиди, слободни или гликозидно врзани и др. Дејство и употреба: антиинфламаторно, антибактериско и фунгицидно. Сеуште не се дефинирани компонентите одговорни за ефектите на дрогата, а се претпоставува дека дејството се должи на тритерпенските алкохоли.

30 Community herbal monograph on Calendula officinalis L., flos
Цветот од невен е одобрен за употреба, за лекување на рани што споро зараснуваат и за плакнење на уста и грло. London, 8 May 2008 Final Community herbal monograph on Calendula officinalis L., flos Well-established use: нема Traditional use: предвидува употреба на хербална супстанца (цели цветови од невен) или хербална преработка (иситнет цвет од невен) за подготовка на инфуз или друга хербална подготовка за производтство на течни или полуцврсти дозирани форми за кутана или за оромукозална употреба. Индикации: а) Традиционален хербален лек за симптоматски третман на полесни инфламации на кожа (изгореници од сончање) и како помош во лекувањето на помали рани. b) Традиционален хербален лек за симптоматски третман на полесни инфламации во уста и во грло.

31 Medicinal uses (Calendulae flos)(WHO, vol.2)
Uses supported by clinical data None. Uses described in pharmacopoeias and in traditional systems of medicine External treatment of superficial cuts, minor inflammations of the skin and oral mucosa, wounds and ulcus cruris. Uses described in folk medicine, not supported by experimental or clinical data Treatment of amenorrhoea, angina, fevers, gastritis, hypotension, jaundice, rheumatism and vomiting .

32 ЧИЧОК (Arctium lappa, Asteraceae)
екстрактот од коренот на чичок поседува силно антибактериско и естрогено десјство поради што се користи во третман на различни состојби на кожа: егзем, акни, псоријаза и др. има капацитет за стимулација и тонизирање на организмот, што доведува до подобрување на изгледот на кожата, горчливите компонети на чичокот ја подобруваат дигестијата и апсорпцијата на храната, што го зајакнува телото и го прави поотпорно на инфекции. главен атрибут на чичокот е неговата детоксификационо дејство. Екстракт од чичок се користи за третман: сува кожа, кожа што се перута и создава крлушки, кожни ерупции, егзем, псоријаза, дерматитис, загноени чиреви, јачменче, и хронични акни.

33 Хемиски состав лигнани, вклучително arctigenin, glycoside arctiin, matairesinol, полиени, вклучително tridecadienetetraynes, tridecatrienetriynes, соединенија со сулфур = тиофени (арктинол, арктична киселина, арктинал и др.), фенолни киселини, амино киселини, горчливи сесквитерпени (арктиол, еудезмол), инулин, органски киселини, масни киселини, и др.

34 Дејство и употреба Чичок по својот состав и по дејството е сличен на невен. Разликата помеѓу двете дроги е во начинот на администрацијата: невен главно наоѓа примена во производство на топикални медицински и козметички препарати, чичок се користи повеќе во форма на орални препарати (чај, тинктура, течен екстракт, капсули), но и за производство на медицински масти и маски за топикален третман. Биолошка и фармаколошка активност: анти-инфламаторна, антиканцер, антимикробна, антивирална, антиоксидативна (радикал задушувачка активност).

35 Ефикасност во третманот на акни
Антибактериската, анти-инфламаторната и антиоксидативната активност на чичокот се особено значајни за ефикасен третман на акни. Резултати од испитувања ин витро покажуваат антимикробна активност врз бактеријата Propionilbacterium acnes (P. acnes) која природно се наоѓа во себумот и е одговорна за создавање на акни. Екстракт од чичок има способност да ја регулира функцијата на себоичните жлезди кои се задолжени за продукција на себумот, природното масло кое нараснува во внатрешноста на порите и доведува до карактеристичното оштетувања на кожа како последица од акни. Според определени традиционални пристапи (Кинеска традиционална медицина), акните и егземот се сметаат за симптоми на системска интоксикација. Во чистењето на организмот чичокот меѓу другото придонесува и со своето изразено диуретично дејство Зголемената елиминација од организмот ја подобрува состојбата со проблематичната кожа.

36 ВИТЕКС, Vitex agnus castus, Verbernaceae
Витекс (калуѓерски бибер) е автохтоно растение на Медитеранскиот регион. Претставува ниско дрво распространето во Европа, во Азија и во Северна Америка. Традиционално е познато како инсектицид и репелант. Има и многу широка медицинска употреба, при што се вреднува како тоничен додаток за третман на нарушувања во репродуктивниот систем кај мажот и кај жената. Се уште не се дефинирани компонентите што се одговорни за дејството, и со исклучок на агнузид за кој е застапен само во витексот, сите останати компоненти се веќе идентификувани во други растенија. Оттука се смета дека за активноста на екстрактите се одговорни сите компоненти кои дејствуваат синергистички.

37 Хемиски состав Плодот содржи:
Флавоноиди: кастицин, ориентин, изовитексин, витексин и др,. Иридоидни гликозиди: агнузид, аукубин, Етерично масло (0,8-1,6%): цинеол, сабинен, лимонен, камфен и α- и β-пинен. Цветните врвови содржат: флавоноидни C-хетерозиди, иридоиди (аукубин, агнузид, еуростозид), кетостероиди, етерично масло (0,8-1,6%) со поинаков состав (o-цимол, β-фармесцен, a- и β-пинен, цинеол, сабинен и лимонен).

38 3-Kетостероиди: во различни делови од растението се идентификувани соединенија од оваа група (прогестерон и 17-α- хидрокси прогестерон). Листови и врвни цветни гранчиња содржат дополнително и тестостерон и епитестостерон, но овие податоци бараат дополнителни истражувања и сигурна потврда на присуство на овие соединенија. Дитерпени: витекслактон, витекслактам, витекслабдин, ротундифуран и др.

39 Дејство и употреба Акните многу често се асоцирани со менструацијата. Овој тип на акни укажува на фактот дека: појавата на акните може да биде поврзана со хормонскиот дисбаланс во организмот: многу испитувања се направени врз потенцијалниот негативен импакт на андрогените хормони врз развојот на акни, покрај естроген и прогестерон. Vitex и Serenoa repens се најчесто ипотребувани растенија за третман на тн. хормонални акни. Испитувањата покажуваат дека целокупниот екстракт од витекс го зголемува нивото на прогестерон и намалува ниво на естроген, афектирајќи ги фоликуло-стимулирачкиот и лутеинизирачкиот хормон. Преку допаминергичниот механизам екстрактот ги намалува високите нивоа на пролактин во текот на менструацијата. На овој начин се објаснува ефектот на витексот во подобрувањето на состојбата при развојот на хорминалните акни.

40 ХАМАМЕЛИС, Hamamelis virginiana, Hamamelidiaceae
Состав: мешавина од танини (3-10%) вклучувајќи галотанини, полигалоил глукоза, хамамелитанин, и процијанидини. етерично масло(0,05%), флавоноиди (астагалин, мирицетин) и мали количества од сапонини. Хамамелитанин

41 Механизам на дејство адстрингентно (вазоконстрикторно) и хемостатско дејство кое потекнува од танинските компоненти. Хамамелитанините и процијанидините поседуваат антиинфламаторно дејство преку инхибиција на 5-липоксигеназа и PAF. Апликацијата на крем од листовите на хамамелис покажале ефикасност во формите на егзема и атопичен невродерматитис во подобрување на симптомите (црвенило, лупење на кожа, пруритис). Хамамелисот е подржан од Германската комисија Е за третман на: хемороиди, инфламација на кожа, венска инсуфициенција, рани и изгореници.

42 12 November 2009 Final Community herbal monograph on Hamamelis virginiana L., folium et cortex aut ramunculus destillatum Well-established use: нема! Traditional use: хербални препарати во полуцврста дозирани форми за кутана употреба и течни дозирани форми за апликација во око. Indications: a) Традиционални хербални лекови за ослободување од полесни инфламации на кожа и сувост на кожа. b) Традиционални хербални лекови за употреба при привремени дискомфорти на око што се должат на сувост на окото или неговата експозиција на дејство на ветер или сончева светлина .

43 Рани и изгореници   Третман на рани и на повреди подразбира лекување во најкраток можен рок, со најмала можна болка, непријатност и лузна. Истражувањата врз комплексната динамика на обновата на ткивата покажа дека неколку нутритивни елементи се особено важни: од витамините А, С и Е, oд минералите Zn, од аминокиселините аргинин и глутамин и од други супстанци, аминошеќерот глукозамин. Од растителните екстракти како особено значајни: во современиот третман се алое гел, готу кола и бромелаин, традиционалните третмани мед, невен и црн корен (гавез).

44 Рани и изгореници   Лекувањето рани, повреди и изгореници протекува во 4 основни фази: Иницијален васкуларен одговор на повреда, во кој доаѓа до вазоконстрикција и хемостаза. Една 5-10-минутна интензивна вазоконстрикција понатаму е проследена со активна вазодилатација и зголемена капиларна пермеабилност. Доаѓа до агрегација на тромбоцити и секреција на низа фактори на раст и цитокини кои се значајни за понатамошното заздравување и обновување на ткивото. Втора фаза е фазата на инфламација која се карактеризира со еритем, оток, топлина и болка. Фаза на пролиферација, која се карактеризира со гранулација и епителизација. Крајната фаза е ремоделирање на повредата, во која се вклучени реорганизација на новите колагенски влакна, со цел зајакнување на новото ткиво.

45

46 Calendula officinalis
Рани и изгореници   Латинско име Дел што се употребува Активни компоненти Arnica montana цветови сесквитерпенски лактони (хининалин), флавоноиди, етерично масло Centella asiatica листови и стебло тритерпенски компоненти, аминокиселини, флавоноиди, етерично масло Echinacea purpurea херба полисахариди, флавоноиди,деривати на кафена киселина Matricaria recutita цветни главички етерично масло, флавоноиди, слузи кумарини Hypericum perforatum антрахинонски деривати, флавоноиди, флороглуцински деривати Calendula officinalis тритерпенски сапонини и алкохоли, флавоноиди, етерично масло

47 Inhibition of hyaluronidase
ЕХИНАЦЕА, Ehinaceae spp., Asteraceae Механизам на дејство Поседува анти инфламаторна активност – инхибира COX и LOX ензими. Ефектот се должи на активноста на незаситени алкил-амиди. Естри на кафена киселина (Е. purpurea) поседуваат антихијалуронидазна активност и го заштитуваат колагенот од оштетувања предизвикани од супероксиди и слободните радикали. Echinacea Protection of collagen Inhibition of COX Ihhibition of LOX Inhibition of hyaluronidase Protection from damage Anti -inflamatory effect Connective tissue regeneration Wound – healing activity

48 Community herbal monograph on Echinacea purpurea L., herba recens
London, 8 May 2008 Final Community herbal monograph on Echinacea purpurea L., herba recens Well-established use: за друга намена!!! Traditional use: дозволена е употреба на хербални преработки (најчесто исцеден сок од свежо растение) во традиционални хербални лекови во полуцврста и течна дозирана форма, за апликација на кожа. Терапевтски индикации: - третман на мали површински рани.

49 КАНТАРИОН, Hypericum perforatum, Hypericaceae
Во народната медицина се користи Hyperici oleum (масло од кантарион за екстерна употреба) Маслото од кантарион се подготвува од свежо собран матријал што се става во стаклени садови најчесто во маслиново масло и се остава подолго време на сонце. Во тој период под дејство на топлината и светлината доѓа до фотолитичко разложување на некои од компонентите (хиперицин и сл. компоненти) и создавање на црвено обоените хиперфорини кои преоаѓаат во маслото. Hyperici oleum има антисептично и антиинфламторно дејство, а носители на активноста се хиперфорините и другите полифенолни компоненти. Несакни ефекти, контраиндикации – дрогата не смее да се употребува кај лица кои се пречувствителни на други видови од фамилија Hypericaceae. Чувствителни индивидуи треба да избегнуваат директно изложување на сончева светлина за време на третманот поради ризик од појава на фотосензибилизација.

50 Community herbal monograph on Hypericum perforatum L
Community herbal monograph on Hypericum perforatum L., herba (traditional use) London, 12 November 2009, Final ii) Herbal preparations A) Dry extract (DER 4-7:1), extraction solvent ethanol 38% (m/m) B) Liquid extract (DER 1:4-20), extraction solvent vegetable oil C) Liquid extract (DER 1: 13), extraction solvent maize oil or other suitable vegetable oil D) Tincture (Ratio of herbal substance to extraction solvent 1:10), extraction solvent ethanol 45-50% (v/v) E) Tincture (Ratio of herbal substance to extraction solvent 1:5), extraction solvent ethanol 50% (v/v) F) Liquid extract (DER 1:2), extraction solvent ethanol 50% (v/v) G) Liquid extract (DER 1:5-7), extraction solvent ethanol 50% (v/v) H) Expressed juice from the fresh herb (DER :1) I) Comminuted herbal substance J) Powdered herbal substance

51 Traditional use Comminuted herbal substance as herbal tea for oral use. Herbal preparations A, J in solid dosage forms for oral use. Herbal preparations C, D, E, F, G, H in liquid dosage forms for oral use. Herbal preparations B, D, E, I in liquid or semisolid dosage forms for cutaneous use. Therapeutic indications Indication 1 Herbal substance, herbal preparations A, C, D, E, F, G, H, I, J: Traditional herbal medicinal product for the relief of temporary mental exhaustion. Indication 2 Herbal preparations B, D, E, I: Traditional herbal medicinal product for the symptomatic treatment of minor inflammations of the skin (such as sunburn) and as an aid in healing of minor wounds. Indication 3 Herbal preparation I: Traditional herbal medicinal product for the symptomatic relief of mild gastrointestinal discomfort. The product is a traditional herbal medicinal product for use in specified indications exclusively based upon long-standin

52 АРИНКА, Arnica montana, Asteraceae
Дрогата преставува исушени цветни главички од растението арника. Германската фармакопеа дозволува употреба на цветни главички и од видот Arnica chamissonis subsp. foliosa. Хемиски состав сесквитерпенски лактони од псевдогвајолиден тип. Најзначајни компоненти од цветовите на А. montana се хеленалин и дихирохеленалин и нивни естри со оцетна, изобутерна, тиглинска и други киселини. поголемо количество каратеноиди од кои потекнува портокаловата боја на цветовите, околу 0,5 % етерично масло со густа конзистенција, тритерпеноиди, фитостероли, масни киселини, полисхариди, фенолни киселини, кумарини и полиалкини.

53 Несакани ефекти/Контраиндикации:
Механизам на дејство Арниката поседува антиинфламаторно и антимикробно дејство. Антиинфламаторната активност се должи на инхибиторното дејство на неутрофилните клетки и инхибиција на лизозомалната ензимска активност во неутрофилите. Во високи концетрации може да се појави и инхибиција на циклооксигеназата. Германската комисија Е ја одобрува употребата на цветот од арника за третмани на хематоми, изгореници, контузии и други инфламации на кожа. Несакани ефекти/Контраиндикации: надворешно предизвикува алергии или иритантен контактен дерматитис. Дозирање: Традиционално се употребува како тинктура (1:5, 45 % апликација од 2-4 ml). Маслото од арника се добива со мацерација на дел од цветовите во 5 дела на растително масло. Облога се подготвува од 2-3 g арника се попаруваат со 150 ml вода и се остава да отстои 10 мин.

54 ГОТУ КОЛА, Centella asiatica, fam. Apiaceae
Од растението се користат листовите. Содржат тритерпенски компоненти азијатска и мадекаска киселина и нивните деривати азијатикозид и мадеказозид, аминокиселини, флавоноиди и траги од етерично масло. Дејство и употреба: доведува до забрзано заздравување рани и ја зголемува и синтезата на колагенот со што се фаворизира епителизацијата. Се верува дека за дејството се одговорни тритерпенските компоненти. Според монографијата на СЗО, дрогата се употребува при состојби на кожата како рани, изгореници, појава на чиреви и превенција од формирање лузни. Екстрактот од растението се употребува во третман на изгореници од втор и од трет степен, како и за побрзо заздравување постхируршки и посттрауматски рани. Несакани ефекти: чувство на печење, а во ретки случаи алергиски реакции.

55 БРОМЕЛАИН, Ananas comosus, fam. Bromeliaceae
Бромелаинот е смеса од протеолитички ензими коишто се наоѓаат во ананасот (Ananas comosus (L.) Merr. fam. Bromeliaceae). Се добива од гранчињата и од сокот од плодот на ананас. Германската комисија Е го одобрува користењето на овој природен производ за третман на отоци и на инфламации на кожа. Механизам на дејство и клиничка ефикасност: Бромелаин е ефикасен антиинфламаторен и фибринолитички агенс. Спречува ширење на коагулацијата и може да се користи за третман на артритис. Овозможува елиминација на лузните предизвикани од изгореници (втор и трет степен) и го забрзува нивното заздравување. Се користи за третман на мускулно скелетни повреди, инфламации и оперативни трауми на кожата. Може да се користи и при каснувања од инсекти, дисменореја, дијареја, инфекции на респираторниот тракт и др. Ефикасен е по орална администрација. Безбеден е и не развива несакани ефекти.


Download ppt "  Растителни дроги и природни производи за третман на заболување на кожа    Проф. д-р Светлана Кулеванова Институт за фармакогнозија, Фармацевтски."

Similar presentations


Ads by Google