Presentation is loading. Please wait.

Presentation is loading. Please wait.

Проф. д-р Хрисула Кипријановска

Similar presentations


Presentation on theme: "Проф. д-р Хрисула Кипријановска"— Presentation transcript:

1 Проф. д-р Хрисула Кипријановска
ДПП (Добра Пчеларска Пракса) - предуслов за производство на квалитетни пчелни производи Проф. д-р Хрисула Кипријановска Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје

2 Што е квалитет на земјоделски производи?
Што е квалитет на земјоделски производи? -Збир на оние нивnи својства со кои тие ги задоволуваат потребите, склоностите, вкусовите и навиките на потрошувачите. -Биолошки квалитет на земјоделските производи е нивното својство наполно да ги задоволат заштитните физиолошки потреби на луѓето, а при тоа да не содржат ништо кое би можело на некој начин да им наштети. -При оценката на квалитетот на земјоделските производи најголемо внимание им се посветува на нивните надворешни особини, особено привлечноста, која не е секогаш од битно значење за нивната употребна вредност, но е многу важна за придобивање на потрошувачите и нивното мотивирање да купат.

3 Обезбедување и контрола на квалитетот на земјоделските производи
-Квалитетот на земјоделските производи треба да биде зачуван од моментот кога ќе бидат произведени се додека стигнат до крајните потрошувачи, чие неприкосновено право е беспрекорен производ (од нива/фарма до трпеза). За да се овозможи тоа се воведуваат норми или стандарди со кои се пропишуваат поедини својства и карактеристики кои треба да ги поседуваат производите , при што:

4 Обезбедување и контрола на квалитетот на земјоделските производи
-Обезбедување на добивање производи со определен квалитет се постигнува со дефинирање на постапките во процесот на нивното производство, пакување, транспорт, чување и т.н (добра земјоделска пракса). -Со контрола на квалитетот на производите се утврдува дали производот ги задржал или изгубил пропишаните својства, при што се користат физичко-хемиски, органолептички и микробиолошки анализи.

5 Квалитет на мед . Потрошувачите сакаат: -течен (не кристализиран) -автентичен (чист) мед а не помешан со други засладувачи -ароматичен, со добар вкус -безбеден (без резидуи од антибиотици и пестициди) Затоа квалитетот на медот треба да биде дефиниран

6 Кој го дефинира квалитетот на медот?
-Codex Alimentarius Standard , Rev.1 (1987), Rev.2 (2001), регулатива донесена од мешовита Комисија од Светската организација за храна (FAO) и Светската здраствена организација (WHO). -New Honey Directive 2002/110 of EU (2001), регулатива донесена од Интернационалната комисија за мед која е формирана во 1990 година - International Honey Commission (1990). Врз основа на овие две регулативи многу земји имаат изработено свои национални стандарди, со мали разлики во дозволените максимални и минимални вредности на пропишаните критериуми.

7 Codex Alimentarius Standard 12-1981 /New Honey Directive 2002/110
Annex I Дефиниција Медот е густа, слатка, сирупеста или кристализирана материја, со бледо-жолта до темнокафена боја, специфичен мирис и вкус, произведена од медоносните пчели. Пчелите го произведуваат медот така што собираат сокови од цветови или други слатки сокови кои се наоѓаат на живите делови од растенијата, ги збогатуваат со материи од своето тело, во телото ги преработуваат, ги складираат во восочните сотови и ги оставаат да зреат.

8 Annex II – Критериуми за состав на медот
Во состав на медот со најголем процент влегуваат шеќерите (главно фруктоза и гликоза) и водата.....во останатите 5% учествуваат протеини, аминокиселини, ензими, витамини....досега вкупно се идентификувани 180 состојки.....ниедна друга состојка не смее да се додава во медот

9 Annex II – Критериуми за состав на медот
Медот што се пушта во промет мора ди ги задоволува пропишаните критериуми во однос на: 1.Содржина на шеќери 1.1. Содржина на фруктоза и гликоза (сума од двете) 1.2 Содржина на сахароза 2. Содржина на вода 3. Содржина на материи нерастворливи во вода 4. Електроспроводливост 5. Слободни киселини 6. Активност на ензимот дијастаза и содржина на хидроксиметилфурфурол

10 Останати регулативи за квалитетот на медот
Како производ од анимално потекло наменет за човечка исхрана,медот мора да биде произведен во согласност со основните барања за хигиена на храна од анимално потекло, за максимално дозволеното ниво на резидуи од контаминатори, како што се тешките метали, пестицидите и ветеринарните лекови). Овие барања се регулирани со : Council and Parliament Regulations 852/04, 853/04 and 854/04 (Hygiene) Regulation 396/05 amended by 149/2008 (Pesticides) Regulation 470/2009 (Residues of pharmaceutical active substances) Regulation 178/02 (Food Safety)

11 Останати регулативи за квалитетот на медот
За земјите што не се членки на EU важи уште една регулатива која предвидува мониторинг на состојбата со употреба на лекови во пчеларството: Directive 96/23/EC (Monitoring Programme), а за да тие земји можат да се вклучат на европскиот пазар треба да ги има на листата на трети земји Decision 2010/327/EC (List of Third Countries).

12 Што треба пчеларите да прават за да произведуваат квалитетен мед
Што треба пчеларите да прават за да произведуваат квалитетен мед Да применуваат ДПП (Добра Пчеларска Пракса) И ДХП (Добра Хигиенска Пракса)

13 Што се ДПП и ДХП? - тие се дел од општата земјоделска пракса која е збир на правила и упатства кои треба да се почитуваат во текот на производниот процес (во пчеларникот и во просториите за центрифугирање на медот), и подразбира повисок степен на одговорност и совесност на производителите (пчеларите). Која е целта на ДПП и ДХП? - да осигураат добивање на квалитетен и здравствено безбеден производ. Непочитувањето на ДПП и ДХП може да доведе до присуство на контаминатори во медот што претставува значаен фактор за намалување на квалитетот и безбедноста на медот. Изворите на контаминатори кои може да се најдат во медот може да се поделат во две групи – оние кои доаѓаат од животната средина и од пчеларниците (технологијата на пчеларење.).

14 Извори на контаминатори
Животна средина Технологија на пчеларење Тешки метали Антибиотици и акарициди Радиоактивни елементи Инсектициди Пестициди Репеленти Микроорганизми Средства за заштита на дрво ГМО Растенија, воздух вода

15 Истражувања насочени кон испитување на нивото на резидуи од пестициди:
Истражувања насочени кон испитување на нивото на резидуи од пестициди: 1. Истражување спроведено од Универзитетот Riverside од Калофорнија, за присуството на резидуи од пестициди во пчелни производи: Во анализирани 108 примероци на полен и 88 примероци на восок утврдено е присуство на : -26 инсектициди; 14 фунгициди; 6 хербициди и 6 метаболити од инсектициди По примерок се утврдени и до 17 различни пестициди -Пронајдени се пестициди од сите главни класи: хлорирани хидрокарбонати, органофосфати, карбамати, пиретроиди, неоникотини, регулатори на растот кај инсекти од кои најчест е Имидаклоприд – инсектицид од класата на неоникотините, кој е регистриран во 1991 година, а е активна материја на повеќе од 300 производи од кои најчесто во агрокомплекот се употребуваат Admire, Confidor, Gaucho, Premier, Premise, Provado, и Marathon.

16 Производителот (Bayer) на производи со активна материја Имидаклоприд наведува дека LD50 за возрасни пчели е 192 ppb, и дека во нектарот/поленот од третиран сончоглед и маслодајна репа е пронајдено <10 ppb, додека истражувачите од Riverside-универзитетот во нектар од третиран еукалиптус, кој е главен извор за зимска храна за пчелите во Калифорнија, утврдиле 550 ppb. Со истото истражување тие утврдиле промена во однесувањето кај пчелите кои примиле сируп во кој концентрацијата на имидаклоприд е 2-3 ppb. -Пронајдени се и средства за заштита од Varroa destructor, при што преовладувал Флувалинатот и Кумафосот кои се најдени во 71 % и 59 % од примероците од полен и во 100 % во примероците од восок. 2. Повеќе истражувања во Германија, Франција, Австрија, Словенија во примероци од пчелни производи (најчесто во полен) утврдиле присуство на Clothianidin, исто така инсектицид од класата неоникотини, познат под комерцијалните називи -Poncho, Prosper, и Votivo, кој освен што ги контаминира пчелните производи делува и на нервниот систем на пчелите и предизвикува промени во нивното однесување.

17 Принципи на ДПП 1. Избор на локација на пчеларникот
соодветна пчелна паша во однос на бројот на пчелни семејства пристап до вода, полен и нектар подалеку од патишта, железница, пешачки патеки, живеалишта и интензивни комерцијални активности (фабрики,погони) области без природни ризици за поплавување, да се избегнуваат стрмни терени и депресии каде има чести магли

18 2. Уредување на пчеларникот
•Добро е пчеларникот да биде заграден Да се избегнува поставување на пчелните живеалишта во долги редови (не повеќе од 10 во низа), растојание меѓу редови најмалку 2 m (оптимално 5 m), а помеѓу нив најмалку 1,2 m Пчелните живеалишта да бидат поставени така да добиваат доволно утринска светлина и топлина, но да бидат заштитени од пладневното сонце (шарена сенка) Подигнати најмалку 40 cm од земја Доколку во близина нема достап на чиста вода, навремено поставување на поила и нивно редовно контролирање

19 3. Хигиена при работата со пчели
Дозволена е употреба на пчелни живеалишта (тела и рамки) од природен материјал (дрво). Дзволена е употреба на средства за заштита на дрвото (лакови, бои) само за надворешната страна. Ако кошниците се изградени од вештачки материјал (пластика, стиропор и сл.) тие треба да бидат дозволени за употреба во прехранбената индустрија. Жицата за фиксирање на сотните основи може да биде поцинкувана или да е од нерѓосувачки материјал (прохром или инокс жица). Пчеларскиот нож, дималката и другиот алат кој се користи за работа со пчелите да се од материјал кои овозможува нивно лесно чистење и дезинфекција.

20 3. Хигиена при работата со пчели
За смирување на пчелите во дималката дозволено е употреба ба растителен материјал, како на пр. Габата труд (Fomes fomentarius), струготина, остатоци од пченка и др. Забранета е употреба на материјали од синтетичко потекло кои можат да ја загрозат здраствената исправност на пчелните производи (син.ткаенини, нафта, хепо коцки за потпалување и др.). При прегледите на пчелните семејства редовно да ги отстранува рамките со старо, темно, деформирани и оштетено саќе (најмалку ¼ годишно). Редовна контрола на симптоми на болести и штетници

21 3. Хигиена при работата со пчели
При прегледите на пчелните семејства користење на сад за отпадоци или материјал кој е отстранет, на пр. прополис, мртви пчели Користење кофа за дезинфекција на користени алатки и опрема после секое прегледано семејство Соодветно чување на опремата после користење

22 4. Лична хигиена на пчеларот
Избегнување на носење шарена, црна и облека од дебели материјали Облеката треба да биде чиста (најдобро бела ) Задолжително носење на заштитна капа Обувките пожелно е да се високи (заштита од убоди на пчели но и од змии) и редовно да се чистат за да се избегне внесување на фекална или органска материја Избегнување на употреба на парфеми при работа со пчели, други јаки мириси од храна Чисти раце (опрема за миење, чиста вода и неутрален сапун) Избегнување кивање и кашлање над отворена кошницата

23 5. Прихранување на пчелите
Дозволено е прихранување заради стимулирање на матицата во пролет и есен и поради потреба (спречување на глад) Не е дозволено прихранување кога се поставени медиштата Течната храна се подготвува со чиста вода и во хигиенски услови Течната храна се поставува во исчистена и дезинфицирана хранилка Се додава оптимална доза која пчелите ќе ја преработат пред да се создадат услови истата да ферментира Ако се припрема цврста храна (погачи) со мед задолжително треба да се користи свој мед или мед со познато потекло

24 6. Здравствена заштита на пчелите
Јаки пчелни семејства (квалитетна храна, млада матица, автохтони пчели) Задолжителен контролен преглед на пролет и на есен Рано откривање на болестите Задолжително пријавување кај овластен ветеринар Употреба на лекови според препорака од ветеринар, количина и динамика на употреба според упатството! ЗАБРАНЕТА УПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИ ЗА ПРЕВЕНТИВА И ЛЕКУВАЊЕ!!!

25 7.Технолошки постапки за добивање и преработка на медот
Вадење на мед само од рамки кои имаат повеќе од 2/3 запечатени ќелии (мед со помалку од 20 % вода). Не е дозволено вадење на мед од рамки од плодиште, како ни од рамки од медиште на кои има присутно легло (неправилно користење на матична решетка). При вадење на рамките од медиште се препорачува користење на бежалица за отстранување на пчелите (забрането е да с е употребуваат репеленти заради можноста од контаминација и нарушување на вкусот, мирисот и бојата на медот.

26 7.Технолошки постапки за добивање и преработка на медот
При транспортот на медишните рамки од пчеларникот до просторијата за центрифугирање се преземаат соодветни мерки за хигиена за да се спречи контаминација на медот (високо ниво на лична хигиена на пчеларот, забранет е директен контакт на рамките со подот на транспортноот средство, медиштата се редат едно врз друго а последното се поклопува со капакот од кошницата, во транспортноот средство не треба да има други производи кои можат да го контаминираат медот и сл. ). Транспортот треба да се изврши во најкраток можен рок, без непотребно задржување на пчеларникот и изложување на високи температури (расте содржината на HMF во медот).

27 7.Технолошки постапки за добивање и преработка на медот
Пред да се започне со постапките за центрифугирање на медот, просторијата во која тоа ќе се врши (посебно ако не е наменета само за таа цел) треба дпбро да се проветри и да се отстранат од неа сите материи и производи кои можат да го променат мирисот на медот. Опремата која ќе се користи при работата (отпечатувачи на саќето-пчеларски вилушки, ножеви, садови за отклопување, садови за восочно-медните капачиња, центрифугите, ситата, кантите за мед и др.) треба да биде чиста, сува , здрава (не смее да е напукната, рќосана и сл.) пред почетокот на работата..

28 7.Технолошки постапки за добивање и преработка на медот
Грубите примеси (парчиња од восок, пчели и др.) се отстрануваат со двојна цедалка која се става под славината на центрифугата. Првично прочистениот мед се префрла потоа преку погусти цедалки во садови за таложење каде треба да се остави неколку дена, во чиста и проветрена просторија на температура од 300С, за да се изврши негово конечно прочистување. За ова време сите честички (мали честички од восок, кои се полесни од медот, како и воздухот кој продрел во медот при центрифугирањето во форма на меурчиња, ќе испливаат на површината од садот. Примесите кои испливуваат на површината создаваат пена која внимателно треба да се отстрани.

29 7.Технолошки постапки за добивање и преработка на медот
Медот се чува во амбалажа со голема зафатнина, се препорачува Inox материјал, а ако користат корозивни материјали, истите треба да бидат обложени со материјал отпорен на нагризувачкото дејство на киселините (ако се користат бел лим или бакар, истите треба да бидат обложени со калај). За долготрајно чување на медот не се препорачуваат пластични садови . Медот наменет за крајните потрошувачи се пакува во мали садови направени од материјал врз кој не делуваат киселините кои ги содржи медот, лесно и брзо се чистат, медот лесно се вади од нив, погодни за транспорт, складирање и преместување (стакло, керамика, пластика). Ако има потреба при пакувањето да се загрее t<40. .

30 7.Технолошки постапки за добивање и преработка на медот
Препорачлива температура на која треба да се чува медот е околу 10 0C, на температура од 11 до 21 0C се поттикнува кристализацијата, на температура од 21 до 27 0C кристализацијата повторно се намалува, меѓутоа на овие температури значително се влошува квалитетот на медот (се деградираат некои од состојките, и се создаваат нови соединенија кои го расипуваат вкусот и мирисот на медот). Релативната влага во просторијата каде што се чува медот треба да биде околу 60 %. Бидејќи медот е хигроскопичен треба да се чува во чисти и суви простории - во нив да не се чуваат производи кои испуштаат влага - овошје, зеленчук и др. како и производи кои испуштаат јаки и остри миризби (кромид, лук, кисела зелка, нафта, минерални масла, нафталин и др.).

31 Производство на мед според принципите на ДПП, без употреба на токсични хемикалии е гаранција за добар, природен, чист мед, каков што потрошувачите сакаат да купат.

32 Ви благодарам на вниманието!


Download ppt "Проф. д-р Хрисула Кипријановска"

Similar presentations


Ads by Google