Download presentation
Presentation is loading. Please wait.
Published byΞενοκράτης Βασιλεύς Μέλιοι Modified over 6 years ago
1
Пешачење Пешачењето е основен вид на транспорт
Секое патување барем во еден дел вклучува пешачење Пешачењето е вид на превоз кој со илјадници години го овозможувал функционирањето на населбите и градовите Најголем дел од историјата тој бил доминантен вид на превоз
2
Пешачење Денес: Генерално со употребата на механизирани средства уделот на пешачењето опаѓа Во неразвиените земји, сиромашните мораат да пешачат значајни растојанија за секојдневен живот – за пешачењето се губи енергија која е во недостаток Во развиените земји, се повеќе пешачењето е рекреација, здравје – справите во вежбалните го имитираат пешачењето
3
Пешачење Негативен тренд на процент на патувања на работа со пешачење во САД percent percent percent percent percent
4
Пешачење Некои карактеристики на пешачењето низ историјата
Во стариот век, тесни улици, мали градови, движење пеш и со добиток За прв пат, во некои развиени стари градови во Месопотанија и Рим, во административните центри на градовите се појавуваат поплочени патеки Во Рим прв пат поплочени тротоари по страните за пристап до објектите
5
Пешачење-градови од римска империја
6
Пешачење Некои карактеристики на пешачењето низ историјата
Во средниот век и ренесансата се губи праксата на градење тротоари Улиците се прашливи, калливи, со многу отпад, често по нив течела отпадна вода со измет од луѓе и животни Повторно се градат тротоари во втората половина на 18 век Тогаш главната намена на тротоарот била да ги заштити пешаците од нараснатиот сообраќај со коњски запреги
7
Пешачење Некои карактеристики на пешачењето низ историјата
И покрај присуството на тротоари, состојбата била ужасна – многу отпад, канализација, за време на дожд улиците прекриени со вода, а пешаците прскани со кал од колите кои поминувале
8
Пешачење – улица во средновековен град
Некои карактеристики на пешачењето низ историјата
9
Пешачење Некои карактеристики на пешачењето низ историјата
Во 19, а особено во 20 век се појавуваат повеќе форми кои го олеснуваат пешачкиот сообраќај Аркади Галерии Булевари со пешачки патеки и тротоари Градски супер блокови Шопинг центри Смирување на сообраќајот
10
Пешачење Аркада Издадени објекти попрени со столбови кои создаваат заштитен простор за пешаците
11
Пешачење Галерија Покриен премин само за пешаци – често по страната со трговски објекти
12
Пешачење Галерија Галерија Виторио Емануел Милано
Покриен премин само за пешаци – често по страната со трговки објекти
13
Пешачење Пешачки патеки и тротоари Галерија
Покриен премин само за пешаци – често по страната со трговки објекти
14
Пешачење Градски стамбени блокови како издвоени пешачки зони
15
Пешачење Шопинг молови
16
Пешачење Смирување на сообраќај
17
Пешачење Видови на пешачење Брзо одење Одење без брзање
Движење заради разонода
18
Пешачење Видови на пешачење Брзо одење
Брзо и најефикасно движење од точка А до точка Б. Нема попатно задржување, разгледување, уживање во околината Движење по најкуса можна патека Малку и се потрчнува, се туркаат другите луѓе настрана Пример одење на работа и да желба да се стигне навреме
19
Пешачење Видови на пешачење Брзо одење
За сообраќајните планери ова пешачење лесно се предвидува: Трасите се извори и цели на патувања, патеките се најкусите патеки, обемот зависи од продукцијата и атракцијата на изворните и целните точки, брзината е предвидлива
20
Пешачење Видови на пешачење Одење без брзање
Се уште постои движење од точка А до точка Б Но не постои потреба за брзање Можни се попатни задржувања и промени на трасите во зависност од атрактивноста на објектите, временските прилики, времето на располагање
21
Пешачење Видови на пешачење Одење без брзање
Овој тип на движење е потежок за планирање, нивото на предвидливост е намалена Можно е отстапување од трасата, варирање на времето на патување од А до Б, со тоа и потешко се одредуваат пешачките токови
22
Пешачење Видови на пешачење Движење заради разонода
Луѓето понекогаш се движат по градските улици заради разонода, да се сретнат со некого, да седнат некаде на кафе или на ручек, да уживаат во околината (паркови, музеи, трговски улици, историски споменици) особено кога е убаво времето и за време на неработни денови.
23
Пешачење Видови на пешачење Движење заради разонода
Овие движења се прилично непредвидливи во смисла на патеката на движење, времето на движење Но, се предвидливи во смисла на градски зони на атракција каде најмногу се концентрирани ваквите движења (паркови, историски делови од градот, пешачки зони со содржини како ресторани, кафулина, трговија итн. )
24
Пешачење Причини за подршка на пешачењето ЕКОНОМИЈА
Пешачењето е најефтин вид на превоз Самите тротоари и патеки исто така чинат малку во споредба со трошоците за изградба на целиот профил на улицата Носивоста на тротоарите е мала, па не мора да се употребуваат поскапи градежни техники и матерјали „Трошоците за експлоатација“ овде се трошоците за обувки кои луѓето сами ги купуваат
25
Пешачење Причини за подршка на пешачењето ЕКОНОМИЈА
Во однос на потрошена енергија пешачењето е еден од најекономичните видови на превоз Човек од 70 кг при брзо одење за време од 1 час троши околу 280 калории При бавно одење се троши половина од тоа При качување на скали се удвојува потрошувачката на енергија во споредба со нормално одење
26
Пешачење Причини за подршка на пешачењето ЕКОНОМИЈА
27
Пешачење Причини за подршка на пешачењето ЗДРАВЈЕ
На денешниот човек му недостасува движење, поради што доаѓа до низа на здравствени проблеми Денес, пешачењето се промовира и како здрав начин на живеење, но урбаните планери мора да планираат урбани средини погодни за пешачење
28
Пешачење ЗДРАВЈЕ
29
Пешачење Причини за подршка на пешачење ДОСТАПНОСТ
Нема чекање на градски превоз или влегување во возило или барање такси Пешачењето е секогаш достапно и можно Во поново време во многу градови и земји се води сметка за создавање на услови за движење и на луѓе со посебни потреби
30
Пешачење Причини за подршка на пешачење СВЕСНОСТ
Пешакот е во директен контакт со околината Пешачењето е скоро автоматски и не бара посебно внимавање на препреки и на околината При пешачењето може да се ужива во околината или да се размислува за нешто друго
31
Пешачење Причини за потреба за внимателност РАСТОЈАНИЕ
Пешачењето не погодно за подолги растојанија За сообраќајните планери се интересни следниве истражувања: Колкаво растојание прифаќаат луѓето да пешачат (за цело патување само пеш) Колкаво растојание се прифаќа за пешачење од/до паркинг Колкаво растојание се прифаќа за пешачење до стојалиште на ЈГПП
32
Пешачење Причини за потреба за внимателност РАСТОЈАНИЕ
Колкаво растојание прифаќаат луѓето да пешачат (за цело патување само пеш) Зависи од целите на патување (работа, купување, рекреација) Од временските услови Од стандардот (примања, расположливост на автомобил)
33
Пешачење Причини за потреба за внимателност РАСТОЈАНИЕ
Колкаво растојание се прифаќа за пешачење од/до паркинг Некои од 50 – 80 м (кај нас!) Зависно од расположивоста на паркинг, цената за паркирање, целите на патувањето
34
Пешачење Причини за потреба за внимателност РАСТОЈАНИЕ
Колкаво растојание се прифаќа за пешачење до стојалиште на ЈГПП Зависи од целите на патувањето Видот на ЈГПП Според некои испитувања се прифаќа 400 до 500 м пешачење. Над 900 м опаѓа под 10% прифатливост
35
Пешачење до ЈГПП Сиднеј
36
Пешачење Причини за потреба за внимателност БРЗИНА
Луѓето не се многу брзи Нормални брзини на пешачење со 3,5 до 5,5 км/час Со брзината е врзано растојанието кое може да се помине за дадено време
37
Пешачење Причини за потреба за внимателност БРЗИНА
Причини за потреба за внимателност БРЗИНА Distances That Can Be Traveled in 30 Minutes km Pedestrian walking leisurely 2,4 Pedestrian walking briskly 3,2 Race walker 7,2 Jogger 4,8 Bicycle at normal pace 8 Bicycle in 1-h race 24 Local bus in dense city traffic Bus on suburban streets 13 Express bus (suburb to central business district) Streetcar in mixed traffic 6,4 Light rail service Subway in regular service 19,5 Commuter rail in regular service 29 Regional express train 35,4 Metroliner 72,5 French TGV (train à grande vitesse) 130 Private car in a badly congested city district 1,6 Private car moving at normal urban speed limit 19,3 Private car on an expressway at 69 km/h 34,5 Indianapolis 500 race car 145
38
Пешачење Причини за потреба за внимателност ПРОМЕНА НА НИВОТО
Луѓето покажуваат отпор кога треба да се искачуваат по скали или на нагорнина Сообраќајните инженери треба да внимаваат ако планираат подвозници или надвозници Во тој случај треба да се обезбедат подвижни скали - ескалатори
39
Пешачење Причини за потреба за внимателност ВРЕМЕНСКИ ПРИЛИКИ
Лошите временски прилики (дожд, снег, ветар, многу студено време, многу топло време) многу влијаат врз одлука за пешачење Затоа во некои градови подземни или заштитени пешачки мрежи се многу успешни Помагаат и делумно заштитени отворени простори (аркади, дрвореди, галерии)
40
Пешачење Причини за потреба за внимателност НОСЕЊЕ НА ТОРБИ
На одлуката за пешачење влијае дали чoвекот треба да понесе товар (торби, куфери, пакети, кеси, количка за бебе итн.) Мала чанта или акт ташна не е проблем, но потешки работи директно го лимитираат одењето пеш
41
Пешачење Причини за потреба за внимателност ЛУЃЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
Еден процент од населението има физички им телесни проблеми кои го отежнуваат пешачењето Денес во голем број градови се води сметка да се проектира за да им се олесни движењето
42
Пешачење Причини за потреба за внимателност
БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ И ОД КРИМИНАЛ Безбедноста на пешаците во сообраќајот е голем проблем – пешаците се многу ранливи Многу загинати и повредени – виновни и возачи и пешаци Посебно загрозени децата Критични –преминувања преку коловоз Особено опасни улици кои немаат тротоари
43
Пешачење Причини за потреба за внимателност
БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ И ОД КРИМИНАЛ Безбедноста на пешаците од криминал – многу важна Особено ноќе, на осамени места, во метро станици Потребно е да се планираат и одржуваат тротоарите и патеките, добро да се осветлени, добра прегледност на сите страни, да има присуство од полиција
44
Пешачење Градење на пешачка инфраструктура
Пешачењето е основен вид на превоз и МОРА да се проектира соодветна пешачка инфраструктура која ќе обезбеди пристап со пешачење насекаде на градот. Таму каде има поголеми токови на пешаци – посебни додатни проектни решенија Дел од одржлив урбан транспортен систем
45
Пешачење Компоненти на пешачка инфраструктура ТРОТОАРИ И ПАТЕКИ
Тротоари – од двете или една страна на коловоз Широки најмалку 1,5 м, но на поголеми улици најмалку 2,5 м а во зони со интензивни пешачки токови 4,5 и повеќе м. Обично сместени директно покрај коловоз Во поново време се прави разделен појас со дрворед, зелен појас итн. што претставува подобра заштита за пешаците
46
Пешачење Компоненти на пешачка инфраструктура ТРОТОАРИ И ПАТЕКИ
Движењето на пешаците често е попречувано со столбови за ламби, сообраќајни знаци, хидранти, поштенски сандучиња, дрва, маси и столици од кафулина и ресторани Важно да се сочува доволно слободна ширина за движење на пешаците
47
Пешачење Улица со интензивни активности на тротоарот
48
Пешачење Улица со нормални активности
49
Пешачење Улица во предградие збогатена со повеќе елементи
50
Пешачење Според наш Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање: „Пешачки улици и патеки се површини наменети за движење на пешаци и при нивно планирање треба да се води сметка тие да можат да послужат за движење на интервентни возила“
51
Пешачење Според наш Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање: Површините за движење на пешаците кои се планираат во урбанистичките планови и тоа тротоари, пешачки улици, пешачки патеки и плоштади каде што карактеристиките на теренот тоа го дозволуваат, треба да се со континуирана нивелета без скалести денивелации со подолжен наклон од најмногу 8,33%. (2) Доколку јавните пешачки површини се на терен со големи висински разлики кои мораат да се совладаат со скали, со урбанистички план и урбанистичко планска документација треба да се предвиди алтернативна врска со рампа со максимален пад од 8,33% или во однос 1:12.
52
Пешачење Според наш Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање: Член 77 (1) При планирањето на елементите на уличната мрежа во урбанистичкиот план треба да се предвидуваат рампи на секој пешачки премин за совладување на денивелацијата помеѓу тротоарот и коловозот. (2) Минималната широчина на рампата од став (1) на овој член треба да е 1 м, а оптималната широчина треба да е 1,80 м. (3) Најголемиот наклон на рампата од став (1) на овој член е 20% или во однос (1:5), а оптималниот наклон треба да е 8,33% или во однос (1:12).
53
Пешачење Според наш Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање: Член 78 Постојаната и времената урбана опрема на јавните пешачки површини не треба да претставува архитектонска бариера и да го попречува или отежнува сообраќајот на пешаците, а особено на лица со инвалидност со колички.
54
Пешачење Според наш Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање: (5) Најмалата широчина на пешачката патека треба да е 1,50 м. (6) Најмалата широчина на тротоарите од примарната мрежа, освен за магистрална улица низ населено место -село треба да изнесува 2,00м, додека најмалата широчина на тротоарите за магистрална улица низ населено место - село и за улиците од секундарната мрежа треба да изнесува 1,50 м. „Минимална ширина на пешачка улица треба да е 4 м“
55
Пешачење Според наш Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање: „Интегрирана сообраќајна површина е површина наменета за движење на возила, пешаци, велосипеди и др. со: брзина до 20 км/час и максимална должина од 120 метри, преку која може да се обезбеди директен пристап до внатрешните градежни парцели во блокот во случаите кога се работи за густо изграден градежен фонд во амбиентални целини.“
56
Пешачење Планирање на намена на земјиште и пешачење
Урбанистичкото планирање и планирањето на земјиштето многу влијае на креирањето на околина погодна за пешачење! Урбанистичкото планирање треба да го охрабрува пешачењето преку обезбедување на безбедни пешачки површини и лесен пристап до станови, продавници, училишта и сите други функции на градот. Планирањето на хиерархија на центри кои обезбедуваат широк спектар на услуги на пешачко растојание како и пристапна мрежа на јавен градски превоз многу го помагаат пешачењето како вид на транспорт.
57
Пешачење Планирање на намена на земјиште и пешачење
Планирање на мрежа на пешачки патеки и тротоари Пешачката инфраструктура е многу важна како за патувања направени целосно со пешачење, така и за пешачења кои се појавуваат на почетокот и крајот на патувања со други видови на транспорт. „Погодноста за пешачење“ (“walkability”) се изразува преку тоа колку пријателска е околината за пешачење и колку лесно пешакот може да се движи.
58
Пешачење Планирање на намена на земјиште и пешачење
Планирање на мрежа на пешачки патеки и тротоари Има пет основни принципи за планирање на пешачка мрежа: Поврзаност – дали мрежата обезбедува добар пристап до клучните дестинации? Удобност – дали ширината на пешачките траси, матерјалот на подлогата, уредувањето на околината и размерот на околните објекти обезбедуваат атрактивна околина Погодност – дали улиците можат да се преминуваат безбедно, лесно и без губење време Гостољубивост – трасите се чисти и безбедни? Видливост – дали трасите се обележани и дали се означени во локалните мапи
59
Пешачење Планирање на намена на земјиште и пешачење
Планирање на мрежа на пешачки патеки и тротоари
60
Пешачење Планирање на намена на земјиште и пешачење
(НЕ)планирање на мрежа на пешачки патеки и тротоари
61
Пешачење Планирање на намена на земјиште и пешачење
Планирање на мрежа на пешачки патеки и тротоари (цели и критериуми) Да се минимизираат пешачките растојанија помеѓу разните намени на земјиште Да се обезбеди директна траса до влезовите на објекти или функции со голема атрактивност Да се избегне конфликт со моторниот сообраќај секогаш кога тоа е можно Да се обезбедат безбедни пешачки премини особено на сообраќајници со поголем моторен сообраќај Да се обезбедат тротоари на сите улици
62
Пешачење Планирање на намена на земјиште и пешачење
Планирање на урбана форма Планирање на соседства-станбени зони близу до локални и градски центри и/или близу до јавен градски превоз кои се поврзани со пешачки патеки и тротоари така што пешачките растојанија да не бидат подолги од: 400 м или 5 мин до градските или локалните центри или до стојалишта на автобуски јавен градски превоз 800 м или 10 мин до станици на шински јавен градски превоз
63
Пешачење Хиерархија на градски центри
Планирање на намена на земјиште и пешачење Планирање на урбана форма Хиерархија на градски центри Gradski centar Lokalen centar (nivo 2) Lokalen centar (nivo 3) Linija na JGPP
64
Пешачење Планирање на намена на земјиште и пешачење
Планирање на урбана форма Во зависност од нивото на центарот, во нив се лоцираат административни, едукативни, здравствени, центри за забава, трговија, локални дуќани итн. Ова овозможува најголем број луѓе да ги задоволуваат своите потреби во рамките на пешачки растојанија. Хиерархија на градски центри
65
Пешачење Планирање на намена на земјиште и пешачење
Планирање на висина на објектите и ширина на улица (development scale) Висината на објектите и ширината на улицата влијае врз перцепцијата на пешаците за пријатноста за пешачење. Поважните пешачки траси треба да се водат на улици со „човечки размери“. Луѓето не смеат да се чувствуваат „нападнати“ од енормно високи згради или прешироки улици со интензивен моторен сообраќај.
66
Пешачење Планирање на намена на земјиште и пешачење
Обезбедување на пристап до јавен градски превоз При планирање на урбаниот развој на градот од исклучителна важност е обезбедубањето на пристап до јавен градски превоз. Растојанијата до стојалиште на автобуски превоз не треба да се подолги од 400м односно од 800 м до шински видови на превоз. Средина која има добра пешачка инфраструктура обично е попријателска и за јавниот градски превоз.
67
Пешачење Планирање на намена на земјиште и пешачење
Обезбедување на пристап до јавен градски превоз
68
Пешачење Компоненти на пешачка инфраструктура Пешачки површини
Во однос на матерјалите за изградба на тротоарите важни се три елементи: Погодност за движење по нив Трајност Визуелна привлечност
69
Пешачење Компоненти на пешачка инфраструктура Пешачки површини Бетон
+ Лесен за изградба, траен, не е лизгав, отпорен на вода - Не е естетски привлечен, потешко се поправа, тврд за одење за стапалата
70
Пешачење Компоненти на пешачка инфраструктура Пешачки површини
Асфалт, битумен + Ефтин за изградба, лесен за поправка, до извесна мера еластичен (помек за одење) - Не е естетски привлечен, при виоки температури омекнува и се оштетува
71
Пешачење Компоненти на пешачка инфраструктура Пешачки површини
Камени блокови или тули + Естетски попривлечни –можни разни шари и димензии - Поскап, треба да се води посебна сметка за равност на површината, можни пропаѓања оштетувања на индивидуални блокови
72
Пешачење Компоненти на пешачка инфраструктура Пешачки површини
Камени плочки или полиран терацо + Естетски најпривлечни, трајни - Скапи, проблем со лизгавост во дождливо време
73
Пешачење Компоненти на пешачка инфраструктура Дренажа и осветлување
Важно – ефикасно одведување на водата за време на дожд и снег, не само заради можност за движење на пешаците туку и заради заштита на површините од ерозија Осветлување – безбедно движење и превенција од криминал
74
Пешачење Компоненти на пешачка инфраструктура
Сообраќајни знаци и контрола на сообраќајот Денес пешачењето е важен вид на транспорт Потребно да се обезбеди непречено, безбедно движење на пешаците На располагање разни сообраќајни проектни решенија и начин на регулација (стоп знак, светлосни знаци, пешачки премини, подвозници, надвозници, грпки, заштитни столбчиња итн.)
75
Пешачење
76
Пешачење Компоненти на пешачка инфраструктура
Пешачки надвозници и подвозници Во случај кога се пресекуваат големи моторни токови и се бараат решенија на вкрстувања вон ниво Треба да се внимава бидејќи ако не постои добра ограда, луѓето сепак ќе ризикуваат да преминат илегално наместо да одат на надвозник или подвозник
77
Пешачење Компоненти на пешачка инфраструктура Пешачки надвозници
Мораат да бидат високи заради возила со поголеми габарити кои треба да поминат испод Степеници можат да делуваат одбивно Ескалатори скапи и подложни на временски неприлики Опасност од фрлање отпадоци или самоубиства Некаде се градат целосно затворени – кафез Може да е добро решение ако се комбинира со пристап до стојалиште на ЈГПП
78
Пешачење Пешачки надвозници
79
Пешачки кружен тек
80
Пешачење Компоненти на пешачка инфраструктура Пешачки подвозници
Поатрактивни решенија Не мора да се многу длабоки Примена на ескалатори Заштита од временски услови Мора да се добро осветлени, чисти, најдобро да се комбинира и со други содржини
81
Пешачење Пешачки подвозници
82
Пешачење Компоненти на пешачка инфраструктура
Архитектонски решенија и опрема За пешаците е многу важно уредувањето на просторот – пријатен простор збогатен со содржини и зеленило Клупи, фонтани, знаци, телефонски говорници, тоалети, канти за ѓубре, киосци итн
83
Пешачење Архитектонски решенија и опрема
84
Пешачење Компоненти на пешачка инфраструктура
Механички средства како подршка на пешачењето Во зони каде се јавуваат многу големи токови на патници, или подолги растојанија за пешачење или промена на нивото се применуваат подвижни ленти – хоризонтални, коси или вертикални (ескалатори) Честа употреба на аеродроми, големи трговски центри
85
Пешачење Компоненти на пешачка инфраструктура
Механички средства како подршка на пешачењето Заради безбедности причини хоризонталните ленти се движат со брзина од 27 м/мин (нормално одење 70 м/мин) Двонасочна лента со ширина од 1,5 м има капацитет од околу 8000 луѓе на час Проблеми – опасност од гужвање на излезот, скапа инвестиција и одржување
86
Пешачење Механички средства како подршка на пешачењето
87
Пешачење Компоненти на пешачка инфраструктура
Механички средства како подршка на пешачењето Има примери на употреба на туристички вовчиња Во зоо паркови, забавни паркови, историски центри во градовите
88
Пешачење Капацитет на пешачки објекти
Капацитетот не е лесно да се определи бидејќи луѓето не секогаш се движат по права линија, често скршнуваат а понекогаш едноставно стојат. Се разликуваат два основни видови на капацитет: Линеарен (подолжно движење на луѓето – тротоари) Просторен (движење во било кој правец или стоење – станици, плоштади)
89
Пешачење Капацитет на пешачки објекти
Иако луѓето се различни може да се земе дека проекцијата на површината на еден човек е приближно елипса со димензии 45 х 60 см. А тоа одговара на 0,28 м2/човек или 3,6 луѓе по м2 Во земјите во развој во возила на ЈГПП забележани се и 10 луѓе по м2 Човек се чувствува нормално ако има слободен простор околу себе од околу 0,8 м2 (отприлика колку чадор)
90
Пешачење Капацитет на пешачки објекти
Тесно поврзан проблем со капацитетот е нивото на услуга со која се опишуваат условите за даден број на луѓе во даден простор. Ниво на услуга: А – може слободно да се движи без попречување од други Б – Ц – Д – Е – Ф – неприфатливи услови - гужва
91
Пешачење Капацитет на пешачки објекти Ниво на услуга
92
Пешачење Капацитет на пешачки објекти Линеарен капацитет
Наједноставен случај – канализирано движење на пешаци Ако движењето е двонасочно – некои турбуленции но се воспоставува движење на десна страна Сепак индивидуи можат да застанат за разговор Попречувања на крстосници – акумулација заради чекање зелен сигнал, а потоа движење во група
93
Пешачење Капацитет на пешачки објекти Линеарен капацитет
94
Пешачење Капацитет на пешачки објекти Просторен капацитет
Посложени пресметки Можно е дел од луѓето да се движат, да стојат, да се движат бавно, често да скршнуваат Овде мора да се земе во обзир производот од површината што ја завзема пешакот и времето за кое ја завзема таа површина
Similar presentations
© 2024 SlidePlayer.com. Inc.
All rights reserved.