Presentation is loading. Please wait.

Presentation is loading. Please wait.

КОМПЈУТЕРСКИ РЕЗЕРВАЦИСКИ СИСТЕМ АМАДЕУС

Similar presentations


Presentation on theme: "КОМПЈУТЕРСКИ РЕЗЕРВАЦИСКИ СИСТЕМ АМАДЕУС"— Presentation transcript:

1 КОМПЈУТЕРСКИ РЕЗЕРВАЦИСКИ СИСТЕМ АМАДЕУС
КОМПЈУТЕРСКИ РЕЗЕРВАЦИСКИ СИСТЕМ АМАДЕУС

2 Патницте кои одлучуваат денес да го користат интернетот, со цел да го подготват своето идно патување до некоја атрактивна дестинација, може да им понуди и помогне да пронајдат многу извори за информации со кои одлуката и самото подготвување и резервирање на патувањето би се олеснила...

3 Интернетот важен фактор во гранката на туризмот

4 Глобални дистрибутивни системи
Глобалниот дистрибутивен систем (Global Distribution System - GDS) е компјутерски систем за резервирање (ГДС) кој се користи од страна на авиокомпаниите и туристичките агенции, за патниците да може да резервираат билети за повеќе авиокомпании.

5 Глобал дистрибутивен систем бил воведен од страна на Американ ерлајнс (American Airlines) во 1946 година. Се олеснило купувањето на авио билети. Чувањето на информации за патниците во врска со нивните закажани патувања во воздушниот сообраќај најчесто се користи од страна на авиокомпаниите, туристичките агенции и сајтовите за резервации на патување. Технологијата на глобалниот дистрибутивен систем исто така се користи од страна на неколку патнички компании за патување со воз и хотелски синџири, па клиентите може да направат повеќе резервации за различни билети и локации.

6 Што претставува Амадеус?
Амадеус е компјутерски резервациски систем (глобален систем на дистрибуирање) бидејќи продава билети за повеќе авиокомпани. Исто така се користи за резервации за патувања со воз, крстарења, изнајмување на автомобили, резерваци за траект и хотелски соби. Амадеус е член на IATA, OTA, SITA.

7 Системот е распространет на повеќе пазари во светот.
Амадеус е водечка компанија во областа на информатичката технологија, која обезбедува директна дистрибуција, маркетинг и продажба на услуги за сите бизниси во индустријата за патувања низ целиот свет. Системот е распространет на повеќе пазари во светот. Присутен е во повеќе од 200 земји на сите континенти, и се издвојува како лидер на пазарот во Европа и Јужна Америка, исто така е со силна основа во пазарот во Северна Америка, Африка, Азија и Пацификот. Мисијата на Амадеус системот е да ја олесни и забрза врската на даватели на услуги во туризмот кои им овозможуваат патувања на своите клиенти, директно или индиректно, од целиот свет.

8 Овој систем вклучува: човечки ресурси, технологија, информации и деловни партнери при воспоставување на глобалната мрежа со единствена база на податоци за сите важни параметри на патувањето (видот на превоз, сместување, ценовници). Целта на Амадеус е да се биде најдобар, да води кон постојан стремеж за иновации и достигнувања во сите области, приспособување на различните потреби и пазари, преку соодветни решенија, услуги на клиентите и поддршка.

9 Организација на Амадеус системот:
Амадеус е во мнозинска сопственост од страна на три авиокомпани (59,95%) кои се основачите на самиот систем и чии активности во однос на системот се со следниве пропорции: LUFTHANSA 18,28% AIR FRANCE 23,36%, IBERIA 18,28%, Приватна сопственост 40,08%.

10 Организацијата на Амадеус во неколку нивоа:
Седиштето на компанјата е во Мадрит - се дефинираат сите групни стратегии во врска со финансиите и со маркетингот како и со комуникациите и човечките ресурси во компанијата. Центар за развој на производи и маркетинг е во Софија, овозможува размена на маркетинг производи со Мадрит. Компјутерскиот центар за обработка е во Erding - се врши 24- часовна обрабока податоци, се овозможува пристап 365 дена во годината, со цел да им обезбеди на корисниците и давателите на услуги континуран и брз пристап до системот.

11 Организацијата на Амадеус во неколку нивоа:
Центрите на ИТ услуги се во Лондон и Сиднеј - развој на услуги во информатичката технологија за авиокомпании. Регионални канцелниарии - обезбедуваат 24-часовна помош на нациолните маркетинг компани во областа на маркетингот. Национална маркетинг компинија - овозможува континуирано обезбедување на услугите на туристичките агенции и други локални субјекти во трустичката индустрија.

12 Повеќето од Националните маркетинг компании се во целосна соственост на вработените на Амадус кои ја формирале првата глобална мрежа која е распространета на шест континети: а) Западна Европа б) Централна, Источна и Јужна Европа в) Среден Исток и Африка д) Северна и Централна Америка и Канада е) Јужна Америка ж) Азиски Пацифик

13 Деловни активности на Амадеус:
Се фокусирани во три насоки и тоа: Дистрибуција на патувањата (која се врши преку туристички агенции и продажните места на авоикомпанијата). Е-Трговија (со стоки и услуги кои се поврзани со интернет). ИТ услуги (во областа на информатичката техонологија).

14 Амадеус системот обработува преку 400 милиони резeрвации годишно во електронска дистрибуција на патувањата. Амадеус има најраспространета меѓународна дистрибутивна мрежа преку која се направени повеќе интернационални резервации од било кој друг систем. Амадеус го следи распоредот на редовните авио летови за повеќе од 740 авио компании од кои 440 директно се поврзани со CRS Амадеус.

15 Видовите на пристап се:
Амадеус стандарден пристап : распоредите на авио летовите се местат во база на податоци и информациите за летовите се прикажани на екран. Амадеус директен пристап : овозможува директно да се види вистинската достапност на седишта, цените на летовите и распоредот на летовите. Нормален пристап: овозможува следење на работата на поедините авио компании.

16 Е-Трговија Е-Троговијата е поим за електронска трговија која се врши преку интернет и во исто време заштедува пари и време, а и преставува основна форма на комуникација со корисниците на Амадеус. Амадеус го започнува развојот на решенија за е-трговијата кон средината на 90-те години. Врз основа на е-Travel Planitgo апликацијата овозможува да се дистрибуираат производи во областа на туризмот и патувањето преку интернет. E-Travel денес има преку 1200 корисниции во 90 земји во светот.

17 Е-Трговијата

18 ИТ - услуги Амадеус создава услови да се прошири бизнисот преку обезбедување на голем спектар на услуги од оваа област, како и овозможува поголема разновидност на апликации за корисниците на системот. Овозможува директна размена на информации помеѓу давателите на услуги во туристичката индустрија, управување со приходите, контрола на прстигнување и заминување.

19 Промоција на Амадеус системот
Овој систем си поставил голем предизвик за пазарот во смисла на обезбедување на точно и сеопфатно разбирање на овие промени за јавноста. На локалните пазари им се ставни нарасполагање три слогани за поддршка: Глобалната сила и локалната експертиза Партнерство со клиентите Технологија која прави разлика

20 Амадеус во иднина Поради големите приходи од овој систем, компанијата ќе продолжи да ги искористува сите расположливи ресурси за неговиот развој и подобрување.  Амадеус е во постојано проширување на полето на активност, секогаш нуди нова технологија  за да им помогнат на индустријата за патувања и да бидат подготвени да ги пречекаат предизвиците во идно време. Амадеус  системот ќе продолжи да се проширува во нови географски области.

21 ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ВНИМАНИЕТО


Download ppt "КОМПЈУТЕРСКИ РЕЗЕРВАЦИСКИ СИСТЕМ АМАДЕУС"

Similar presentations


Ads by Google