Presentation is loading. Please wait.

Presentation is loading. Please wait.

Природни ослободувачи од стресот

Similar presentations


Presentation on theme: "Природни ослободувачи од стресот"— Presentation transcript:

1 Природни ослободувачи од стресот
Адаптогени: Природни ослободувачи од стресот Проф. д-р Светлана Кулеванова Институт за фармакогнозија Фармацевтски факултет, УКИМ, Скопје

2 СТРЕС Субјективен феномен кој секоја индивидуа го доживува различно.
Субјективен феномен кој секоја индивидуа го доживува различно. Надворешните фактори се околината, работата, односите со другите, домашните проблеми, предизвиците и очекувањата во секојдневието, додека внатрешните фактори одредуваат колку лицето може да се справи и да ги контролира надворешните фактори предизвикувачи на стрес. Внатрешните фактори вклучуваат нутритивниот статус, целокупната здравствена состојба и физичката кондиција, емоционалната состојба и времето поминато во одмор и спиење. Концептот на " внатрешноста на телото " (milieu interieur) предложен од францускиот физиолог Бернард (Claude Bernard, ) кажува дека за нормално функционирање на организмот потребно е да се воспостави динамичка рамнотежа во внатрешноста на телото. Американскиот физиолог Канон (Walter Bradford  Cannon, 1871–1945) подоцна го воспоставил терминот хомеостаза за да ја дефинира динамичката рамнотежа што била опишана од страна на Бернард. Организмот реагира на стресот со ослободување на невротрансмитери од медулата на надбубрежната жлезда, епинефрин (адреналин) и норепинефрин (норадреналин), кои овозможуваат забрзано чукање на срцето, зголемена будност и сл.

3 СТРЕС Подоцна, други автори обрнале поголемо внимание и на хипофизата која игра важна улога во справување на организмот со стрес преку контролата што ја има во лачењето на хормоните. Така е дефинирана оската која одговара на стрес фактори: HPA оската (анг. Hypothalamus-Pituitary-Adrenal cortex) односно: хипоталамус-хипофиза-кора на надбубрежната жлезда. Некои автори го дефинираат стресот на следен начин: “ СТРЕС е физички, ментален и емоционален одговор на случувања кои што предизвикуваат телесна или ментална тензија на организмот. Стерс фактор е секоја надворешна сила или активност која има ефект врз телото или врз свеста”.

4 Симптоми на стрес Физички симптоми како што се на пример: нарушувања во спиењето, вкочанетост и болки во мускулите, главоболки, гастроинтестинални нарушувања и замор. Психичките симптоми и промените во однесувањето при зголемен стрес се однесуваат на појава на нервоза, анксиозност, промени во јадењето, појава на прејадување, губење на ентузијазам и енергија, и промени во расположението како што се раздразливост и депресија. Испитувања на животни - подложени на стрес подолг временски период, развиваат стрес-синдром. појава на хипертензија, губење на апетитот, губење на телесната маса и намалување на мускулната маса, појава на гастроинтестинални улцери, намалување или губење на репродуктивната функција, супресија на имуниот систем и депресија. Хроничниот стрес доведува до преголема реакција на организмот на новите стресни состојби и стимули. Значајно е тоа што стресот за време на бременоста може да влијае на развојот на фетусот.

5 Делови од организмот на кои влијае стресот
Стресот може да влијае на секој орган и да даде различни реакции како што се: црвенило на кожата, хипертензија, кардиоваскуларни болести, поедини гастроинтестинални нарушувања, некои видови рак, и го забрзува процесот на стареење. го зголемува бројот на мигренозни главоболки, астматични напади, предизвикува флуктуации на нивото на глукоза во крвта кај дијабетичарите. Преголемиот психички стрес може да предизвика транзитни или хронични симптоми на сериозно психичко заболување наречено: посттрауматко психичко нарушување (PTSD). Делови од организмот на кои влијае стресот

6 Контрола на стресот Контролата и справувањето со стресот треба да започне со правење на физички и психички промени во однос на тоа како ги примаме стресните стимули. Важен чекор е физичката активност и вежбањето. Студиите покажале дека вежбањето потенцијално дејствува антидепресивно, анксиолитично и го подобрува спиењето. Друг метод е медитацијата и другите техники за релаксација кои со векови се применуваат во Источните култури. Научно е докажано дека практикувањето на минутна медитација еднаш или два пати дневно има долготрајни позитивни ефекти врз здравјето, го контролира крвниот притисок и го регулира срцевиот ритам. Избегнување на лекови и алкохол поволно влијаат за контрола на стресот, и аналогно на тоа, користење на овие средства предизвикуваат уште поголем стрес за организмот. Дури и лековите за анксиозност како на пр: диазепам, лоразепам или алпразолам може да бидат контрапродуктивни. Овие лекови треба да се користат само под надзор на лекар.

7 Контрола на стресот (2) Кај стресот се разликуваат три фази од неговиот прогрес: 1. Алармна фаза - кога некој надворешен стрес фактор дејствува на организмот предизвикува ослободување на стрес хормони кортикостероиди и катехоламини, кои во поголеми количини предизвикуваат оштетување на регулаторниот систем. 2. Адаптациона фаза - следи како резултат на продолжено делување на стрес-факторот, и во оваа фаза телото врши толеранција на стрес-стимулот, се адаптира и ја зголемува отпорността кон стрес-факторот.Колку повеќе телото останува во оваа фаза,толку е подобро, бидејки истата се смета за безбедна. 3. Фаза на исцрпеност - се јавува кога организмот неможе веќе да се бори против стресот и едноставно се откажува. Во оваа фаза симптомите на болеста (синдромот) брзо се јавуваат и се влошуваат. Вистинска контрола на стресот подразбира што подолго задржување на организмот во адаптационата фаза и избегнување на фазата на исцрпеност.  За справување со стерсот во фитотерапијата се корстат АДАПТОГЕНИ ДРОГИ!

8 АДАПТОГЕНИ Дефиниција: Природни ослободувачи од стресот. Адаптогени се производи што му помагаат на организмот да се адаптира низ широк ранг на физички и емоционални стресови и се сметаат безбедни за долготрајна употреба. Тие имаат ефект на нормализирање на функциите на организмот. Aдаптогените дроги влијаат на воспоставување на природна состојба на хомеостаза на организмот или хармоничен баланс. На полето на адаптогените дроги особен придонес во науката имаат рускиот фармаколог и лекар Лазарев и американскиот лекар Др. Брикман. “It has always been my dream to create a special formula to prepare people for life, to make them healthy, stable, happy and to protect them from stress.”   Dr. Israel I. Brekhman Dr.Israel Brekhman

9 Според повеќето денешни согледувања, за адаптогените дроги може да се каже дека:
а.) имаат ефект што не е специфичен и ја зголемува отпорноста кон повеќе штетни фактори од различо физичко, хемиско или биолошко потекло; б.) имаат нормализирачки ефект, односно го спречуваат можното настанување на нарушувања од страна на стрес факторите. в.) поседуваат широк спектар на терапевтски ефекти и не предизвикаат пречки во нормалното функционирање на организмот.

10 Адаптогените претставуваат НОВА КЛАСА МЕТАБОЛНИ РЕГУЛАТОРИ од природно потекло кои ја зголемуваат способноста на организмот да се адаптира кон факторите на средината и да го избегне можното оштетување под влијание на тие фактори. Адаптогените го овозможуваат т.н. справување со стресот преку обезбедување на низа различни ефекти врз човековиот организам како што се: антиоксидантна активност, заштита на црниот дроб и антитоксична активност, подобрен крвоток и подобрен јаглехидратен метаболизам, помала желба за алкохол и шеќер, подобрена имунолошка отпорност, подобрен мускулен тонус, зголемена сила на организмот, побрзо закрепнување, помала анксиознозт, подобро фокусирање и концентрација, подобро спиење, мотивација и продуктивност, чувство на благосостојба, подобро расположение и друго.

11 Прва генерација адаптогени дроги: жен-шен (Panax ginseng)
ашваганда (Withania somnifera). Втората генерација адаптогени дроги: Eleutherococcus senticosus, Rhodiola rosea, Schizandra chinensis и Bryonia alba. Древната кинеска медицина, ги смета адаптогените за најефективни растенија: за зголемување на физички и ментален капацитет (перформанса), за подобрување на отпорноста кон болестите и за продолжување на животниот век. Во Сибир истите растенија биле користени од страна на ловците пред долги и опасни патувања. Монасите во Тибет издржувале без храна и облека далеку во планините користејки ги ове растенија. Eфикасноста на овие дроги не била научно потврдена до пред 50-тина години.

12 Активни компоненти на адаптогени дроги
Адаптогените дроги од втората генерација можат да се поделат во три основни групи дроги што содржат: фенолни компоненти (фенилпропаноиди, фенилетански деривати и лигнани), структурно блиски до катехоламините и веројатно одговорни за ефекти во раните фази на стрес одговорот (E. senticosus, Rodiola rosea, Schizandra chinensis). тетрациклични тритерпени (кукурбитацин глукозиди), структурно слични со кортикостероидите кои го заштитуваат организмот од прекомерна реакција во однос на стрес-стимулите (Bryonia alba, Withania somnifera), оксилипини – незаситени трихидрокси или епокси масни киселини, структурно слични со леукотриените и липоксиените (Bryonia alba). Кинескиот жен-шен (Panax ginseng) како активни компоненти содржи друг тип комоненти: тетрациклични тритерпенски хетерозиди - гинсенозиди.

13 Крива на активноста на адаптогените дроги во споредба со стумулансите
Адаптогени наспроти стимулативни средства Заедничко: и стимулансите и адаптогените предизвикуваат зголемување на пеформансата, Разлика: стимулансите предизвикуваат краткотрајно зголемување на перформансата (физички и ментален капацитет) по што следи период на намалена перформанса, а кај адаптогените се јавува постепено, умерено зголемување на перформансата и таа се одржува подолг период без притоа да дојде до намалување на истата. при употреба на адаптогените не се забележани несакани ефекти, кои се јавуваат со примена на стимулансите, како што се намалена енергија, несоница и сл. Крива на активноста на адаптогените дроги во споредба со стумулансите

14 Клинички студии за ефикасноста на адаптогени дроги:
плацебо контролирани, рандомизирани и двојно-слепи клинички студии особено за дрогите од втората генерација на адаптогени (E. senticosus, Rodiola rosea, Schizandra chinensis), со кои недвосмислено се потврдува ефикасноста на овие дроги како средства за подобрување на ментален и физички работен капацитет во ситуации на замор и стрес. за кинескиот жен-шен (Panax ginseng), според податоците објавени до 2003 година (Medline, Biosis, Cochrane Library database) направени се 16 клинички студии кои ги задоволуваат критериумите за двојно-слепи, рандомизирани и плацебо-контролирани клинички испитувања. Ниту една од наведените студии не демонстрира јасна и значајна ефикасност на жен-шенот врз физичките и психомоторните пеформанси, врз когнитивната функција, имуниот систем и другите специфични функции. За извлекување јасни заклучоци во однос на ефикасноста и безбедноста на дрогата како адаптогено средство потребни се дополнителни и подобро организирани клинички студии.

15 Најзначајни адаптогени дроги: - Panax ginseng
- Eleutherococcus senticosus - Withania somnifera - Centella asiatica - Astragalus membranaceous - Uncaria tomentosa и др. Withania somnifera Eleutherococcus senticosus Panax ginseng Rhodiola rosea

16 Дрога: Panax ginseng, fam.Araliaceae Корен од жен-шен
Коренот од жен-шен и неговите преработки имаат јасно дефинирано место во традиционалниот начин на лекување во Источна Азија повеќе од 2000 години. Жен-шен е нативно растение во Кореа и Кина, расте на надморска висина од околу 1000 метри, кое денес ретко се сретнува во природата, а се култивира во Кореа, Кина и Источен Сибир. Дрога: Излупени или исушени корени(бел жен-шен) или прво попарени па исушени корени (црвен жен-шен) од диви или култивирани растенија од родот Panax.Коренот е цилиндричен, а често и разгранет што наликува на човеково тело.

17 Хемиски состав: - гинсенозиди на панаксадиол и панаксатриол,
- полисахариди, - полиацетилени. Гинсенозидите покажуваат пред се антиоксидативен и имуностимулаторен ефект. Високомолекуларните полисахариди покажуваат хипогликемични, антиулцерогени и имунолошки својства.

18 Несакани дејства и контраиндикации:
Дејство: Според монографијата на Германската Комисија Е, дрогата се користи како тоник за спречување на слабост и замор, за зголемување на издржливоста за третман на нарушена циркулација, како потпора при заздравување, за намалување на ризик од појава на инфекции. Поради ефектот сличен на хормоналниот, се ограничува времетраење на третман на 3 месеци. Несакани дејства и контраиндикации: Поради малиот број на истажувања за ефектите на жен-шен кај бремени жени, доилки и деца, не се препорачува за користење при вакви состојби. Употребата на жен-шен не е препорачана без претходна препорака од доктор, поради неговото влијание врз продукцијата на хормоните и можноста од појавување на тумори на гениталиите кај двата пола.

19 Клинички студии: Дози:
Покрај голем број клинички студии (5 контролирани и 8 двојно-слепи) нема сигурна потврда за ефикасноста! Дрогата создава подобро расположение, ја подобрува физичката состојба и интелектуална состојба и ги подобрува различните метаболички параметри. Имало само еден прикажан случај на тахикардија. Дози: Се препорачува употреба: за дрога, 1-2 g/ден. за екстракти, mg /ден. Community herbal monograph on Panax ginseng C.A. Meyer, radix Draft , 2013 Traditional herbal medicinal product for symptoms of asthenia such as fatigue and weakness.

20 Дрога: Eleutherococcus senticosus, Araliaceae
Корен од сибирски жен-шен Дрога: Се состои од исушен корен од растението Eleutherococcus senticosus, грмушка што расте од 2-3 метри нативно во Сибир и Северна Кина. Корените се долги и флексибилни и формираат густи подземни спојувања.

21 Хемиски состав: Активни компоненти се:
фенилпропани со различна структура, полисахариди. Најзначајни се: лигнани (елеутерозиди B4, E1, D и E), фенилпропани (елеутерозид B) и кумарини (елеутерозид B1). Полисахаридите се означени како елеутерани (А-G). Содржи и стероли: даукастерол и β-ситостерол.

22 Дејство и употреба адаптогено дејствува слично на жен-шен,
имуностимулаторно, антивирално, антиоксидантно, хипохолестеремично и антитуморско, тонично, ја зголемува виталност, зголемува физичка активност, помага во закрепнување. Германската комисија Е ја препорачува неговата употреба како тоник за: спречување на слабост и замор, зголемување на издржливоста, при нарушена циркулација и како потпора при заздравување.

23 Несакани дејства и контраиндикации:
несоница, палпитации, тахикардија, хипертензија Контраиндикации: - хипертензија. Интеракции со: дигоксин, антикоагулантни лекови и седативи. При хронични состојби како слабост или стрес дрогата треба да се користи 3 месеци, па да се прави 2-3 недели пауза. Циклусите можат да се повторуваат но мора да биде под надзор од лекар.

24 Дозирање: За возрасни се користат следни дози:
mg/ден сув корен (чај или капсули); тинктура половина или цела кафена лажичка 2-3 пати дневно; mg стандардизиран екстракт два пати дневно, стандардизиран да содржи 0,8-1% елеутерозиди.

25 COMMUNITY HERBAL MONOGRAPH ON ELEUTHEROCOCCUS SENTICOSUS (RUPR
COMMUNITY HERBAL MONOGRAPH ON ELEUTHEROCOCCUS SENTICOSUS (RUPR. ET MAXIM.) MAXIM., RADIX Traditional use With regard to the registration application of Article 16d(1) of Directive 2001/83/EC as amended. Eleutherococcus senticosus (Rupr. et Maxim.) Maxim., radix (eleutherococcus root) i) Herbal substance Not applicable ii) Herbal preparations - Comminuted herbal substance - Powdered herbal substance - Liquid extract (1:1, ethanol % v/v) - Dry extract (13-25 : 1, ethanol % v/v) - Dry extract (17-30 : 1, ethanol 70 % v/v) - Dry aqueous extract (15-17:1) - Tincture (1:5, ethanol 40 % v/v)

26 PHARMACEUTICAL FORM Comminuted herbal substance for preparation of a herbal tea, other herbal preparations in solid or liquid dosage forms for oral use. Traditional use Traditional herbal medicinal product for symptoms of asthenia such as fatigue and weakness. The product is a traditional herbal medicinal product for use in specified indications exclusively based upon long-standing use.

27 Rhodiola rosea, fam. Crassulaceae Корен од рожен, златен корен
Како самоникнато растение расте на сува песочна земја, на голема надморска висина во Европа, Сибир и Аљаска. Достигнува висина од 70 cm и има црвени цветови.Коренот е дебел има пријатен мирис на роза (од каде потекнува името).

28 Хемиски состав: Билошки активни супстанции се: органски киселини,
флавоноиди (родолин, родионин) фенилпропаноиди (розавин, росарин) монотерпени (розиридол, розиридин)) стероли (бета-ситостерол), родиолозид (салидрозид) (пара-хидрокси фенил етанол гликозид) Значајни се: салидрозид = родиолозид р-тирозол, розарин, розавин, розин, и розиридин. Пулверизиран корен

29 Дејство и употреба Дрогата е популарна во традиционалната медицина во источна Европа и во Азија. Се користи за: стимулација на нервниот систем, намалување на депресија, зголемување на физичката издржливост, отстранување на слабост и за спречување на гадење предизвикано од голема надморска височина.

30 Дејство и употреба (2): Дози:
За адаптогените својства на дрогата одговорен се р-тирозол и родиолозид кои влијаат на нивото и активноста на моноамините и опиоидните пептиди во мозокот и во периферните ткива како што се кардиоваскуларниот и респираторниот систем. Дрогата се смета за безбедна. Кај осетливи лица може да се јави вознемиреност и инсомниа која може да трае и неколку дена. Дози: Во употреба е стандардизиран екстракт кој содржи 1% гликозид розавин. Вообичаени дози се mg/ден. За третман на депресија се користат дози од mg екстаркт дневно во период од 12 недели.

31 Community herbal monograph on Rhodiola rosea L., rhizoma et radix
Qualitative and quantitative composition Traditional use Rhodiola rosea L., rhizoma et radix (Arctic rhizome and root) i) Herbal substance Not applicable. ii) Herbal preparations Dry extract (DER 1.5-5:1), extraction solvent ethanol 67-70% v/v

32 Therapeutic indications
Traditional herbal medicinal product for relief of symptoms of asthenia such as fatigue and weakness. The product is a traditional herbal medicinal product for use in the specified indications exclusively based upon long-standing use. Pharmaceutical form Herbal preparations in solid dosage forms for oral use. The pharmaceutical form should be described by the European Pharmacopoeia full standard term. Posology Adults and Elderly Single dose mg Daily dose 144 – 400 mg The use in children and adolescents under 18 years of age is not recommended.

33 Дрога: Withania somnifera, Solanaceae
Withaniaе somniferaе radix – ашваганда, корен од зимска цреша Дрога: Аshwagandha е најпопуларна во Ајурведата. Претставува мала грмушка многу распространета во сувите региони на Индија. Расте и во Пакистан , Бангладеш, Шри Ланка, и северни делови од Африка. Во останатите делови од светот се култивира.

34 Хемиски состав Главни активни компоненти во дрогата се:
витанолиди (стероидни лактони со С-28), и витаферини, (структурно блиски на витанолидите). сапонини ситоиндозиди, алкалоиди и др. Витанолидите се структурно слични на гинсенозидите од Panax ginseng. Од корените, плодовите, семето и врвните гранчиња од растението изолирани се: витанон, витаферин А, витанолиди А, D и G, и ситоиндозиди IX, X, VII и VIII (со тетрациклична структура како кортизол). Ашвагандата е богата со железо. Витаферин

35 Клиничка ефикасност Дејство и употреба
антиинфламаторно, анти­туморско, антиоксидантно, хемопоетско и имуномодулаторно дејство. поволно влијае на ендокрините жлезди, кардиоваскуларниот, респираторниот и централниот нервен систем. ситоиндозидите овозможуваат зголемување на отпорноста на организмот кон стрес. Механизмите на активност сеуште не се доволно разјаснети. Клиничка ефикасност традиционално се користи во Ајурведа Индиска медицина како средство за лекување на машката и женската инфертилност и импотенција, за анемија и нередовен менструален циклус, и најважна била и денес е употребата како дрога која го подобрува целокупното здравје. клинички студии го потврдуваат адаптогениот ефект на дрогата. Се користи за третман на мускулно-скелетни заболувања (артритис, остеоартритис, ревматизам), како тоник за зголемување на енергијата, за превенција од болести кај спортисти, и сл. зголемува хемоглобин, намалува холестеролот во крвта, покажува антимикробно дејство.

36 Несакани ефекти, контраиндикации
во пропишани дози и во краток временски период не дава несакани ефекти. долгорочната употреба, во подолг временски период, може да доведе до: појава дијареа, повраќање и болки во стомакот. Не се препорачува употреба : кај бремени жени, во период на лактација, кај лица со улкус на желудникот, и кај лица со автоимуни заболувања (мултипла склероза, системски лупус еритематозис, ревматоиден артритис и др.). Не смее да се користи доколку се употребуваат: имуносупесивни лекови, бензодиазепини, депресанти на ЦНС, и тироидни хормони.

37 Препарати, дози вообичаена доза на исушен корен е 3-6 g/ден.
како декокт (2 g дрога:150 ml вода, 5 минути, се цеди и пие 1 час пред јадење), воден екстракт 2 супени лажици три пати дневно. цврсти дозирани форми (таблети) (целосен екстракт е активен конституент).

38 Хемиски состав: Schizandra chinensis, Schizandraceae Плод од шизандра
Расте во североисточна Кина и Кореа. Плодот се собира наесен и се изложува на водена пареа пред да се суши на сонце. Хемиски состав: - етерично масло, витамин С, - Лигнани: - шизандрини од А до С, - шизандроли А и В. Плодот и семето доведуваат до зголемување на физичката сила. Плодот доведува до активација на формирање на азот моноксид и кортизол, и се смета дека со оваа активност го зајакнува организмот. Шизандрин В

39 Дозирање Лигнаните се сметаат за одговорни за адаптогениот ефект.
Шизандринот и шизандролот поседуваат хепатопротективен ефект и покажале антиинфламаторна и антитуморна активност во студии на животни. Нема клинички студии со кои би се поддржале адаптогените ефекти на дрогата. Не се забележани специфични несакани ефекти доколку плодот е зема правилно. Дозирање цел плод или во форма на прашок 1,5-6 g/ден. препорачана е дневна доза на екстракт е од 500 mg до 2 g /ден. Може да се користи како чај. Шизандра чај

40 Хемиски состав: Bryonia alba, Cucurbitaceae Корен од бела брионија
Повеќегодишно растение нативно за северо­источна и југоисточна Европа и Иран. Хемиски состав: кукурбитацини (тетрациклични тритерпени), стероиди, полихидроксилни масни киселини. Коренот се употребувал за профилакса и третман на метаболни нарушувања, болести на црниот дроб, акутни и хронични инфективни болести и за зголемување на отпорноста кон стрес. Исто како и лигнаните на шизандра, кукурбитацините го активираат формирањето на азот моноксид и кортизол и со тоа го адаптираат организмот при физички стрес. Коренот од брионија е силен пургатив и еметик.

41 Дрогата е многу токсична ако се користи во свежа состојба
Дрогата е многу токсична ако се користи во свежа состојба. Токсичноста многу брзо се намалува со сушење, поради нестабилноста на кукурбитацините. Кукурбитацините се одговорни за силниот иритативен ефект на кожата и мукозните мембрани. Дозирање: Препорачана доза изнесува 0,3-0,5 g/ден. Внесувањето на високи дози може да доведе до повраќање, дијареа, колики, проблеми со бубрезите, парализа и во некои сучаи и до смрт. Корен од бела брионија


Download ppt "Природни ослободувачи од стресот"

Similar presentations


Ads by Google