Presentation is loading. Please wait.

Presentation is loading. Please wait.

Статус на имплементација на Стратегијата за развој на платниот систем на Република Македонија до 2011 година Тони Мирчески раководител на отсек за надгледување.

Similar presentations


Presentation on theme: "Статус на имплементација на Стратегијата за развој на платниот систем на Република Македонија до 2011 година Тони Мирчески раководител на отсек за надгледување."— Presentation transcript:

1 Статус на имплементација на Стратегијата за развој на платниот систем на Република Македонија до 2011 година Тони Мирчески раководител на отсек за надгледување на платните системи Дирекција за платни системи година

2 Агенда I. СТРАТЕГИСКИ ПИСТАП ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАТЕН СИСТЕМ – меѓународно искуство II. РАЗВОЈ НА ПЛАТНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

3 СТРАТЕГИСКИ ПИСТАП ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАТЕН СИСТЕМ
Парите и националниот платен систем Главната улога на парите е тоа што тие претставуваат медиум со кои се извршува функцијата на размена. Плаќањето претставува процес со кои монетарните инструменти, обично готовина и депозитни побарувања, се пренесуваат помеѓу двете страни за да се финализира трансакцијата.. Меѓутоа, за да може банките и централната банка да обезбедат сигурно, ефикасно и брзо извршување на трансакциите мора да има развиени платни инструменти, платна инфраструктура и соодветна институционална рамка, кои како целина го формираат националниот платен систем. Шематски приказ на ваквиот платен систем е даден на Слика 1 Продолжува>>> 3 3 3 3 3 3 3 3

4

5 СТРАТЕГИСКИ ПИСТАП ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАТЕН СИСТЕМ
Процесот на развој на националниот платен систем Искуствата на светско ниво покажуваат дека нема единствен рецепт за развој на платните системи, но прашањата кои се јавуваат во процесот на реформа се во голем дел слични. Пример: Кој треба да биде инволвиран и кој треба да го иницира овој процес? Кои се приоритетите каде што треба да се инвестира и дали тие се базирани на солидно познавање на платниот систем? Кои се различните инфраструктурни потреби и кои се нивните институционални аранжмани за подршка? 5 5 5 5 5 5 5 5

6 СТРАТЕГИСКИ ПИСТАП ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАТЕН СИСТЕМ
Фактори и мотиви за реформи во платниот систем Успехот на иницијативите за реформа и резултатите од развојот на националниот платен систем зависат: -фактори на опкружувањето, -економските фактори, -финансиските фактори и -факторите на јавната политика. 6 6 6 6 6 6 6 6

7 СТРАТЕГИСКИ ПИСТАП ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАТЕН СИСТЕМ
Фактори и мотиви за реформи во платниот систем Демографските, географските и социјалните фактори се меѓу најзначајните фактори на опкружувањето кои формираат поединечни развојни иницијативи преку нивното влијание на потенцијалната побарувачка за платни сервиси. Економските фактори вклучуваат различни пазарни фактори како што се квалификувана работна сила и индустриска инфраструктура како што се телекомуникациите и транспортот. Финасиските фактори се однесуваат на билансот на трошоци,користи и ризици на новите платни инструменти и сервиси помеѓу обезбедувачите и корисниците кои донесуваат одлуки за инвестирање во развојот на овие сервиси. Важните фактори на јавната политика се во корелација со законската регулаторна рамка за националниот платен систем и имаат водечко учество во изведбата на различни платни сервиси. 7 7 7 7 7 7 7 7

8 СТРАТЕГИСКИ ПИСТАП ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАТЕН СИСТЕМ
Фактори и мотиви за реформи во платниот систем Реформите во националниот платен систем се мотивирани од: зголемената свест за ризиците во платниот систем и грижата за финансиската стабилност; одлуки за политиките во платните системи за усогласување со интернационални стандарди за работа на платни системи, понекогаш поврзани со учеството на земјите во регионални интеграции, глобална трговија и финасиски аранжмани; нов развој и зголемени потреби на корисниците во финансискиот и нефинансискиот сектор кои бараат нови, ефикасни и ефтини платни инструменти и сервиси; проширување на одговорностите на централната банка и потребите за плаќање. 8 8 8 8 8 8 8 8

9 СТРАТЕГИСКИ ПИСТАП ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАТЕН СИСТЕМ
Детектирани проблеми во развојот на националниот платен систем Искуствата укажуваат дека развојниот процес на националниот платен систем не е секогаш рамномерен и ефикасен. Најголемите вообичаени проблеми за ефективен развој се: ограничена визија и водење на развој кој се должи на ограниченото сваќање на тоа од што е сочинет националниот платен систем (најчест израз на ова ограничено сваќање е е тоа дека платниот систем е техника и прашањата кои се појавуваат во врска со неговото функционирање се само технички прашања) ограничено познавање за ургентните потреби за плаќање и системиските можности; недоволна поддршка и обврска на учесниците (банките) која се должи на неадекватен консултативен процес; ограничен развој на ресурси; правни, регулаторни, јавни и пазарни бариери за понатамошен развој на националниот платен систем. 9 9 9 9 9 9 9 9

10 СТРАТЕГИСКИ ПИСТАП ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАТЕН СИСТЕМ
Генерално прифатени правила за развој на националниот платен систем Постојат четиринаесет генерално прифатени 1) правила за развој на националниот платен систем за развој на платните системи кои заедно рефлектираат четири клучни димензии на развој на националниот платен систем и тоа: улога на банкарскиот сектор ефективно планирање и имплементација на проекти развивање на институционална рамка со цел да се подржи реформата на платниот систем и дизајнирање на безбедна и ефикасна платна инфраструктура со цел да се излезе во пресрет на поединечните вонредни потреби на економијата на земјата. 1) CPSS (Committee on Payment and Settlement Systems) General Guidance for National Payment System Development. Bank for International Settlements. Basel, Switzerland (January). 10 10 10 10 10 10 10 10

11 СТРАТЕГИСКИ ПИСТАП ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАТЕН СИСТЕМ
Генерално прифатени правила за развој на националниот платен систем А. Банкарски систем Правило број 1: Стави ја централната банка во центарот: ова се должи на целосната одговорност на централната банка за цврстата валута, односно централната банка има централна улога во развојот на употребата на парите како ефективно средство за плаќање. Правило број 2: Промовирај ја улогата за здрав банкарски систем: сметките за плаќање, инструментите и сервисите достапни до крајните корисници се главно обезбедувани од банките кои настапуваат индивидуално, но често пати се јавува потреба тие да постапуваат коопреативно како систем. 11 11 11 11 11 11 11 11

12 СТРАТЕГИСКИ ПИСТАП ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАТЕН СИСТЕМ
Генерално прифатени правила за развој на националниот платен систем Б. Планирање Правило број 3: Препознај ја комплексноста: планирањето треба да се базира на разбирање на сите базични елементи на системот и на основните фактори кои влијаат на развојот. Правило број 4: Фокусирај се на потребите: идентификувај и раководи се од потребите за плаќање на сите корисници во системот и од можностите на економијата. Правило број 5: Постави јасни приоритети: стратегиски планирај и постави приоритети за развој на платниот систем. Правило број 6: Имплементацијата е клуч: обезбеди ефективна имплементација на стратегискиот план. 12 12 12 12 12 12 12 12

13 СТРАТЕГИСКИ ПИСТАП ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАТЕН СИСТЕМ
Генерално прифатени правила за развој на националниот платен систем В. Институционална рамка Правило број 7: Промовирај го развојот на пазарот: експанзијата и зајакнувањето на пазарните аранжмани е клучниот аспект во еволуцијата на платниот систем. Правило број 8: Вклучи ги релевантните учесници: охрабри развој на ефективна консултација помеѓу релевантните учесници во платниот систем. Правило број 9: Соработувај за ефективно надгледување: ефективно надгледување на платниот систем од страна на централната банка бара соработка со останатите органи. Правило број 10: Промовирај правна сигурност: потребно е да се развие транспарентна, разбирлива и здрава правна рамка за системот. 13 13 13 13 13 13 13 13

14 СТРАТЕГИСКИ ПИСТАП ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАТЕН СИСТЕМ
Генерално прифатени правила за развој на националниот платен систем Г. Инфраструктура Правило број 11: Проширија покриеноста со платни сервиси за мали плаќања: проширија покриеноста на изборот на ефикасни и безбедни безготовински платни инструменти и услуги достапни до крајните корисници преку експанзија и подобрување на платната инфраструктура. Правило број 12: За системите за големи плаќања – работните потреби водат: развивај систем за плаќање со големи вредности базиран на потребите за финансиските пазари и растот на временско – критичните меѓубанкарски плаќања. Правило број 13: Поврзи го развојот на системите за хартии од вреност и платните системи за големи плаќања: кординирај развој на инфраструктурата за хартии од вредност и платните системи за големи плаќања заради безбедност и ефикасност на финансискиот систем. Правило број 14: Координирај го порамнувањето на мали плаќања, големи плакања и хартии од вредност: координирај процес на порамнување на основните системи со цел ефективно управуванје со меѓусебните потреби за ликвидност и ризикот при порамнувањето помеѓу нив. . 14 14 14 14 14 14 14 14

15 РАЗВОЈ НА ПЛАТНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Национален совет за платни системи на Република Македонија Националниот Совет за Платни Системи на Република Македонија (во понатамошниот текст НСП) е формиран во октомври 2004 година со Спогодба за основање помеѓу Гувернерот на Народна банка на Република Македонија, Министерот за Финансии и Претседателот на Здружението за банкарството и осигурувањето при Стопанската комора на Македонија. 15 15 15 15 15 15 15 15

16 РАЗВОЈ НА ПЛАТНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Задачи на Националниот Совет за Платни Системи Согласно Спогодбата за основање Националниот Совет за Платни Системи на Република Македонија ги разгледува прашањата кои се однесуваат на сите аспекти на платните системи во земјата, при што посебно би ги издвоиле: -ја поттикнува соработката помеѓу учесниците и надлежните институции (регулатори) на пазарот во доменот на платните системи; -покренува иницијатива до надлежните институции за донесување на прописи во врска со платниот промет, а по потреба дава иницијативи за измени и дополнувања на постоечките законски и подзаконски прописи; -учествува во подготовка на Стратегискиот документ за развојот на платниот систем во Република Македонија; 16 16 16 16 16 16 16 16

17 РАЗВОЈ НА ПЛАТНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Стратегија за развој на платниот систем на Република Македонија година Стратешка насока број 1: Правна рамка - хармонизирање со европската регулатива Статус: Во тек 1 Идентификувани се прописи во националното законодавство кај кои е потребно да се изврши измена со цел хармонизирање со европската регулатива. 2. Побарана е техни;ка помош од ИПА 2007 фондовите на Европската Унија за имплементација на Директивата 64/2007/ЕС Стратешка насока број 2: Дефинирање на улогата на Народна банка на Република Македонија во платните системи (европски контекст) Статус: Завршено. Донесени се Одлуки за надзор на платните иситеми и за критериуми и стандарди за работа на платните системи, како и Упатство за проценка на усогласеност на работењето на платните системи со стандардите. 17 17 17 17 17 17 17 17

18 РАЗВОЈ НА ПЛАТНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Стратегија за развој на платниот систем на Република Македонија година Стратешка насока број 3: Консолидација на постојната состојба на сметки за вршење на платен промет и нивно стандардно дефинирање во склад со нивната намена на трансакциски сметки Статус: Завршено, со рокот дефиниран во Законот за платен промет (крај на 2007) Стратешка насока број 4: Потикнување на нагорни трендови на безготовински плаќања Статус: континуирана работа Активностите се одвиваат и следат Преку РГ за Потикнување на нагорни трендови на безготовински плаќања 18 18 18 18 18 18 18 18

19 РАЗВОЈ НА ПЛАТНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Стратегија за развој на платниот систем на Република Македонија година Стратешка насока број 5: Хармонизација на платните инструменти и воведување на нови инструменти во насока која овозможува лесен и ефикасен премин од национална во паневропска платежна инфраструктура Статус: Во тек Формирани се работни групи и работат согласно препораките на НСП Стратешка насока број 6:Воведување на електронски пари Статус: Завршено Во Законот за платен промет се транспонирани одрдби од директивата за електронски пари и донесена е подзаконската регулатива од страна на НБРМ со што целосно е транспонирана Директивата за електронски пари 19 19 19 19 19 19 19 19

20 РАЗВОЈ НА ПЛАТНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Стратегија за развој на платниот систем на Република Македонија година Стратешка насока број 7: Прифаќање на меѓународната методологија и стандарди Статус: Завршено НБРМ донесе Одлука за критериуми и стандарди за работа на платните системи - како стандарди се прифатени Базичните принципи Стратешка насока број 8: Транспарентност на цените на услугите за вршење на плаќање Во Законот за платен промет постојат одредби, а банките се под супервизорски надзор на НБРМ за спроведување на обврските за транспарентност. 20 20 20 20 20 20 20 20

21 РАЗВОЈ НА ПЛАТНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Стратегија за развој на платниот систем на Република Македонија година Стратешка насока број 9: Дефинирање на поими и функции на платните системи и системите за порамнување на хартии од вредност Статус: континуирана работа Во новиот Закон за платен промет се имплементирани поимите и функциите на платните системи. Потребно е понатамошно континуирано следење и имплементирање во овој домен. Стратешка насока број 10 :Дефинирање на Трезорот како посебен носител на платен промет Статус: Завршено Имплементирано во Законот за платен промет 21 21 21 21 21 21 21 21

22 РАЗВОЈ НА ПЛАТНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Стратегија за развој на платниот систем на Република Македонија година Стратешка насока број 11: Стручно усовршување, меѓународна соработка, конференции, работилници, семинари Статус: континуирана работа Во рамки на техничката соработка со Централната банка на Холандија одржани се 2 конференции поврзани со темите на РГ за имплементација на Стратегијата (2008 и 2009 година) Исто така во моментот е и оваа конференција... 22 22 22 22 22 22 22 22

23 РАЗВОЈ НА ПЛАТНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Начин за имплементација на Стратегијата НСП на на својата 11 седница го усвои и Акциониот план за имплементација на стратегијата. Согласно акциониот план НСП ги оформи следните работни групи: Работна група за електронски кредитни трансфери; Работна група за електронски директни задолжувања; Работна група за платежни картички; Работна група за кеш; Работна група за правна подршка; Работна група за подршка на операции, инфраструктура, технологија и стандарди; Работна група за поттикнување на нагорни трендови на безготовинските плаќања 23 23 23 23 23 23 23 23

24 РАЗВОЈ НА ПЛАТНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Начин за имплементација на Стратегијата Работните групи се составени од претставници од: Народна банка на Република Македонија, Министерството за финансии, банките, Клириншката Куќа КИБС АД Скопје и Касис АД Скопје. За имплементација на Стратешката насока број 5 (Хармонизација на платните инструменти и воведување на нови инструменти во насока која овозможува лесен и ефикасен премин од национална во паневропска платежна инфраструктура) и Стратешка насока број 1 (Правна рамка - хармонизирање со европската регулатива се задолжени работните групи кои претходно ги наведов. Работните групи се инспирирани од истите работни групи на Европскиот платен совет. 24 24 24 24 24 24 24 24

25 РАЗВОЈ НА ПЛАТНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Очекувани излезни резултати до 2011 година Излезни резултати на работните групи се изработка на поединчни СЕПА планови за: - електронски кредитни трансфери; - електронски директни задолжувања и - платежни картички; Овие планови треба да се интегрираат во Национален СЕПА план. Овој план подразбира дека после 2011 година потребна е голема Одлука, на сите чинители (Владата на Република Македонија, Народна банка на Република Македонија и банкарската заедница) да се започне со втората голема реформа во платниот систем на Република Македонија со која целосно ќе се имплементираат европските стандарди. 25 25 25 25 25 25 25 25

26 Ви благодарам на вниманието


Download ppt "Статус на имплементација на Стратегијата за развој на платниот систем на Република Македонија до 2011 година Тони Мирчески раководител на отсек за надгледување."

Similar presentations


Ads by Google