Download presentation
Presentation is loading. Please wait.
1
М-р Александар Стојков a, b
Работилница во организација на Народната банка на Република Македонија (Скопје, година) ВЛИЈАНИЕТО НА ИНФЛАЦИСКАТА ВАРИЈАБИЛНОСТ И НЕСИГУРНОСТ ВРЗ ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ – ЕВРОПСКИ ИСКУСТВА Наместо на инфлацијата per se, фокусот на мојата презентација е на мерењето на неколку концепти кои се тесно поврзани со нејзината динамика, имено, инфлациската варијабилност и инфлациската несигурност. Применливоста на овие концепти ќе биде илустрирана преку нивните ефекти врз инвестиционата активност, имајќи ги предвид искуствата од регионот на Европа. М-р Александар Стојков a, b a Правен факултет “Јустинијан Први”-Скопје b Центар за економски анализи
2
Цели на истражувањето Фокусот е на мерењето на инфлациската варијабилност и неизвесност, како и нивните ефекти врз инвестиционата активност. Испитување на емпириската релевантност на другите детерминанти на бруто домашните инвестиции во периодот година Анализа на спецификите на инвестиционата активност (од макроекономски аспект) во три групи на европски економии: земји од ЕУ-13 групата (ЕУ-15 без Луксембург и Ирска); 8 земји од Централна и источна Европа и Балтичките држави, 5 земји од Југоисточна Европа. Иако напорите за минуциозно мерење на инфлацијата се од извонредно значење за економските агенти и институциите, моето истражување покажува дека не помалку важна е и динамиката на инфлацијата, односно несигурноста која може да биде предизвикана од неа. Ефектите од инфлациската варијабилност и несигурност се проценуваат во рамките на поширок емпириски модел, кој ја испитува релевантноста на одделни детерминанти на инвестициите во три групи на економии во периодот година.
3
Инвестиционите бранови – емпириска законитост?
Инвестиционите бранови во европските земји во транзиција – резултат на намалената инфлациска нестабилност (макроекономската стабилизација) и/или одраз на други определувачки фактори? Бруто дом. инвест. (како процент од БДП) во ЕУ-13, ЦИЕ и ЈИЕ, Варијабилитет на инфлацијата во ЕУ-13, ЦИЕ и ЈИЕ, Централна и источна Европа Југо-источна Европа Пред да ги елаборирам концептите на инфлациската варијабилност и инфлациска несигурност, да разгледаме неколку стилизирани факти. Во изминатата деценија во европските земји во транзиција се забележуваат два големи инвестициски брана – првиот во Централна и источна Европа во втората половина од 90-тите години на минатиот век, а вториот - во земјите на Југо-источна Европа – од 2000 година наваму. Инвестиционите бранови коинцидираат со намалениот варијабилитет на месечните стапки на инфлација, но дали постои каузална врска меѓу нив, или тие се резултат и на други фактори, останува да покаже емпириската формулација на моделот. ЕУ-13 Извор: Пресметки на авторот врз основа на податоци од: World Development Indicators (WDI) 2006, ESDS International, (MIMAS) University of Manchester. Забелешка: Сериите се пресметани како непондерирани просеци.
4
Теоретски основи на еклектичкиот модел
Не постои развиена теорија на јавните инвестиции, оттаму фокусот е на детерминантите на инвестициите на приватниот сектор Теорија на флексибилен акцелератор Неокласичната теорија и увозот на странски капитал Демографски инвестициони теории Улогата на несигурноста (нестабилноста) и иреверзибилноста на инвестициите Dixit and Pindyck show that an increase in uncertainty around future values of relevant economic variables creates an option value of waiting for information to arrive on these variables in the future. The central point of the irreversibility or real options literature is that an increase in uncertainty will, ceteris paribus, result in more investment projects being delayed. Note, however, that although this argument has major implications for the timing of investment, it does not have implications for the level of investment in the long run.
5
Инфлациска варијабилност vs. инфлациска несигурност
Широка лепеза на извори на нестабилност “Нестабилност во поглед на продажбата /побарувачката/ производството, профитот, цените на готовите производи и инпутите, инфлацијата, девизниот курс, цените на акциите и една категорија "преостанато", која вклучува варијабли од типот на несигурностa околу буџетските расходи (Коеце, де Гроот и Флоракс, 2006) [Koetse, de Groot and Florax, 2006]. Нестабилноста која е предизвикана од инфлацијата емпириски се доловува преку три типа на мерки: мерки на варијабилноста на стапките на инфлација (ИНФЛАЦИСКА ВАРИЈАБИЛНОСТ) мерки кои се фокусираат на идно-ориентираната природа на нестабилноста (економетриски проценета ИНФЛАЦИСКА НЕСИГУРНОСТ) мерки кои се темелат на субјективни проценки за антиципираната нестабилност (субјективно оценета ИНФЛАЦИСКА НЕСИГУРНОСТ) The main reason is that underlying the method of measuring uncertainty are assumptions regarding the expectation formation process of decision-makers. As a consequence, several measures are used in primary studies. Most of the empirical studies on the investment-uncertainty relationship use historical data on the variable under investigation to create an uncertainty proxy. They either take the unconditional standard deviation of a series or they use a more complicated prediction model in order to take out the ‘predictable’ part of a time series.
6
Инфлациска варијабилност
Вообичаена мерка: Стандардната девијација на месечните стапки на инфлација (mt/mt-1), пресметана на годишно ниво Предност: Едноставна за конструирање. Недостаток: Мерката е изградена врз историски податоци, односно претставува само приближен индикатор кој се темели на претходните движења (backward-looking proxy).
7
Инфлациска несигурност
Емпириски може да се долови преку оценетата вредност на условната варијанса, произлезена од GARCH(1,1) моделот за секоја земја за периодот година Логаритамска транформација на месечните податоци за индексот на потрошувачки цени: Ln(CPIt)-Ln(CPIt-1). Оценетите вредности на условната варијанса се конвертираат во варијанси на годишно ниво, a просечната годишна варијанса е пресметана како геометриски просек на месечните вредности yt = зависна варијабла, Уt-1 = претходни вредности на зависната варијабла β = регресионен коефициент ut = стохастички член (случајна грешка) σt = варијанса γ0 и γ1 = параметри на ARCH спец. δi = параметар на GARCH спец.
8
Дескриптивна статистичка анализа
Прелиминарна корелациона анализа Речиси сите мерки (освен оние за инфлациската варијабилност во ЕУ-15 групата) покажуваат негативни коефициенти за сите три групи на економии Коефициенти на корелација меѓу бруто домашните инвестиции (како процент од БДП) и мерките на инфлациска варијабилност и неизвесност, Извор: Пресметки на авторот врз основа на податоци од: World Development Indicators (WDI) 2006, ESDS International, (MIMAS) University of Manchester.
9
Емпириска стратегија Динамички модел со панел податоци – Техника на Арелано и Бонд (1991) [Arellano and Bond (1991)], уште позната како генерализиран метод на моменти со разлики (Difference GMM) Две главни причини за нејзиниот избор: Се моделира динамиката на зависната варијабла Се зема предвид ендогената природа на некои од објаснувачките фактори
10
Спецификација на моделот
? ? ? + GDIit = бруто домашни инвестиции (процент од БДП) gdiit(-1) = претходни вредности на зависната варијабла Ln gdppcit = природен логаритам од реалниот БДП по жител gdpgrateit = стапка на реален раст на БДП ririt = реална (активна) каматна стапка govconsit = потрошувачка на владиниот сектор inflvolit = мерка на инфлациската варијабилност oldit = процент на издржувано население (65+) childit = процент на издржувано население (0-14) openit = трговска отвореност на економијата [(X+M)/GDP] finit = финансиска интегрираност на економијата. Ендогени варијабли: finit = финансиска интегрираност на економијата
11
Емпириски резултати
12
Интерпретација на резултатите
Поголемата инфлациска несигурност има инхибирачко влијание на инвестициите во ЕУ-13 групата и земјите од Југоисточна Европа, а инфлациската варијабилност не покажува статистички значајно влијание врз инвестициите во трите групи економии Други наоди: Постои значајна инерција во инвестиционата активност Реалниот пораст на БДП – моќен генератор на инвестициите во европските транзициони економии Порастот на јавната потрошувачка – негативни ефекти врз инвестиците во ЕУ-13 групата Инвестициите во Централна и источна Европа – силно придвижени од повисокиот степен на финансиска интеграција (прилив на СДИ, на пример) Поголемата трговска отвореност е поврзана со зголемена инвестиционата активност (резултатите се конзистентни само за земјите од Југоисточна Европа)
13
Импликации од наодите за релевантноста на инфлациската несигурност
Оценетата условна варијанса за земјите во Југо-источна Европа во просек изнесува 0,052 (во периодот ), односно оценетата (условна) стандардна девијација би била 0,228. Оттука, зголемувањето на инфлациската несигурност (условната стандардна девијација на месечните стапки на инфлација) за 0,1 единица (на пример, од 0,23 на 0,33), би ги намалила бруто домашните инвестиции во ЈИЕ за 0,52% од БДП, при ceteris paribus. За економските агенти не е битна само просечната стапка на инфлација, туку и нејзината динамика во текот на годината! Напорите на НБРМ да ги вградува инфлациските очекувања на домашните аналитичари во проекцијата на инфлацијата – повеќе од оправдани.
Similar presentations
© 2024 SlidePlayer.com. Inc.
All rights reserved.