Download presentation
Presentation is loading. Please wait.
1
Проф. Александар Алексовски
Алги Биологија 1 лекција 11 Проф. Александар Алексовски
2
Алги Алгите се најпримитивни автотрофни организми. Се исхрануваат преку фотосинтеза. Сите алги содржат пигмент хлорофил, а кај некои има и помошен пигмент, ксантофил (жолт), каротин (портокалов) и други бои. Живеат во слатки и солени води, а може да се најдат и на влажни почви. Некои едноклеточни алги се размножуваат исклучиво бесполово, а други полово и бесполово. Повеќеклеточните алги се размножуваат полово, на повеќе начини: со конјугација, со производство на гамети, односно со смена на генерации, полова и бесполова. Телото на алгите е наречено талус. Тој може да е едноклеточен или повеќе клетки групирани во колонија. Кога се во колонија, некои од клетките може да се специјализираат за одредена функција, пример: движење, размножување, исхранување. Некои алги со делењето формираат долги конци, кончести алги. Повеќето формираат талус, но немаат диференцирани ткива. Според надворешниот изглед, личат на вишите растенија. Имаат дршка за прикрепување, лентовиден дел, кој подсетува на стебло и широка површина која врши фотосинтеза како листот кај растенијата. Според карактеристиките како: градба на тело и клеточен ѕид, складирање резервни материи,форма на хлоропласти и пигменти, алгите се класифицирани во повеќе класи.
3
Зелени алги, Chlorophyta
Главно се среќаваат во копнени води и на влажни почви. Во кл.ѕид имаат целулоза и пектин. Резервна материја која ја складираат е скроб. Формата на хлоропластите е различна: ѕвездеста, спирална, лентовидна или во форма на мрежа, што олеснува нивна детерминација. Познати претставници се: Chlamidomonas sp., хламидомонас, едноклеточна алга, со јадро, вакуола и две камшичиња со кои се движи. Volvox sp., волвокс, е топчеста колонија, каде има поделба на функции меѓу членовите. Меѓу себе клетките се поврзани со тенки нишки. Spirulina sp. Spirogira sp. Spirogira sp. (колонија) Pseudomonas sp. Внатре е исполнета со лигава материја. Spirogira sp., спирогира, кончеста алга, а Ulva sp., улва е талусна. Зелените алги се поврзуваат еволутивно со растенијата, особено мовови и папрати, со кои имаат многу заеднички белези: боја на хлоропласти (пигменти), кл.ѕид од целулоза и пектин, вакуолата. Volvox sp.
4
Кафеави алги, Phaeophyta
Поради кафениот пигмент, тие имаат специфична боја, по која го добиле името. Имаат талус. Како резервна материја складираат ламинарин (масло). Клеточниот ѕид има алгинати и полисахариди, кои човекот ги употребува во прехрамбената индустрија како зацврстувачи на слатки, кремови и сладолед. Овие алги се морски, живеатна крајбрежјето, во зоната на плима и осека. Некои видови достигнуваат и до 100 метри должина. На поголеми длабочини формираат подводни ливади, кои се место за живот (храна и размножување) на различни животни. Се користат и за добивање храна за животните и човекот. Карактеристичен претставник е родот Fucus. Fucus sp.
5
Црвени алги, Rhodophyta
6
Златно- кафени алги, Chrysophyta
Тоа се микроскопски, главно едноклеточни алги. Кај некои од нив, кл.ѕид е импрегниран со SiO2. тоа се дијатомејски алги. Имаат два капака што налегнуваат еден на друг. Тие капаци не се разложуваат, туку после изумирање се исталожуваат. Формираат наслаги дијатомејска земја. Оваа земја, камен, се користи во градежништво за термоизолација, но и за изработка на фини филтри за медицината. Се користат и за правење детергенти, разредувачи, ѓубрива и сл.
7
Огнени алги, Pyrrophyta
Тоа се жолтеникаво- кафеави алги. Сите се едноклеточни, со топчеста или шилеста форма. Како помошни пигменти, а кои им ја даваат бојата се каротините и ксантофилите. Кл.ѕид изграден од целулоза, а скроб и масла се резервни материи. Тие се морски жители. На телото имаат два жлеба, хоризонтално и вертикално, а имаат и две камшичиња. Некои се способни да произведат светлина (биолуминисценција). Ефектот на “црвена плима“ е поврзан со некој од овие видови, кога толку бргу се размножуваат и ја обојуваат водата црвено.
8
Камшичести алги Едноклеточни алги, слични на зелените алги, но и на протозоите. На светлина се исхрануваат автотрофно. На темно, хетеротрофно. Претставник е еуглената, која густо ги населува слатките води. Нема клеточен ѕид, па нема ни постојана форма на телотот. Имаат 1 до 2 камшичиња (флагелуми) со кои се движат. На преден крај од тело имаат вакуола која низ канал испумпува вода. На предната страна има и очно петно, детектор за светлина. Тие имаат големо еколошко значење за прочистување на водата, а се користат и како биоиндикатор, за загаденост на водите. Euglena gracilis
9
Значење на алгите Фотосинтезата е најважна улога на алгите, преку кој се ослободува кислород, во атмосферата. Продукција на органски материи: протеини, шеќери, масла, витамини и минерали. Поради нивна хранлива вредност, се употребуваат во исхрана. Се добиваат некои материи со антибактериско дејство. Алгинатите, добиени од некои црвени и кафени алги, се користат во прехрамбена и фармацевтска индустрија.
Similar presentations
© 2025 SlidePlayer.com. Inc.
All rights reserved.