Download presentation
Presentation is loading. Please wait.
Published byАнгелина Годунова Modified over 5 years ago
1
Пилот истражување на веб страници на котирани друштва во делот на ОДНОСИ СО ИНВЕСТИТОРИ (Investors Relations) КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ (Corporate Social Responsibility-CSR) Македонска берза АД Скопје 9 декември 2008 година
2
СОДРЖИНА За проектот Цел на истражувањето Методологија
Друштва опфатени со истражувањето во сферата на “Односите со инвеститорите“ во сферата на “Општествената одговорност“ Резултати од истражувањето Поддржувачи на проектот
3
ЗА ПРОЕКТОТ Проектот е реализиран во соработка со програмата Партнери за финансиска стабилност (Partners for Financial Stability Program) Применет е методолошки пристап што програмата Партнери за финансиска стабилност го користи за слични истражувања во 11 земји од Централна и Источна Европа, Бразил, Русија Индија, Кина и Украина Од август 2001 година истражувањето се спроведува двапати годишно Проектот беше поддржан од страна на Проектот за деловно опкружување (БЕА) на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Проектот за корпоративно управување на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ)
4
ЦЕЛТА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО
Да се утврди дали друштвата преку своите веб страници обезбедуваат соодветни и корисни информации за потенцијалните инвеститори Да се утврди дали друштвата соодветно информираат за преземените активности од областа на општествената одговорност Да се промовираат добрите “Односи со инвеститорите„ и добрата “Општествена одговорност„ на друштвото
5
МЕТОДОЛОГИЈА Опфатени се 20 друштва котирани на Официјалниот пазар на Македонската берза Изборот и рангирањето на друштвата се извршени според пазарната капитализација (состојба на година) Период на истражувањето: Јули-Август 2008 година
6
Друштва опфатени со истражувањето
- Макпетрол Скопје - Макстил Скопје - Охридска банка Охрид - Реплек Македонија Скопје - Скопски пазар Скопје - Стопанска банка Битола - Тетекс Тетово - Топлификација Скопје - ТТК Банка Скопје - Фершпед Скопје - Алкалоид Скопје - Бетон Скопје - ВВ Тиквеш Скопје - Витаминка Прилеп - Гранит Скопје - ЗК Пелагонија Битола - Инвестбанка Скопје - Комерцијална банка Скопје - Македонија турист Скопје - Макошпед Скопје
7
РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО
Односи со инвеститори
8
Односи со инвеститори Идеална веб страница - препораки
Листа на членови на управата Листа на членови на ОД, УО / НО Краток опис на степенот на образование и професионалното искуство на секој од членовите Обемот на активности за кои е одговорен секој од членовите Краток опис на функциите што секој од членовите ги извршува во други институции Информации за акциите што секој од членовите ги поседува во друштвото Фотографија на секој од членовите Согласно практиката на земјите од ЕУ, идеалната веб страница треба да ги содржи следните информации:
9
РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО
Односи со инвеститори Идеална веб страница
10
Општествена одговорност на друштвото
Истовремено се анализиранаат веб страниците на друштвата и годишните извештаи објавени на веб страниците. Корпоративното управување Политика за заштита на околината Социјалната политика Целта е да се утврди дали друштвата соодветно информираат за преземените активности во сферата на:
11
Известување во делот на Корпоративното управување
Истражувањето има за цел да утврди дали друштвото објавува податоци за: Структурата на корпоративното управување Степенот на усогласеност со Кодексот на корпоративното управување Поврзаноста со ревизорската фирма Политиката за заштита на правата на акционерите Интерниот Кодекс на деловно однесување/Етички кодекс
12
РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО
Корпоративно управување
13
Известување во сферата на Политиката за заштита на околината
Известување во сферата на Политиката за заштита на околината Цел е да се утврди дали друштвото објавува податоци за: Усогласеноста на работењето со спецификите на индустриската дејност и националната и/или меѓународната регулатива и стандарди за заштита на околината Лицата (менаџментот или членови на органите на управата) или за одделот одговорни за почитување и усогласување со правилата за заштита на околината Потрошувачката на енергија и вода Активности во делот на заштита на околината, вклучувајќи ефикасно користење на ресурси, отпад и заштита од зрачење Водење грижа за заштита на околината при утврдување на политиката за набавка на суровини
14
РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО
Политика за заштита на околината
15
Известување во сферата на Социјалната политика
Известување во сферата на Социјалната политика Дали друштвото објавува податоци за: Усогласеноста на неговото работење со спецификите на индустриската дејност, со националната и/или меѓународната регулатива која содржи стандарди за човекови права и правата на работниците Програма за покровителство/спонзорство Политиката која што ја има во делот на професионално унапредување и обука на вработените Политиката која што ја има во делот на здравствената заштита и заштитата при работа Политиката која што ја има во делот на вработувањето
16
РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО
Социјална политика
17
Поддржувачи на проектот
Партнери за финансиска стабилност (Partners for Financial Stability-PFS) е регионална програма за развој на финансискиот сектор ко-финансирана од Американската агенција за меѓународен разој (USAID) и Институтот East-West Management (EWMI), со седиште во New York. Основана е во 1999 како јавно приватно партнерство со цел да помогне во завршувањето на реформите кое се неопходни за создавање на пазарно ориентиран и функционален финансиски сектор во осумте земји од Централна и Источна Европа кои во тој период се приклучија кон ЕУ. Во 2005 година фокусот на Програмата географски се насочи кон ЈИ Европа. Програмата PFS соработува со фин. институци од приватниот и јавниот сектор во земјите од ЈИ и Централна и Источна Европа помагајќи во забрзувањето на развојот и реформите во фин. сектор базирани на најдобрата пракса и меѓународните стандарди, со што се промовира интеграцијата во европскиот и меѓународниот фин. систем. Од 2001 година PFS Програмата спроведува две полугодишни истражувања (Односи со инвеститори и Известување за корпоративната општествена одговорност) на најголемите котирани компании во 11 земји од Централна и Источна Европа, БРИК (Бразил, Русија, Индија и Кина), како и во Украина. Програмата, исто така, ги ко-финансира истражувањата кои во земјите ги вршат локални институти. До денес, вакви истражувања се направени во Бугарија, Хрватска, Чешка, Македонија, Полска и Србија. За повеќе информации посетете ја веб страницата на PFS Програмата Програма Партнери за финансиска стабилност (PFS Program)
18
Поддржувачи на проектот
Проектот за деловно опкружување (БЕА) е активност на УСАИД насочена кон подобрување на ефективноста на законската и институционална рамка за инвестирање и деловно работење во Република Македонија. Крајна цел на проектот е да поттикне отворање на нови и раст на постојните бизниси, и да придонесе за намалување на невработеноста. БЕА спроведува програма за јакнење на институционалната и законска основа, која ќе овозможи стабилен развој на јавниот и приватниот сектор. Со цел сложениот пакет прашања што се поврзани со целите на проектот да се остварат преку интегриран пристап, активностите на БЕА се организирани во неколку подрачја: Јавно - приватен дијалог и олеснување на трговијата: БЕА го помага воспоставувањето дијалог меѓу јавниот и приватниот сектор, преку кој ќе се постигне креирање на економски политики, кои врз приватниот сектор ќе влијаат на начин на кој тие стануваат моќна и конкурентна сила. БЕА, исто така, промовира спроведување на политики за решавање на проблемите во областа на надворешно - трговската размена. Подобрување на законската и регулативната рамка: Цел на проектот е да ја подобри законската и регулативна рамка поврзана со деловното работење на компаниите во Република Македонија, и да придонесе за што поефективна имплементација на законите и регулативата. Активностите на БЕА се особено интензивни во сферата на корпоративното управување, јавните набавки, стечајот, пазарот на капитал и развојот на небанкарскиот финансиски сектор. Проектот за деловно опкружување на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД)
19
Поддржувачи на проектот
Јавни капитални инвестиции и развој на небанкарски финансиски институции и производи: БЕА работи на реализација на опсежна програма на обуки преку која ја поддржува едукацијата на јавната администрација и локалните власти во сферата на планирањето и буџетирањето на јавните капитални инвестиции. БЕА го промовира воведувањето и развојот на небанкарски финансиски институции и производи со цел да се постигне подобрување на производите и услугите на јавниот сектор. Преструктуирање на пазарот на труд и пензиска реформа: БЕА ја поддржува реформата на пазарот на труд преку програми за зголемување на мобилноста на работната сила и градењето флексибилен пазар на труд. БЕА го помага заокружувањето на пензиската реформа преку зајакнување на пензиската супервизија и воведување на доброволното капитално финансирано пензиско осигурување. Јакнење на капацитетот на институциите: Цел на БЕА е да се изгради или подобри капацитетот на а) регулаторните тела, со цел да се обезбеди силна супервизија; б) тинк-тенковите (think-tanks), со цел да се зајакне капацитетот за изработка на издржани економски анализи, и в) деловните здруженија, со цел да се оспособат за изготвување на добро елаборирани предлози и иницијативи за отстранување на пречките за раст на бизнисите. Проект за деловно опкружување на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) – продолжува
20
Поддржувачи на проектот
Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светска Банка, спроведува три-годишна програма за корпоративно управување, финансирана од Државниот Секретаријат за економски работи на Швајцарија (СЕЦО). Целта на оваа програма е да ги подобри стандардите на корпоративното управување во компаниите и банките во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) е делот на Групацијата на Светска Банка кој го поддржува приватниот сектор. ИФЦ инвестира во приватниот сектор во земјите во развој, мобилизира капитал на меѓународните финансиски пазари, им помага на своите клиенти да ја подобрат општествената одржливост и одржливоста во однос на животната средина и обезбедува советодавни услуги на владите и бизнисите низ светот. Во Македонија, Проектот за корпоративно управување поддржува конкретни компании за подобрување на нивните практики во оваа област, а обезбедува и поддршка на релевантните регулатори, пред сè на Комисијата за хартии од вредност и Народна банка; на Македонската берза; како и на високо-образовните институции. Проектот интензивно соработува со донаторската заедница во Македонија. Проект за корпоративно управување на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ)
21
БЛАГОДАРАМ! Изработил: Евита Иванова Советник на управата во Македонска берза АД Скопје
Similar presentations
© 2024 SlidePlayer.com. Inc.
All rights reserved.