Presentation is loading. Please wait.

Presentation is loading. Please wait.

Триење Цели на часот: Сите ученици можат да покажат како предметите се движат и како полека застануваат поради силата на триење Повеќето ученици знаат.

Similar presentations


Presentation on theme: "Триење Цели на часот: Сите ученици можат да покажат како предметите се движат и како полека застануваат поради силата на триење Повеќето ученици знаат."— Presentation transcript:

1 Триење Цели на часот: Сите ученици можат да покажат како предметите се движат и како полека застануваат поради силата на триење Повеќето ученици знаат самостојно да нацртаат дијаграм на движење и сила на триење и да го изведат експериментот со желе бомбоните и подмачкување на кинеското стапче Некои ученици можат целосно да го разберат концептот на движење и силата на триење и дека триењето е сила која дејствува во обратна насока на движењето. Понекогаш треба да се намали, а тоа го правиме со подмачкување Стр.142,143

2 Прва активност Наставникот го воведува зборот триење, како сила која ги забавува нештата и им објаснува на учениците дека триењето е контактна сила која прави отпор на движењето на површината. Постојат неколку видови на триење кои се јавуваат помеѓу цврсти или течни површини.. Потоа бара од учениците да ги тријат дланките на рацете една од друга, но брзо, и да почувствуваат како се создава топлина. Каде се среќаваме со триење во секојдневниот живот? Насекаде!

3 Втора активност Објаснува дека триењето е сила што има спротивна насока на движењето. Учениците потпомогнати од наставникот цртаат дијаграм на сила што се нанесува кога ќе продолжиме да ја туркаме играчката и кога ќе ја отпуштиме играчката. Туркање Триење Насока во која се движи играчката Објаснете дека дури и ако не го туркате автомобилот сепак ќе имаше триење и тоа ќе го забавуваше автомобилот. Пуштете им видео анимација за триењето.

4 Трета активност Активност: за да демонстрирате намалување на триењето, покажете им на учениците чинија со желе коцки и побарајте доброволец со стапчиња за јадење да ги пренесува желе коцките од 1 чинија во друга. Повторете го ова со друг доброволец. Додајте малку масло врз желето и прашајте ги учениците што мислат дека ќе се случи сега, ако се обидеме да ги пренесеме коцките. Побарајте друг доброволец да го пренесува желето, со стапчиња, на друга чинија. Учениците нека разговараат со партнерот што се случува во оваа активност. Зошто беше потешко да се пренесе желето кога го додадовме маслото? Дискутирајте за триењето.

5 Воведете ја идејата дека маслото се користи за подмачкување – за да го намали триењето.
Каде се користи подмачкувањето? Соберете ги одговорите, пр. делови од автомобилски мотор кои се движат, брава или велосипедски брзини. Заклучете дека триењето е сила која дејствува во обратна насока на движењето. Понекогаш треба да се намали, а тоа го правиме со подмачкување.


Download ppt "Триење Цели на часот: Сите ученици можат да покажат како предметите се движат и како полека застануваат поради силата на триење Повеќето ученици знаат."

Similar presentations


Ads by Google