Download presentation
Presentation is loading. Please wait.
Published byВера Черевина Modified over 5 years ago
1
Алатник за наставници 2 1 3 6 4 7 едноставни чекори да ги ангажирате
Алатник за наставници 7 едноставни чекори да ги ангажирате учениците во Европската Недела на кодирање 1 2 3 4 5 6 7
2
1 Прифатете ја иницијативата и организирајте настан за време на Недела на кодирање во вашата училница 2 Одберете го вистинското место 3 Закажете датум 4 Одберете ја темата и активноста 5 Додадете во вашиот настан на мапата на европската Недела на кодирање 6 Менаџирајте со вашиот настан 7 Пополнете го формуларот за фидбек и добијте признание Направете и повеќе...
3
Организирајте настан за време на Неделата
на кодирање во вашата училница 1 Доколку сакате можете да организирате настан за време на Неделата на кодирање! Ова е најважниот придонес кој можете да го дадете кон Eвропската Недела на кодирање! Откако ќе ја донесете одлуката, сите други чекори се лесни. Всушност, ќе можете да го скроите настанот според вашите потреби и вашата таргет група, искористувајќи ги многуте примери и ресурси достапни онлајн. На пример, за време на Неделата на кодирање можете да им овозможите на вашите ученици директно искуство со кодирање, но исто така можете да погледнете видео, да поканите експерт, да составите листа на предмети кои може да се програмираат а ги користиме секој ден, или едноставно да испланирате активности за кодирање за остатокот од годината. Ова може да го видите во Чекор 4.... Успехот на вашиот настан зависи само од вашата мотивација и вклученост.
4
Изберете го вистинското место
2 Изберете го вистинското место Доколку имате училница со компјутери, искористете ја, но доколку сметате дека тоа е премногу комплицирано тогаш можете и поинаку. Вие и вашата училница сте едниствените најважни елементи за да направите настан за време на Неделата на кодирање. Возможно е да организирате настани за кодирање дури и без интернет конекција, па дури и без компјутер. Затоа, слободно изберете го местото кое е најпрактично и достапно за вашите ученици. Вашата училница е веројатно најдобриот избор! Може да се кодира и само со лист хартија и молив!
5
Одредете датум 3 Закажете го вашиот настан!
Најдобро е да изберете датум помеѓу 10 и 18 октомври (ова е официјалната Недела на кодирање), но доколку навистина е невозможно да организирате настан во тој период, слободно изберете и друг ден... Најдобро е да го организирате вашиот настан за време на училишните часови со цел да ги вклучите сите ученици. Активностите после часови се одлично, но се потешки за организација и честопати завршуваат со вклучување на само неколку мотивирани ученици.
6
Изберете ја темата и активноста
4 Изберете ја темата и активноста Слободно изберете ваш сопствен метод, но не мора да бидете оригинални. Постојат одлични формати и ресурси кои може да се адаптираат и реупотребат. Доколку имате кодирање во вашата настава, активноста за Недела на кодирање може да биде вашата вообичаена активност за кодирање. Доколку никогаш не сте организирале активност со кодирање, оваа страница е за вас. Не мора да бидете експерти. Доколку кодирањето е непознато за вас, вашата љубопитност ќе ги мотивира и вклучи вашите ученици и заедно со нив ќе откриете колку може да биде забавно. Дали имате интернет конекција? Започнете од разиграни и интуитивни онлајн ресурси кои овозможуваат едноставни видео туторијали: L’Ora del codice, Scratch, ScratchJr Дали имате компјутери, но немате пристап до интернет? Постојат многу добри офлајн алатки: Scratch offline Доколку немате компјутер... Поканете некој да го сподели неговото/нејзиното искуство, или употребете хартија: Cody-Roby
7
Додадете го вашиот настан на мапата на Европската Недела на Кодирање
5 Додадете го вашиот настан на мапата на Европската Недела на кодирање заедно со сите останати настани организирани низ целиот свет. Додадете го на мапата во ваше име. Одете на Кликнете додади ( Најавете се со вашата сметка Пополнете го и поднесете формуларот за настанот Наслов Вашето име Опис Училишно ниво на публиката Главни теми Место Датум и време (веб-сајт, опционално) Вашата имејл адреса (фотографија, опционална)
8
Менаџирајте го вашиот настан
6 Менаџирајте го вашиот настан Доколку имате претходно искуство со настани за кодирање, веројатно не ви е потребен совет. Доколку немате искуство со кодирање влезете во улога на вашите ученици и учете со нив и од нив. Она што е најважно за успехот на Недела на кодирање се вклученост, љубопитност и забава. Не заборавајте да ги изброите учесниците, и доколку ви дозволат, фотографирајте и снимајте видеа кои ќе се искористат за раскажување приказни. Правењето на видео за да го раскажете вашиот настан може да биде интересно и поучно искуство самото по себе, може да биде инспирација за другите, и ќе ви овозможи да бидете дел од предизвикот со раскажување приказни кој ќе следува по Недела на кодирање!
9
Пополнете го формуларот за фидбек и добијте
7 Пополнете го формуларот за фидбек и добијте го вашиот сертификат за придонес Веднаш по Неделата на кодирање ќе добиете автоматска порака по имејл Пораката ќе содржи линк до формулар за фидбек каде ќе го наведете бројот на учесници на вашиот настан По поднесувањето на формуларот за фидбек, сертификат за придонес ќе биде создаден за вас
10
Направете повеќе: Недела на Кодирање за сите
Вклучете го целото училиште да организира настани за сите ученици Користете ја онлајн формата за објавување на вкупниот број на запишани ученици во вашето училиште и добијте единствен код за училиштето Вметнете го уникатниот код во описот на сите настани организирани во вашето училиште, како што се појавуваат на мапата Поканете ги сите наставници да организираат настани во нивните училници користејќи го истиот код На крајот на Недела на кодирање, доколку вкупниот број на учесници на сите настани организирани во училиштето е поголем или еднаков на 50% од запишаните ученици, сертификат за успех во писменост во кодирање ќе биде доделен на училиштето од Европската Комисија
11
Направете повеќе: видео натпревар Ода за кодот
Мелодија со отворена лиценца, наречена «Ода за кодот», е креирана во чест на кодирањето. Мелодијата предизвикува неочекувани резултати кога ќе се чуе… Штом сите амбасадори на Недела на кодирање во Брисел успеаја да танцуваат на «Ода за кодот», вашата училница сигурно тоа ќе успее да го стори подобро… Забавувајте се, направете видео, и учествувајте во натпреварот!
12
Направете повеќе: запишете се на МООК за учители
European Schoolnet одржува Масовен Отворен Онлајн Курс за учители на тема «Развивање на Дигитални Вештини во Вашата Училница». Запишете се сега бесплатно!
13
Линкови Главна веб страница http://codeweek.eu/
Мапа на настани Вести Амбасадори Ресурси Предизвик Недела на Кодирање за Сите Видео натпревар #CodeEU Фејсбук: codeEU
14
Насоки за учители http://codeweek.eu/resources 1
Прифатете ја иницијативата и организирајте настан во Недела на кодирање во вашата училница На Вас останува колку ќе се вклучите и придонесете кон Европската Недела на кодирање. Успехот на настанот зависи единствено од вашата мотивација и ангажираност. 2 Одберете го вистинското место Доколку имате училница со компјутери искористете ја, но доколку сметате дека е комплицирано на тој начин, не го правете тоа. Луѓето се важни, не собите! 3 Одберете датум и закажете го настанот Обидете се да одберете датум помеѓу 10ти и 18ти октомври. Доколку е можно, организирајте го настанот за време на часовите: полесно е, и ги вклучува сите ученици. 4 Одберете ја темата и активноста Feel free to invent your own method, but you don’t need to be original. There are many great resources that you can re-use. You don’t need to be an expert. If coding is new for, your curiosity will motivate your pupils. 5 Додадете го вашиот настан на мапата на Недела на кодирање Именувајте го вашиот настан и додадете го на мапата на настани на Недела на кодирање. Зголемете го интересот и љубопитноста. Обидете се да го вклучите целото училиште. 6 Менаџирајте со вашиот настан Доколку немате искуство со кодирање земете учество со вашите ученици и учете со и од нив. Не заборавајте да ги изброите учесниците и, доколку имате дозвола, да фотографирате и да снимате видеа кои ќе се искористат за раскажување на настанот. 7 Пополнете го формуларот за фидбек и добијте признание Веднаш по Недела на кодирање ќе бидете прашани за пријавување на бројот на учесници. По ова, автоматски ќе ви биде генерирано признание за вас.
Similar presentations
© 2024 SlidePlayer.com. Inc.
All rights reserved.